You are on page 1of 2

Макроскопија на валеријана- тревесто растение со пересто сложени листови и бели

или розови цветови во штитовидно соцветие. Има седативно и спазмолитично дејство, се


користи како чај и тинктура при несоница, нерна напнатост, нервоза. Содржи етерилно масло,
валепотријати со 2 гр на компоненти и тоа гр на валеријат и гр на дихидровалеријат. Маслото
содржи еугенол, борнел и тоа борнил ацетат и борнилизовалеријанат, секвитерпени,
изовалеријанска и гама амино бутерна киселина..

Микроскопија

Дрога е исушен ризом од маче трева со тенки коренчиња. Се собира наесен и се суши на
температура повисока од 40 степени. Темнокафеав и јајцевиден со остатоци од стебло и
листови. На напречен пресек се гледа светла и широка срцевина

На напречен пресек на ризомт се забележува широка кора и тесно дрво. Кората е изградена од
паренхимски клетки со скроб и е до епидермисот. Под епидермисот се наоѓа хиподермис
изграден од кл со етерично масло. Потоа следува еднодермис или еднодерм кој го дели
тесното дрво од кората. Во тесното дрво се наоѓаат спроводни елементи од типот на радијално
спроводно снопче односно трахеи. Епидермисот може да биде изграден и од папила.

Макроскопија на сладок анасон- треесто растение со кончести листови и ѓолти


цветови, и темнокафеав шизокрап како плод. Има аперитивно, антисептично, карминативно и
експектронатно дејтво. Се користи ппри дигестивни нарушуввања, како галатакогог, при очни
болести, за регуулација на стомачна функција , намален аптетит, колитис, мрзлив стомак и
слично. Содржи етерично и масно масло, танини, терпени, флавоноиди, кумарини и др. А
маслото содржи анетол и фенхон.

Микроскопија- како дрога се користи темнокафеав плод исушен и зрел. На напречен пресек се
забележуа егзо и еднокарп и мезокарп. Егзокарпот е изграден од безбојни полигонални
клетки. Мезокарпот од паренхимски клетки и содржи 6 шизигени канали со етерилно масло од
кои 2 се на рамната страна на мезокарпот а 4 се во браздите. Под ребрата се наоѓаат
спроводни снопчиња-ксилем и флоем кои се обиколени со механични елементи и издолжени
паренхимски клетки. Ендокарпот е сраснат за семеновата обвивка и е изграден од кл со масно
масло, трузи од калиум оксалат и алеоронски зрна.
Макроскопија на херба од тимјан-ароматична тревеста грмушка со ситни ливчиња и
светло розови цветови. Има антисептично, експекторанто и бронхоспазмолитично дејство. Се
користи при настинка, бронхит, како аперитив, карминатив, детски црви, диуретик, уринарен
антисептик и др. Содржи танини, флавоноиди, фенолни хетерозиди, терпени и етерично
масло, а маслото содржи тимол и карвакрол кои се феноли.

Микросскопија-на напречен пресек на листот долж главниот нерв се забележува горен и


долен епидермис и мезофил. Горниот епидермис е изграден од стоми, кончести влакна со
брадивичеста кутикула и со здебелени надворешни мембрани, додека долниот епидермис е
изгграден ос коленести влакна и жлезди со етерично масло вдлабнаати во епидермисот.
Мезофилот е изграден од сунѓерест и палисаден паренхим. Палисадниот паренхим е израден
од 2 реда густо збиени клетки, а под него се наоѓа густ сунѓерест паренхим. Спроводното
снопче е обвиткано со лиќини влакна.

Макроскопија на мајчина душица-тревесто растение со подлегнато стебло. Со


листови малку поголеми од оние на тимјанот и со бели или розови цветови. Има
антисептично, експектронатно и бронхоспазмолитично дејство. Се користи при болести на
горни дишни патишта, ревма, како ароматик, карминатив, стомахик, антихемилинтик и сл.

Микроскопија- дрига е исушен лист од маајчина душица. На напрелен пресек долж главниот
нерв се забележува иста структура како кај тимјанот со таа разлика што тука имаме и
повеќеклеточни механичко влаакна .

Прашокот од мајчина душица има зелена боја и се идентификува по дел од епидермисот со


жлездените влакна, кончестите и коленестите валкна како и со повеќекл механички влакна.

You might also like