You are on page 1of 1

1Македонска крвава свадба-драма напишана од Чернодрински во која се прикажува тешкиот

живот на македонскиот народ за време на турското владеење.Инспирацијата за оваа драма


Чернодрински ја добил од вистински настан,прочитана статија во весник за грабната девојка
во кукушко од турците.Темата во драмата е љубовта на двајца млади (Цвета и Спасе) која
неможе да се оствари поради самоволието на турските владетели.Идеата е тешкиот живот на
макеодонците во тоа време.Драмата за прв пат е поставена на сцена во Софија во 1900та
год.Напишана е на македонски народен јазик,испреплетен со народни поговорки.2 Како што и
самиот наслов ни кажува,во оваа драма се раскажува за борбата за зачувување на честа и
достоинството на макеодонскиот народ.Прикажан е период каде турците постојано го
напаѓаат македонското население на различни начини,или со ограбување или со убивање или
пак со грабнување на девојки и деца.Во драмата се прикажува тешкиот живот на
макеоднскиот народ во тоа време,аргатување на нивите од турските владетели без да имаат
никаква корист.Преку ликовите авторот прави метафора со змијата и турците,велејќи дека
змијата не е толку опасна колку турците што можат да ти нанесат зло.На нивата се запознаваат
Спасе(кој бил овчар) и Цвета.Со грабнувањето на Цвета од Осман бег започнува докажувањето
на македонската чест преку ликот на Цвета но и преку ликовите на Спасе и Дуко,нејзиниот
брат.Цвета е храбра девојка која не прифаќа друга вера ниту за замена на богатство и спас од
аргатскиот живот.Таа се бори до крај,како еден од начините за да се спаси од турците е обидот
за самоубиство,но бил неуспешен,ја спасил Осман бег.Сепак после голем труд од Дуко и Спасе
била однесена пред судијата каде пред сите го изразила својот став дека не сака да се омажи
за Осман бег,а со тоа да ја промени својата вера.Иако на Дуко и Спасе им биле земани многу
пари за судијата да суди правилно,биле малтретирани,постојано тепани но сепак планот на
турците не им успеал.Сите заедно ја одбрануваат македонската чест и достоинство,а за тоа
најмногу се гордеј таткото,дедото и чичкото на Цвета.Од целата драма можеме да ја видиме
љубовта на луѓето кон својата татковина и вера,кој што го даваат својот живот но не ја
нарушуваат македонската чест и достонство,тоа можеме да го видиме на крајот од трагедијата
од последните зборови на Цвета.Во последниот чин од драмата Спасе и Цвета прават
свадба,но Спасе знаејќи ја апсолутната власт на Осман бег и желбата за одмазда со себе носи и
оружје.Како што и очекувал турците се обиделе повторно да ја грабнат Цвета,го убиле Дуко,но
Цвета во самоодбрана го убила Осман бег,па неговиот придружник ја убива нејзе.Таа паѓа на
земјата со последните зборови:Умрев ама турчинка не станав!3Оваа драма е посебно значење
за македонската литература,исто така оваа драма е првата драма на Чернодрински напишана
во добар стил.Од драмата можеме да го видиме начинот на живот на луѓето во тој
период.Основната порака во драмата е предадена токму преку главниот лик Цвета за да се
возвеличи чест како нешто најсвето.Можеме да видиме како владетелите имале апсолутна
власт и нивниот збор секогаш бил последен.Исто така да се застане во одбрана на личното и
националното достоинство пред тиранијата и сето зло што таа го донесува олицетворно во
Осман бег,но и сите останати како него.

You might also like