You are on page 1of 10

ФИЛОЗОФИЈА (задолжителен)

екстерно тестирање

1. На која филозофска школа припаѓаат наведените филозофи:

Ксенофан, Парменид и Зенон? ЕЛЕЈСКА ШКОЛА

2. Хераклитовиот фрагмент: „Војната е општа, борбата е правда

и се настанува низ борба и по нужост“ - би значело дека: постои борба на спротивности кои се
предуслов за промените

3. Кои се теоретски дисциплини на филозофијата?

4. Рационализмот е гледиште според кое основата на

спознанието е во: РАЗУМОТ

5. Која филозофска дисциплина ни дава приказ за развојот на

филозофските идеи? ИСТОРИЈА НА ФИЛОЗОФИЈА

6. Кој поим го вовел Анаксимандар сметајќи го како прапочеток

на сè? АПЕЈРОН

7. Колку светови постојат според атомистите? БЕЗБРОЈ

8. Како се нарекува учењето на Демокрит? АТОМИЗАМ

9. Како се нарекува етиката според која Бог е изворот на

моралот?

10. Како се вика гледиштето на емпиризмот кое учи дека само

сетилното искуство е главен извор на спознанието? СЕНЗУАЛИЗАМ

11. Онтологијата е наука која се занимава со проблемот на: БИТИЕ

12. Која наука го истражува човечкото сознание? ГНОСЕОЛОГИЈА

13. Кој од следниве искази најдобро ја отсликува целта на

антропологијата? (исказ кој е поврзан со човекот, смислата на постоењето)

14. Епикур атараксијата ја сфаќа како: НЕПОМАТЕНОСТ НА ДУХОТ преку ослободување од


стравовите, страстите и болките
15. Софистите во основа, застапуваат: РЕЛАТИВИЗАМ

16. Која е правилната етичка вредност како најголемо добро за

Демокрит? ЕВТИМИЈА – се постигнува со умереност

17. Настанокот на филозофијата и науката во стара Грција

почива врз постепената превласт на логосот над: СЕТИЛНОСТА (или митологијата)

18. Науката за убавото во творештвото се вика: ЕСТЕТИКА

19. Смислата и задачата на филозофијата, за милетските

филозофи е: БАРАЊЕ НА АРХЕ – прапочеток, извор, праелемент

20. Што е аксиологија? НАУКА ЗА ВРЕДНОСТИТЕ

21. Кој е бројот кој означува совршенство на целата природа на

броевите според Питагорејците? 10

22. Какво е битието според Елејците? ЕДНО, НЕМЕНЛИВО, НЕПОДВИЖНО, ЦЕЛО

23. Една од најпознатите апории на Зенон е: Ахил и желката, Дихотомија, Стрела во лет, Стадион...

24. На кое спознание Хераклит му дава предност и го смета за

сигурен извор? РАЗУМСКОТО

25. Емпиризмот одговара на прашањето:

26. Како се нарекува учењето во кое едното е темел на сè? МОНИЗАМ

27. Кој е авторот на првата филозофска книга со наслов „За

природата“? АНАКСИМАНДАР

28. Што е суштина на сè што постои според Питагорејците? БРОЕВИТЕ

29. Во Зеноновата апорија Ахил и желката: Ахил никогаш не би можел да ја претрча бавната желка
ако и даде најмала предност

30. Според Ксенофан, бог е: ЕДНО И СЕ (единствен, неменлив, неподвижен, вечен)

31. Која филозофска дисциплина се бави со можностите,

потеклото и границите на човечкото сознание? ГНОСЕОЛОГИЈА

32. Хилозоизам е: ВО ПРИРОДАТА СИТЕ НЕШТА ИМААТ ДУША (сета природа е оживеана)
33. Во својата филозофија Парменид зборува за: битието и небитието (за сетилно и разумско
сознание)

34. Што е празниот простор за атомистите? НЕБИТИЕ

35. Што е Епикур во однос на теоријата на сознанието? СЕНЗУАЛИСТ – основи на сознанието се


сетилното сознание и чувствата

36. Воздржувањето и сомневањето во изрекување на тврдења за

можноста да се спознае вистината се нарекува: СКЕПТИЦИЗАМ

37. Догматизмот е гледиште во филозофијата кое учи дека

светот: може да се сознае, дека човекот може јасно да ја сознае вистината, дека нема потреба од
сомневање

38. Кој смета дека архе е еден конкретен елемент? Монистите ТАЛЕС, АНАКСИМЕН

39. Кога филозофите дискутираат за бројот на принципите како

основа на светот и се декларираат како плуралисти, тие

говорат за: МНОШТВО (ПОВЕЌЕ) ПРИНЦИПИ

40. Апорија значи: БЕЗИЗЛЕЗНА СИТУАЦИЈА, ПАРАДОКС... индиректно побивање на противникот со


користење на методот „сведување на апсурд“

41. Кој е основач на стоицизмот? ЗЕНОН ФЕНИЧАНЕЦОТ ОД КИПАР

42. Која теза не е точна во атомистичкото учење?

43. Кој е почетниот став на Сократовата гносеологија? ЗНАМ ДЕКА НИШТО НЕ ЗНАМ или СОЗНАЈ СЕ
СЕБЕСИ

44. Што застапува реализмот во сколастиката? ИДЕИТЕ ВИСТИНСКИ ПОСТОЈАТ, ЕДИНЕЧНИТЕ


НЕШТА СЕ МИНЛИВИ

45. Учењето кое тврди дека постојат само единечните нешта, а

општото е само збор, име се нарекува: НОМИНАЛИЗАМ

46. Која идеја е на врвот на хиерархијата во Платоновата

филозофија? ИДЕЈА НА ДОБРОТО

47. Кој филозоф прв ја развил идејата дека битието е статична

целина која опфаќа сè? ПАРМЕНИД


48. Кој ја застапува тезата дека мислењето и битието се

поклопуваат? ПАРМЕНИД

49. Која година Константин Велики го прогласил христијанството

за официјална религија? Во 324 г.

50. Кои се најважните својства на Бог според Авицена (Ибн

Сина)? Бог е ДОБРО, ВИСТИНА, ЉУБОВ и ЖИВОТ

51. Која од наведените низи има хронолошки редослед?

52. Која е најпознатата политичка книга на Платон? ДРЖАВА (ПОЛИТЕЈА)

53. Кој од наведените дела не е на Платон?

54. Која е темелната порака на христијанството?

55. Која е најпознатата изрека на Св.Климент? ТРГАЈ СЕ ОД ЗЛОТО И ПРАВИ ДОБРО

56. Што е злото за Авицена? Злото е недостаток на добро, тоа се наоѓа во земскиот, а не во
небесниот свет.

57. Кој исламски мислител го напишал делото „Несистематичност

на несистематичноста“? ИБН РУШД АВЕРОЕС

58. Каде е развиено монашкото движење исихазам? АТОС НА СВЕТА ГОРА

59. Кога се родил св. Климент Охридски? 835 ГОДИНА

60. Кој е првиот филозоф кој изградил целосен, развиен филозофски систем?

АРИСТОТЕЛ

61. Векот што започнува со нови идеи, принципи и методи во

филозофијата и науката е познат како: НОВ ВЕК

62. „Верувам затоа што е апсурдно“. Ова е изрека која му се

припишува на: ТЕРТУЛИЈАН

63. Во средиштето на Августиновата филозофија Бог има

средишно место. Ова филозофско учење е познато како:

64. Според Авероес (Ибн Рушд) какво е местото и улогата на


философијата во однос на религијата? Филозофијата е близначка на религијата, целта на
религијата е определена со филозофски термини

65. За основач на новата природна наука го сметаат? ГАЛИЛЕО ГАЛИЛЕЈ

66. Која е основната смисла на Беконовата критика на идолите? Луѓето да се ослободат од


заблудите и лошото сознание за да може да дојдат до вистинско знаење

67. Ставот на Џордано Бруно за макрокомосот е дека: Макрокосмосот (светот) е вечен, бесконечен
и еден. (совршена хармонија)

68. Кој од наведените мислители се прославил со сатиричното

дело „Пофалба на глупоста“? ЕРАЗМО РОТЕРДАМСКИ

69. За ренесансата е карактеристична критиката на: Догматизмот и на духовната закоравеност и


фанатизам

70. Што се универзалии? Тоа е прашање за тоа што реално постои: Идеите (Платон) или
единечните нешта (Аристотел)

71. Кој ренесансен мислител ја изложил хелиоцентричната

концепција за космосот? НИКОЛА КОПЕРНИК

72. Социјалната критика во ренесансата создала посебен вид на

хуманистичка филозофија позната како: УТОПИЗАМ

73. Кое е прочуеното дело на Макијавели? ВЛАДЕТЕЛ

74. Како се нарекува периодот во филозофијата од први до осми

век, кога се гради и разработува христијанската наука?

75. Кој ренесансен филозоф е запален на Цветниот плоштад во

Рим? ЏОРДАНО БРУНО

76. Кој морал го препорачува Аристотел? НА УМЕРЕНОСТА

77. Претставници на емпиризмот, покрај Џон Лок, се и: ЏОРЏ БЕРКЛИ И ДЕЈВИД ХЈУМ

78. Филозофскиот правец на Беркли според кој „Постојам само

јас“ е: СОЛИПСИЗАМ

79. Августин зборува за развиток на две држави и тоа: ЗЕМСКА И БОЖЈА


80. Што се предметите од надворешиот свет за Беркли? ЗБИР ОД ОСЕТИ

81. Според теоријата на Џон Лок, човекот кога се раѓа е ,,табула

раса'', сите идеи кои луѓето ги имаат се: ДОБИЕНИ ОД ИСКУСТВОТО (емпириски, преку сетилата)

82. Што е скепса? СОМНЕВАЊЕ

83. Кој не е претставник на стоицизмот? Стоици се Зенон,Клеант, Хризип, Сенека, Епиктет, Марко
Аврелиј

84. Како Парменид го нарекува несигурното и искривено

спознание кое се темели на набљудување, а не на мислење? СЕТИЛНО ПРИВИДНО СОЗНАНИЕ,


МНЕНИЕ

85. Ставот „Верувам за да разберам“ припаѓа на: АВГУСТИН

86. Софистите во историјата на филозофијата се познати како

основачи на: Антропологијата

87. Кој е клучен поим во Плотиновата филозофија? ЕДНО (евентуално еманација)

88. Како гласи максимата на Френсис Бекон, а воедно е и

максима на новиот век? ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ

89. Основниот став: „Во умот нема ништо што не поминало низ

сетилата“, е на: ЏОН ЛОК

90. Какви квалитети разликува Џон Лок? ПРИМАРНИ И СЕКУНДАРНИ

91. Во Ксенофановата филозофија Бог се изедначува со: ЕДНО И СЕ

92. Кој е авторот на делото „За божјата држава“? АВГУСТИН

93. Платоновото учење е еден вид на: ОБЈЕКТИВЕН ИДЕАЛИЗАМ

94. „Се е поврзано со се“ - е филозофска идеја која прв

експлицитно ја формулира кој? ЏОРДАНО БРУНО

95. Аристoтеловите категории имаат: 10 видови (најопшти поими за видовите на постоење)

96. Кој метод го предлага Бекон во современата наука? ИНДУКЦИЈА

97. Кое е најсигурно спознание според Лок? Емпириското (сетилно)


98. Системот на индукција кај Бекон се состои од следниве

индуктивни постапки: Таблица на ПРИСУСТВО, ОТСУСТВО, СПОРЕДУВАЊЕ И ОСТАТОК

99. Што според Бекон треба да направи нашиот дух за да дојде

до вистината? Треба да се ослободи од идолите, заблудите

100. Кој од наведените филозофи не е претставник на Милетската

школа? Претставници се Талес, Анаксимандар и Анаксимен

101. Кое е значењето на филозофскиот поим апејрон воведен од

Анаксимандар? НЕОГРАНИЧЕНО, БЕСКОНЕЧНО

102. Се во светот, според, Левкип и Демокрит, настанува со: СПОЈУВАЊЕ НА АТОМИТЕ

103. Што е логос во учењето на Хераклит? УМ, РАЗУМ, ДУХ, СЕОПШТА КОСМИЧКА ЗАКОНИТОСТ

104. Кој од наведените филозофи е заслужен за примената на

индиректниот доказ? ЗЕНОН ОД ЕЛЕЈА

105. Кое е централното прашање во периодот на схоластиката? Обнова на теолошката мисла со


посебен осврт врз идеите на Аристотел

106. За кој период во филозофијата, целта не е да се бара

вистината туку да се прифати објавената вистина? СРЕДНИОТ ВЕК

107. Во делото „Аналитика“ првпат е поставено и објаснето

формалното заклучување познато како: СИЛОГИЗАМ

108. Во византиската теологија и филозофија познат е

исихастичкиот спор помеѓу: Григориј Палама (мистицизам) и Варлаам (рационализам)

109. Кое сознание според Питагорејците дава најдобри резултати?

110. Според Аристотел, овој свет е составен од единечни нешта и

кај секое единечно нешто разликува: ГРАЃА (материјал) и ФОРМА (облик)

111. Аристотеловите логички сознанија се собрани во книги со

наслов: ОРГАНОН

112. Главен претставник на исихазмот е: Григориј Палама


113. Кој е автор на првата дефиниција на словенски јазик за

филозофијата? СВЕТИ КИРИЛ

114. Кој од наведените мудреци кажал: „Необразованоста е тежок

товар“? ТАЛЕС

115. Кој од античките следбеници го развивал Демокритовиот

атомизам? ЕПИКУР

116. Кој антички филозоф е родоначалник на филозофијата? ТАЛЕС

117. Кој од наведените антички филозофи смета дека единството е

хармонија на спротивните сили? ХЕРАКЛИТ

118. Подреди ги по ред, почнувајки од науката за сознанието,

науката за моралот и науката за битието? ГНОСЕОЛОГИЈА, ЕТИКА, ОНТОЛОГИЈА...

119. Која е главната одлика на војниците во идеалната држава на

Платон? ХРАБРОСТ (срце)

120. Која е главната идеја во мислата на Хераклит „panta rei“? СЕ ТЕЧЕ, СЕ СЕ МЕНУВА

121. Августин вели: „Верувам за да разберам“. Тоа би значело

дека: Бог е извор на сето постоење, како и на сите вистини и сето добро. Верата ни покажува дека
Бог е во се и дека се е во Бог

122. Што пишувало на вратата на Платоновата академија? НЕКА НЕ ВЛЕГУВА НИКОЈ КОЈ НЕ ЗНАЕ
ГЕОМЕТРИЈА

123. Кој е најзначаен средновековен филозоф кој направил систем

на сколастиката како официјална доктрина на католичката

црква? ТОМА АКВИНСКИ

124. Што се случува со филозофијата во периодот на

схоластиката? СТАНУВА СЛУГИНКА НА ТЕОЛОГИЈАТА

125. Која е најстарата монотеистичка религија? ЈУДАИЗАМ

126. Во средниот век филозофијата станала блиска до: РЕЛИГИЈАТА


127. Први кои се обидуваат со сознанието да дојдат до вистината

за верата и да воспостават филозофија за христијанството

се: ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ПАТРИСТИКАТА

128. Аристотел го дели знаењето на:

129. Кој филозоф тврди дека „Човекот е мера на сите нешта, оние

кои сè дека сè, а оние кои не сè дека не сè“: ПРОТАГОРА

130. Каде се појавува Христијанството? Во ИЗРАЕЛ (Палестина)

131. Која од наведените форми на власт е лоша според Аристотел? ТИРАНИЈА, ОЛИГАРХИЈА,
ОХЛОКРАТИЈА (една од нив се бара)

132. Клучен поим во Епикуровата филозофија е: АТАРАКСИЈА

133. Кој е општиот лозунг на антиката и лична максима на Сократ? СПОЗНАЈ СЕ СЕБЕСИ

134. Како се викал универзитетот кој го основал Аристотел во

Атина? ЛИКЕЈ

135. Учењето на Платон дека идеите се вечни и се основа на

светот, се нарекува: ОБЈЕКТИВЕН ИДЕАЛИЗАМ

136. Што е добродетел за Сократ? Добродетелта е знаење, може да се научи

137. Како се нарекува божествениот глас кој го предупредувал

Сократ да не прави лоши дела? ДАЈМОНИОН

138. Колку сталежи разликува Платон во неговата идеална

држава? ТРИ (филозофи-владетели, војници и селани, занетчии, трговци)

139. Аристотел бил ученик на: ПЛАТОН

140. Во античката филозофска мисла први кои говореле за

битието и тврделе дека тоа е еднородно, вечно и

непроменливо биле: Елејците (Зенон, Парменид, Ксенофан)

141. Во какви општествено политички услови се појавува

средновековната филозофија во Европа? ???


142. Најзначаен претставник на схоластиката е: ТОМА АКВИНСКИ

143. Каков е светот на идеите за Платон? Највисок онтолошки свет, идеите се вечни, единствени,
трајни, неделиви, совршени

144. Која теза е точна според Хераклитовото учење? ???

145. Верувањето во повеќе богови се нарекува: ПОЛИТЕИЗАМ

146. Какви биле општествата во средниот век? ТЕОКРАТСКИ

147. Основата на сèшто постои античките филозофи ја именувале

како: АРХЕ

148. Во каков однос се битието – небитието?

149. Во Аристотеловата прва филозофија опишувањето на битието

се одвива преку:

150. Зборот филозофија потекнува од зборовите „phileo“ и „sophia“

што значат: ЉУБОВ И МУДРОСТ

You might also like