You are on page 1of 1

Прогресивните просветителски идеи во делата на Крчовски, Пејчиновиќ и

Синаитски

Свеста на народот почнала да расте за потребата на користење на народниот


јазик, појава на македонската литература, печатење книги. Првите
просветители со таа цел, се обидуваат да го подучат неукото македонско
население.
Просветителите за полесно да му се приближат на народот, го користат
народниот говор и ги печатат книгите воедно и првите книги на народен
македонски јазик.Текстовите на просветителите се познати религиозни
текстови кои се прераскажани, и црковнословенскиот јазик го заменуваат со
народниот. Крчовски го советува народот и е против незнаењето, лошите
особини и навики на луѓето, нехристијанското празнување и однесување. Во
“Слово заради завист” Крчовски вели дека тоа чувство е лошо, одбивно и
погубно. Во самиот наслов се зборува за зависта како негативна особина на
човекот. Крчовски се борел да ја зачува верата воедно и националноста. Во
“Слово за празниците” од Пејчиновиќ се дава слика за животот на селаните и
се осврнува кон негативните појави , како што се суеверието, курбанот и
слични обреди кои селаните сметаат дека ќе ги заштитат од беда, истапи и
невоздржаности. Пејчиновиќ укажувал на слабостите со цел да ги насочи на
прав пат, да ја подигне верската свест. Тој одиграл голема улога во
создавањето на нашиот писмен јазик, бидејќи создал свој стил кој се
одликува со осмислена слеаност на црковнословенизмите со народното
кажување. Синаитски со својата печатарска дејност му дал на народот книги
пишувани на народен јазик, со што се проширила просветата во Македонија.
Целта на Синаитски е да се прекине традицијата книгите да се пишуваат на
старословенски јазик, тој вели дека една книга може да допре до неукиот
човек само ако е напишана на неговиот мајчин јазик.
Овие просветители се труделе да го поучат народот за животот, културата и
јазикот. Сите просветители се стремеле кон почеста употреба на народниот
македонски јазик, наместо црковнословенскиот и ширење на просветата.

You might also like