You are on page 1of 21

S - ЕЛЕМЕНТИ

Изготвил:
Проф. Даниела Стојановска Пановска
Електронска конфигурација и местото на
s – елементите во периодниот систем

 Во s – елементи спаѓаат елементите чии валентни


електрони во највисокото енергетско ниво ја
пополнуваат s – орбиталата.
 Бидејќи во s - орбиталата може да има еден или
најмногу 2 валентни електрони, последниот
електронски слој на овие елементи може да има
електронскa конфигурација ns1 и ns2, значи:
 Во ѕ – елементи спаѓаат оние елементи чија
електронска конфигурација е:

ns1 и ns2
Електронска конфигурација и местото на
s – елементите во периодниот систем

 Овие елементи се сместени во првите две групи од


периодниот систем.
 Оние елементи кои имаат електронска конфигурација
ns1 спаѓаат во IA група, се нарекуваат - алкални
метали (Li, Na, K, Rb, Cs и Fr).
 Елементите кои имаат електронск конфигурација ns2
спаѓаат во IIA група , се нарекуваат – земноалкални
метали ( Be, Mg, Ca, Sr, Ba и Ra).

 Водородот (H) спаѓа во ѕ – елементи, но НЕ Е МЕТАЛ!!!


Електронска конфигурација и местото на
s – елементите во периодниот систем

Електронска конфигурација на ns1 елементи

 Li: [He] 2s1


 Na: [Ne] 3s1
 K: [Ar] 4s1
 Rb:[Kr] 5s1
 Cs: [Xe] 6s1
 Fr: [Rn] 7s1
Заеднички својства на s1 и s2 елементите

 Сите ѕ- елементи имаат мали вредности за првата


енергија на јонизација и за електронегативноста.
 Овие вредности се намалуваат во рамките на една
група со зголемување на редниот број на елементот.
 Земноалкалните метали во споредба со алкалните
метали од истата периода имаат малку поголеми
вредности за електронегативноста и првата енергија
на јонизација. Поради ова атомите на металите лесно
оддаваат електрони и преминуваат во катјони и тоа :
 Алкалните метали со оддавање на 1 електрон
преминуваат во М+ а земноалкланите метали со
оддавање на 2 електрона, преминуваат во М2+ јони.
Физички својства
Физички својства

 На собна температура се во цврста агрегатна состојба.


 Алкалните метали имаат ниски температури на
топење - доста пониски во споредба од
земноалкалните ;
 Мала густина и мала тврдина , може да се сечат со
нож;
 Li, Na и K се полесни од водата
 Имаат сребренобела боја, освен рубидиум кој е со
златножолта боја.
 Земноалкалните метали имаат исто така
сребренобела боја и се многу меки со исклучок на
берилиум, кој е доста тврд.
Хемиски својства

 Поради ниските вредности на енергијата на


јонизација и електронегативност, лесно оддаваат
електрони, при што се оксидираат и при тоа
поминуваат во соодветни катјони (М+ и М2+ јони) при
што градат соединенија кои се јонски врзани.
 Тие се силни редуктори и се многу реактивни;
 Во споредба со земноалкалните метали од иста
периода, алкалните метали покажуваат поголема
реактивност;.реактивноста се зголемува со растење
на редниот број;
 Реагираат со кислород и градат оксиди, а некои и
пероксиди
 Растворите на нивните оксиди се силни бази
Хемиски својства
 Поради лесното оддавање на електрони тие преставуваат силни
редукциони средства и се одликуваат со голема хемиск реактивност,
која се зголемува од Li кон Fr.
 Fr е елемент со најмала електронегативност и енергија на јонизација
т.е тој е најизразен метал.
 Поради големата реактивност не постојат во елементарна состојба и
поради тоа се чуваат во петролеј или друг инертен растворувач.

Reakcija na kalium so voda


Соединенија на алкалните метали

 Алкалните метали со кислородот градат оксиди од типот М2О, а некои


градат и пероксиди со општа формула М2О2.
Литиум запален на воздух гради оксид Li2О ,натриумот гради пероксид
Na2О2, а калиум, рубидиум и цезиум запалени на воздух градат
супероксиди, со општа формула МО2 .

4Li + O2 = 2Li2O литиум оксид


2Na + O2 = 2 Na2O2 натриум пероксид
M+O2 = MO2 супер оксид
(M= K, Rb, Cs)
 Oксидите на алкалните метали имаат силно базен карактер и со водата
градат бази или хидроксиди.

Na2O + H2O = 2NaOH


Соединенија на алкалните метали
 Овие метали се најсилни редуктори и маат способност да го
редуцираат водородот, не само од киселините туку и од водата. Па
затоа бурно реагираат со водата и градат хидроксиди, при што се
ослободува водород. Хемиската реакција е егзотермна за сите
елементи од групата

2M(s) + 2H2O(l) = 2MOH(aq) + H2(g)


 Добиените хидроксиди во вода се однесуваат како силни бази.
 Сите алкални метали директно се сврзуваат со неметали, како
водород, сулфур, азот и др.

 2M(s) + 2H2(g) = 2MH(s)


 Во овие соединенија водородот се наоѓа во оксидационен
број (-1) и овие соединенија се познати под името хидриди.
Тие се јонски соединенија а водородниот анјон се нарекува
хидриден јон.
Соединенија на алкалните метали
•Алкалните метали со киселините градат соли кои главно се
растворливи во вода, со мал исклучок на некои соли.

•При реакција со халогени елементи , бурно реагираат и градат


соединенија наречени халогениди, кои се растворливи во вода.
Само литиум хлорид има помала растворливост во вода.

X = F, Cl, Br, I

2M(s) + X2(g) = 2MX(s)


Соединенија на алкалните метали
 Solite na alkalnite metali vneseni vo plamenot na bunzenoviot gorilnik
go bojat plamenot so karakteristi~na boja, zaradi elektronskite premini na
atomite na alkalnite elementi.

Li Na K Rb Cs
Соединенија на земноалкални
метали
•Не се наоѓаат во слободна состојба, туку само во сврзана и во форма на
минерали како на пр: 3BeO•Al2O3•6SiO2 берил, MgCO3 магнезит и
CaCO3 • MgCO3 доломит.

•Сите земноалклани метали на воздух градат оксид од типот МО

M+O2 = MO

Оксидите се слабо растворливи во вода, а при растворување во вода


градат хидроксиди со базен карактер, со исклучок на берилиум кој има
амфотерен карактер.

MО + H2O = M(OH)2

Земноалакланите метали реагираат со вода и градат хидроксиди, при што


се ослободува водород. За разлика од алкалните метали, не реагираат
толку бурно со водата.

M + H2O = M(OH)2 + H2
Соединенија на земноалкални
метали
• Реагираат со водород, а реагираат и со сулфур, азот и др хемиски
елементи, при што градат хидриди, сулфиди, нитриди и др.

M +H2 = 2MH

•При реакција со халогени елементи , бурно реагираат ( со исклучок на


берилиум) и градат соединенија наречени халогениди, кои се растворливи
во вода.
Само берилиум хлорид има помала растворливост во вода.
Соединенија на земноалкални
метали
•Овие метали реагираат и со киселини, при што образуваат соли. За разлика
од солите на алакланите метали (кои се растворливи во вода), овие соли се
нерастворливи во вода. Солите на алкалните метали внесени во пламенот
на бунзеновиот горилник го бојат пламенот со карактеристична боја,
заради електронските премини на атомите на алкалните елементи.
Калциум – наоѓање и добивање

Тој е еден од најраспространетите елементи во


земјината кора исклучиво во сврзанат форма и тоа
најчесто како карбонат, сулфат, сулфат идр.

Минерали на калциум
•CaCO3 - варовник, мермер, калцит
•CaCO3 • MgCO3 - доломит
•CaSO4 • 2H2 O - гипс
•Cа3 (PO4) 3 - фосфорит

•Постојат повеќе постапки за добивање на


калциум, но најчест начин за добивање е со
електролиза на растоп од калциум хлорид.
Својства на калциум
•Калциумот е сребренобел, сјаен и мек метал
•Оддава 2 електрона, се оксидира и преставува редукционо средство.
•На воздух бавно реагира со кислород, водород, сулфур, азот и со халогените
елементи. При загревање реакциите се побурни.
•Запален гори со сјаен пламен, формираајќи калциум оксид.
•Со вода реагира бавно, при што се ослободува водород и се добива слабо
растворлив калциум хидроксид
Соединенија на калциум
Калциум оксид и калциум хидроксид

Со печење на варовник без присуство на воздух, во специјални печки се


добива калциум оксид (CaO) или негасена вар.

CaCO3 (s) → CaO(s) + CO2(g)


негасена вар

Овој оксид е базен оксид и бурно реагира со водата при што образува
хидроксид или гасена вар при што се ослободува големо количество на
топлина.

CaO(s) + H2O → Ca(OH)2

Гасената вар слабо се растворува во вода,а добиениот раствор реагира


базно и се вика варна вода. Со стоење на воздух варната вода се заматува
под дејство на јаглерод диоксид, кој се наоѓа во воздухот. Стврднувањето
на малтерот се должи токму на оваа реакција.

Ca(OH)2 + CO2 (g) → CaCO3 (s) + H2O


Соединенија на калциум
Калциум карбонат (CaCO3 )и калциум хидрогенкарбонат Ca(HCO3 )

•Калциум карбонат го има во природата во огромни количини во форма


на различни минерали.

•Во вода е нерастворлив, но ако водата содржи растворен јаглерод


диоксид , тогаш карбонатот преминува во растворливо соединение
хидрогенкарбонат.

•Со подолго стоење, од калциум хидрогенкарбонат се издвојуваат CO2


и H2O и повторно се добива калциум карбонат. На ваков начин при бавно
течење на овој процес во природата се формираат пештерски украси
наречени сталактити и сталагмити.

CaCO3 (s) + H2O (l) + CO2(g) → Ca(HCO3)2(aq)

Ca(HCO3)2(aq) → CaCO3 (s) + H2O (l) + CO2(g)

• Присуството на хидрогенкарбонатите на калциум и магнезиумот, заедно


со некои други соли во водата, ја предизвикуваат бигорливоста на
водата.
Соединенија на калциум

Калциум сулфат CaSO4

Во природата ова соединение се среќава во минералите:


CaSO4 • 2H2O – гипс и CaSO4 - анхидрит.
Со загревање гипсот може да помине во хемихидрат CaSO4 • 0,5H2O, при
што му се менуваат и својствата. Овој може да прими вода и повторно да
помине во дихидрат:

CaCO4 • 0,5H2O + 3H2O → CaCO4 • 2H2O

You might also like