You are on page 1of 2

Ученик: Гала Георгиевска

Втора писмена работа по македонски јазик и литература

Улогата и значењето на просветителите во развојот на македонската литература

По покажаниот интерес за зацврстување на својата положба во


општеството и културата на граѓанската класа, почнала да расте
свеста на народот за потребата на користење на народниот јазик,
појава на македонската литература, печатење книги. Во други
зборови, македонскиот народ сакал да ја надмине заостанатоста и
својата неукост и да стапи во редот на културните народи. Првите
просветители со таа цел, се обидуваат да го подучат неукото
македонско население.
Почетокот на македонската просвета и создавањето на македонска
литература на народен јазик е поврзан со имињата на Кирил
Пејчиновиќ и Јоаким Крчовски. Просветителите иако не се оригинални
автори, нивните текстови се познати религиозни текстови кои се
прераскажани, и црковнословенскиот јазик го заменуваат со
народниот. Крчовски го советува народот и е против незнаењето,
лошите особини и навики на луѓето, нехристијанското празнување и
однесување. Со делото “Слово заради завист” Крчовски сака да ја
прикаже зависта како најлоша човекова особина. Тој ги користи
зборовите “проклетија”, “мерскаја”, “всепогана” да го изнесе своето
мислење за зависта, кое го нарекува погубно, одбивно и лошо чувство.
Содржината не е оригинална, но примерите се позајмени од
Библијата, со цел да се поучува и воспитува христијански дух. Своите
дела ги пишувал на народен говор, кратовско-кривопаланечки говор со
примеси од западно македоснките говори, со што се согледува
потребата црковнословенскиот јазик да биде заменет со народен.
Крчовски се борел да ја зачува верата воедно и националноста.
Пејчиновиќ бил првиот македонски оригинален писател од XIX век. Тој
е автор на четири дела кои што се од големо значење на
македонската литература. Целта на пејчиновиќ била да го подучи
неукото македонско население. Првиот оригинален текст “Слово за
празниците” бил на тетовски говор. Во него се дава слика за животот
на селаните, и целта била да се укаже на грешките како што се
суеверието, курбанот и слични обреди коишто ги прават верниците и
да се поправат истите. Тој преку ова дело немал намера никого да
критикува. Пејчиновиќ укажувал на слабостите со цел да ги насочи на
прав пат, да ја подигне верската свест. Тој одиграл голема улога во
создавањето на нашиот писмен јазик, бидејќи создал свој стил кој се
одликува со осмислена слеаност на црковнословенизмите со
народното кажување. Јордан Хаџи Константинов- Џинот е првиот
учител на македонски јазик во времето кога македонскиот јазик не бил
дозволен за употреба во училиштата. Тој со својата дејност дал голем
придонес во развојот на образованието во Македонија во тој период.
Со цел да ја шири просветата кај македонското население, го напишал
првиот буквар “Таблица перваја”. Исто така, го напишал и делото
“Труд ми е името” со кое што сакал да му укаже на населението дека
мудроста, љубовта и трудот се најдобрите човекови добродетели.
Иако творештвото на Џинот нема уметнички вредности, тој со својата
просветителска и творечка дејност дава голем придонес за почеста
употреба на македонскиот народен јазик во секојдневниот живот.
Просветителите од овој период имаат значајна улога во верската и
моралната просвета на ново-создадената македонска граѓанска класа.
Преку користење на народниот јазик, а не црковнословенскиот,
Пејчиновиќ, Крчовски и Џинот се творци на нашиот писмен јазик.
Преку просветителската дејност на овие автори се согледуваат
напорите на македонскиот народ да се издигне на културната сцена и
граѓанската сцена.

You might also like