You are on page 1of 3

Лектира бр.

“Сердарот”
Григор Прличев

Сердарот (грчки: Ο Αρμάτωλος - О Арматолос) е најпознатото дело на


македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев. Делото е напишано во 1860
година, а на 25 март истата година тој учествувал во натпреварот за најдобра
поема на грчки јазик (што секоја година се одржувала во Атина), и ја добил
наградата Ловоров венец, како и парична награда. Поради силниот впечаток што
го оставила оваа поема, Прличев бил наречен Втор Хомер. Наградата не
останала долго во негови раце, затоа што одбил да се изјасни како Грк и да ја
прифати стипендијата за студии во Берлин или Оксфорд. “Сердарот” е историско-
јуначка поема; историска балада. Поемата е напишана на грчки јазик (бидејќи се
пријавил на конкурсот за поема во Атина). Сочинета е од 228 строфи со по четири
стиха (катрени), од кои првиот и третиот стих се петнаесетерци, а вториот и
четвртиот осмерци.
Темата е борбата на Македонците против насилствата на Гегите, или општо
борбата за слобода.
Идејата е да го прикаже макотрпното минато на својот народ и стремежот за
слобода.
Мотивот, Прличев го зел од народната песна за Кузман Капидан, а бил
инспириран од тешкиот живот на Македонците од западните делови на
Македонија кои биле изложени на терор од страна на Гегите. Па дури и турската
власт за да го заштити населението од грабежи, за да може после да им земе
даноци, морала да организира заштитнички единици. Кузман Капидан бил водач,
сердар на една таква единица.

Кратка содржина:
“Сердарот” започнува со потресна слика за положбата на македонското
население во Галичник и Река, каде е лоцирано дејствието на поемата. Со
познатата словенска антитеза, карактеристична за нашето народно творештво (но
и за Хомер каде е употребена истата стилска фигура), Прличев нè воведува во
понатамошниот тек на поемата. Гласот за смртта на јунакот се ширел со голема
брзина и тој предизвикувал болка и страв кај населението, зашто ќе немало кој да
го заштитува. Од тој ужас и немир што се ширел меѓу селаните, Прличев се
префрлил на тивкиот и мирен дом во кој мајката на Кузман, Неда,била осамена и
во исчекување да се врати синот. Таа претчувствувала нешто страшно, бидејќи
сонувала како се руши куќата и потпорната греда (Кузман) не издржува. Со
смирен тон и многу сликовито, Прличев ја опишал мајката.Таа е последна која
дознала за смртта на синот, сите се плашеле да ѝ ја кажат кобната вест, но таа
сепак допрела до неа.Мајката жалела, испуштала крици како лавица, ја фрлила
шамијата од главата, ги кубела косите, но многу брзо се соземала и им се
обратила на селаните возвишено и гордо. Но, Неда не била само мајка на загинат
јунак, туку и борец, закрилник на народот што ќе го земе мечот во својата рака за
да го одмазди синот и ќе ја продолжи неговата борба. Гегите (Албанците) се
непријателите кои го пљачкосувале и тероризирале населението, но Прличев ги
опишал како поклоници на јунаштвото и чесноста. Тие за да му оддадат почест на
големиот јунак, сами на раце го носеле Кузмановото тело во домот на мајката, на
тој начин ја искажале почитта и кон неа и нејзиното херојско и гордо
однесување.Тој ја опишал и борбата и невидената храброст и сила на Кузман кој
убил многу Албанци и двобојот меѓу Махмуд и Кузман во кој загинал. Ја опишал
Кузмановата смрт како најхеројска и достоинствена. Непријателот бил
воодушевен од јунаштвото и сакал да ја утеши мајката. Од голема почит, тој ветил
дека Гегите никогаш нема да ја нападнат и навредат мајката на јунакот, дека таа
секогаш ќе биде заштитена. Но, храбрата Неда не прифатила да ја заштитат само
неа, таа сакала заштита за сите Македонци. Прличев потоа го опишал ритуалот
на капењето на мртовецот, тажачката на Неда, како и историјата на семејството,
дека и Кузмановиот татко исто така се борел и храбро загинал. На крајот од
поемата, сосема кратко, е прикажана Марија, свршеницата на Кузман, која од
силна љубов знаела само за верност до гроб. Таа го презирала својот убав лик, ги
распуштила косите и фрлила пепел врз нив, сосема се отуѓила од животот и
убавините што може да и ги донесе, па затоа се закалуѓерила.

Анализа по делови:
Според темата, поемата може да се подели во девет делови:Во првиот дел,
составен од девет катрени со рима на секој втор стих, претставена е веста за
смртта на херојот и битката. Во вториот дел се јавува мајката на Кузман Капидан
и таа очекува да се врати нејзиниот син. Таа е вознемирена, зашто сонувала како
и се руши куќата. Во третиот дел, непријателите ги носат посмртните останки на
херојот и започнува плачот (Се слушаат пискотници од Галичник во Река):
Пискотници се слушаат од Галичник во Река.
Што тешка несреќа ги збра,
и мажите и жените та гласи тажна ека
и навева сал коб и зла?
Во четвртиот дел е прикажана борбата на Кузман кој ги растерал напаѓачите и
неговата смрт. Во петтиот дел напаѓачите му оддаваат почит на Кузман со тоа
што се заколнале дека нема да го напаѓаат неговиот дом. Мајката на Кузман ја
отфрла заклетвата и бара од напаѓачите да не го напаѓаат повеќе народот на
Река. Непријателите се согласиле на барањето. Во шестиот дел е оплакувањето
на мајката на Кузман и преку неа се дознава родословното дрво на херојот. Во
овој дел се забележува лицето на калуѓерката Цвета, која без солзи го мие и кити
херојот, како спротивен елемент на ликот на мајката:
Годините не ја намалиле онаа убост;
на лице свежест се гледа,
младешката сочност
не ја беше сменила грубост.
Таа е кутрата Неда,
Во седмиот дел мајката на Кузман наредува да се донесат и другарите на херојот
и тие да се закопаат со сите почести. Во осмиот дел сцената се одвива во домот
на Марија,свршеницата на Кузман. Обичаите и налагале да се воздржи од лелеци
поради загинувањето на херојот пред нејзиниот татко. Но штом таа останала сама
и плачот одекнува горчлив и девојката се откажува од се овоземно за да стане
калуѓерка. Деветтиот дел е крајот на делото, во која се истакнува вечната слава
на Кузман во иднината, преку посетите на неговиот гроб од страна на неговата
свршеница и преку пеењето на слепиот пеач:
На гусла двоструна свирејќи, покрај патот седнал,
го пее ова просјак сед;
а јас, пак, прост запишувач, минејќи тука еднаш
го запишав од ред до ред.

Иван Гиевски IXб одд.

You might also like