You are on page 1of 1

Споредба помеѓу ликовите Гилгамеш и Енкиду

Моралот и одлуките на луѓето честопати ја наоѓаат својата форма преку влијанието на најблиските - нашите
пријатели. Пријателите и луѓето со кои се опкружуваме не менуваат како личности и не учат на многу корисни
животни лекции кои ги дефинираат клучните карактеристики на нас самите. Во најстариот еп во светот, „Епот на
Гилгамеш“ оваа идеја за вистински развој на карактерот е истражена низ емоционалното и буквално патување на
кралот Гилгамеш и неговиот пријател, Енкиду.

Гилгамеш бил најсилниот човек и владетел на земјата .Но Гилгамеш не бил обичен човек тој бил две третини бог,
една третина човек. Додека владеел со големиот град Урук Гилгамеш изградил величествени храмови, го
опколил неговиот град со високи ѕидини и засадил многу овоштарници со ретки плодови. Тој бил повисок од сите
други луѓе, со прекрасна убавина и невообичаена физичка сила. Иако бил полубог со подолг животен век од
луѓето, Гилгамеш не бил бесмртен. И покрај неговите физички квалитети, Гилгамеш на почетокот на епот бил горд
и вообразен крал кој ја злоупотребувал својата власт . Овде му се покажани неговите карактерни особини на бог
и тој е претставен како антагонист. Бидејќи немало никој да го запре, боговите земале мерки да го сопрат,
создавајќи го Енкиду.

Енкиду е храбар и силен човек кој боговите го направиле да биде еднаков по сила на Гилгамеш. Живеејќи во
дивината, Енкиду има едноставен живот и живее во мир со дивите животни. Дури откако ќе спие со Шамхат,
Енкиду станува цивилизиран. Пријателството на Енкиду со Гилгамеш тогаш станува основа на епот, бидејќи
двајцата луѓе силно се сакаат со љубов што се должи на взаемно почитување на силата и храброста на едни со
други. По изглед Енкиду е влакнест и наликува на животно, додека Гилгамеш ги носел своите човечки
карактеристики. Додека Гилгамеш е вообразен и бестрашен, Енкиду е потивок и поплашлив од него. Гилгамеш го
бодри Енкиду да биде похрабар и да ја користи својата сила за заедно да победуваат непријатели. Енкиду го
менува Гилгамеш на друг начин и како човек и како крал. Тој го отвора Гилгамеш за да направи подобро име за
себе и да тргне кон наследство на светот. Гилгамеш расте како лик со Енкиду како негов придружник и заедно
поминуваат многу препреки и се охрабруваат еден со друг.

Енкиду станува влијанието на Гилгамеш да биде подобар крал, и му ја истакнува неговата човечка страна и тој
станува доблесен лик со неговиот развој, љубов, стил и тема кои помагаат да се трансформира од тиранин во
херој. Неговиот лик се движи од антагонист во протагонист додека приказната продолжува. Епот за Гилгамеш ја
претставува љубовта како сила што ги носи саканите поблиску еден до друг и взаемата поддршка од нашите
најблиски да бидеме подобри луѓе.

You might also like