You are on page 1of 1

Моралните дилеми на ликовите Крал

Едип и Антигона
„Антигона“ е последната, третата драма, трагедија од трилогијата на
Софокле, која била инспирирана од Митот за Едип. Иако во трагедијата, можеби
носечката улога ја има кралот Креон, сепак, Софокле ѝ ја посветил оваа драма на
ќерката на Едип, Антигона. Тој преку овој лик сака да ни ја прикаже честа на
Антигона кон својот брат и семејство како и нејзината пожртвуваност.
Може да бидеме умни и праведни, сакани и почитувани, горди и смели, да
им помагаме на другите, да се грижиме едни за други, но од судбината и
несреќата не можеме да избегаме. Ова се однесува на Едип, најтрагичниот лик во
светската литература. Покрај оваа титула Софокле му дал уште многу доблести
на Кралот Едип, со цел подобро да не запознае со овој лик. Тој ни го опишува како
многу умен и разумен, мудар и праведен, како личност кој бил сакан од граѓаните
зашто ги спасил од злото и како човек кој секогаш сака да помогне. И секогаш
подготвен да помогне, како случајот кога треба да го пронајде убиецот на Лај,
неговиот вистински татко. Но, на овој лик сепак среќата не му била наклонета.
Прикажан како човекот со високи морални вредности, нему му се случуваат
најнеморалните работи. Смртта за него не е најстрога казна. Се казнил со
слепило – никого веќе никогаш да не види, срамот да не си го гледа и се прогонил
да талка по правливиот свет. Ужасната судбина на царот Едип е приказна што не
се заборава. Сѐ е важно во животот, но сепак, можеби најважно според Кралот
Едип е да имаме среќа. Додека пак, Антигона знае што е исправно и е доволно
храбра за се. Таа не се плаши од последиците. Давањето на мртвите и пристоен
погреб е сосема правилната постапка. Тоа е желбата на боговите. Таа го знае
законот на кралот, но го ризикува нејзиниот живот да го направи она што е
исправно, дури и ако царот е против тоа. Антигона се плаши од Бога,
единствениот авторитет што таа го почитува.

Затоа, Антигона е еден од најцврстите и најпожртвувани карактери опишани


во светската литература. Жена во сите нејзини особини, свесна за второстепената
и подредена улога во општеството, но поцврста од маж во одлуките и
подостоинствена од сите нив.

You might also like