You are on page 1of 9

НИКОЛАЈ ВАСИЛЕВИЧ Изработи :Ема Јанкуловска

ГОГОЉ
ЖИВОТОТ НА ГОГОЉ
Уште како гимназијалец започнал со пишување поезија, но театарот и глумата го
заинтересирале уште повеќе.

По гимназијата отишол во Санкт Петербург каде се вработил како чиновник, но


младоста и ведрината на неговиот дух не му дозволиле да остане на тоа работно
место. Се запознал и почнал да се дружи со Пушкин и така влегува во највисоките
книжевни кругови.

Почнал да предава историја во Патриотскиот институт, но таму не се покажал во


најдобро светло, зашто тој во меѓувреме целосно ѝ се посветил на литературата и
творештвото.
ЖИВОТОТ НА ГОГОЉ
Николај Пишува збирки раскази и драмата „Ревизор“ која доживеала успех, но
и силни критики. Заради тоа решил да ја напушти Русија и да патува по
Европа, каде речиси десет години останал во Рим. Наредната година ужасно го
потресла ненадејната смрт на неговиот пријател Пушкин, па западнал во некое
религиозно расположение.

Го завршил и објавил романот „Мртви души“ со кој предизвикал општествени


бранувања. Запаѓајќи во сѐ поголема душевна криза тој дури двапати ќе ги
изгори продолженијата на романот.
ТВОРЕШТВО
Делото на Гогољ ја започнува новата творечка епоха во историјата на руската
литература. Тој прв, со јасен и вистински реалистичен метод приоѓа кон
книжевно обликување на суштинските појави на современото руско општество.
Тој дава уметничка и социјалнокритичка слика на општествените, политичките
и моралните зла со кои се карактеризирала таа реалност.
НАЈПОЗНАТИ ДЕЛА
Едни од најпознатите дела се :
„Вечери во селцето крај Диканка“ (збирка раскази) (1831–1832)
„Тарас Буљба“ (новела) (1835)

„Женидба“ (комедија) (1835)

„Ревизор“ (комедија) (1836)

„Мртви души“ (роман) (1842)


НОС
Нос е сатиричен расказ кој оди до гротеска и апсурд во прикажувањето на
ликовите и ситуациите во кои се наоѓаат.

Преку детални реалистични прикази со фантастични и мистични елементи,


Гогољ успева многу суптилно, силно да го критикува руското општество.
Преку горчлив хумор и иронија укажува на бесмислените општествени
положби, титули и воопшто на пресериозното гледање на себеси и својот статус
во општеството.
НОС
На 25 март, берберот Иван Јаковлевич се разбудил и побарал сопругата да му даде
топол леб, но кога почнал да го сече лебот внатре го нашол носот на еден свој клиент
коваљов. Уплашен да не го затворат, тој излегол надвор и од еден мост го фрлил носот
во реката Нева, но тогаш го здогледал полицаец како го фрла носот во реката. Се
обидува на му понуди бесплатно бричење. Но него веќе неколкумина бесплатно го
бричат. кога се буди Коваљов, сакајќи да си ја види акната на носот, сфаќа дека нема
нос. Посрамен и обезличен, покривајќи го празното место на лицето, тргна во потрага
по носот. На улица го среќава својот нос како се вози во богата кочија, влегува во
црква и има униформа на висок службеник. Иако е тоа неговиот нос, заради
повисокиот чин Коваљов со понизност му се обраќа. Носот не го ни заслушува, си ја
врши својата работа, влегува во кочијата и си заминува. тој се обидел да даде оглас за
изгубениот нос во весниците, но се откажал од таа намера. Разочаран, Коваљов си
дошол дома, каде го посетил еден полицаец, кој му го вратил носот.
Му објаснил дека го фатиле носот со лажен пасош и лажно име како сакал да
избега. Тој сакаше да го „залепи“ носот назад на своето лице. По неуспешните
обиди повикал доктор, кој исто така не успеал да ја среди работата.Но,
Утредента, кога се разбудил, носот си бил назад на своето место.
БЛАГОДАРАМ ЗА
ВНИМАНИЕТО

You might also like