You are on page 1of 3

ЗАДАЧИ ОД ЕЛЕКТРИЧНА СТРУЈА

1. Колкав број на електрони поминуваат низ влакното на светилка за време t = 1 h,


ако јачината на струјата е I = 0,4 A?
2. Да се пресмета напонот на дел од струјното коло што содржи отпорник R = 10 Ω,
ако е познато дека за време t = 5 min низ проводникот протекува количество
електричество Q = 120 C?
3. Да се пресмета јачината на струјата што тече низ проводник, ако за време t = 1 h
низ него протекува количество електричество Q = 1400 C?
4. Колкав е падот на напонот во бакарна жица со должина l=10 m и напречен пресек
s=1 mm2 копга низ неа тече стрија со јачина I=5А. Специфичниот отпор на бакарот
е ρ = 1,78 . 10-8 Ω.m? 5. Одреди ја потенцијалната разлика на краевите од жица со
отпор R = 5 Ω ко низ неа поминува количество електричество Q = 720 C во минута.
5. Колку метри цинкова жица со напречен пресек s=1 mm2 треба да се опотреби за да
направи отпорник со отпор R = 5Ω.
6. Отпорот на волфрамова жица во светилка при температура t1 = 20 0C е R = 35,7 Ω.
Да се определи отпорот на жицата ако температурата на жицата е t2 = 2200 0C.
Температурниот коефициент на електричниот отпор на волфрамот е α = 0,005 К-1.
7. Да се пресмета јачината на струјата што тече низ проводник, ако за време t = 1 h
низ него протекува количество електричество Q = 1400 C?
8. Колкав отпор мора да се поврзе паралелно со отпор R = 12Ω за да се добие отпор
4 Ω.
9. Половите на батеријата со ЕМС ε = 3 V и внатрешен отпор r = 0,5 Ω се поврзани
на краевите на еден отпорник со отпор R = 5,5Ω. Да се одреди напонот на
половите на батеријата?
10. Јачината на струјата во електрично коло е 0,2А. Отпорот на потрошувачот R = 20
Ω, а на изворот r=1Ω.Да се пресмета ЕМС(ε)?
11. Во едно струјно коло е вклучен извор на права струја со ε = 12 V. Надворешниот
електричен отпор изнесува R = 50 Ω, а низ колото тече струја со јачина I = 2 A.
Колку изнесува внатрешниот отпор на изворот?
12. Три електрични отпорници се вклучени паралелно во електрично коло. Колку
изнесува отпорот на отпорникот R1, ако е познато: R2 = 1 kΩ, R3 = 2 kΩ и Rвкупно = 0,5
kΩ?
13. Да се пресмета јачината на електричната струја што тече низ изворот на
електромоторна сила, каде ε = 30 V, r = 0 Ω, во коло прикажано на сликата. R1 = 1
Ω, R2 = 2 Ω, R3 = 3 Ω, R4 = 4 Ω

R3
R1 R2

R4

14. Три отпорника со отпори R1 = 2 Ω, R2 = 5Ω, R3 = 8 Ω се поврзани паралелно и се


споени со извор ε = 40 V.Да се определи јачината на електричната струја што тече
низ секој од отпорниците, ако внатрешниот отпор на изворот е r = 0 Ω?
15. Внатрешен отпор r = 0 Ω, да се пресмета вкупниот отпор?

16. Најдете ги непознатите отпори:

200 Ω
100 Ω 200 Ω
= 350 Ω

R4 = ?

200 Ω
100 Ω R2 = ?
= 350 Ω

200 Ω

17. Три отпорника со отпори R1 = 2 Ω, R2 = 5Ω, R3 = 8 Ω се поврзани паралелно и се


споени со извор ε = 40 V.Да се определи јачината на електричната струја што тече
низ секој од отпорниците, ако внатрешниот отпор на изворот е r = 0 Ω?
18. Eлемент со внатрешен отпор r = 4 Ω и ЕМС ε = 12 V е во електрично коло со
проводник со отпор R = 8Ω. Колкаво количество топлина ќе се извои во
надворешното коло за време t=1s?
19. Колкава работа се врши при течење на струја низ отпорник со отпор R = 10 Ω за
време t=20s, ако на неговите краеви е приложен напон U=12V?

You might also like