You are on page 1of 3

Калциум

Калциумот е еден од најважните макроелементи, неопходен за нормален раст на коските, за


формирање на заби, нокти и коса и за нормално функционирање на срцевиот мускул. Главни
извори на калциум се млечните производи. Калциумот е особено битен кај децата, а при негов
недостаток се јавуват разни патолошки состојби. При негов недостаток се препишува калциум
глуконат. Препорачана дневна доза е 800-2000мг.

Калциум глуконат

Калциум глуконатот претставува калциумова сол на глуконска киселина, во форма на бел


прашок. Се користи за регулација на метаболизмот на калциум и фосфор во организмот, за
пренесување на нервните импулси и нормална работа на срцевиот мускул, ги зајакнува
ѕидовите на крвните садови , и е неопходен за згртчување на крвта. Се произведува во облик
на таблети за џвакање, прашок и како инекционен раствор. Негов недостаток доведува до
нарушување на заштитните функции на организмот.

ИНДИКАЦИИ

 рахитис кај деца(недостаток на витамин Д)


 хипоаратериоза(недостаток на паратироиден хормон)
 зголемена потреба на калциум(при бременост, доење и адолесценција)
 белодробна туберколоза
 фракура на коските
 нарушен метаболизам на калциум
 крвавење
 чести алергии
 оштетување на хепарот

 зголемено излачување на калциум поради долготрајно користење на некои лекови и сл.

КАЛЦИУМ ГЛУКОНАТ И АЛЕРГИИТЕ

Калциум глуконатот има способност да го намали производството на хистамин кој е одговорен за појава на
алергиска реакција. Недостатокот на калциумот може да доведе до абнормални реакции на имунолошкиот
систем во текот на алергијата. Ефикасен е при уртикарија, ангиоедем, дерматитис и при чешање на кожата.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

 хиперкоагулација
 хиперкалцурија
 васкуларна артериосклероза
 хиперкалцемија
 тешка бубрежна инсуфициенција
 саркоидоза и сл.

НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ
Долготрајно или постојано користење на калциум глуконат доведува до

 Констипација
 Повраќање и мачнина, губење на свеста
 Мускулна слабост
 Појава на камења во бубрегот
 Зголемен замор и раздразливост
 Ментални пореметувања
 Полиурија
 Артериска хипертензија
 Хиперкалцемија
 Брадикардија

Магнезиум
Магнезиумот заедно со калиумот, калциумот и натриумот се основните елементи неопходни за
правилно функционирање на организмот на човекот. Нашето тело не го произведува овој
важен минерал. Поради тоа, потребно е секојдневно да се конзумира храна, богата со
магнезиум.

УЛОГАТА НА МАГНЕЗИУМОТ ВО ОРГАНИЗМОТ


Магнезиумот игра важна улога во работата на кардиоваскуларниот систем, нервниот систем,
мускулите, бубрезите, црниот дроб, жлездите што лачат хормони и мозокот. Учествува во
минерализација на коските, во регулација на крвниот притисок и срцевиот ритам, во
регулирањето на мускулните контракции и при преносот на нервни сигнали. Тој се апсорбира
преку цревата и потоа со помош на крвта се транспортира до клетките и органите, каде што се
складира.
Денес научниците веруваат дека магнезиумот помага во превенцијата и лекувањето на многу
болести како астма, аутизам, срцеви заболувања, епилепсија, ХИВ/Сида, мултиплекс склероза,
ПМС и лупус.

СИМПТОМИ ПРИ НЕДОСТИГ НА МАГНЕЗИУМ


Магнезиумот учествува во различни реакции и функции на организмот. Две третини или 60% од
магнезиумот во телото се наоѓа во коските, 35% во срцевиот мускул и скелетните мускули, а
остатокот во бубрезите, црниот дроб и мозокот. Поради тоа, симптомите при недостиг на
магнезиум се најразлични. Најчести симптоми се:
 Слабост или грчеви во мускулите;
 Аритмија или забрзано отчукување на срцето;
 Главоболка;
 Висок крвен притисок;
 Покачување на телесната тежина;
 Депресија;
 Мачнина;
 Недостаток на апетит.

ПРИЧИНИ ЗА ПОЈАВА НА НЕДОСТАТОК НА МААГНЕЗИУМ

Недостатоците од магнезиум можат да се појават во текот на растењето и развојот на децата, за


време на бременоста, при интензивен стрес, при повраќање, дијареа и хронични заболувања на
бубрезите, при внесување на масна храна, прекумерно конзумирање на млечни производи, итн.
Недостатокот на магнезиум може да се утврди преку анализа на крвта. Неконтролираното
консумирање на магнезиум во формата на апчиња или како додаток во исхраната може да
доведе до предозирање. При предозирање со магнезиум симптомите се: дијареја, малаксаност
и поспаност. За да се избегне ова не треба да се користи магнезиум надвор од исхраната
освен ако не е пропишено од лекар.

ИЗВОРИ НА МАГНЕЗИУМ

Консумирањето на сончоглед, соја, ореви, семки од тиква, грав, леќа или интегрален леб,
јаткасти плодови, зелена салата, морска риба, банани и чоколадо го покачува нивото на
магнезиум во организмот.

Флуор
Флуорот е природен елемент кој ги зајакнува забите и го спречува нивното расипување.
Природно се наоѓа во месо, риба ,јајца, чаеви, а со мали количини е присутен и во водата.
Пастите за заби, течностите за плакнење на уста содржат флуор. Флуорот ги зајакнува забите
така што ја забрзува деминерализацијата и спречува бакериите да создаваат киселина, и
учествува во борбата против кариес
Најважни соедниненија се флуорводород, флуороводородна киселина и нејзини соли.

Флуороводородната киселина е киселина која го нагризува стаклото, кермиката и некои


метали, има надрзанителен мирис. Може да предизвика тешки изгореници на кожата, очите и
на слузницата.

Натриум флуорид се користи во пастите за заби против расипување на забите.

You might also like