You are on page 1of 5

Раѓање на филозофијата

1.Во кој период на светската историја се појавила филозофијата?

-во мугрите на цивилизацијата

2.Има ли стара филозофија во Кина, Индија и во другите краишта на светот?

-има се развива преку религијата

3.Каде најмногу се развила филозофијата во античкиот период?

-стара Грција

4.Кои духовни форми помогнале во развивањето на старогрчката филозофија?

-митот,епот и трагедијата

5.Како трагичарот Софокле го претставил човекот?

-извонредно суштество,создава се, со многу таленти

6.Кои се првите старохеленски мислители?Како ги нарекуваат?

-Седумте мудреци(три треба да се знаат) Солон,Хилон,Питак

7.Наведи некоја мисла од првите мудреци. Изложете ја нејзината смисла.

-Не верувај им на сите! (никој од нас не знае што се крие зад секого па затоа некој работи треба да
си ги задржиме за нас и да не ги кажуваме на секого)

Антиката-темел и столб на светската култура и цивилизација


1.Што значи зборот антика? За што се користи тој поим?

-значи старост и вредност односно човекот го интересира она што трае, што е долговечно, што
доаѓа од далечните времиња

2.Зошто луѓето им се восхитуваат на старините? Дали за вас старините се интересни?

-им се восхитуваат затоа што тие се наши духовни предци од нив учиме со доверба и таму наоѓаме
искреност,длабочина,вистински страсти,убави умувања.

3.Што се случило на духовно поле во Антиката?

4.Какво е местото на филозофијата во Антиката?


-таа има највисок дострел

5.Колку филозофски фази има во Антиката?

- Има 4 фази: космолошка, антрополошка, филозофски системи на Платон и Аристотел и


хеленизам

6.Со што бил овозможен големиот подем на филозофијата во Антиката?

-Подем на свеста и раѓањето на науката.(Има практично, принципиелно и употребливо значење)

7.Дали античката филозофија и денес е интересна и инспиративна?

-Да, таа постојано се проучува и ни дава многу инспирација, истото така и мудрост од зачуваните
мисли и поуки.

Првите филозофи
1.Како си го објаснувате архе-прапочетокот, основата на светот?

- Архе – праматерија, праоснова

-Порано изворното за се во природата го нарекле Архе- од зборовите кои


значат ,,почеток”, ,,далечно минато” и ,,извор”. За милетските филозофи смислата и задачата за
филозофијата е потрагата по архе.

2.Зошто во Милетската школа се дадени три различни одговори за архе?

-Затоа што има три различни филозофи со три различни мислења

- Архе е вода - Талес, од апејронот потекнува се!- Анаксимандар, Архе е воздух кој го опфаќа
целиот свет!- Анаксимен

3.Што е Хилозоизам?

-Хилозоизам- водата е животворна супстанца (материја+живот)

4.Какви се кај милетските филозофи учењата за развитокот на светот?

-Тие објаснуваат дека светот настанува и постои според волјата на боговите и како нивно дело.
Потоа тие создаваат филозофија, слободна размилса на човековиот разум кој мисли и истражува
барајчќи го начелото за се што постои

7.Какво е влијанието на Питагора врз подоцнежната филозофија и наука?

- Питагора- суштина на природата ( бројот )

8.Како бројните односи ја определуваат хармонијата на светот?


- Питагорејците насекаде гледале правилни соодноси, што е основа на хармонијата како најубав
сооднос

9.Кој е етичкиот идеал на Питагора?

- Да се живее

Филозофски спротивности
1.Дали спротивностите во сфаќањата се нормални за филозофијата?

- Да, мисловните спротивности се дух на филозофијата, тие го движат напред филозофирањето

2.Што за Хераклит е битие, она вечното?

- За хералкит оганот е битие (Вечно жив оган кој со мера се пали и со мера се гаси)

3.Што е логос?Каква улога има тој кај Хераклит?

-Логос- вода, земја. Тоа е ум, разум и душа за Хераклит

4.Како кај Хераклит спротивностите ја одредуваат хармонијата?

5.Како Хераклит го опишува движењето на светот?

- Сетилно сознание – привид, разумно сознание- вистина

6.Во што е смислата на човечкото живеење ако се е минливо и менливо?

7.Дали може да се мисли бескрајноста?

- Не може да се смисли

8.Што учат за битието Елејците?

-Битието е, битието не е

9.Каква е улогата на движењето и на промените?Дали тие реално постојат?

-Тие не постојат реално

10.Како Зенон ги докажувал елејските учења?

- Три апории на Зенон (Архил и желката, стрела во лет, стадион)

-Со четири апории. Според Зенон движењето не постои и постојат само два вида на познание:
разумно и сетилно

Антички атомисти
1.Како се нарекува учењето на Демокрит?

- Атомистичко учење

2.Што се атомите?Што е празниот простор?

-Празниот простор е небитието. Атомите се битието, нешто определено, низа од бескрајни ситни
честички.

3.Каква е суштината на атомите?Каква е нивната форма?

-Тие ги имаат карактеристиките на битието, тие се цврсти, неменливи, постојани. Тие се ситни
бескрајни честички, тие имат различна форма

4.Како настануваат нештата?Како настанал светот?Колку светови има?Дали световите се вечни?

- Нештата настануваат благодарејќи на движењето кога ќе се судрат атомите. Со спојување на


атомите настанал светот. Постојат безброј светови. Се што настанува е смртно

5.Дали според Демокрит случувањата се законити?

-Се е дадено со причина и нужно, случувањата се законити

6.Како настанал човекот? Зошто човекот е микрокосмос?

-Со спојување на атомите настанал човекот. Микрокосмос- свет во мало

7.Што е душата? Од какви атоми е составена?

-Душата е извор на животот во суштеството. Таа е составена од поподвижни и пофини атоми

8.Кое сознание е вистинско, без заблуди?

- разумното

9.Зошто Демокрита го нарекувале Насмеаниот?

-Бидејќи тој бил постојано во ведар дух и се насмевнувал.

10.Какво е неговото етичко учење?Која е основната етичка добродетел што ја препорачува?Како


таа треба да се постигне?

-Луѓето повеќе да се грижат за душата одколку за телото. За човекот е најдобро својот живот да го
мине што повеќе духовно ведар и радосен и што помалку нерасположен.

-Духовна вредност, животна радост

11.Кој од античките следбеници развивал слично учење за атомите?


-Епикур

12.Со кое дополнување Епикур придонел за античкото атомско учење?

-Деклинација на атомите. Тој вовел концепција на случајност

You might also like