You are on page 1of 15

СОДРЖИНА

ВОВЕД............................................................................................. стр.2

1. Македонското прашање во 19 век..............................................стр.3

1.2 Улогата на македонските писатели во развојот

на македонскиот јазик во 19 век................................................. стр. 4

1.3 Активноста на македонистите и лозарите за

промовирање на македонскиот јазик ........................................ стр.8

2. Македонскиот јазик меѓу двете светски војни..................... стр.10

2.1 Употреба на македонскиот јазик попречена

од грчките власти......................................................................... стр.10

2.2 Македонскиот јазик во вардарскиот дел.............................стр.11

2.3 Бугарското попречување на македонскиот јазик...............стр.12

ЗАКЛУЧОК...................................................................................стр.14

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА.......................................................стр.15

1
ВОВЕД

Македонскиот јазик бележи голем развој во периодот на


деветнаесеттиот и дваесетиот век, но истиот наишол на големи препреки
од страна на своите соседи кои постојано се обидувале да ја попречат
употребата на македонскиот јазик. За развојот на македонскиот јазик
голем придонес дале богатите трговци кои заминувале во разни
европски градови и се запознавале со просветителските идеи и по
враќањето во своите места ги пренесувале идеите и ги ширеле по
народот. Во почетокот на 19-от век не постоел единствен литературен
јазик, туку сите писатели пишувале на народен јазик кои бил многу
подостапен и разбирлив за народот. Во последната деценија на 19 век
македонските активисти ќе ја истакнат својата македонска свест и во
голема мера ќе придонесат за оформување на македонскиот литературен
јазик. Последните години на деветнаесеттиот век биле од големо
значење на оформувањето на единствен македонски јазик и биле
правени обиди за издавање на македонска граматика, речници, поезии
кои придонеле да се развива македонскиот јазик.

Помеѓу дветте светски војни, македонскиот јазик се соочил со


големи препреки во неговиот развој. Имено, поделбата на Македонија
меѓу соседните држави, по балканските војни, го отежнал општествено -
културниот и просветно - образовниот живот и ја усложнил јазичната
ситуација во Македонија. Во официјална употреба биле наметнувани
јазиците на соседните држави, и било попречувана употребата на
македонскиот јазик во училиштата и не се дозволувало печатење на
книги и списанија. Но, сепак и во вака тешките услови, македонскиот
јазик успева да бележи големи успеси во овој период.

2
1. МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ ВО 19 ВЕК

Kога се зборува за јазичното прашање во 19 век, нужно е да се


објасни настанувањето на граѓанската класа и нејзините потреби во
поглед на јазикот. Имено, уште кон крајот на 18 век, а уште посилно во
почетокот на 19 век многу селани, поради тешкиот и несигурен живот од
разни пљачкаши и разбојници во тогашната Турска империја, ги
напуштаат селата и одат во градовите на Македонија каде што имало
турски гарнизони и поради тоа животот бил посигурен. Таму се зафаќаат
со занаети. Така се развива занаетчиството и се јавуваат моќни еснафи.
Занаетите полека се повеќе преминуваат од занаетчиите Турци во рацете
на Македонци. Многу понапреднати занаетчии се збогатиле и од
занаетот преминале во трговија. По македонските градови имало и
трговци кои успеале да отворат свои дуќани и трговски кантори дури и
во европските поголеми градови, како во Лајпциг, Милано, Виена,
Минхен, Париз, Венеција, Будимпешта и др. Така во Македонија се
создала граѓанска класа која тогаш одиграла важна улога во културно-
просветното поле. Богатите трговци одат по трговија во разни европски
градови. Таму се запознаваат со просветителските идеи и по враќањето
во своите места, ги пренесуваат тие идеи.Некои од нив ги праќале на
учење своите синови во европските градови. По свршувањето на
училиштето во Западна Европа, тие биле носители на просветителските
идеи и ги ширеле по народот. Така се создал голем интерес кон книгата.
Тогашните трговци ги помагале материјално нашите први писатели од
19 век кои пишувале на народен јазик и така им овозможувале да ги
отпечатат книгите во некој европски град на пример, во Будим, Венеција
и други градови. Писателот однапред ја збирал претплатата за книгата, а
бил должен на насловната страна или на крајот од книгата да го
отпечати името на трговецот или занаетчијата-претплатник. На пример,
во книгите на Јоаким Крчовски има забележани имиња на трговци кои
парично го помогнале печатењето или лично ја носеле книгата да се
печати: Нешо Маркович од Кратово, кир хаџи Станко од Кратово,

3
Димитриј Филипович од Паланка (Егри Дере), кир Хаџи Пецо од Штип,
Димитриј Зузур од Сечишта и др. Имиња на претплатници се наоѓаат и
на други книги. Така на пр.: на крајот на книгата "Служение Еврејско",
печатено во првата македонска печатница во Солун (1839) што ја основал
Теодосиј Синаитски, инаку роден во Дојран, се наоѓаат голем број
претплатници. Книгата ја правеле Ѓорѓи Самуркаш, учител во Прилеп, и
владиката Натанаил Стојанович од село Кучевиште.

1.2. УЛОГАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПИСАТЕЛИ ЗА


РАЗВОЈОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИКОТ ВО 19 ВЕК

Во првите деценинии на 19 век, во време на просветителстото во


Будим се отпечатени книгите напишани на кратовски говор од Јоаким
Крчовски, и тоа: „Повест ради страшнаго и втораго пришествија
Христова“, 1814 година, „Чудеса“, 1817 година, „Митарства“, 1817 година и
„Разни поучителни наставленија“, 1819 година.Во исто време на народен
јазик (тетовско наречје) печати свои книги и Кирил Пејчинонвиќ и тоа :
„Огледало“ во Будим, 1816 година и „Утешение Грешним“ во Солун, 1840
година, во печатницата на Теодосиј Синаитски. Книгите од овие двајца
писатели, напишани на народен јазик, иако не сосем чист, туку со
премеси од црковниот и со турски зборови биле примени од народот со
задоволство бидејќи ги рабирал и читал. Нивното опечатење било
овозможено како што наведовме со помош на Македонски трговци и
занаетчии и со претплата. Така се создал поттик интерес среде народот
за книга на народен јазик што ќе биде од далекусежни последици за
развитокот и усвојувањето на народниот јазик во писмениот говор во
натамошните децении.Народниот јазик служи за ширење на просветата
среде народот. Но, уште во ова време не може да стане збор за единствен
литературен јазик. Секој пишува на свој местен говор.

Извадок од книгата „Повест ради страшнаго и втораго пришествија


Христова“:

4
"Имало това време цар неверен. Тој цар нешто му завидел
от гарас на того светаго пророка Данаила и го фрлил на
арслани жив да го изедат; Оле ччудо дивно и многу големо.
Таткови силни, и страшни арслани ама му се поклониле и
ноги му лизале и кроткои му се учиниле како овци на овчар.
Гледајте сега кој има вера и чисто живее..... Тешко и горко
ванке да биде на ваше умиранје"...

Во јазикот на Крчовски се гледа една мешаница од јазични црти


на североитичните и западните македонски говори и црти од црковниот
јазик. Така ќе сретнеме во неговите книги форми: светаго, того, ноги, сум
и с’м, полн и пун, со и сос, слегол и слег’л, рекол и рек’л. Има и турски
зборови: гарас, арслан и др.

Извадок од книгата на Кирил Пејчиновиќ, „Огледало“:

"Имаше некој човек богат мошно, сваќиј ден се веселеше сефа


чинеше, а опак имаше еден јабанджија сирома болен. Лежеше
на партали од богатиот болен. Имаше живи рани и гладен,
со кучинјата лежеше на портата, чекаше кога ќе истресат
трпеза измеќарите од богатиот па и болниот се влечеше
при кучињата, береше трошки и пците не му велеа ништо,
уште му лижеа раните, му ги бришеа со јазикот, му чинеа
икрам пците, а богатиот нејќеше да му дадет, дојде заман,
умре сиромаот. Сиромасите му закопаа снагата халосана, а
душата трпежлија ангели пеејќи му ја однесоа у рај, у
пазухите аврамови во хубавина вечна. Умре и богатиот;
богатите му закопаа снагата, а гјаволите му узеа душата
сафалијата душа негова, му га однесоа в джехнем, во вечна
мука."

Пејчиновиќ пишува во тетовскиот говор со примеси од црковно-


словенскиот јазик. Тоа се гледа и од приложениот извадок: свакиј, му га
однесоа душата, се мучимо, се закопујемо, за душа давамо, украдује

5
памет или турцизми: јабанджија, измекјари, икрам, заман, халосан,
джехнем и др.

По импулсивен развој на Македонскиот јазик започнува во време


на преродбата со Димитрија Миладинов и неговите следбеници:
Константин Миладинов, Рајко Жинзифов, Григор Прличев и Јордан
Хаџи Константинов - Џинот. И во оваа етапа писателите пишуваат на
своите родни говори. Димитар и Константин Миладиновци на својот
струшки говор, Прличев - охридскиот, со примеси од црковниот и
бугарскиот. Тој бил носител на идејата за општословенски јазик на кој
како основа ќе му служи старословенската граматика. Рајко Жизифов и
Јордан Хаџи Константинов - Џинот пишувале, главно на Велешкиот
говор. Кај Рајко Жинзифов имаме примеси и од бугарскиот и рускиот
јазик.

Преку песната "Сонце" се гледа каков е јазикот на Константин


Миладинов. Од овие цитати се гледа дека јазикот на Миладиновци е чист
народен јазик - струшко наречје.

Сонце, ле, сонце премило!


По сета земја си било,
Си видело други несчастен
Ко мене, сонце порастен?
Да живја, сонце, без радост
Во најцветната ми младост!
Кажи ми има трпение!
Какво несносно мачение!
Сонце ле, облак разсеј
И чисто - златно угреј
По земја светло раскладви
И мене, сонце, зарадви.

6
Од Сердарот од Григор Прличев (според преводот што го направил
самиот автор):

...почто вие плачете ми сина


худи лјудје бремена земнаја?
Плач матерниј и својчески с’лзи
Кузману са доволна награда.
Плачете си дштерки и невести
лов предр’чниј разбојник’м мрсним
сега којште бити вам предборник?
Ето гибна Кузман силен јунак
кој ви чувал како десно око
Ви успивал со свое безс’нје
Ви откупвал с’ свои си кр’ви!

Овие писатели во исто време се и борци за употребата на


народниот јазик во црквата и во училиштата. Браќата Миладиновци
повеле борба против доминацијата на грчкиот јазик во црквите и
училиштата на Македонија, борба против Цариградската патријаршија
која ширела елинизација среде македонскиот народ преку своите попови
- фанариоти. Таа борба се разгорела особено во шеесеттите години на 19
век. Во тоа време веќе се помислувало и за еден литеартурен јазик. На
пример, македонскиот писател Партениј Зографски бил за употребата на
заеднички јазик за бугарите и македонците со застапени јазични црти и
од едниот и од другиот јазик. Потоа Партениј Зографски и Кузман
Шапкарев бараат во писмениот говор во Македонските училишта да
преовладуваат цртите на македонските говори. На пример, тие бараат во
употреба формите на глаголскиот прилог на -јќи и -иштем, да бидат
застапени трите вида член: -ов, -от, -он, наставката за множина -ија кај
именките од среден род што во еднина завршуваат на -е; и да се
внесуваат македонски зборови во литературниот јазик.Со таа намера
издаваат и учебници напишани на јазик со македонска основа. Тие
учебници биле добро примени и се рашириле во средна и јужна
Македонија и одиграле мошне важна улога во нашите училишта и
воопшто за разбудувањето на националната свест кај нашиот народ.

7
1.3. АКТИВНОСТА НА МАКЕДОНИСТИТЕ И ЛОЗАРИТЕ
ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

Во тоа време се јавува мисла кај некои македонци за пишување на


македонска граматика. Така кон крајот на педесеттите години од 19 век
Партениј Зографски од Галичник има замисла да напише Македонска
граматика. Но таа замисла не се остварила. Венјамин Мачуковски од
село Мачуково (Гевгелиско), десетина години подоцна се токмел да
издаде македонска граматика. Веше издал и проглас во весникот во 1872
година за претплата, но и таа идеја не се остварила, бидејќи се замешала
и попречила Бугарската егзархија.

Прашањето за посебен литературен јазик на Македонците уште


повеќе го активираат македонистите. Македонисти се наречени оние
наши преродбеници кои ја застапувале тенденцијата за самостоен
развиток на македонскиот народ со одделен македонски литературен
јазик. Во таа група спаѓа и преродбеникот Ѓорѓи Пулевски од Галичник.
Тој бил по занает ѕидар-печалбар, но и составувачна учебници. Така,
Пулевски во 70-те години се наоѓа во Белград. Во 1873 година во Белград
го отпечатил својот Речник од четири јазика: српско-албански (така го
именува македонскиот јазик), албанско-арнаутски, турски и грчки. Во
1875 година отпечатил Речник од три јазика: македонски, албански и
турски. Овој речник се состои од прашања и одговори. Во својот речник
Пулевски апелира: "Учени македонски луѓе да состават граматика на
македонски јазик". Во 1879 година објавува збирка од народни и некои
свои песни под наслов Македонска песнарка. Пулевски јасно ја изјавувал
својата национална македонска свест. Зборувајки во Речник од три
јазика за историјата на македонскиот народ, Пулевски вели: "наше
отчество се вељит Македонија и мие се именуваме Македонци". На тој
начин ја манифестирал својата национална свест, ги учел Македонците
во осумдесеттите години од 19 век и барал да се создаде македонски
литературен јазик. Ѓорѓи Пулевски пишувал, главно, на својот галички
говор, на земал и јазични црти и од другите западно-македонски говори:
доб, рока, мочно, коде, ќа оживееме и др., но и снага, оган, магла, вака,

8
зборувајеќи и сл. Интересен му е и правописот: вељит, дељит, гинет, иљи
и сл.

Еве и еден дел од една песна на Ѓорѓи Пулевски од „Песнарката“:

Чуите жители македонски. Назе нишчо не ни чекат


от азиатци насиле, а в туѓина укорство.
Туѓа страна е непријатна-в туѓина све напорки гледает.
И несносни прешебоци свием ни велјает.
Ем во туѓина кому како да му текнет,
Све намуртено, свем лош ни називает .
Дали сте чуле, Македонци, стари лјуди што говорат:
Од Македонци појунаци над них не било.

Од седумтесеттите години на 19 век во Македонија се водат пропаганди:


грчка, бугарска, и потоа, малку подоцна, српск, за асимилација на
македонскиот народ и примање на туѓ литературен јазик.

Во овој период се употребуваат ознаките македонски народ и


макеоднски јазик за означување на процесот на формирање на
литературниот (стандардниот) јазик.Во 1892 год., во Костур и во
околните села Маврово, Личишта, Тихолишта и Шестево, беше направен
уште еден извонредно значаен подвиг: црковно-училишната општина во
Костур го прифати предлогот на група учители за воведување на
македонскиот јазик во училиштата, во општинската администрација и во
црквата,поради што беше формирана и специјална комисија којашто
подготви македонска граматика, македонски речник од 10.000 збора и
направи превод на некои основни црковни книги на современ
македонски јазик, според веќе изработените граматички правила. Со
интервенција на турските власти и овој потфат на Македонците беше
задушен.

Идеите на македонистите ќе бидат поддржани и продолжени од


нивните следбеници, лозарите, кои во последната деценија на 19 век
јасно ќе ја истакнат својата македонска свест и во голема мера ќе
придонесат за оформување на македонскиот литературен јазик. Таа свест

9
може да се илустрира преку зборовите на еден од најистакнатите
претставници на лозарите, Темко Попов:

"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит


Македонеца оти е Блгарин иљи Србин."

Лозарите придонесуваат за значително упростување на


македонскиот правопис и за отфрлање на одделни старословенски букви
што не покривале реален глас (на пример, еровите и носовките, кои во
тоа време се употребувале во бугарската азбука). Тие го претставуваат
континуитетот на македонистичките заложби на Ѓорѓија Пулевски и
теоретските поставки на Крсте Петков Мисирков.Во јазичен поглед,
втората половина на 19 век се карактеризира со стремеж за посебен
македонски литературен јазик.

2.МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ

2.1 УПОТРЕБАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ПОПРЕЧЕНА ОД


ГРЧКИТЕ ВЛАСТИ

Поделбата на Македонија меѓу соседните држави, по балканските


војни, го отежнал општествено - културниот и просветно - образовниот
живот и ја усложнил јазичната ситуација во Македонија. Овој настан има
погубно значење за Македонскиот народ. Притоа во периодот меѓу двете
свтески војни во Македонија, во зависност од нејзината поделба, во
официјална употреба се наметнуваат јазиците на соседните држави: во
јужниот дел (Егејска Македонија) - грчкиот; во севернот дел (Вардарска
Македонија) - српскиот; во источниот дел (Пиринска Македонија) -
бугарскиот; Овој период се карактеризира со асимилаторска политика на
соседните држави спрема Македонија и македонскиот народ. Оваа
политика речиси го згаснува македонското национално осознавање,
особено до триесеттите години на 20 век. Оваа ситуација се подобрува во
периодот од триесеттите до почетокот на четириесеттите години, иако се
одвива во мошне неповолни историски околности. Македонскиот јазик

10
во текот на целиот овој период е забранет во официјална употреба, во
согласност со законските акти на државите во чиј состав влегоа деловите
од Македонија.

Најостри мерки против македонскиот народ се спроведуваат во


Егејска Македонија, во составот на Грција: македонскиот јазик се
забранува со посебен закон дури и од домашна употреба, а врз
Македонците кои не го почитуваат овој закон се применуваат строги
казнени мерки. Ваквата прогресивна политика на Грција била поставена
и пред Друштвото на народите. Под тие притисоци грчката влада
пристапила кон изготвување на буквар по македонски јазик-Абецедар
(1924). Абецедарот содржел кратки четива на македонски јазик, наменет
за учење на азбуката, бил напишан на лерински говор, на латиница, но
никогаш не нашол практична примена, поради отпорот на грчките
власти. И покрај тоа, Абецедарот значи официјално признавање на
македонското население и македонскиот јазик.Прашањето за отворање
македонски училишта во Грција, повторно било актуелизирано во 1935
година, но не било решено.

2.2 МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО ВАРДАРСКА МАКЕДОНИЈА

Во Вардарска Македонија, во составот на Кралството на Србите,


Хрватите и Словенците (подоцна преминува во Кралство на Југославија),
во официјална употреба бил наметнат српскиот (односно
српскохрватскиот јазик). Тој бил јазик на администрацијата, на
образованието, и се применувал во сите сфери на јавната комуникација.
Македонскиот јазик бил сведен на дијалектен јазик за домашна
употреба. И покрај тоа, македонскиот јазик наоѓа своја поиздигната
употреба под форма на регионална литература.Тој станува јазик на
театарската сцена: се пишуваат и се изведуваат драми на македонски
јазик. Оваа форма се сообразувала со театарската традиција да се
пишуваат и сценски да се изведуваат фоклклорни драми на народен
говор на повеќе театарскр сцени во тогашна Југославија. Ваквата

11
активност во Македонија започнува со драмата „Ленче Кумановче“
(1928), подоцна преименувана во „Бегалка“, од Васил Иљоски, напишана
на кумановски говор, но е позабележителна со изведувањето на драмата
„Печалбари“ (1935). Наместо на својот роден говор, струмичкиот, Антон
Панов го напишал својот драмски текст на западномакедонско наречје.
Со тоа се сообразил со воспоставената практика на издигање на
западното македонско наречје на рамниште на јазик на литературата. На
овие заложби се надовзува и Ристо Крле со драмата „Парите се
отепувачка“, што ја напишал на својот роден струмички говор.Овие
драми го раздвижуваат културниот живот во Македонија меѓу двете
светски војни и ја афирмираат употребата на Македонскиот јазик.

Книжевните појави на македонски јазик се остваруваат и во


поезија. Тоа особено доаѓа до израз со обновувањето на „Бели Мугри“
(1939) од Кочо Рацин. Со излегувањето на оваа книга, официјалната
југословенска администрација се соочила со податокот дека
македонскиот јазик доживува еманципација на литературен
јазик.Рациновите „Бели Мугри“ и ја зацврстиле улогата на централните
македонски говори како основа за македонскиот литературен
(стандарден јазик).

2.3 БУГАРСКО ПОПРЕЧУВАЊЕ НА УПОТРЕБА НА


МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

Во Бугарија македонскиот јазик е забранет за официјална


употреба, а асимилаторската политика на Бугарија имала цел да го
уништи македонскиот национален идентитет. Во овој период Пиринска
Македонија претставува глува провинција во составот на бугарската
држава. Македонскиот културен живот во Бугарија доаѓа до израз преку
активноста на македонската емиграција во Софија, организирана преку
Македонскиот литературен кружок. Меѓу позначајните книжевни појави
од овој период се издвојуваат поетските збирки од Коле Неделковски:
„М’скавици“ (1940) и „Пеш по светот“ (1941).

12
Од 1944 до 1948 година во Пиринска Македонија (во составот на
НР Бугарија) заживува употребата на македонскиот литературен јазик
преку отворање на училишта, театар и преку други форми на културна
еманципација на македонскиот народ.По втората светска војна
литературно - јазичните заложби на македонски ориентираната
емиграција во Бугарија се приопштија кон својата македонска матица.

13
ЗАКЛУЧОК

Историјата на македонскиот јазик е богата со голем број на


настани кои одиграле значајна улога за неговиот развој. Создавањето на
единствен македонски јазик е од големо значење за јакнењето на
културните вредности на нацијата. Голем придонес дале голем број на
македонски писатели и активисти кои ги пласирале своите идеи и
објавиле голем број на книги и дела кои биле лесно прифатени од
народот. Ваквите дела кои ги пласирале македонските писатели во голем
дел го изразувале постоењето на единствен македонски јазик, кои бил
поразличен од јазикот на соседите. Во целиот овој период на развојот на
македонскиот јазик, истиот наидел на големи попречувања од страна на
своите соседи, кои настојувале да го негираат постоењето на
македонската нација и македонскиот јазик. Благодарение на ваквите
настани, денес македонскиот јазик се користи во сите сфери на
општествениот живот и претставува основа на постоењето на една
нација, која е различна од своите соседи и има свои културни и
етнолошки вредности.

14
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. „Македонски јазик„ - С.Бојковска и Д.Пандев;

2. “Граматика на македонскиот јазик“ - Блаже Коневски;


3. www.wikipedia.com – Интернет енциклопедија

15

You might also like