You are on page 1of 8

Преодни состојби во електрично

коло
Во досегашните анализи на електричните кола ги разгледувавме
појавите што се однесуваат на т. н. стационарен режим на работа. Овој
режим се карактеризира со постојана големина на електромоторните
сили на генераторите и струите во колата за еднонасочна струја,
односно со постоjaни ефективни вредности на напоните и струите во
колата за наизменична струја. Ваков режим во колото има по
подолготрајно дејствување на електричниот извор и за постојана
вредност на параметрите во колото.

Појавите во колата со стационарен режим на работа не зависат од


времето.
На стационарниот режим на работа во некое електрично коло му
претходи некоја друга стационарна состојба. Преодниот процес од
претходната во нова стационарна состојба се карактеризира со
променливи вредности на напонот и струјата во колото.

Под преодни појави се подразбираат оние електрични и магнетни


појави кои се јавуваат при премин од една во друга стационарна
состојба.

На сликата е претставен еден општ случај на преоден процес од


стационарната сосотојба 1 во стационарната состојба 2.
Ваквите процеси често се придружени со многу големи струи или ви-
соки напони. Преголемите струи можат да предизвикаат, поради
големите електродинамички сили што ги создаваат, а и поради
топлинското дејство, тешки оштетувања на електричните уреди, или на
водовите. Преголемите напони можат да предизвикаат пробив на
изолацијата во одделни елементи на електричното коло, а со тоа дури и
кратка врска

Во практиката многу често доаѓа до промена на работниот режим. На


пример, кога во нашиот дом ќе приклучиме во електричната мрежа
некој потрошувач, тоеретски во него не може моментно да се
воспостави струјата. Потребен е еден временски интервал во кој
струјата ќе ja постигне новата стационарна состојба.
Анализата на временскиот интервал на преодната состојба во
електричните мрежи е многу посложена од анализата на
стационарните состојби и претставува цела област во
електротехниката.
Преодните процеси во некои случаи можат да се јават и како работни
процеси. Во некои електрични мрежи што се користат во импулсната и
телевизиската техника, автоматиката и техниката на врските, преодните
процеси се нормална појава чии својства се користат.

Видот на преодниот процес во поедноставните електрични кола зависи


од карактерот на колото. За таа цел треба да се знае однесувањето на
основните едементи на колото во преодниот процес ( омски отпорник
со отпорност R, калем со индуктивност L, и ковдензатор со
капацитавност С .

Преодниот процес ќе зависи и од:


1. видот на струјата, дали таа е еднонасочна
2. или наизменична, а ќе зависи и од тоа
3. дали преодниот процес се јавува поради вклучување
4. или исклучување на колото. .
Решавање на преодните состојби

При анализата на преодните состојби во електричните кола треба да се


определат вредностите на напонот и струјата помеѓу две стационарни
состојби во колото. Равенката за напонската рамнотежа во една контура
на електричното коло, според II Кирхофов закон, ги поврзува
моментните вредности на падовите на напонот во пасивните елемнти
на колото со моментните вредности на напонот на генераторот кој
дејствува во колото. Оваа равенка, за колата што најчесто ќе ги
проучуваме, ќе го има обликот:

∆𝑥
𝜏 + 𝑥= 𝐴
∆𝑡
Величините во равенката се: (тау) и А се константи одредени со
карактеристиките на колото на пример: напонот на генераторот,
индуктивноста L, капацитивноста С .

Со x е обележана некоја од електричните величини во колото чија завис


ност од времето во преодниот процес сакаме да ja определиме ( напон,
струја ).

Величината ∆𝑥 ja претставува промената на х за временскиот интервал


∆𝑡 Оваа равенка може приближно да се реши со задавање произволни
вредности за ∆𝑡. Точноста ќе биде толку поголема колку е помал
временскиот интервал ∆𝑡
За точно решение на равенката треба да се земат бесконечно мали
вредности за ∆𝑡 За вакви вредности на ∆𝑡 во математиката се користи
ознаката dx/dt, наместо ∆𝑥/∆𝑡, па општата равенка за рамнотежа во
колото се пишува во облик:

𝑑𝑥
𝜏 + 𝑥= 𝐴
𝑑𝑡

Оваа равенка се вика диференцијална равенка од прв ред. За нејзино


решавање потребни се извесни познавања од математиката кои
излегуваат од средношколските програмски рамки.
Поради тоа при анализата на преодните процеси во електричните кола
ќе го користиме готовото решение на диференцијалната равенка, не
навлегувајќи во начинот како е добиено.
Ако величината х во почетниот момент има вредност вкупното
решение на равенката ќе има облик:

−𝑡 / 𝜏
𝑥=( 𝑋 0 − 𝐴 ) 𝑒 ❑ +𝐴

каде што е = 2,718281 ja претставува основата на природниот логаритам


Вредноста на променливата величина на почетокот на преодната
состојба треба да се знае за да може да се реши диференцијалната
равенка

You might also like