You are on page 1of 2

Трета писмена работа по Македонски јазик

Митолошките наспроти човечките одлики во литературата(Гилгамеш)

Светот е едно мало место каде што има многу неправди, непријателсва,
немири, но исто така има и пријателства, среќа... Животот е убав кога имаш
некого покрај себе, независно дали тоа ќе биде животен сопатник или
пријател.Секој ја нема таа среќа да има пријател до него на кој ќе му верува и
никогаш нема да биде сам. Гилгамеш поради неговата суровост никогаш не
имал пријател до себе кој ќе му го покаже вистинскиот пат.

Гилгамеш е две третини бог, а една третина човек, бидејќи тој се смета за
најсилен помеѓу луѓето секојдневно ги измачува.Тој го заборава делот во него
кој е човек,што има душа која може да умре, и затоа ги третира луѓето како
обични предмети.Тој се смета себеси за најсилен и без страв,се додека
боговите не го испратат Енкиду кој му е рамен по сила и страв на
Гилгамеш.Иако нивната приказна беше замислена со сосема друг тек,но тие
двајца одлучија сами да си ја раскажат својата приказна.Наместо смртни
непријатели тие двајца станаа пример за тоа што значи пијателство.Тој ден
освен доживотен пријател тој го пронајде делот во себе кој не знаеше дека му
треба, кој беше длабоко заробен во неговата замаглена душа.Тоа е разликата
помеѓу митолошкото и цовечкото.Бидејки тие суштества се посилни и имаат
моќи од секаков ред,многу често се смеетаат за подобри од луѓето, но не ја
знаат моќта на душата, на љубовта.Тоа што го можат љубовта и желбата не го
може ниту една сила на светот.

Доказот дека љубовта ја има најголемата моќ е Гилгамеш, љубовта која


му ја покажа Енкиду го врати Гилгамеш од дното. Човекот-бог кој ги сметаше
луѓето за обични робови, се најде себеси како сака да го подели вечниот живот
со нив.
Изработила:Валерија Ташева

You might also like