You are on page 1of 6

Вклучување на RL коло

Преодните процеси во колото


со редна врска на омски
отпорпнк оо отпорност R и
калем со индуктивност L
можеме да ги определиме на
истиот начин како и во случајот
на RC коло. При вклучување на
вакво коло на електричен извор
со еднонасочна емс Е, поради
промената на струјата во него
ќе се појави индуцирана емс на
самоиндукција es. Оваа емс ќе
доведе до постепено растење
на струјата во колото. Според II
Кирхофов закон за напонската
рамнотожн во RL коло важи
равенката:
𝑅𝑖+𝑢 𝐿 =𝐸
Каде што е напонот на краевите на калемот и за него важи:

d𝑖
𝑢 𝐿 =−𝑒 𝑠 =𝐿
d𝑡
Ако овај напон го замениме во првата равенка ќе добиеме:
𝐿 𝑑𝑖 𝐸
∙ +𝑖=
𝑅 𝑑𝑡 𝑅
Според општото решение на диференцијалната равенка,
знаејќи дека вредноста на струјата пред вклучување на
прекинувачот Р во колото t = 0, била еднаква на нула i0 = 0,
ќе добиеме дека струјата во текот на преодниот процес се
менува според законот:
𝐸
𝑖= (1− 𝑒¿ ¿ −𝑡/𝜏 )¿
𝑅
Каде што 𝜏= ја претставува временската константа за RL
коло и има димензија на време.

Струјата во RL колото во текот на преодниот процес можеме


да ја претставиме како збир од две компоненти. Првата
одговара на т.н. слободен режим на работа во колото is кога
не дејствува изворот. Втората одговара на т. н. принуден
режим на работ а ip , што одговара на вредноста на струіата
во новиот стационарен режим:
𝐸 − 𝑡 /𝜏 𝐸
𝑖 𝑠= 𝑒 𝑖𝑝 =
𝑅 𝑅
Дијаграмите за временската промена на вкупната струја і и на
нејзините компонента is и ip се прикажани на сликата. Од нив се
гледа дека струјата і е еднакв збирот од своите компоненти is и ip .
Таа расте постепено од нула до вредноста Е/R што ja постигнува во
стационарната состојба по завршувањето на преодниот процес.
Промените на другите величини во колото во текот на
преодниот процес ќе ги определиме со помош на долната
равенка. Напонот на омскиот отпорник R е :

𝑢 𝑅 =𝑅 ∙𝑖=𝐸 (1− 𝑒¿¿−𝑡 /𝜏)¿


Додека напонот на калемот е:

−𝑡 / 𝜏
𝑢 𝐿 =𝐸 𝑒
Дијаграмите за промената на овие напони во текот на преодниот процес се
прикажани на сликата. Од нив се гледа дека во моментот на вклучувањето
на прекинувачот t = 0 напонот на краевите на калемот uL е еднаков на емс
Е на изворот, а потоа постепено опаѓа до нула. Напонот на отпорникот uR
во моментот на вклучувањето е нула, бидејќи и струјата е нула, а потоа
постепено расте до вредноста на емс Е на изворот. Од дијаграмите а и од
добиените формули за напоните во преодниот процес, може да се
забележи дека збирот на напонот uL и uRво секој момент е еднаков на емс
Е на изворот.

You might also like