You are on page 1of 2

Френсис Бекон

Прв вистински теоретичар на сознајните методи на Новиот век е Френсис Бекон.


Роден е во благородничко семејство.
Френсис Бекон е една од најистакнатите личности на англиската Ренесанса,
современик на кралицата Елизабета. Студирал на Кембриџ универзитетот и во
Париз, кај кралот Џејмс I бил Чувар на државниот печат (министер за правда) и
Лорд- канцелар (премиер). Имал извонредни таленти . По недоразбирањата во
политиката, се повлекол во мирен живот и им се посветил на филозофијата и на
науката. Се стремел да направи Голема обнова на науката (Instauratio magna).
Објавил само неколку дела од тој систем: "Нов Органон", "За достоинството и за
зголемувањето на науките", "Класификација на науките" и "Нова Атлантида", еден
вид утопија и научнофантастична расправа.

Во неговото дело Нов Органон го критикува дедуктивниот методот на Аристотел.


Тој го критикувал овој метод поради тоа што не води до ново знаење за природата
и тврдел дека знаењето треба да се изведе од нешто што веќе е познато.
Бејкон развил нова методологија на индукција, за која верувал дека може да
доведе до откривање на ново знаење за природата со цел човекот да има поубав и
среќен живот .
За да може човекот да стане господар на природата и да ја користи за човечки
цели, неопходно е познавање на природата и нејзините закони.

Неговата филозофија

Ја нагласува важноста да се биде свесен за невистините извори и да се


ослободиме од овие заблуди за да се дојде до вистинско знаење.
-го критикувал сознанието и затоа не знаеме . Луѓето ги земаат нештата како
вистинити однапред неангажирано (антиципација), а не се занимаваат со
објаснување на појавите (интерпретација). Односно, место да поаѓаат од фактите,
луѓето прават претпоставки и шират заблуди.

Бекон заблудите ги нарекува идоли (нешто лажно,замислено). Тој посочува четири


вида идоли:
-идоли на племето: нив ги имаат сите луѓе, целиот човечки род, тие се својства на
човечкиот ум, а се пројавуваат во замислите на луѓето кон светот
-идоли на пештерата, тоа се индивидуалните сознајни грешки на секој човек.
(Платоновиот мит за пештерата, во која луѓето седат затскриени од вистинската
светлина, а за сенките на ѕидот мислат дека се вистинити факти); станува збор за
заблудите што произлегуваат од лошата поставеност на секој човек кон реалноста
и кон сознанието;
-идоли на плоштадот: произлегуваат од заблуди поврзани со јазикот и погрешно
разбрани значења;
-идоли на театарот, (станува збор за прифаќање на вистината онака како што ни се
претставува во гледалиштето, небаре е вистина она што се игра на сцената).
*Овие заблуди мора да се препознаат и елиминираат за да се постигне вистинско
знаење.

Луѓето метафорично ги опишал во 3 групи


-мравки, кои само се во теорија а не во пракса присобираат од искуството".
-пајаци, кои се водат само од своето учење и состојба ;
- "пчелите" кои се идеална комбинација од теорија и пракса

Тој го кажал лозунгот „Знаењето е моќ“. Тој вели дека можеме онолку колку
што знаеме.

Бејкон филозофијата ја смета за наука над сите науки

You might also like