You are on page 1of 9

1.

8 ЗВУЧНИ БРАНОВИ
ЗВУЧНИ БРАНОВИ се механички бранови (осцилации) кои што се шират низ дадена
еластична средина во вид на лонгитудинални бранови, а нашето уво ги прима со
фрекфренција од 16 до 20.000 херци (Hz).

АКУСТИКА e делот од физиката кој се занимава со проучување на настанувањето на


звукот, звучниот бран, создавањето, ширењето и начинот според кој се прима
звукот.

ИНФРАЗВУК е механички или звучен бран со фреквенција помала од 16 херци.

УЛТРАЗВУК е механички или звучен бран со фреквенција поголема од 20.000 херци.

УСЛОВИ ДА ИМА ЗВУК:

1. да има извор на звук,


2. некој што ке го прими звукот,
3. честички кои ке го пренесат звукот, од изворот до приемникот;

Звукот се дели на ТОН и ШУМ.

ТОН:

 има правилен распоред на звуците,


 звук што го произведува извор кој има хармонски осцилации
 тие се пријатни за нашето уво (при пеење, свирење)
 имаме прост и сложен тон (од повеќе прости тонови)
 се карактеризира со висина, боја и интензитет
 висината на тонот е определена со фреквенцијата (колку фреквенцијата е
поголема, толку повисок е и тонот)
 бојата на тонот е специфична карактеристика (пост појава) кога еден ист тон е
произведен од два различни извори
 интензитет (јачина) на тонот е енергија која заедно со звучниот бран се
пренесува за единица време низ единица плоштина

ШУМ:

 резултат од многу сложени, непериодични осцилации,


 не можат да се разложат на прости хармонски компоненти,
 тие се непријатни за нашето уво,
 се јавуваат при експлозии, земјотреси, кршење на разни предмети и сл;

1
ИНТЕНЗИТЕТ (ЈАЧИНА) е енергија која заедно со звучниот бран се пренесува за
единица време низ единица површина.

Ε W
I= Ι=
St m2
Максималниот интензитет на звукот што го регистрира увото со
осет на болка, се вика ГРАНИЦА НА БОЛКА или ГОРНА ГРАНИЦА НА ЧУЈНОСТ.

Минималната јачина на звук што може нашето уво да го слушне се нарекува ПРАГ
НА ЧУЈНОСТ и изнесува:

Ι min =10−12 W /m2

Брзината на ширење на звукот зависи од временските услови (својствата на


средината низ која поминува и температурата)

1.9 ИНФРАЗВУК, УЛТРАЗВУК И ПРИМЕНА


ИНФРАЗВУК :

 звучен бран со фреквенција помала од 16 херци,


 има мала фреквенција, тоа значи дека има помала енергија и поголема
бранова должина,
 се произведува при осцилирање на тешки градежни машини, теретни возила,
ваљаци, пили за сечење на дрва, дупчалки на патишта,
 природни извори на инфразвук настануваат при земјотреси, вулкани,
водопади, морски бранови, бури,
 при пукање со тешки оружја, експлозија на гранати, мини,
 тие не се примаат со осетот за слух, туку преку целото тело (ги чувствуваме),
 наоѓа примена при воени извидувања за откривање на маскирани објекти, во
медицината (со посебен прибор кој се користи за лекување и масажа);

УЛТРАЗВУК :

 звучен бран со фреквенција поголема од 20.000 херци,


 има голема фреквенција, тоа значи дека има поголема енергија и помала
бранова должина,
 човечкото уво не може да ги прими овие звучни бранови,

2
 за добивање на ултразвук се користат механички (посебни свирки и сирени) и
електромеханички генератори (пиезоелектричен и магнетостриктивен ефект)

ПИЕЗОЕЛЕКТРИЧЕН ЕФЕКТ е појава при која под дејство на механички деформации


во кристилот ке се создаде електричка поларизација.

ОБЈАСНУВАЊЕ : На страните на кристалната плочка (кристалот) каде што дејствува


силата едната страна се електрилизира позитивно, а спротивната со негативно.

ИНВЕРЗЕН ПИЕЗОЕЛЕКТРИЧЕН ЕФЕКТ е појава при која под дејство на осцилации ке


се појават механички деформации во кристалот.

МАГНЕТОСТРИКТИВЕН ЕФЕКТ е појава при која под дејство на механички


деформации (во железо, легури на железо или никел) ке се добие магнетно поле.

ИНВЕРЗЕН МАГНЕТОСТРИКТИВЕН ЕФЕКТ е појава при која под дејство на


променливото магнетно поле ке се јават механички деформации во
феромагнетните супстанци.

ПРИМЕНА НА УЛТРАЗВУКОТ :

 медицината
1. ултразвучна остеосинтеза (заварување на коски),
2. хирургијата (сечење на коскено ткиво),
3. стоматологијата (остранување на забен камен),
4. фармацевтската индустрија (производство на лекови),
5. козметиката и хемиската индустрија,
6. дијагностика и терапија (физиотерапија за загревање);
 под дејство на ултразвук се забрзуваат хемиските реакции, се загрева
средината,
 стерилизација (со него може да се уништат вируси, бактерии),
 го користат и некои животни за да се ориентираат во просторот и да го ловат
пленот (лилјакот, делфините, китовите);

1.10 ЕЛЕКТРОМАГНЕТНИ БРАНОВИ


СПОРЕД МАКСВЕЛ - секоја промена на електричното поле предизвикува појава на
вртложно или виорно магнетно поле.

ОБРАТНО – секоја промена на магнетното поле предизвикува појава на вртложно


електрично поле.

3
ЗАТВОРЕНО ЕЛЕКТРИЧНО ОСЦИЛАТОРНО КОЛО ИЛИ КРУГ (или осцилатционо коло):

 го сочонуват плочест кондензатор со капацитет C и калем со индуктивност L;


 на почетокот бројот на полнежи (количество електричество) е максимално и
јачината (на електричното поле) и енергијата се максимални;
 јачината на струјата е нула (нема струја) и ке нема магнетно поле (магнетна
индукција ке биде нула), а со тоа ке нема енергија на магнетно поле;
 после тоа се ке биде обратно;

ТОМСОНОВА РАВЕНКА ОДНОСНО ПЕРИОД НА ОСЦИЛИРАЊЕ :

1 1
f= = T =2 π √ LC
T 2 π √ LC

ОТВОРЕНО ОСЦИЛАТОРНО КОЛО:

 Со намалување на бројот на навивките во калемот, се намалува индуктивноста,


а со оддалечување на кондензаторските плочи и намалување на нивната
површина, се намалува капацитетот. Со ова се зголемува пак фреквенцијата на
осцилаторното коло. На овој начин затвореното осцилаторно коло постепено
може да дојде до еден прав спроводник. Од затворено електрично коло се
добива отворено осцилаторно коло – антена.
 Антената претставува извор на електромагнетни бранови

ЕЛЕКТРОМАГНЕТНИ БРАНОВИ :

 добиваме кога електричните осцилации се шират во просторот или средината,


 главен услов за создавање на електромагнетни бранови е постоењето на
забрзување на полнежите,
 тие се трансверзални бранови,
 тие се шират и во вакуум и во материјална средина;

БРЗИНА НА ШИРЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОМАГНЕТНИТЕ БРАНОВИ :

1 ε 0 – електрична (диелектрична константа)


c=
√ ε 0 μ0
μ0 – магнетска константа (магнетна пермеабилност)

4
1.11 СПЕКТАР НА ЕЛЕКТНОМАГНЕТНИ БРАНОВИ
ФРЕКВЕНЦИЈА НА БРАНОТ:

v f – фреквенција
f=
λ
v – брзина на простирање

c λ – бранова должина
f=
λ c – брзина на светлината

Електромагнетните бранови имаат различна бранова должина и тие се поделени


во повеке интервали:

1. РАДИОБРАНОВИ
 електромагнетни бранови со најголема бранова должина;
 нивната бранова должина е помеѓу 3 km до 30 cm;
 голем број уреди што не опкружуваат ги користат радиобрановине (радио
сигнали, телевизија, мобилни телефони);

2. МИКРОБРАНОВИ
 електромагнетни бранови кои имаат бранова должина во центиметри (од
30 cm до 0,3 cm);
 се користат кај микробранови печки и со нив преку рефлексија може да се
создаде слика на даден објект;
 тие се погодни за пренос на информациите од едно место на друго
(телефонски разговори, компјутерски податоци), сликање на земјата од
сателит;

3. ИНФРАЦРВЕНО ЗРАЧЕЊЕ
 електромагнетни бранови кои имаат бранова должина од 300 m до 3 m;
 се користат за инфрацрвени фотографии и за медицинска терапија, исто
така и во филмовите;
 на него се чувствителни некои животни како змиите;

4. ВИДЛИВО ЕЛЕКТРОМАГНЕТНО ЗНАЧЕЊЕ


 eлектромагнетни бранови кои имаат бранова должина од 380 nm до 760 nm;
 најважно подрачје, бидејки само тој дел можеме да го гледаме со око
(другите не можеме);

5
5. УЛТРАВИОЛЕТОВАТА СВЕТЛИНА
 се користи за стерилизација на инструменти;
 човечкото око не ги гледа, но постојат животни чувствителни на ова
зрачење како бумбарот;
 има креми кои не заштитуваат од UV зрачењето;
 најголем дел од ова зрачење се апсорбира во атмосферата;

6. X ИЛИ РЕНДГЕНСКО ЗРАЧЕЊЕ


 најголема примена во медицината за рендген, скенери на терминали;
 наоѓаат примена во индустријата;
 многу рендгенски тела зрачат рендгенски зраци (црните дупки, видови
ѕвезди, Сонцето и др);

7. ГАМА ЗРАЧЕЊЕТО
 електромаглетни бранови кои имаат најголема фреквенција и најголема
енергија т.е најмала бранова должина;
 најопасни се од сите бидејки имаат разорна моќ (можат да ги уништат
клетките во организмите);
 најголем дел од нив се апсорбираат во вселената;

1.12 ПРИРОДА И БРЗИНА НА СВЕТЛИНАТА


СПОРЕД ЊУТН

 светлината претставувала сноп од многу ситни честички во вид на еластични


топчиња наречени корпускули;
 корпускуларна теорија со која тој ги објаснил појавите на рефлексија и
прекршување на светлината;

СПОРЕД ХАЈГЕНС

 светлината претставувала бран, трансверзален бран;


 бранова (електромагнетна) теорија со која биле објаснети интерференцијата и
дифракцијата на светлината;

Според ДЕНЕШНИТЕ СОЗНАНИЈА СВЕТЛИНАТА има двојна или дуална природа, т.е
корпускуларно – бранов карактер (бидејки ги содржи и особините на
корпускуларната и на брановата теорија).

6
СВЕТЛИНАТА е всушност зраци кои се движат дискунтинуирано или со прекини.

Денешната вредност на БРЗИНАТА НА СВЕТЛИНАТА во вакуум изнесува:

c=299793 458 m/ s−1

c=3∗108 m/s

КВАНТИ се пакети или честички на енергија со бранови својства (кај електро-


магнетни зрачења).

ФОТОН КАЈ СВЕТЛИНА :

E=h∗f E – енергија

f – фреквекција

h - планкова константа

1.13 ПОЛАРИЗАЦИЈА НА СВЕТЛИНАТА


НЕПОЛАРИЗИРАНА (ПРИРОДНА ) СВЕТЛИНА – векторот на магнетната индукција
осцилира во сите можни правци, односно во сите можни рамнини, рамнини кои се
нормални на тие во кои осцилира електричното поле.

ЛИНИСКИ ПОЛАРИЗИРАНА СВЕТЛИНА – ако на кој било начин се постигне


светлински зрак таков што електричниот вектор да осцилира само во една
рамнина, таквата светлина се вика линиски поларизирана светлина.

ДЕЛУМНО ПОЛАРИЗИРАНА СВЕТЛИНА – се јавува кога телата ги пропуштаат


осцилирањата на јачината на електричното поле само во една рамнина.
(осцилирањата на светлината во други рамнини се апсорбираат или тотално или
делумно.

ПОЛАРИЗИРАНА СВЕТЛИНА – нејзиниот електричен вектор ке осцилира во


рамнината во која лежи оската на кристилот (светлината од некој извор ако се
пушти да паѓа нормално на плочката, светлината зад плочката ке биде
поларизирана).

Појавата на добивање на поларизирана од неполаризирана светлина се нарекува


ПОЛАРИЗАЦИЈА НА СВЕТЛИНАТА .

7
Ако земеме две плочки, кога оптичката оска на втората плочка, ке стане нормална
не првата плочка, низ плочката нема воопшто да се набљудува светлина.

 за ова велиме дека двете плочки се во вкрстена положба – едната е


ПОЛАРИЗАТОР , а другата ја нарекуваме АНАЛИЗАТОР .

ИНТЕНЗИТЕТ НА СВЕТЛИНАТА (ПОЛАРИЗИРАНА ):

I =I 0 cos 2 α I 0 – интензитетот што упаѓа на поларизаторот

α – аголот помеѓу поларизаторот и анализаторот

 позната како ЗАКОН НА МАЛИ

Насоката на кристалографската оска кај поларизаторот и анализаторот –


интензитет.

1.14 ДИСПЕРЗИЈА НА СВЕТЛИНАТА. БОЈАНА НА ТЕЛО. СПЕКТРИ


ДИСПЕРЗИЈА НА СВЕТЛИНАТА :

1. појава на разложување на светлината на најзините компоненти;


2. зависноста на индексот на прекршување на светлината од одредена боја;

БЕЛА СВЕТЛИНА = сончева или дневна светлина (кога ке се разложи се добива


виножито; црвената боја има најмал агол на прекршување, а виолетовата
најголем).

Каква боја ке биде бојата на телото што ние ја гледаме зависи од тоа која боја
телото ке ја рефлектира (белата боја ги рефлектира сите бои).

АГОЛ НА ДЕВИЈАЦИЈА () се подразбира аголот помеѓу зраците на упадната и


излезената светлина. Тој се определува со следнава релација:

δ =(n−1) θ δ – агол на девијација

n – индекс на прекршување

θ – мал агол на врвот

8
СПЕКТАР претставува севкупност на голем број ликови на процепот, а со различни
бранови должини.

Спектрите можат да бидат ЕМИСИОНИ и АПСОРПЦИОНИ.

1. со непосредно или директно разложување на емитирана светлината се


добива ЕМИСИОНЕН СПЕКТАР (сонцето имитира светлина и кога таа ке се
разложи се добива виножито);
2. со непосредно или директно разложување на апсорпционата светлина се
добива АПСОРПЦИОНЕН СПЕКТАР ;

Делот од физиката кој ги проучува спектрите се нарекува СПЕКТРОСКОПИЈА , а


уредот се вика СПЕКТРОСКОП .

Емисиониот спектар може да биде КОНТИНУИРАН , ЛИНИСКИ и ЛЕНТЕСТИ , а


апсорпционот само линиски и лентести.

1. КОНТИНУИРАН – кај него не постои остра граница помеѓу боите


2. ЛИНИСКИ – кога видливиот дел на спектарот се само линиите
3. ЛЕНТЕСТИ – кога милекулите емитираат спектри во вид на ленти

Секое тело може да ја апсорбира само таа светлина, со таа бранова должина што и
самото може да ја имитира во услови на усвитена (вжарена) состојба – својство на
апсорпционите спектри.

You might also like