You are on page 1of 2

ЗАВИСТА КАКО ЛОША ОСОБИНА КАЈ ЧОВЕКОТ-СЛОВО ЗАРАДИ ЗАВИСТ

Човекот е најинтелигентното и најемотивното суштвество а емоциите


се оние кои го дефинираат човек како посебна индивидуа.Секој човек е
различен сам по себе во зависност од она кое го поседува во себе .Животот е
трнлив пат кој треба да се праведно да се изоди без да се повреди некој
околу нас.Честопати одејќи по животните патишта среќаваме завист и
љубомора.Ова се можеби најлошите особини кои ги поседува еден човек и
тоа од одамна, така Каин од завист го убил својот брат Авел.Денес,во ова
турбулентно време кога владее она добро познатото „вредам колку што
поседувам’ голем дел од луѓето прават погрешна дистинкцијата на доброто
од лошото и завидувањето се повеќе е присутно во секојдневното
опстојување.
Во делото „Слово заради завист “ од Јоаким Крчовски е едно од
најзначајните дела на македонската литература. Темата на текстот е
зависта како негативна човекова особина, а идејата – да се искорени
тоа човечко зло. Во ова дело, авторот ја опишува зависта како едно од
најлошите особни на човекот која кое може да има големо влијание
врз човековиот живот и да управува со правецвот по кој ќе се движиш во
животот. Тој ни претставува во делото карактерите во делото за дани
покаже колкава може да биде токсичноста на зависта и како ова
чувство може да предизвика незадоволство,да го урне човековото
достоинство и да униште се што убаво во нас . Композициски текстот
има: воведен дел, изложување и заклучок.
Во воведниот дел авторот го изнесува своето размислување за зависта,
кое според него е лошо, одбивно и погубно чувство. Зависта ја нарекува
– проклетија, мрска и погана, затоа што е извор на секое зло, не само на
земјата туку и на небото.
Во изложувањето Јоаким Крчовски ја користи
Библијата.Според библиската легенда,таа прво се појавила меѓу ангелите.
Еден ангел што светел како сонце му завидел на Бога, сакајќи и тој да
поседува чудотворна моќ, но бидејќи неможел, од завист потемнел и станал
црн ѓавол. За казна Бог го исфрлил од рајот и го фрлил вопеколот вечно да
се мачи. Така се родила зависта, односно ѓаволот како нејзин
симбол. Но,зависта не мирувала. Таа е извор на секое зло кое на
моменти владее со светот, и на небото и на земјата. Во ова дело авторот
пишува за тоа како настанала зависта и кои се последиците од неа. Според
легендата ,Ѓаволот им завидувал на Адам и Ева кои според него уживале во
рајот па затоа тој се претворил во змија и ја наговорил Ева да касне од
јаболкото кое било забрането овошје. За казна за гревот што го направиле,
Адам и Ева биле протерани од рајот и ја изгубиле бесмртноста.
Во завршниот дел, Крчовски како заклучок на делото ги воздугнува
моралните особини на човекот и вели:„…Она учи да се не слуша заповед
божја, братоубиствена мајка, смерти ходатаица, корен на с и ч к о з л о .
Завист не е друго што, салт на срце печал, жалба…“.
Словото назавист во себе носи голема поука дека зависта прави да
дишеме чад а не воздух,дека љубовта е таа која ја победува зависта и не
издигнува на едно повисоко ниво во животот,дека нашата радост на туѓата
среќа и туќиот успех е наша среќа и наш успех.Само таков живот е убав
живот,само таков човек е добар човек!

You might also like