You are on page 1of 1

Гилгамеш

Како литературен вид, епот е најдолгата раскажувачка структура во стих. Така, и


„Епот за Гилгамеш“ е пишуван во стихови, поделени во дванаесет пеења, напишани на
дванаесет плочи, кои пак, може да се поделат на два дела: првиот дел е во првите седум
пеења (херојството на Гилгамеш и Енкиду); вториот дел од осмото до дванаесеттото пеење
(страдањата на Гилгамеш). Во овој јуначки еп, Гилгамеш е претставен како типичен јунак, херој
заштитник на градот, силен храбар, почитуван. Уште во првото пеење се сретнуваме со опис за
него: „Гилгамеш, победоносниот јунак, ѕидишта околу Урук изгради...“ понатаму: „По убавина и
снага никаде не му беа виделе рамен. Лавот тој од лежиштето го брка ... дивиот бик го лови со
брзина и сила на својот лак...“[
Најкарактеристично за Гилагамеш е неговата природа. Тој е една третина човек, а две третини
бог, што веднаш му дава натприродни особини и го сместува во редот на силните, храбрите.
Гилгамеш е типичен лик – јунак за митолошките приказни, кој со својата моќ го чува принципот
на доброто од силите на злото. Таквите свои атрибути ги покажал низ многубројните битки со
животни, џинови, натприродни суштества што боговите му ги праќаат. Како културен херој
градител на град, кај него, освен храброста, јунаштвото, силата, како епитет ја сретнуваме и
строгоста (суровоста) кон своите сограѓани кога треба да му се покорат:
„ За него... мораа да работат и старите и младите, и силните и слабите... Ден и ноќ тој пирува
со нив. Нивните лелеци допираат до великите богови “

Од психолошка гледна точка, можеме да ја издвоиме чувствителноста како негова особина


(оплакувањето на својот побратим, кој како лик е изграден идентично како него, како негов
пандан: „Енкиду, пријателе млад, кај сила ти остана, а гласот, каде?“ Сепак, најважната
особина на Гилгамеш е исклучителната несебичност - тој сака билката на животот да ја донесе
во Урук, да ја сподели со своите; ја чува, не ја користи само за себе. Оваа особина, оваа
постапка, потсетува на Прометеј од грчката митологија, кој сакал да им го даде огнот на луѓето.
Божествената природа на Гилгамеш пак, потсетува на Херкул, исто така од грчката митологија.
Уште еден лик во овој еп, го сретнуваме и на многу други места во светските религии. Тоа е
ликот на Утнапиштим, кој во нашата религија одговара на ликот на Ное.

You might also like