You are on page 1of 18

КОВАЛЕНТНА ВРСКА

1. Поим за ковалентна врска


• Според електронската теорија на Луис, хемиската врска
меѓу атомите зависи од електронската конфигурација на
атомите, која се базира врз:
- стабилната електронска конфигурација на
надворешниот (валентен) електронски слој на
благородните гасови (2 кај He – 1s2 и 8 кај
останатите ns2np6).
- атомите на другите елементи кои имаат помалку
од 8 валентни електрони, се стремат да ја
постигнат стабилната електронска конфигурација
на благородните гасови како енергетски
најстабилна состојба
- aтомите тоа можат да го постигнат при хемиски
реакции на два начини
а) со испуштање или примање на електрони од еден на
друг атом – ЈОНСКА ВРСКА
б) со создавање на заеднички електронски пар меѓу
атомите што се сврзуваат – КОВАЛЕНТНА ВРСКА
Хемиската врска која настанува помеѓу атомите од
ист вид (пр: H2, Cl2, O2, N2, и т.н.), како и меѓу атомите
на неметалите (пр: HCl, H2O, NH3, и сл.) претставува
ковалентна врска.
Хемиската врска која настанува како последица на
настанување на заеднички електронски пар се вика
ковалентна врска
Ковалентната врска може да биде
• единечна
• двојна
• тројна
2. Единечна ковалентна врска
• Образување на молекула на водород H2
со помош на Луисови симболи
H + H H H H - H H 2
• Двата атоми на водород имаат по еден валентен
електрон што го даваат за образување на заеднички
електронски пар, кој при движење околу јадрата
истовремено му припаѓа и на едниот и на другиот атом.
Притоа и двата атоми на водородот ја постигнуваат
електронската конфигурација на благородниот гас He,
односно постигнуваат стабилна електронска
конфигурација со целосно пополнет слој (во случајов К
слојот)

Задача 1.
Со помош на Луисови симболи претстави ја
ковалентната врска која настанува помеѓу атомите на
хлор.
C l + C l C l C l C l - C l C l2

• Двата атоми на хлор имаат по седум валентни


електрони, при што даваат по еден неспарен електрон и
создаваат еден заеднички електронски пар – единечна
ковалентна врска. Овој електронски пар истовремено е
дел од електронската конфигурација и на двата атоми,
при што и двата атоми ја добиваат стабилната
електронска конфигурација (октет) на благороднит гас
аргон – Аr.
Врската која настанува помеѓу
два атоми со создавање на еден
заеднички електронски пар се
вика единечна ковалентна врска
3. Двојна ковалентна врска
• Создавање на молекула на кислород
со помош на Луисови симболи

O + O O O O = O O 2

Секој атом на кислород има по шест валентни


електрони од кои по два се неспарени. За да се
постигне стабилна електронска конфигурација на
благороден гас (Ne) се создаваат два заеднички
електронски парови кои истовремено ќе им припаѓаат и
на двата атоми.
Врската која се образува помеѓу
два атоми со создавање на два
електронски пара се вика двојна
ковалентна врска
Секој електронски пар може да се запише со
цртичка „ - “, а секој цртичка означува врска.

Во случај на двојна врска, се создаваат два


електронски пара па за секој пар по една цртичка
или вкупно две „=“ или двојна врска
4. Тројна врска
• Образување на молекула на азот
со помош на Луисови симболи

N + N N N N N N 2

Секој атом на азот има по пет валентни електрони од


кои три се неспарени. Со овие електрони (неспарени)
двата атоми учествуваат во создавањето на три
заеднички електронски парови, кои истовремено
припаѓаат и на двата атоми и со тоа ја постигнуваат
стабилната електронска конфигурација на благородниот
гас (Ne)
Врската која се образува помеѓу два
атоми со создавање на три заеднички
електронски парови се вика тројна
ковалентна врска

Заедничките електронски парови кои учествуваат во


образувањето на ковалентната врска се ПОДЕЛЕНИ
електронски парови, а останатите се НЕПОДЕЛЕНИ.
Така, во молекулата на:
H2 секој атом на водород има еден поделен електронски
пар, а неподелени нема;
О2 секој атом на кислород има два поделени електронски
парови и по два неподелени електронски парови; и т. н.
5. Ковалентна врска помеѓу атоми на
различни елементи
а) Образување на молекула на HCl
со помош на Луисови симболи

H + C l H C l H - C l H C l
Атомот на водородот и атомот на хлор даваат по еден
електрон и создаваат еден заеднички електронски пар
(единечна ковалентна врска). Овој заеднички
електронски пар истовремено им припаѓа на
електронските обвивки на двата атома и со тоа и двата
атоми ја обезбедуваат стабилната електронска
конфигурација на благородните гасови (He за водородот
и Ar за хлорот)

На сличен начин водородот се сврзува и со атомите на


елементите од 17 група во периодниот систем (F, Br, I)
б) Образување на молекула на вода H2O
со помош ма Луисови симболи

H O O H O - H H 2O
+
H H H
Атомот на кислородот има шест валентни електрони од
кои два се неспарени. Со нив учествува во создавањето
на заедничкиот електронски пар со секој од двата атоми
на водородот. При тоа се образуваат две единечни
ковалентни врски. При движењето на електроните, овие
заеднички парови ја обезбедуваат стабилната
електронска конфигурација на благородниот гас He за
водородот, односно Ne за кислородот.

На сличен начин како со кислородот, водородот се


сврзува и со атомите на другите елементи од 16 група
во периодниот систем, при што образува молекули на
H2S, H2Se, H2Te и сл.
в) Образување на молекула на амонијак NH3
Со помош на Луисови симболи
H
H N H H - N - H N H
H + N 3

H H H
Атомот на азотот има пет валентни електрони, од кои
три се неспарени и учествуваат во образувањето на три
заеднички електронски парови со секој електрон од
трите водородни атоми (вкупно три единечни
ковалентни врски), При движењето на електроните,
овие три заеднички парови обезбедуваат стабилна
електронска конфигурација на благородниот гас Ne – за
азотот и He – за водородите.

Слично на азотот, и другите елементи од 15 група од


периодниот систем (P, As, Sb) се сврзуваат со водородот
и образуваат соодветни молекули
г) Образување на молекула на CO2
со помош на Луисови симболи

O + C + O O C O O = C = O C O 2

Атомот на јаглеродот учествува со сите четири


валентни електрони во создавањето на две двојни
ковалентни врски со кои се сврзува со по еден атом на
кислородот. При движење на електроните, се
обезбедува стабилна електронска конфигурација на Ne
и за јаглеродот и за кислородот.

You might also like