You are on page 1of 2

Што претставува биоелектричниот потенцијал?

Биоелектричниот потенцијал е резултат од различна концентрација на позитивните и негативните


јони од двете страни на клеточната мембрана. Mембраната е липопротеинска и има својство да ги
пропупта молекуларните јони кои се наоѓаат во екстарцелуларната течност.Мембраната е
семипермеабилна, па бројот на позитивни и негативни јони не е еднаков од обете страни на
мембраната. Од надворешната страна се наоѓа поголем број позитивни а од внатрешната поголем
број на негативни јони и на тој начин се создава двоен електричен слој.Цитоплазмата и течноста што
ја опколува, кои имаат висока спроводливост, се двете електроди, а клеточната мембрана со својата
мала спроводливост ја има улогата на диелектрик кој ги разделува електродите.

Биоелектричен потенцијал на мирување

Биоелектичните потенцијали што се појавуваат во некој орган или клетка без нивно побудување се
наречени биоелектрични потенцијали на мирување. 
Нивната појава се должи на нееднаквата концентрација на позитивните и негативните јони
предизвикана од циркулацијата на течноста во која тие се наоѓаат. При метаболитичките процеси, во
близина на мембраната се формира двоен електричен слој кој условува појава на одредена разлика
во електричните потенцијали (мембрански потенцијал).
Интрацелуларната и екстрацелуларната течност имаат различен состав. Екстрацелуларната течност
содржи голема концентрација на натриумови јони, а мала концентрација на калиумови јони. Кај
интрацелуларната течност состојбата е обратна. Ваквата нерамномерна распределба на натриумови
јони е резултат од дејството на таканаречената натриум-калиумова пумпа.По пат на пасивен и
активен транспорт тие поминуваат низ мембраната на клетката, а како последица од тоа е појавата
на таканаречен мембрански потенцијал. Големината на мембранскиот потенцијал може да се мери.
Тоа се прави со помош на специјални микро-електрода со која се пробива клеточната мембрана и се
внесува во нејзината внатрешност а другата електрода се поставува во течноста на меѓуклеточниот
простор.

Нерностов потенцијал

Пропусливоста на мембраната на клетката за калиумовите јони е голема, а таа не е пропуслива за


анјоните кои се наоѓаат во клетката бидејќи тие имаат поголеми димензии. На тој начин калиумовите
јони дифундираат од клетката према надвор. Поради ова надворешната страна од мембраната се
електризира позитивно, а внатрешната негативно и како последица на тоа се јавува разлика во
електричните потенцијали познат како Нернстов потенцијал. За да се најде вкупниот потенцијал во
предвид треба да се земат повеќе фактори и тоа:
обична дифузија на повеќе видови јони низ мембраната
активниот транспорт обезбеден од натриум-калиумовата пумпа
пропусливоста на мембраната за поодеелни јони
видот на електричниот полнеж на јоните
концентрацијата на соодветните јони во и надвор од клетката и други.

R-универзална гасна константа 


F-Фарадеева константа 
Т-температура изразена во келвини 
ci-концентрација на јони од внатрешната страна на клетката 
ce-концентрација на јони од надворешната страна на клетката
Акционен потенцијал

Побудувањето на клетките може да се оствари на повеќе начини:


механичко дејство
хемиско дејство
електрично дејство и друго.

Кај побудените клетки се менуваат електричните својства на клеточната мембрана. За време помало
од 1 милисекунда (ms), надворешната страна на клеточната мембрана станува негативна во однос
на внатрешната (спротивен потенцијал). Промената на мембранскиот потенцијал при побудување на
клетките се нарекува акционен потенцијал. Ваквата прераспределба на електричните полнежи трае
се додека трае и побудената состојба на клетките, после која, повторно се воспоставува мембрански
потенцијал на мирување. Појавата на акциониот потенцијал започнува со тоа што се зголемува
пропусливоста на мемраната на јоните на натриумот.

Деполаризација
Деполаризација е процес кај кој користејќи ја зголемената пропусливост јоните на натриумот во
голем број навлегуваат во клетката поради што нејзината внатрешна страна позитивно се
поларизира.

Реполаризација
Брзата дифузија на натриумовите јони трае од 0,1 до 1ms. Создадениот позитивен полнеж во
внатрешната страна на мембраната ќе го забави натамошното дифундирање на натриумовите јони.
Намалената дифузија на натриумот ќе предизвика намалена пропусливост за јоните на натриумот а
се зголемува пропусливоста за калиумовите јони. Како последица од тоа повторно се воспоставува
мембрански потенцијал на мирување. Овој процес се наредкува реполаризација..

Причини за промени на пропусливоста на мембраната


Причините за брзи промени во пропусливоста на мембраните и ден денес не се познати. Врз основа
на фактот дека присуството на калциумот ја смалува пропусливоста за јоните на натриумот
поставена е следната хипотеза: 
Дифузија на јоните на натриумот се остварува по пат на негово врзување со некој рептор-преносител.
За истиот рецептор се врзува и калциумот. При зголемена концентрација на калциумот
екстрацелуларно, рецепторот е преокупиран со калциумот, па затоа дифузијата на натриумот е
намалена. Во време на побудувањето на мембраната почетната количина на натриум што влегува
во клетката го истиснува калциумот од рецепторот па поради тоа се зголемува пропусливоста на
натриумот.за време на реполаризацијата, создадениот спротивен потенцијал го спречува
влегувањето на натриумот во клетката, калциумот повеќе се врзува за рецепторот, а последицата е
намалена пропусливост за натриумот.

You might also like