You are on page 1of 2

Просветителство во Францја

Целта на просветителството, како што и самиот збор кажува, е


расветлување на тајните кои отсекогаш биле догма за човештвото. Тоа навлегло
во речиси сите области на културата и духот. Носител на идеите на
просветителството била граѓанската класа, која почнала да се еманципира уште
во ренесансата. Филозофи и научници од тој период широко ги распространија
своите идеи преку состаноци на научни академии, масонски ложи, литературни
салони, кафиња и во печатени книги, списанија и памфлети. Идеите на
просветителството го поткопаа авторитетот на монархијата и Црквата и го
отворија патот за политичките револуции од 18 и 19 век. Различни движења од 19
век, вклучително и либерализам и неокласицизам, ја следат нивната
интелектуална наследство во просветителството.

Просветителството, познато на француски јазик како век на светлината,


беше висок период на интелектуално ширење во доменот на уметноста и науката.
Многу идеи изнесени од мислителите на Просветителството го отворија патот за
тоа како денес го перцепираме светот. Оригинален и значително порадикален во
практика бил швајцарецот, којшто живеел и работел во Франција, Жан Жан Русо.
Тој е роден во Женева, Швајцарија и се пресели во Париз како млад човек за да
продолжи кариера како музичар. Наместо тоа, тој стана познат како еден од
најголемите и најреволуционерните мислители што некогаш живеел. Жан Жак
Русо бил соработник на Енциклопедијата кој ненадејно се здобива со популарност
со статијата "Дали обновата на науките и уметностите придонела кон
моралното очистување?", која предизвикала толку внимание, пред сè, поради
актуелноста. Вистинскиот текст со кој Русо се прославил со покритие бил текстот
"За потеклото на нееднаквоста меѓу луѓето", кој е вистинска академска расправа
во која Русо ја изложува јатката на својата политичка мисла. Своите филозофски
ставови ги искажал во текстовите "Општествен договор" и "Емил". Русо од своите
современици се разликува по тоа што го негира разумот на сметка на
чувственоста. Неговата љубов кон природата е во согласност со тезата дека
смислата на човечкиот живот е во чувствата и во неговата хармонија со
природата. Во ерата на апсолутната моќ на кралевите, Русо се расправал против
божественото право на владеење на монархијата - тој го прогласил апсурдноста
да се потчини на принуда или ропство, изјавувајќи дека вистинската политичка
власт лежи кај народот. Тој исто така ја вознемирил и другата голема моќ на
времето, Црквата, тврдејќи дека сите религии се еднакви во нивната способност
да всадат добрина кај луѓето. Неговиот легитимитет како радикал и револуционер
е можеби најдобро демонстриран во Општествениот договор од 1762 година:
„Човекот се раѓа слободен, а секаде е во окови“ Според него, човекот ќе ја
ограничи својата слобода, но исто така ќе создаде и рамноправност, не социјално
туку политичко. Поради овие тврдења, Русо се смета дека е директен претставник
на демократијата.

Филозофот припаѓал и на романтизмот, книжевно движење, за кое се смета


дека е еден од пионерите. Според него, демократијата била многу тешка за да се
воспостави во некоја голема држава како што е Франција.

You might also like