You are on page 1of 5

Кислород

Кислородот во слободна состојба се наоѓа во атмосферата, а во врзана состојба во водата,


карбонатите, сулфатите, силикатите како и во др соединенија. Влегува во состав на живите
организми и е неопходен при дишењето.

Простата супстанца образувана од двоатомски О2 молекули се нарекува кислород или


дикислород, а онаа која е образувана од триатомски кислородни молекули- О3 се нарекува
озон или трикислород.

Кислород- гас без боја и мирис. Може да се втечни или за се претвори во цврста супстанца и
овие форми се бледосини. Ср добива со пиролиза(термилко разлагање) на пероксиди и
оксиди или со разлагање на соли богати со кислород.

Главен начин на лабораториско добивање е со термичко разложување на калиум хлорат во


присуство на манган оксид како катализатор или со пиролиза на калиум перманганат, на некои
оксиди и пероксиди( HgO, Ag2O, H2O2, BaO2).

Индустриски се добива од атмосферскиот воздух кој прво се прочистува а потоа се втечнува.


Од течниот воздух со фракциона дестилација се одвојува азот, а во садот за дестилација
остануа кислородот. Може да се добие и со електролиза на водата.

Употреба на кислород- се транспортира во челични цилиндри под висок притисок. Се користат


во медицината за олеснување на дишењето при операции и потешки повреди. Во црната
металургија, при производство на челик за оксидирање на СО2 кој заостанува во суровото
железо по редукцијата на железната руда.

Хем. Својства- оксидационо средство кое не гори, но го помага горењето, при што се
образуваат оксиди, а при горење на алкални и земноалкални метали се образуваат пероксиди
и супероксиди.

Озон- бледосин гас со каратеристична миризба. Течниот е темносин, а цвртиот


темновиолетов. Тие се нестабилни. Лаб се добива од кислородт во уреди-озонатори.

Се создава при грмотевици и во мали концентрации делува освежително, а при големи


предизвикувва главоболка и е токсичен.

Кислородот образува соед вода и водород пероксид, како и оксиди со некои метали. Оксидите
може да се добијат директно со реакција на одреден елемент со кислород.

Елементи од 16та група

Тука спаѓаат кислород, сулфур, селен, телур и полониум. Единствено кислородот е гас и е
почест од другите елементи. Се нарекуваат халогени бидејќи рудите или содржат кислородт
или сулфур, или пак и двата елементи. Селенот и телурот се наоѓаат во руди кои содржат
сулфур и се добиваат како спореден продукт нод нивна преработка. Полониумот го има во
рудите на ураниумот и ториумот.
Електронегативноста опаѓа со растење на атомскиот број. О2 и S се неметали, селенот и
телурот се семиметали, а полониумот е радиокативен метал. Густината, темп на топење и на
вриење растат одејќи одозгора надолу. Сивиот селен е фотоспроводник односно пренесува
електричество. За оваа гр е карактеристично постоењето на алотропски
модификации( дикислород, озон, моноцикличен и ромбоичен сулфур и црввен и сив селен).

Хем својства-имаат 6 валентни електрони и тоа 2 во ns орбиталлата и 2 во np орбиталите. За 4


електрони да се сметсат во трите np орбитали треба една од нив да е целосно пополнета а
двете да се полуполни. При ваква конфикгурација полесно е да се примат отколку да се
оддаваат. Можат да бидат примени најмону 2 електрони и притоа се образуваат две
ковалентни врски, а оксидациониот број на елементите ке биде -2.

Кај поелектронегативните елементи, електроните делумно и се оддаваат и се образуваат


ковалентно сврзани соед со позитивен оксидационен број.

Кислородот има позитивен оксидационен број само во соед со флуор. И тој има најголем број
на соед бидејќи ги образува речиси со секој елемент. Голем број соед има и сулфурот.

Сееленот е сличен на сулфурит особено во соед кои имаат оксидационен број +6. Во соед кои
имаат оксидационен број +4 селенот е посличен со телурот.

Халогените елементи со водород образуваат бинарни соед односно хидриди, во чиј што состав
влегува само водород и соодветниот халоген елемент. Имаат општа формила H2E(H2O2, соед
на сулфур со состав кој се движи од H2S2 до H2S6, H2Te и сл.)

Водата е течна бидејки молекулите се заедно поради водородните атоми меѓу нив, а другите
се отровни гасови со непријатна миризба, најотровен е Н2Те.

Овие елементи се врзуваат за метали и градат сулфиди, дисулфиди и полисулфиди односно


оксиди, пероксиди и супероксиди, а може и дриектно да се соединат за халогените елементи.

При горење на сулфурот, телурот и селенот се образуваат диоксиди. Сулфур диоксидот е гас, а
селен и телурот сулфит се цврсти. Можат да формираат и триоксиди.

P-елементи

Го заземаат десниот дел од периодниот систем и тука спаѓаат елементите од петте групи кои
се означуваат како 13, 14, 15, 16, 17, 18.

Во п-елементите влекуваат сите неметали освен водородот, сите семиметали како и некои
метали(сребро, ослово или калај). Кај сите p-елементи се пополнети ns-орбиталите, а бројот на
np-електроните е за два помал од бројот на групата односно p-елементите може да бидат
p1,p2,p3,p4,p5,p6 елементи.
Елементи од 2 група

Наречени се земноалкали и тие се редукциски средства. На воздух оксидираат при што


берилирум и магнезиум се покриваат ссо тенок слој оксид кој го штити металот од натамошна
оксидација. Можат да горат во воздух и образуваат оксиди со формула МО, а во некои случаи
и пероксиди. Калциумот и др земноалкални метали со поголем атомски број рреагираат со
вода, магнезиумот на обична температура реагира бавно, а берилиумот не реагира со вода.

Базниот карактер на хидроксидите на овие метали расте одејки од берилиумит кон


бариумиот. Хидроксидот на Ве е амфотерен, не е хидросолубилен но се раствара во киселини
и бази но во водни р-р е силна база, а самиот Ве се раствора во силни бази. Калциум,
стронциум и бариумит реагира со халогени елементи, водород и неметали. Оксидите нa Ca,
Sr, Ba, Ra се хидросолубилни и образуваат хидроксиди.

Берилиум оксидот е нерастворлив во вода, а магнезиум оксидот бавно реагира со водата. При
растварање на пероксидите во вода се добива соодветен хидроксид и водород пероксид.

Од земноалкалните елементи во природата се наоѓаат калциумот и магнезиумот.

Најважни минерали на берилиумот е берилот, на магнезиумот се магнезитот,


доломитот(карбонат на калциум и магнезиум), карналитот и талк, од минералите на
стронциумот – стронцијанитот и целестинот.

Минералот на бариум со карбонат се нарекува витерин, а со сулфурот барит. Бариум сулфатот


се користи во производство на гуми и хартија, а пред рендгенските снимски се пие каша од
бариум сулфат.

Азбестот е минерал кој содржи магнезиум, значајни се и сулфатите на магнезиум(монохидрат-


кизерит, а хептахидратот-епсомит). Растворливите соли на магнезиум ги има и во морската
вода и е носител на горчливиот вкус. Магнезиумот е метал кој се легира и се користи во облик
на легури. Тие се лесни и отпорни на корозија. На пример легурите на алуминиумот во кој има
додадено мала количина на магнезиум се корсити во производство на авиони. Магнезиумот
оксидот има висока тоцка на топење и се користи во производство на огненоотпотни
материјали, како пургатив и лаксантив под името горчлива сол.

Стаклата кои содржат стронциум се користат за изработка на телевизиски екрани. Солите на


стронциумот и бариумот се користат и во производство на притехниката(црвени и зелени
ракети и бенгалски огнови).

Елементи од 1 група

Со исклучок на водородот, овие елементи се алкални метали и се среќаваат во слободна


состојба и имаат силни редукциски својства. Редукцијата е одземање на кислород од неговите
соед или сврзување со водород. Водородот се наоѓа во слободна состојба но како двоатомски
молекул Н2, во кои хемиски се сврзани два едноимени атоми од елементот. Поради
редукциските својства алкалните метали на воздух оксидираат при што рубидиумот и
цезиумот се самозапалуваат. Сите алкални метали горат во воздух и се врзуваат за кислородот
образувајки оксиди и пероксиди, а при горењето на К, Rb и Cѕ се образуваат и супероксиди,
додека при горењето на водород како краен продукт се добива оксид кој се нарекува вода.

Сите алкални метали реагираат со вода при што даваат раствори со соодветен хидроксид(кои
се силни бази) ослободувајќи гасовит водород.

Алкалните метали реагираат со вородот, халогени елементи и др неметали.

Калциум

Го нема слободен во природата туку во минерали и карпи. Тој е еден од најзастепените


елементи во Земјината кора. Некои плнински масиви се образувани од калциум
карбонат(варовник), др се образувани од доломит. Коларните гребени, мермерот, како и
пештерските украси( сталактитите и сталагмитите) се образувани од калциум карбонат.
Чистиот калциум карбонат ссе среќава како два минерала – арагонит и калцит. Гипсот
всушност претставува калциум сулфат дихидрат.

Од фосфатните минерали на калциумот најважни се апатитите кои влегуваат во состав на


коските и забите и во производството на вештачки ѓубрива. Калциумот исто така се среќава и
во силикатните минерали.

Порано чистиот калциум се добил со електролиза на навлажен калциум хидроксид, а се


употребува живина катода. Денес се добива со електролиза на растоп од калциум хлорид или
со редукција на калциум оксид со алуминиум и како краен продукт се добива трикалциум
алуминат. Исто така може да се добие и од калциум хлорид со редукција со натриум.

Својства- сребренестобел метал кој се чува под петролетер. Тој е мек, но потврд од
калиумот.Се топи на висока температура и ина истата температура и врие. Помалку
реакционен од калиумот. На воздух оксидира, при горење образува калциум оксид. Бурно
реагира со вода и дава калциум хидросид и водород.

При загревање реагираат со халогени елементи при што образува сол, со сулфур, водород, со
азот при што образуват цитрид, и со силициум образува силициди.

Технички чистиот калциум оксидот или негасена вар се добива со пиролиза односно со печење
на варовник.

Чистиот оксид претставува бела цврста супс тешко топлива. Се добива со пиролиза на чсит
калциум карбонат.
Местото на елемнтите во периодниот систем s-елементите

Подредувањето на елементите во периодниот систем се врши според зголемувањето на


атомскиот број елементот односно според бројот на протони во атомското јадро. Значи
својствата на елементите се во периодична зависност од нивниот атомски бро(реден број). Во
периодниот систем како елемент е претставен со знакот(симболот), атомскиот број и
релативната атомска маса. Периодниот систем на елементите се состои од 7 хоризонтални
редови и 18 вертикални групи. Во која група се наоќаат елементите толку електронски слоеви
имаат. Елементите од 1 група имаат 1 електрон во последниот слој. Елементите од втората
група имаат 2 електрони о последниот слој. Елементите од 13, 14, 15, 16, 17 и 18 група имаат
електрони во последниот слој бројот на групата минус 10. Елементите се поделени во 4 класи
S, P, D, и F елементи. Првата и втората група се Ѕ елементи. 13,14,15,16,17,18 група се Р
елементи . 3,4,5,6,7,8,9,10,11, и 12 се D елементи. Аксионидите и Лантаноидите се F елементи.
Во Ѕ елементите спаѓаат оние ции валентни електрони се наоѓаат во ѕ-орбитаата со тоа што
вклучувањето на водородот тука е помалку условно(бидејки не е метал), а хелиумот (наспроти
својата електронска конфугурација) обичнно не се смета за ѕ-елемент. Елементите од 1 група
имаат 1 електрон во ѕ-орбиталата или с1, а од втората група имаат 2 електрони во ѕ-орбиталата
ѕ2, со исклучок на водородот.

Својства

Елементите од 1 и 2 група се типични метали. Водородот е гас, сите други се во цврста


состојба, некои се многу лено топливи. Точката на топење на алкалните метали е значително
пониска од онаа на земноалкалните. Алкалните и земноалкалните метали имаат метален
изглед, меки се со исклучок на берилумит. Спорите на поголемиот дел од овие метали го
обојуваат безбојниот пламен. Радиумот и франциумот се радиоактивни. Ѕ-елементите ги
оддаваат своите електрони од највисоката ѕ-орбитала и поминуваат од прва група во 1+
(катјон) и втора група 2-(катјон).

You might also like