You are on page 1of 2

СОБИРАЧКА ДЕЈНОСТ НА БРАЌАТА МИЛАДИНОВЦИ

1. Романтизмот во Македонија се јавува во првата половина на 19 век. На


чело на романтизмот е Димитрија Миладинов кој започнува со собирачката
дејност и со објавување на народни умотворби кои ќе посведочат за
постоење на големо духовно богатство. Негови карактеристики се:
составување и печатење на учебници, будење на националната свест,
употреба на народен јазик, собирање на народни умотворби.
2. Константин и Димитрија Миладинови се едни од главните претставници на
македонската преродба во средината на XIX век. Тие биле големи собираљчи
на народни умотворби и биле многу посветени на она што го правеле
вклучувајчи ја и нивната цел. Тие го отпечатиле ‘Зборникот на Миладиновци’
1861год во Загреб. Константин Миладинов го напишал Предговорот на
„Зборникот“ кој претставува прв обид за научен труд од областа на
народната литература.
„Зборникот“ содржи:
1. Предговор од Константин Миладинов во кој е дадена и првата
класификација на македонските народни песни;
2. 662 песни;
3. народни преданија за лица и места;
4. народни обичаи и верувања;
5. стотина гатанки;
6. педесетина пословици и поговорки и
7. повеќе од 400 лични имиња и презимиња.
Константин Миладинов е основоположник на македонската уметничка
поезија
3. Заклучок...

КУЗМАНОВАТА МАЈКА НЕДА- ОЛИЦЕТВОРЕНИЕ НА ХРАБРОСТ И


ДОСТОИНСТВО
1. Храброста е позитивна одлика на човечкото битие. Кога човек е храбар,
изгледа како да ниеден страв не е доволно голем и ниедна борба не е
тешка да се надмине стоечки. Достоинството укажува на почитување
дека сите човечки суштества заслужуваат и се потврдуваат од оние кои
имаат неповратно ниво на човечки квалитет.
2. Неда е централен лик во поемата Сердарот. Таа е мајка на јунак, но и
самата јунак. Таа е храбра, гордо ја поднесува смртта на синот,
бестрашно им се спротивставува на непријателите, подготвена е и
самата да се бори и да ја поведе борбата, да стане водач. Јасно е
изразена нејзината решителност и чесност.
3. Заклучок...

ТВОРЕШТВОТО НА РАЈКО ЖИНЗИФОВ

1. Рајко Жинзифов е преродбеник од 19 век. Жинзифов пишувал песни


од кои посебно се значајни „Глас“ и „На Велигден“. Тој ја напишал и
поемата „Крвава кошуља“, која е издадена во 1870 година, на
македонски јазик. Го напишал и првиот расказ на македонски јазик
„Прошедба“.
2. Песната ‘Глас’ е една од позначајните и поистакнатите песни на
Рајко Жинзифов. Основен мотив во песната е бескрајната љубов на
поетот кон неговата татковина и неговата желба за нејзино
ослободување.
Гласот всужност е симбол на повикувањето и будењето на
подсвеста на поетот за ослободување на народот и својата
татковина.
Расказот ‘Прошедба’ е првиот расказ напишан на македонски
народен јазик во мак литература. Расказот е посветен на неговиот
учител Димитар Миладинов. Идејата била да се прикаже тешкиот
живот на македонскиот народ и потребата за ослободување од
ропството.
3. Заклучок...

You might also like