You are on page 1of 2

Домашна работа 4

1.На кој период од развојот на македонската литература припаѓа творештвото на


Ристо Крле?

-Се јавува во периодот меѓу двете светски војни.

2. Наведи три литературни дела чиј автор е Ристо Крле.

-Тие се: : „Антица“, „Милион маченици“ и „Гроф Миливој“.

3. Каков вид драма е драмата „Парите се отепувачка“ од Р. Крле и колку чинови


содржи?

-Таа е битова драма (битово-социјална драма) со мотиви од печалбарскиот живот.

4. Која е темата во драмата „Парите се отепувачка“ од Р. Крле? Како Крле ја добил


инспирацијата за оваа драма?

-Темата е животот и трагедијата на едно македонско сиромашно семејство кое е


принудено да го испрати својот единствен син на печалба. Идејата е јасно изразена во
насловот - проклетството на парите.

5. Кога и каде се случува дејството во драмата „Парите се отепувачка“ од Р. Крле?

-Дејството се случува во дваесеттите години на XX век, некаде во Западна Македонија

6. Наведи ги имињата на главните ликови во  драмата „Парите се отепувачка“ од Р.


Крле.

-Тие се:Ангеле,Ката,Мара и Митре.

7. Пренеси ја кратката содржина на драмата „Парите се отепувачка“ од Р. Крле. 

-Во ова драма се зборува за синот на Митре го пушта својот син на печалба кој по
долги години тој се враќа дома со спечалени пари.Но Митре го убива својот син
мислејќи дека е крадец.Таткото се самоубива,а мајката Мара умира од срцев удар.

8. Опиши го односот помеѓу ликовите Митре и Ангеле.

-Митре е сиромашен земјоделец кој е принуден да го испрати единствениот син Ангеле


на печалба. Тој живее мирен, скромен живот и постојано мисли на враќањето на
синот. Но,кога доаѓа туѓинецот во неговата куќа, тој сосема се променува. Страста кон
парите му го завртуваат умот и ќе го доведат во состојба да изврши злосторство.И на
крајот го убива Ангеле па потоа се самоубива.

9. Опиши ги женските ликови Мара и Ката во контекст на трагичниот крај на


семејството.

-Мара умира од срцев удар,а Ката е тажна.

10. Дали ја прочита драмата „Парите се отепувачка“ од Р. Крле?


-Да.

You might also like