You are on page 1of 14

Вируси (од virus - „токсин“ или „отров“) се субмикроскопски објекти со неклеточна

градба. Големина на вирусите од 15-300 нанометри, се размножуваат во клетка -домаќин,


Предизвикуваат заразни заболувања, клетката домачин се потчинува на наредбите на вирисната
клетка, внатреклеточни паразати , а надвор се инертни честички , изградени од протеини и
нуклеински киселини

Секоја вирусна честичка или вирион се состои од

нуклеинска киселина ДНК или РНК, исклучиво едното,


и  протеинска обвивка- капсид(глобуларни протеински молекули-капсомери).

форми .од многу прости овални, стапчести, до многу сложени, со опашка или во форма на
плик.
Бактериофаги (фагос – изедува)

Паразитираат во бактериски клетки

Гоелмина од 20 нм до 200нм

Градба на бактериофаг-глава и опашка на која е поставена базална плоча со влакненца.


Влакненцата служат за прикрепување на клетката домаќин, по прикрепувањет доаѓа до разлагње
на клеточниот ѕид со што се создава отвор. Низт тој отвор фагот ја несува фагната нуклеинска
кислеина, клетката домаќин се потчинува на командите на вирусот и започнува да создава нови
вирусни честички. Кога ќе се создадат сите делови на фагот и ќе се намножат вирусите , клетката
домачин умира

Капсидите се структури кои ги содржат вирусните геноми и многу од нив имаат икосаедарска
симетрија. Икосадерот е тело која се состои од 12 триаголници. Протеините организирани во
капсомери ја образуваат неговата површина. Други како на пр.беснило, се стапчести. Должината
на вирусите зависи од големината на ДНК или РНК која се наоѓа во него.

Најмалите вируси се парвовирусите кои можат да имаат дијаметар од само 25 нм. (детска


парализа, шап кај добиток, некроза кај тутнот)  Поксвирусите се најголемите познати вируси, и
нивниот дијаметар достигнува и до 300 нм,( беснило и големи сипаници) токму на границата на
видливост под светлински микроскоп.Вирусите се набљудуваат со електронски микроскоп кој има
моќод 5 нм. Со криогенскиот ЕМ, при што примерокот се смрзнува од 1-2 нм. 

Рентгенската кристалографија е единствен метод со кој може да се добие резолуција на атомско


ниво.

Малите вируси кои даваат униформни честички можат да се кристализираат.

Вирози се заболувања кои ги предизвикуваат вирусите. 75% од заразните заболувања Вирусите


паразитираат кај микроорганизми, растенија, животни и човек. Вирусите имаат наследен
материјал и  еволуираат по пат на природна селекција. Вирусните болести доведуваат до тешки
инфекциски заболувања. Вирусните инфекции кај човекот се грип, големи сипаници, детска
парализа, беснило, сида, корона и др.Вирусите се лечат со антивиротици, антибиотиците не
делуваат на нив Има развиени вакцини за некои вирусно болести, за некои не.
Литички циклус е основен процес на размножување на вирусите. При ова доаѓа до раскинување
-лизирање на клеточната мембрана на клетката домаќин Прво се прикрепува за клетката домќин,
по што доаѓа до разгложување на ѕидот , се создава отвор, а низ отворот се внесува фагната
нуклеинска куселина. Клетката домаќин се потчинува на вирусот и почнува да синтетизира
нуклеински киселини од фагот, се формираат и елементи на фагот и тоа капсид, опачка и
влакненца и се добиваат зрели фаги – нови вирусни честички кои ја напиштаат клетката домаќин
која изумира а слободните вириони одат да заразуваат нови клетки

Лизогенен циклус е кога вирусот и клетката заедно живеат, некои умрени-бавни вируси ја
инфицираат клетката но не предизвикуваат нејзино уништување

Организација на прокариотска клетка


Procaryon- прво, примитивно јадро
Прокариоти се: Модрозелени алги, Бактерии
Карактеристично е што Немаат организирано јадро.
Цитоплазмата е поделена на два региона: Периферен дел (процитоплазма) и
Централен дел (прокарион )
Централниот или прокарионот го содржи јадрениот материјал - јадрен еквивалент,
нуклеоид – наследен материјакл
Еден хромозом што ја носи главната генетска информација , кружен или прстенест, ДНК
Други генетски елементи епизом и плазмид
Процитоплазмата – погуста од централниот дел, во неа се рибозомите (70Ѕ седим.
Конст,и мембрански сруктури – мезозоми – одогворни за клеточното дишење,
претходници на митохондриите.
Афторотрофните освен мезозоми имаат и м.с ламели – одговорни за процес на
фотосинтеза
Однадвот клетката има мембрана и кај повеќето и клеточен ѕид. ( изграден од
јаглехидрати, не од целулоза, липиди и аминокиселини). Кај некои над клеточниот зид
има и капсула, која најчесто иама заштитна улога
Размножување на бактериите
Бактериите се размножуваат : Бесполово - проста делба и Полово- конјугација -
посебен начин на полово размножување. Преку мост спојуваат и дел или цела
ДНК на едната бактерија преоѓа во другата бактерија.
Процесот на создавање на спори се вика спорулација, а бактериите со таква
способност се т.н. спорогени бактерии.
Спорите се образуваат внатре, а целта е заштита на генетичкиот материјал на
бактериите при неповолни услови.Спорите имаат дебели ѕидови и многу се
отпорни на неповолни влијанија. Со нивна помош бактериите ги преживуваат
неповолните услови и се разнесуваат на други, оддалечени места. Кога во
надворешната средина ќе настанат поволни услови, од спората се развива нова
бактерија
Значење на бактериите
Бактериите се користат за експерименти со генетички инженеринг.
За синтеза на некои хормони како на ппример( инсулин, хормон на растење ).
Некои бактерии произведуваат антибиотици.
За ферментација се користат во производство на храна( млеко, вино, сирење,.
Опасни се Патогените бактерии -кои навлегуваат во домаќинот и ги уништуваат
неговите клетки, отрови, токсини штетни за организмот

EУКАРИОТСКА КЛЕТКА
Сите организми со исклучок на претставниците на царството монера, астенија,животни и
габи.
Право морфолошко и диференцирано јадро одвоено со јадрена мембрана од
цитоплазмата

Големина, Растителната клетка од 10 до 100 µм, Животинската клетка од 2 до 30µм,


Едноклеточните растенија и животни имаат поголеми клетки, со голо око пр: клетки на
плодови на лимонот, влакната на лен, нервните влакна на животните, јајцата кај влечуги и
птици
Број Еден јаболков лист содржи 55 милиони клетки, Човекот има 19 квадрилиони клетки
Облик најразличен вретенест (мазни мускулни клетки), топчески (еритроцити и јајце
клетки, Ѕвездести (нервни) , цилиндрични (напречно пругасти)
Еукариотската клетка е изградена од:
-клеточна мембрана (надворешна обвивка на клетката)
-протоплазма која се дели на 2 дела ( цитоплазма и јадро )

Структурна организација на клеточната мембрана - плазмолема


Тенка еластична мембрана,Полупропустлива, Липопротеинска структура,Трослојна градба
(2 темни и еден светол средишен дел)
Функција – пренесување на материите, потпорна-механичка, заштитна
Молекуларна организација: липиди (распоредени во бимолекуларен слој) и протеини
(распоредени различно)
Течно-мозаичен модел- Според овој модел плазмалемата се состои од: Липиди најчесто
фосфолипиди кои го образуваат матриксот и протеини кои даваат еластичност на
плазмалемата. Молекулите од липидите од двата слоја со неполарните краеви се кон
средината, а поларните краеви се наоѓаат кон двете поврпини на мембраната.
Протеините можат да бидат интегрални (ако го прекунуваат двослојот) или периферни
(ако се вметнати во липидниот слој), периферните заедно до јаглехидрати градат слатка
капа.

Структура на клеточен ѕид


Цврста,безбојна и проѕирна обвивка
Обликот на клетката и текстурата на ткивата – вода и минерални метерии поминуваат
Целосна пропустиливост
Се создава во процесот на цитокинеза ( во формирањето учествуваат ЕР, ГС и везикулите ,
се создава прво , клеточна плоча, средна ламела, од неа секоја клетка создава свој
клеточен ѕид )
Градба
Изграден од матрикс низ кој минуваат целулозни фибрили неговата градба потсетува на
армиран бетон
На одделни места се создаваат пори – отвори - плазмодезми
Со диференцирањето и растењето на клетката расте и клеточниот ѕид:
Површински: растење на млади клетки ( во младите клетки има хеми целулоза и пектин)
Во дебелина: се создава секундарен клеточен ѕид и
Други начини на растење на секундарниот ѕид се : лигнифицирање- дрвосување ( лигнин)
, минерелизација, суберинизација - вкоркување (суберин) и кутинизација (кутин –
кутикула)

ПРОТОПЛАЗМА
Еднородна (хомогена) маса на протоплазмата
Градба
1. Хијалоплазма (цитоплазматичен матрикс)
2. Цитоплазматични органели
Хијалоплазма (цитоплазматичен матрикс)-Течна или полутечна фаза на цитоплзмата, во
која се сместени сите мембрански и немембрански структури, го исполнува просторот
меѓу нив, содржи мрежеста структура изградена од протеински нишки наречени
цитоскелет.
Цитоскелетот има значајна улога за клетката :
го одредува обликот на клетката
го одредува распоредот на органелите
учествува во клеточното движење и движењето на органелите
учествува во контракциите на мускулни клетки
Цитоплазматични органели- Структури со карактеристична градба и специфична функциЈа
Поделба:
• Според структурната и утраструктурната организација
А) Мембрански структури
Органели:(митохондрии и пластиди) издвоени со двојна мембрана и
Структури: ЕР,ГС,сферозоми,лизозоми,цитозоми и др. Одвоени со единечна мембрана
Б) Немембрански структури: Микротубули,центриоли,рибозоми и микрофиламенти
• Според застапеноста
В)Универзални органели: ЕР, ГС, рибозоми, митохондрии
Специфични органели:трепки,камшичиња,центриоли, палстиди, сферозоми и вакуоли

Универзални органели — се среќаваат во сите видови на клетки:


Јадрото е најважната клеточна органела. Во него се содржи генетската информација.
Митохондриите се органели во кои се одвива процесот наречен клеточно дишење.
Рибозомите учествуваат во синтезата на протеините.
Ендоплазматичниот ретикулум е внатрешноклеточен циркулаторен систем, кој врши
транспорт на материи доста важни за клетката.
Голџиевиот систем учествува во образувањето на вакуолите, везикулите, лизозомите,
сферозомите итн.
Вакуолите имаат улога во складирањето на клеточните сокови, како и при клеточната
дигестија.
Микротубулите се градбени делови на цитоскелетот и учествуваат во делбата на
животинската клетка
Трепки и камшичиња, учествуваат во најразличните движења на клетката.
Микротела, субмикроскопски структури со најразличен облик и функција.
Растителни органели — ги има само во растителните клетки:
Пластидите, кои се пигментирани органели (освен леукопластите). Кај растенијата,
хлоропластите имаат улога во фотосинтезата.
Сферозоми, синтетизираат липиди.
Животински органели — ги има само во животинските клетки
Центриоли, кај животинските клетки учествуваат во градбата на делбеното вретено.
Растителна клетка има: вакуола, пластиди, сферозома,

Мембрански структури ( ЕНДОПЛАЗМАТИЧЕН РЕТИКУЛУМ ) – ЕР – систем од


мемебрански структури меѓусебно поврзани.
Видови: грануларен (зрнест) – на површината има рибозоми
агрануларен (мазен) – на површината нема рибозоми
Улога: се пренесуваат високомолекуларни соединенија, синтеза на протеини и
хидролитички ензими (зрнест)
Внатрешен циркулаторен систем на клеткат
Мембрански структури (ГОЛЏИЕВ СИСТЕМ) – ГС – систем на дебели и и делумно свиткани
мембрански структури наречени ДИКТИОЗОМИ. Диктоизомите се изградени од плоснати
торбички – САКУЛИ.
Улога: преработка и складирање на високомолекуларни материи(

Превзема молекули кои се синтетизирале во ЕР и ги дораборува до финален облик


Врши пакување на молекулите во меурчиња – ВЕЗИКУЛИ кои се испуштаат во
цитоплазмата или се носат во клеточната мембрана

Мембрански структури – ЛИЗОЗОМИ ( lizis - растворање , soma - тело )


Облик на гранули или меурчиња со единечна мембрана
Внатешната содржина ја исполнуваат Хидролитички ензими
Улога: Разградување на високомолекуларните соединенија со хидролитичките ензими,
содржат јаки ензими кои ги разградуваат молекулите и честичките, затоа се смета дека се
дигестивен апарат на клетката
Мембрански структури – ЦИТОЗОМИ се мембрански структури - микротела
Тие се субмикроскопски структури, откриени прво кај животиинските клетки.
 Сферен, јајцевиден или друг неправилен облик
Видови:Пероксизоми: (во клетиките на асимилациониот паренхим) содржат ензими кои
го разградуваат водородниот пероксид – во клетките на хепарот
Глиоксизоми: (во ендоспермот и котиледоните) содржат ензими кои за време на
'ртењето и растењето на никулецот ги разградуваат липидите. – (рицинус, сончоглед)
Гликсиозомите исчезнуваат со тек на време, па не кои автори сметаат дека не постојат два
вида

Мембрански структури – Сферозоми се мембрански структури карактеристични за


растителните клетки
 Цитоплазматични органели кај растителните клетки
 Прекурсори (претходници) на масните капки
Градба: Липопротеинска мембрана и строма, Стромата има зрнест изглед и содржи
ензими и масни материи. Со тек на време зрнестиот облик исчезнува, се измазнува и
станува хомогена масна капка со мембрана
Улога: Специјализирани органели на растителна клетка за синтеза на масни материи
Мембрански структури – МИТОХОНДРИИ (mitos-нишка и hondros-зрно) се клеточни
органели кои се наоѓаат во сите еукариотски клетки. Нивниот облик е непостојан.
Број, димензии и распоред зависат од видот на клетките и нивната активност. Сложена
структура: двојна мембрана надворешна и внатрешна и внатрешна содржина- матрикс.
Внатрешната мембрана создава внатрешни набори – кристи и навлегуваат поплитко или
подлабоко во матриксот. Наборите имаат облик и на гребени (кристи) и на кесина (сакули)
и на цевчиња( тибули). На површината на кристите се забележуваат голем број топчести
структури кои со една куса дршка се поврзани со внатрешната мембрана. Овие структури
се наречени оксиозоми (или Ф-1 партикули, атпеозоми). Тие содржат ензими кои
учествуваат во процесите на клеточно дишење.
Функциија: Во митохондриите се врши аеробното разградување на материите и се
ослободува енергија што се преобразува во ATP (аденозин три фосфат) облик што
клетката може да го користи. Митохондриите содржат свои нуклеински киселини (ДНК и
РНК) и рибозоми и се способни сами да синтетизираат протеини - автономни структури.
Способни за саморепродукција и тоа со делба на диференцирани митохондрии.

Мембрански структури – ПЛАСТИДИ (plastos – образува )


се мембрански структури кои ги има во растителната клетка. Ги нема во животните,
габите и прокариотите
Прв Левенхук, а подобро Шимпер
Видови:
Хлоропласти (содржат хлорофилни пигменти)
Хромопласти или каротеноиди (содржат каротин и ксантофил)
Леукопласти (без пигменти)
Се создаваат од своите претходници -пропластиди и со проста делба на зрели пластиди
Хлоропласти -Содржат хлорофилни пигменти т.е. Со зелена боја
Ги има во зелените органи на растението.
Облик
Кај алгите: прстенести, мрежести, плочести, ѕвездести, лентовидни идр.
Кај вишите растенија: диск или зрно
Градба- Двојна липопротеинска мембрана и строма матрикс
Внатрешната мембрана навлегува во стромата и гради т.н. тилакоиди – сплескани,
издолжени торбички.
Тилакоидите ги има кратки и долги.
Кратките тилакоиди на одредени места се наредени по вертикала и градат структура
наречена грана. (granos- zrno)
Во граната има хлорофил и голем број ензими..
Граните меѓу себе се поврзани со долги тилакоиди.

Хлоропластите како и митохондриите содржат фрагменти од DNA и RNA и рибозоми и


затоа и тие претставуваат автономни структури способни за саморепродукција и за
синтеза на протеини
Функција: фотосинтеза , пигмент хлорофил ( a,b,c,d,e), зелени делови, сончева светлина и
железо.
Мембраната на хлоропластите е како течно-мозаичниот модел. Покрај протеини има –
фотосистеми. Познати се 2 системи (I , II) Секој ф.с има антенски дел и реакционен центар.

Хромопласти - Фотосинтетички неактивни пластиди


Боја:жолти,портокалови и светлоцрвени
Застапеност: Во цветовите,во зрелите плодови и во многу вегетативни органи (корен од
морков)
Добивање: Преобразување на хлоропластите, а поретко од леукопластите

Леукопластите (од грчки leukos - бел) се пластиди кои не содржат пигменти, односно се
безбојни. Според димензиите, тие се најмалите пластиди, а по форма најчесто се округли
или овални. Леукопластите се во директна врска со пропластидите, под дејство на
светлината и на тој начин се трансформираат во хлоропласти.
Во зависност од тоа што складираат леукопластите од вториот вид, разликуваме три
подвидови:
Амилопласти - складираат скроб во вид на скробни зрна
Елајопласти - складираат резервни липиди
Протеинопласти - акумулираат резервни протеини во клетката.
Улога: Секундарна синтеза на органски соединенија
НЕМЕМБРАНСКИ СТРУКТУРИ -РИБОЗОМИ - Ситни субмикроскопски органели во облик на
зрна,
Универзални структури на сите живи клетки
изградени од: Протеини и р-РНА
Изградени се: мала и голема субединица
Видови:
Според седиментациона константа на: Прокариотски (70-С) Еукариотски (80-С)
Улога: Синтеза на протеини, со учество на i-RNA информациона RNA i t-RNA и градат
полорибозоми
Се создаваат во јадренцето на јадрото. Освен во јадрото на клетката се среќаваат и во:
цитоплазма (слободни или врзани за ЕР), некои органели (митохондрии и хлоропласти)

Немембрански – МИКРОТУБУЛИ
Микротубулите (од грчки micros - мал, tubulus - цевче) се цевковидни органели изградени
од 13 надолжни редови од глобуларниот протеин тубулин

Улога: Го градат внатрешниот скелет на клетката т.н. цитоскелет, ги градат центриолите,


ги градат трепките и камшичињата, ги движат митохондриите, учествуваат во движењето
на хромозомите бидејќи нишките на делбеното вретено се изградени од микротубули
Немембрански – ЦЕНТРИОЛИ
Центриолите се својствени за животинските клетки, алги, габи. Тие се најчесто две и се
наоѓаат до јадрото, а најдобро се забележуваат во клетки што се делат.
Центриолите се цилиндрични структури, чиј ѕид е изграден од 9 групи по 3 микротубули
кои делумно се споени, а внатрешноста е исполнета со еднородна материја.
Центриолите играат важна улога при делбата на јадрото, бидејќи учествуваат во
создавањето на делбеното вретено. Имаат слична градба со базалните телца и имаат
способност да се претворат во нив, и обратно – кај сперматозоиди
Немембрански - ТРЕПКИ И КАМШИЧИЊА (cilii , flagelumi)
Градбата и на трепките и на камшичињата е во основа иста, но, се разликуваат по должина и број

- 9 групи од по 2 микротубули периферни и една централен – 10 вкупно


Функција: Служат за движење и тоа на едноклеточни организми, полови
клетки(сперматозоиди), кај покривни клетки од дишни патишта - секрети од дишни
патишта , а заедно и тврди честички и бактерии во дишни патишта.

ВАКУОЛА –(Vacuus-празнина) Простори ограничени со липопротеинска мембрана


позната како тонопласт, а исполнети со вакуоларен или клеточен сок – воден раствор со
висока концентрација на органски и неоргански материи.
Кај млади клетки има повеќе мали вакуоли, но, кај постарите тие се соединуваат најчесто
во една , а може и неколку големи.
Составот на вакуоларниот сок е различен не само во клетки од различни растенија туку и
во клетките на едно исто растение.
Функција:
- одржување на клеточниот тургор
- складирање на хранливи материи
- отстранување на токсични и непотребни материи
Во формирање на вакуолата учествуваат ЕР и везикули на Голџиев систем.
В. Сок е воден раствор со минерални соли,органски киселини,протеини, алкалоиди и др.
Во плодовите на многу растенија в.сок содржи органски киселини како лимонска,
јаболкова , моносахариди (фруктоза и глукоза) има во вакуолниот сок кај овошките,
сахарозата во стеблото и коренот на шеќерната трска и коренот на шекерната трска
алкалоидите во вакуоларниот сок на афионот, тутунот и др.
Гликозидите исто ги има во вакуоларниот сок ( етерично-маслени гликозиди,сулфурни
гликозиди и вакуоларни пигменти (антоцијанити)
Инклузии- Материи со различен хемиски состав Облик: гранули, кристали или капки.
Гранули кај растителна клетка во семињата на житни растенија
Скроб е резервна материја – јаглехидарт кој најчесто се среќава кај растителните клетки,
во облик на скробни зрнаво леукопластите, прости, полусложени, сложени
Етерични масла исто кај растенијата, ги превлекуваат инсектите помагаат за опрашување
Хепар – гликоген, а масното ткиво – масни капки

ЈАДРОТО (nucleus) претставува најсуштествена структура на клетката. Обично е сместено


во центарот на клетката , одделено со двослојна мембрана низ чии пори се врши размена
на материи помеѓу јадро и цитоплазма.
Јадрената мембрана го обвиткува јадрениот материјал. Јадрената мембрана е изградена
на двојна липопротеинска мембрана надворешна која преминува во Е.Р. и внатрешна на
која се наоѓаат пори кои служат за размена на метериите.
Внатрешноста на јадрото е исполнета со јадрена плазма(нуклеоплазма) во која се
сместени : хроматин, јадренце (nucleolus) и јадрени рибозоми
Нуклеоплазмата е составена од : протеини, RNA и ензими. Во нуклеоплазмата се сместени
останатите структури на јадрото.
Јадренцето или јадренцата (ги има од 1-2) се ситни тркалезни структури најчесто во
близина на јадрената мембрана. Тие ја синтетизираат r-RNA (рибозомска) и ги создаваат
рибозомите.
Во јадрото е сместен генетскиот материјал кој е содржан во хромозомите т.е хроматинот.
(хрома – боја), комплекс од ДНА и протеини Кога клетката не е активна (не се дели) тогаш
хромозомите се долги, тенки и спирализирани, кога се дели хромозомите се кратки ,
дебели, спирализирани. Во јадрото е сместена генетската информација, без јадро
клетката умира, туѓо јадро оживува, ги има особините на туѓата клетка
Функции на јадрото се регулација на функциите на клетката:- синтезата на протеините -
носители на разни функции во клетката и регулација на репродукцијата (делба,
размножување) на клетката:
Овозможува предавање на генетскиот материјал при создавањето на нови клетки.

Карактеристики Растителна клетка Животинска клетка

Клеточен ѕид Има Нема

Клеточна мембрана Има Има

Цитоплазма Има Има

Јадро Има Има

Клеточни органели Ендоплазматичен ретикулум, Ендоплазматичен ретикулум,

рибозоми, рибозоми,

Голџи систем, митохондрии, Голџи систем, митохондрии,

Трепки и камшичиња, лизозоми, Трепки и камшичиња, лизозоми,

микротубули, сферозоми, микротубули,

пластиди, центриоли,

вакуоли,

You might also like