You are on page 1of 3

1. Предмет Македонски јазик и литература I-год.

2. Наставна единица Мигел де Сервантес „Дон Кихот“(1547-1616)

3. Тематска целина Хуманизам и ренесанса

4. Тип на часот Нова наставна единица од литература (2 часа)

5. Предметен Анита Андреевска


наставник

Мигел де Сервантес е шпански поет, драмски писател и романсиер.(Заедно со Шекспир се


најголемите писатели од периодот на ренесансата.)Роден е 1547г. во мало гратче близу
Мадрид во семејство од стара аристократска лоза,но осиромашено.Неговата биографија
носи страдалнички белег.

Пишувал песни,драми и прозни дела.Ги следел примерите од популарните ренесансни


писатели:Петрарка, Бокачо и Ариосто.

Негово ремек-дело е романот „Дон Кихот“, најпреведуваното и најобјавувано дело во


светската литература по Библијата.

„Дон Кихот“

 Роман во два дела со со 126 глави на1200 страници.


 Тема:пародија на витешката литература,во која темата е животот и походите на
главниот лик Дон Кихот и неговиот придружник Санчо Панса.
 Идејата во романот е да се исмее витешката литература која имала штетно влијание
врз луѓето.
(Пародија е текст во кој се наоѓаат најкарактеристичните одлики на некој автор,дело или
жанр,кои се дадени карикатурално ппреувеличени и на тој начин се направени смешни.)

 Содржина:
Кралот Карло V во Шпанија го забранил печатењето на витешки романи,со цел да го
прекине штетното влијание врз луѓето од тоа време.Се до печатењето на романот „Дон
Кихот“од Сервантес(замислен како пародија на витешката литература )ништо не можело да
ја сопре експанзијата на витешките романи.По објавувањето на „Дон Кихот“,кој и со
отпечатило ни едно рицарско дело.
„Дон Кихот“има голем број на страници ,но и голем број на дигресии (раскажувања што
не се во врска со главното дејство во романот).
Сиромашниот благородник Алонсо Кихано живеел живеел во мало место во Манча во
централниот дел на Шпанија, заедно со внуката Антонија и со џангризавата куќна
помошничка . Бидејќи одамна престанал да се грижи за својот скромен имот, одлучил да
продаде делови од имотот за да може да купува книги. Главната тема на книгите што ги
читал била за витезите и витештвото, а токму тоа че го доведе на границата до лудило.
Опседнат со витешките идеали ќе ги запостави своите обврски и ќе тргне во витешки
авантури да ги брани немочните и да ги порази лошите.
Се прогласува себеси за витез по име Дон Кихот од Манча а својот коњ го нарекува
Розинант. Наоружан со зарѓан оклоп тргнува во потрага на витешки авантури. Прва цел му
била да пронајде дама на која ќе и се заколни на вечна љубов, па ја одбира Дулчинеа од
Тобозо, девојка од соседното село.
По три дена помината на пат, се сретнува со неколкумина патувачки трговци кои ги
напаѓа бидејќи одбиваат да ја пофалат Дулчинеа. Слугата а едниот трговец го претепува, а
неговиот сосед го враќа дома на магаре.
Додека закрепнувал, неговата домашна помошничка, свештеникот и берберот ги
запалиле неговите книги со цел да го одвратат од невозможните намери. Но, со тоа само му
ја поттикнале желбата да истрае. Успеал да го убеди да му биде слуга и оружоносец. Тој му
ветил на Санчо дека ќе му подари отров со кој ќе може да владее.
И така тргнале на пат, Дон Кихот на својот стар коњ, а Санчо Панса на своето магаре.
Нивната прва заедничка авантура траела 3 недели. Во текот на походот, меѓу другото, Дон
Кихот се борел со ветерниците за кои мислел дека се злобни џинови. Во една гостилница,
за која мислел дека е дворец, ќе одбие да ја плати сметката и ќе го обвини споственикот
дека е нељубезен, па ќе западне во невољи.
Утредента тргнува за дома да се снабди со пари и чиста облека. По патот сретнал
некое момче врзано за дрво а неговиот господар го тепал. Дон Кихот се вмешал да го спаси
детето, му дал пари на господарот за овците што ги загубило момчето додека ги пасело но
кога заминал фармерот пак го врзал момчето и уште повеќе го истепал.
Такви биле походите на Дон Кихот, смешни, бизарни.
Враќајќи се кон дома, ќе сретне трговци кои нема да имаат милост за неговите
лудости и ќе го истепаат. Кога стигнал дома со денови и ноќи спиел за да закрепне. Тогаш
неговата внука, заедно со парохот и берберот ќе ги изгорат сите негови книги од неговата
големе витешка библиотека, бидејќи сметале дека тие се виновни за состојбата во која се
наоѓал Дон Кихот.
Крајот на Дон Кихот е тажен. Тој умира во постела без остварени соништа и без
возвратена љубов. Тој свесен за своите заблуди ги обвишува книгите кои ги прочитал, а на
својата внука и го остава наследството, само под услов да не се омажи за човек кој читал
такви книги.

 Ликови
Алонсо Кихано: Педесетгодишен блгородник од понизок ранг кој живее во Ла Манча. Му
здосадила грижата за имотот, па одлучил да го продаде имотот за да купи книги. Главната
тематика во книгата е витештвото (рицарството) а токму тоа го доведува Кихано на работ
од разумот. Го менува името во Дон Кихот од Манча и тргнува во поход, јавајќи на својот
коњ Розинант.
Санчо Панса: Работник на имотот на Дон Кихот кој се согласува да му служи на
самопрогласениот витез. Занесен со ветувањата на Дон Кихот дека ќе му подари остров, го
следи својот господар, јавајќина своето магаре. Иако бил неук, често знаел да го
предупредува својот господар и да го вразуми, но безуспешно.
Други ликови: внуката на Дон Кихот , Тереза (сопруга на Санчо Панса) млада девојка која
речиси и не го познава Дон Кихот, станува за него идеална жена. Таа е растргната помеѓу
потребата да го заштити својот вујко и жебата да му дозволи на старецот малку да се
забавува.
Прашања по Македонски Јазик – Теодор Митревски I6
1. Што е пародија?

 Пародија е текст во кој се наоѓаат најкарактеристичните одлики на некој автор,дело


или жанр,кои се дадени карикатурално ппреувеличени и на тој начин се направени
смешни.

2. Кој вид романи придонеле Дон Кихот да се замислува себеси како витез скитник?

 Витешките романи придонеле Дон Кихот да се замислува себеси како витез скитник.

3. Дон Кихот живее во замислен свет, а Санчо Панса во реален свет. Според тоа, какви
ликови се тие?

4. Каков општествен статус има жената во која е вљубен Дон Кихот (според неговите
убедувањa)?

 Алдонса Лоренсо (Дулчинеа од Тобозо) е жена од соседното село во која се вљубил


замислениот витез Дон Кихот и неа и ги посветил своите храбри походи.

5. Објасни како се менува ликот на Дон Кхот од почетокот до крајот на романот.

 Тој се менува со тоа што на крајот гледаме дека им помага на другите, а на почетокот
мислел само на себе.

6. Што е различно а што заедничко за Дон Кихот и Санчо Панса?

 Дон Кихот бил благородник, а Санчо бил обичен работник, иако Санчо бил нем знаел
да го предупредува Дон Кихот, но залудно, а заедничко е тоа што двата сакаат
авантури.

You might also like