You are on page 1of 9

Оноре де Балзак

Амина Качар
Ема Клица
3-5
Оноре де Балзак
 — француски писател на романи и драми. За негово капитално дело се смета збирката романи Човечка комедија,
која раскажува за животот во Франција по заминувањето на Наполеон. Се смета за еден од предводниците
на реализмот во европската литература, поради портретирањето на општеството такво какво е, и ликовите кои имале
сложен морален фоторобот.
● Оноре де Балзак е роден на 20 мај 1799 година
во Тур, во граѓанско семејство (дури подоцна, тој
додал „де“ кон своето презиме со цел да покаже
дека има благородничко потекло). Неговиот
татко, Бернар Франсоа Балса, бил едно од 11.
деца во работничко семејство од Тарн, област во 
јужна Франција. 

“Сјајот и бедата на куртизаните”


● Во 1760 година заминал за Париз за
да си го подобри социјалниот статус во
општеството. Во 1776 година станал
секретар на кралскиот совет и масон, и
го променил презимето во Балзак
бидејќи звучело поблагороднички. По
јакобинската диктатура (1793–94),
Франсоа Балзак бил испратен во Тур
да го координира снабдувањето на
француската армија. Мајката на
Балзак, Ан Шарлот Лора Саламбје,
потекнувала од трговско семејство од
Париз. Таа имала 18 години кога се
омажила за Франсоа Балзак, кој имал
50 години.
Во 1833, Балзак во писмо до неговата сестра открил дека имал
забранета љубовна врска со писателката Марија ди Френе, која
имала 24 години. Марија била во брак со градоначалникот на
Сартрувил Шарл ди Френe, многу постар од неа. Во писмото,
Балзак напишал дека Марија била бремена со негово дете. Во
1834 година, осум месеци по писмото, се родила Марија
Каролина ди Френe. Подоцна се покажало дека ликот Марија од
Евгенија Гранде бил олицетворение на вонбрачната ќерка на
Балзак.
Првиот обид на Балзак бил да напише либрето за
комедијата Гусарот, според истоимената поема на
Џорџ Гордон Бајрон. Набргу се откажал од оваа
идеја бидејќи не можел да најде композитор. Во
1820 година ја напишал Кромвел, трагедија во пет
чина, која немала позабележителен успех. Кога ја
завршил се вратил во Вилпаризи да ја прочита на
семејството, но неговите најблиски не биле
задоволни. Кратко потоа започнал три романи, кои
останале незавршени: Стени, Фалтурн, и Корсино.
● Шуани e роман издаден во 1829 и
вклучен во циклусот романи Човечка
комедија. Дејството се одвива во градот
Фужер од областа Бретања, за време на
поствоениот период од 1799. Се
раскажува за љубовната врска помеѓу
аристократката Марија де Вернеил и
благородникот Алфонс де Монтауран,
вметната во воено-историски контекст.
● Шагринска кожа e роман издаден во 1831
година. Дејството, сместено во почетокот
на XIX век во Париз, ја кажува приказната
за едно младо момче кое наоѓа парче
шагрен со моќ да ја исполни секоја негова
желба. Но, со секоја посакана желба
кожата се намалува и црпи дел од неговата
физичка енергија. „Шагринска кожа“
припаѓа на групата „Филозофски студии“ од
Балзаковата романорека „Човечка
комедија“.
● Сарасин e новела објавена во 1830, дел
од циклусот романи Човечка комедија.
Иако Балзак творел од 1819, ова било
едно од првите дела каде се потпишал
без псевдоним. Главен лик во новелата е
Раскажувачот, дел од високата класа во
Париз, кој на госпоѓата Рошефид и ја
раскажува приоказната за Сарасин
сакајќи да ја заведе.

You might also like