You are on page 1of 1

Зошто Костадин се спротиставува на печалбарството

Меѓу двете светски војни се случува силен подем на драмското творештво во


Македонија. Особено значајни драматурзи од овој период се: Васил Иљоски, Антон
Панов и Ристо Крле. Карактеристично за нивното творештво во овој период е
акцентирањето на македонскиот живот – социјалните разлики, битот, обичаите,
традицијата.Печалбарството како мотив има длабоки корени во македонското
народно творештво кое што е всадено во психата, во менталитет, во животната
филозофија на мaкeдонскиот човек.

  „Печалбари“ е битово-социјална драма со мотиви од печалбарскиот живот.Исто


така, покрај мотивот на печалбарството се пејат и печалбарки песни со тоа се
интензивира и наполнува драмската атмосфера. Тука е опфатен начинот на живеење,
обичаите на Македонците; социјален - судирот меѓу богатите и сиромашните и
печалбарството - како нужност да се спечали. Во драмата меѓудругото се презентира и
љубовта меѓу двајца млади (Костадин и Симка) кои се лудо вљубени но припаѓаат на
различни сталежи, таа-богата, тој-сиромашен. Костадин е прикажан како млад човек
кој има многу напредни сфаќања и размислувања во споредба со времето во кое
живеел. Костандин е еден од ретки млади луѓе кој не ја прифаќа печалбата како излез
од тешката социјална положба. Како бунтовник, со своите постапки сакал да уништи
дел од непишаните правила, како што била печалбарската традиција, а тоа го
дознаваме од зборовите „ ...Ех црна и крвава е нашата печалба, мајко! Уште
покрвава е сиромаштијата што не гони тамо!“. Сфаќајќи ги причините за тоа
општествено зло, цврсто стоел на ставот дека печалбата носи и несреќа и смрт.
Неговото мислење и став бил оправден бидејќи судбината си поиграла со него, па уште
од мали нозе доживеал нешто што оставило длабока трага во неговиот живот, а што
најверојатно ќе остави уште подлабока во животот на неговото дете. И покрај тоа што
бил голем противник на печалбарството, свесно станува негова жртва. Нема да успее
да го види својот син само за да го врати долгот кон Јордан, што е дел од една
традиција. Но дали е вредно да се напушти семејството и да се даде сопствениот
живот само затоа што традицијата наложува секој млад човек да оди на печалба?
Печалбарството не е полно ќесе туку и смрт, не е само можност да се излезе од
сиромаштијата туку и закана со сиромаштија да се остане без татко, без маж.

Доколку родителите го немале оној патријархален дух, строг и неправеден однос


кон своите деца и доколку не им било важно што ќе рече светот, туку на прво место да
ја ставеле среќата на нивното чедо, никој немало да излезе повреден. Авторот во оваа
драма не само што истакнува еден од најзначајните проблеми на нашиот народ-
сиромаштијата, а во врска со неа и печалбарството туку мошне отворено ја осудува и
експлотацијата воопшто.

You might also like