You are on page 1of 1

Име и презиме: Михаела Станковска

Клас: III3
Датум: 22.4.2020 година

Втора писмена работа по македонски јазик и литература

Елементот на непрепознавање како мотив кој неминовно доведува до фатален крај

.Да се зборува за делата од тој период значи да се погледне длабоко во животот на


македонскиот народ и неговата положба.Мотивот на парите, човековата алчност и
заслепеност е застапен во делото „Парите се отепувачка„

Во драмата „Парите се отепувачка“ инспирацијата на авторот Ристо Крле


потекнува од вистински настан кој оставил длабоки траги. Во оваа драма мотивот на
непрепознавањето се испреплетува и доведува до трагичен тек на настаните. Имено ,
Ангеле е принуден да оди на печалба поради социјално-економската состојба на своето
семејство. После многу години се враќа како возрасен човек и решава да се пошегува со
неговите родители така што не им кажува всушност кој е. Решава да се претстави како
гурбетчија и бара престој за една ноќ. Родителите му дозволуваат и не го препознаваат
родениот син.Кога ќе сфатат колку вредни работи носи со него, поради алчност и желба за
богатство стануваат способни да извршат злосторство. Таткото Митре ладнокрвно го
убива, но кога дознава дека всушност го убил својот син, се самоубива.Во ова дело
печалбарот не е препознаен од страна на најблиските поради што доаѓа до недоразбирање
кое завршува трагично со смрт.

Не постои нешто полошо од тоа да убиеш сопствен син поради негово


непрепознавање. Парите убиваат кога отсуствува разумот, а надвладува лудоста, алчноста
и себичноста, кои за час судбински му пресудуваат на целото семејство и доведваат до
фатален крај.

You might also like