You are on page 1of 26

КВАНТНИ БРОЕВИ

И АТОМСКИ
ОРБИТАЛИ

Изготвил:
Проф. Даниела С.Пановска
Квантни
броеви
1. Квантно-механичка теорија за структурата на атомот
 Се базира врз основа на
Три принципи:
• Дуалистичка (двојна) природа на електронот – Louis
de Broglie
електронот во исто време е и честичка
(корпускула) и бран
• Принцип на неопределеност – Хајзенберг
• Квантно енергетско ниво во атомот
 Математички модел за опишување на положбата на
електронот – Ервин Шредингер – со т.н. бранови
функции (Ψ(x,t)) кои се решенија на брановата
равенка на Шредингер кои ја претставуваат
густината на веројатноста на наоѓање на електронот
во положбата х, во моментот t.
2. Квантни броеви
Положбата на електронот при неговото движење
околу јадрото во атомот не може точно да се
определи, туку се определува веројатноста дека
во даден момент тој ќе се најде во определен дел од
просторот околу јадрото.
Делот од просторот околу јадрото во кој е
најголема веројатноста дека се наоѓа
електронот во даден момент се нарекува
атомска орбитала.
Орбиталите се математички функции со чија помош
се определуваат положбата и состојбата на
електронот, т.е. се опишува нивната енергија,
оддалеченост од јадрото, формата на електронскиот
облак како и нивната насоченост во просторот.
Постојат 4 квантни броеви кои се взаемно зависни

1. Главен квантен број (n)

Главниот квантен број го определува


растојанието на определен електронски слој
од јадрото т.е. го определува енергетското
ниво. Колку што е електронот поблиску до
јадрото толку е помала неговата енергија, што
значи и негова поголема стабилност.
Со главниот квантен број се определува
припадноста на електронот кон определено
енергетско ниво (слој)
Главен квантен број се означува со n и прима
вредности за n = 1, 2, 3, …

• Енергетски нивоа во атомот :

n=1 K
n=2 L
n=3 M
n=4 N
n=5 O
n=6 P
n=7 Q
n=8 R
.
.
2. Орбитален (спореден) квантен број (l)

Орбиталниот или спореден квантен број ги покажува


потслоевите во рамките на дадениот електронски
слој, а со самото тоа и неговата енергија.
Прима вредности за l = 0, 1, 2, ..., n-1 (n - главен
квантен број).
Се искажува со косо напишани мали латинични
букви и тоа:
l потслој
0 s
1 p
2 d
3 f
4 g
5 h
За:
n = 1 (K – слој) l = 0 (s - потслој) еден потслој

n = 2 (L – слој) l = 0 (s – потслој)
два потслоја
l = 1 (p – потслој)

n = 3 (M – слој) l = 0 (s – потслој)
l = 1 (p – потслој) три потслоја
l = 2 (d – потслој)

n = 4 (N – слој) l=0
l=1
l=2
l=3
Орбиталниот заедно со
главниот квантен број ја
опишуваат енергетската
состојба на електронот во
атомот
3. Магнетен квантен број (ml)
Магнетниот квантен број ја одразува магнетната состојба
на електронот што потекнува од неговото движење
околу атомското јадро. Го определува бројот и
насоченоста (ориентацијата) на орбиталите во просторот
во присуство на други орбитали во потслојот.
Зависи од орбиталниот квантен број и може да ги има
сите цели бројни вредности што се движат од –l .. 0 .. +l
што значи дека за определена вредност на l можни се
2l+1 вредности за ml
Така за :
n = 1 l = 0 ml = 0 s-потслој; една s- орбитала
n = 2 l = 0 ml = 0

l=1ml = -1, 0, +1 р – потслој, три р – орбитали


(px, py, pz или p-1, p0, p+1 )
n=3 …………..
4. Спински квантен број (ms)
Ја одразува магнетната состојба на електронот што
произлегува од вртењето (ротацијата) на електронот
околу својата оска.
Се бележи со ms и прима две вредности и тоа
+½ и–½
што оговара на насоката на движењето на
електронот и тоа во насока на движење на стрелките
на часовникот и спротивната насока или паралелен и
антипаралелен спин
3. Принцип на Паули
Принцип на исклучување или
Принцип на забрана или
Принцип на Паули
ВО ЕДЕН АТОМ НЕ МОЖАТ ДА
ПОСТОЈАТ ДВА ЕЛЕКТРОНИ СО ЕДНАКВИ
ВРЕДНОСТИ ЗА СИТЕ ЧЕТИРИ КВАНТНИ
БРОЕВИ.
Од овој принцип јасно следува дека ако за два електрона
првите три од четирите квантни броеви се еднакви, тие мора да
се разликуваат по вредноста за четвртиот квантен број. Според
тоа, во една орбитала НЕ МОЖЕ ДА ИМА ПОВЕЌЕ ОД ДВА
ЕЛЕКТРОНИ. Доколку во орбиталата има два електрона, тие
мора да имаат различни вредности за спинскиот квантен број.
Во согласност со принципот на Паули, максималниот
број на електрони што може да ги содржи некое
енергетско ниво, односно електронски слој, се
определува со изразот :
N = 2n 2
каде N е максимален број на електрони во слојот, а n е
главниот квантен број кој го карактеризира соодветниот
слој
K – слој, n = 1 содржи 2 ∙ 12 = 2 електрони
L – слој, n = 2 содржи 2 ∙ 22 = 8 електрони
M- слој, n = 3 содржи 2 ∙ 32 = 18 електрони
N – слој, n = 4 содржи 2 ∙ 42 = 32 електрони

Досега не е познат електронски слој што


содржи повеќе од 32 електрони.
Атомски
орбитали
1. Поим и дефиниција

Def:

Делот од просторот околу


јадрото во кој е најголема
веројатноста дека се наоѓа
електронот (90% - 95%) во
даден момент, се нарекува
атомска орбитала.
2. Видови орбитали
Секој електронски слој има орбитали. За означување
на орбиталите се употребуваат ознаки што се
состојат од бројки и букви.

Во овие ознаки
 вредноста на главниот квантен број се запишува со
бројка еднаква на вредноста на n.
 видот на орбиталата се определува со вредноста на
орбиталниот квантен број, односно со буквата со која
се обележува потслојот (малата латинична буква која
одговара на соодветната вредност за l)
 бројот на орбиталите како и нивната насоченост е
определен со вредноста на магнетниот квантен број
Електронски слој

L
K

2
1
n
l

1
0
ml

0
0

- 1, 0, +1
Вид на орбитала што произлегува од n и
l

2s
1s

2p
Број на орбитали што произлегуваат од
ml

3
1
1

Број на електрони
6
2
2

Вкупен број на електрони во слојот (N)


8
2
3. Графичко претставување на орбиталите
а) со граничната површина на орбиталите
При графичкото прикажување се смета дека
атомското јадро се наоѓа во центарот на
координатниот систем.
Така, граничната површина на електронскиот облак
на ѕ-орбиталите има сферно-симетрична (топчеста)
форма, во која веројатноста за наоѓање на
електронот е 90%.
• р-орбиталите имаат форма на т.н. просторни осумки
(издолжена осмица). Тоа е тело што се добива со
вртење на бројката 8 околу надолжната линија – оска.
Во секој р-потслој може да се наоѓаат по три
енергетски еквивалентни р-орбитали. Тие се насочени
во просторот по должините на координатниот систем,
лежат вертикално една на друга. Можат да се
обележуваат како px, py и pz соодветно или поточно
како p-1, p0 и p+1
б) шематски - со квадратчиња и стрелки

празно квадратче – празна орбитала

полупополнета орбитала (само еден


електрон)

пополнета орбитала со два електрони со


спротивни спинови

Ознаката за видот на орбиталата може да се стави под


квадратчето
пр. Бројот во степенот го означува бројот на
електрони во потслојот
1s1
Се чита: „еден-ес-еден“ и означува дека во првиот слој
во првиот потслој има само еден електрон,
односно во K слојот во ѕ орбиталата има еден
електрон.
пр.
K
1s2

L
2s2 2px2 2py1 2pz1
4. Хундово правило
Во една орбитала можат да се „сместат“ најмногу два
електрони со спротивни спинови (спарени електрони)
Орбиталите можат да бидат делумно пополнети (со
еден електрон), а можат да бидат и празни.
Орбиталите со иста енергија се нарекуваат
дегенерирани орбитали.
Пополнувањето на овие дегенерираните орбитали се
врши според Хундовото правило кое гласи:

Ако на располагање стојат повеќе орбитали кои


имаат иста енергија (дегенерирани), тогаш сите
тие се пополнуваат со по еден електрон со
еднаков спин, а потоа со уште по еден со
спротивен спин.

You might also like