You are on page 1of 3

,,Дон Кихот" од Мигел Сервантес

Делото ,,Дон Кихот“ е шпанско дело напишано од Мигел Сервантес кое


има два дела, првиот дел со наслов ,,Преумниот благородник Дон Кихот
од Ла Манџа” е напишано во 1605 година, а вториот со
наслов ,,Досетливиот витез Дон Кихот од Ла Манџа” во 1615 година.
Сервантес прави делото да изгледа како да е напишано од арапски и
манчански писател, Сид Амет Бененџелија, кој е всушност измислена
личност, а тој да е само посредник. Во Прологот на делото писателот ни
открива за советите што му ги дава неговиот пријател во врска со делото,
кој ги прима советите и го прави токму тоа што му е кажано:,,...целта да ви
биде да ја срушите лошо скроената сцена на тие витешки романи, кои им
се одбивни на многу луѓе, а фалени се од уште повеќе луѓе, па ако го
постигнете тоа, вие постигате многу”. Дон Кихот е како тема за човекот кој
поради претераното некритично читање на книги го губи разумот, па дури
се доведува себеси до еден вид лудило, а тоа доаѓа до упорно
настојување на тој човек од стојалиштето на сопстевените идеи да им
прави добро на луѓето, но тој од тоа своето лудило им прави само зло.
Ова дело почнува така што можеме да видиме како почнува зелото
лудило да главниот лик. Тој го продава својот имот за да купи книги за
витези од минатото, кои потоа ги чита непрестајно. Заради тоа тој доаѓа до
заблуда и во судир со времето. Тој се обидува да го оживее духот на
минатото и мисли дека токму тој треба да го врати времето на витезите
скитници. Првото што прави е си го променува своето име од Алонсо
Кихано во Дон Кихот од Ла Манџа, потоа му дава име на својот коњ,
Росинант, ,,љубовта” на неговото срце,Алдоноса Лоренсо, која била
девојка во која бил вљубен некое време,а која не го забележувала тоа, ја
прекрстил во Дона Дулсинеја од Тобосо. Потоа тргнал наоружан со
старото оружје од своите предци низ старото Монтиелсо поле, без да ги
извести своите домашни, односно домаќинката и неговата внука Антонија
Кахина.
После тоа почнуваат сите луди авантури на Дон Кихот од Ла Манџа.
Најпрвин тој доаѓа во една крчма, која ја замислува како некој замок,
расипничките ги смета за дами, а крчмарот за управник на замокот. Потоа
таму го ,,добива” своето витешко звање во брза постапка. Пота спасува
некое дете од малтретирањето на негововиот богат господар, кој се викал
Хуан Алдудо. Пота тој е донесен дома од страна на парохот и берберот
Николас. Додека тој спие тие заедно со домаќинката и внуката вршат
пресуда за тоа кои книги треба да ги врлат и запалат, а кои не. Тие исто
така му ја заѕидуваат собата со книги. Ког атој станува ја бара собата, но
тие му велат дека не знаат и дека за тоа е крив некој маѓепснкик или
ѓавол. Потоа Дон Кихот го убедува својот добар, сиромав и не толку
паметен сосед, Санчо Панса да му стане оруженосец, му ветува дека ке му
подари некој остров или кралство со кое ќе може да управува како
губернатор.
Дон Кихот и Санчо одат заедно со лудата мисла да ги доживеат ги
своите авантури и да добиваат награди. Најпрвин Дон Кихот замислува
дека ветерниците се џинови, па иако Санчо му кажува дека не треба да се
бори со ветреници, тој го прави тоа. Потоа тие на својот пат сретнјуваат
некои фратрибенедиктинци (католички калуѓери) и кочија со патници и
некоја госпоѓа. Потоа се тој се бори и со слугата на кој ја придружувал
госпоѓата. Следната авантура на Дон Кихот е кога ги ослободува робовите
на кралот кои требало да работат во кралските галии. Тие пак не сакајќи
да одат ка Дулсинеја, го каменуваат, него и Санчо.
Овие беа авантурите на Дон Кихот од првиот дел. Потоа вториот дел се
зборува за тоа како за малку парохот и берберот му поверуваат на Дон
Кихот дека е вразумен, но не е така. Потоа тој и Сначо повторно одат на
своите авантури, кои за разлика од првиот дел се луди, но е по
реазлисично со што тој не си измислува за работи што не се. Тие прво одат
во Тобосо, барајќи ја принцезата Дулсинеја и нејзниот замок, но
безуспешно се вратија во некоја шумичка. Пота Санчо го мами својот
господар дека неговат принцеза Дулсинеја била маѓепсана и дека таа е е
некоја селана на магаре која јава со своите придужнички. Потоа се
раскажува за борбата на Дон Кихот со лавовите, што не е некоја битка
бидејќи лавовите не излегле од кафезот. Следна била авантурата во
куклениот театар на Маесе Педро. Во приказната што се прикажува е
преставена приказната за Дон Гајферос кој ја спасува својата сакана
Мелисендра од Маврите. Дон Кихот бидејќи е луд си помислува дека тие
се вистински и ги испокршува сите кукли, кои подоцна ги плаќа. Потоа се
раскажува за авантурата на Дон Кихот со војводатац и војводката кои
бикле на лов. Тие срдечно ги примаат Дон Кихот и Санчо, да останат кај
нив шест месеци. А потоа го мамат Дон Кихот, додека се на лов по голем
дивеч, дека доаѓа неговата Дулсинеја. Потоа се раскажува за борбата на
Дон Кихот и Витезот на белата месечина. Дон Кихот е победен и принуден
да се врати дома и да не прави витешки подвизи. После неговиот шест
часовен сон, Дон Кихот се буди разумен. Сите дознваат дека тој веќе не е
луд. Тој потоа изјавува дека ги мрази тие витешки книги и дека никогаш не
би ги направел тие луди дела. Вели да го викаат Алоносо Кихано Добриот
и дека не сака луѓето да го паметат како луд. Исто така го поделува својот
имот. Го остава на својата внука, а потоа умира во постела.

You might also like