You are on page 1of 2

Важноста на просветителите за македонската литература

и националната самосвест

Просветителството во Македонија започнува во XIX век. Во тој период


македонскиот народ е потиснат од сите страни, грчка доминација во црквите
и сеуште е под турско ропство, па со тоа неговата егзистенција е ставенена
под знак прашалник. Во овој период се појавуваат првите македонски
просветители Крчовски и Пејчиновиќ. Тие ги отпечатуваат првите книги на
македонски народен јазик и користејки го народниот говор допираат до сите
слоеви на народот. Крчовски и Пејчиновиќ го иницираат почетокот на
просветителството во Македонија.
Во нивните дела се борат против незнаењето, пиењето, лошите особини
и паганските обичаии. Со појавувањето на просветителите заедно со првата
македонска печатница во Солун, македонската литература станува достапна
за неукото македонско население. Во тоа време на репресија од страна на
Турците, од големо значење е да се подигне националната самосвест.
Самите почетоци на македонската литература се од голема важност за
понатомошното развивање на македонскиот јазик, кој што е главна подлога
за создавање на македонската држава. Луѓето во почетокот на XIX век се не
доволно свесни за нивните корени, при што им е потребна национално
освестување. Теодосиј Синаитски иако не е многу активен просветител тој
има многу голем придонес во литературата со тоа што ја отвара првата
македонска печатница. Ова овозможува македонските просветители да
одиграат важна улога во верската и моралната просвета на народот со
издигнување и зацврстување на македонската национална свест. Во
средината на XIX век се појавува уште еден значаен просветител, Ј.Х. Џинот
кој претставува културен деец продолжуваќи ги заложбите на неговите
предходници во создавањето на граѓанската култура и литература во
Македонија. Го создава првиот буквар со што овозможува просветната
дејност да допре и до неписмениот народ.
Појавата на македонската литература има културно историско значење и
сведочи за напорите на македонскиот народ да ја надмине заостанатоста и
да се приклучи кон културните народи. Овој процес на просветителство води
кон создавање на македонски литературен јазик, создавање на македонска
држава и оформување националната самосвест.
Христијан Настовски II-5

You might also like