You are on page 1of 16

2.

Електромагнетни бранови

Прашањето за тоа што претставува светлината останало


без одговор сè додека електричеството и магнетизмот не се споиле
во електромагнетизам со помош на Максвеловите равенки. Овие
равенки покажуваат дека временски променливото магнетно поле
претставува извор на електрично поле, како и тоа дека временски
променливото електрично поле претставува извор на магнетно
поле. Векторите на електричното и магнетното поле го формираат
електромагнетниот бран. Светлината е еден пример за
електромагнетен бран. Карактеристично за електромагнетните
бранови, за разлика од механичките бранови, е тоа што за нив не е
потребна материјална средина за простирање.

Сл. 2.1. Џејмс Максвел (1831-1879)


е првиот научник кој вистински ја
разбира фундаменталната природа
на светлината. Тој исто така има
големи достигнувања во
термодинамиката, оптиката,
астрономијата и фотографијата во
боја.

2.1. Максвелови равенки за електромагнетен


бран
Максвеловите равенки, предложени од Шкотскиот
физичар Џејмс Максвел, ги поврзуваат векторите на електричното
и магнетното поле и нивните извори кои се електрични полнежи и
струи. Овие равенки ги сумираат експерименталните закони на
електромагнетизмот – Кулоновиот закон, Гаусовиот закон,
Амперовиот закон и Фарадеевиот закон. Овие експериментални
закони важат општо во сите случаи, со исклучок на Амперовиот
закон кој важи само за непроменлива континуирана струја.
Максвеловите равенки во класичниот електромагнетизам се
аналогни на Њутновите закони во класичната механика. Максвел
покажал дека овие равенки може да се искористат за добивање на
бранова равенка за векторите на електричното и магнетното поле.
Максвел исто така покажал дека овие равенки водат до заклучок
за брзината на електромагнетните бранови во слободниот простор:
1
c
 0 0
каде што ε0 е електричната константа, а μ0 е магнетната константа.
Максвеловите равенки се дадени во следниот облик:
Q
 EdS   0
Гаусов закон

 BdS  0 Гаусов закон за магнетизам

dΦB
 Edl   dt Фарадеев закон

 Bdl   0 (I  I d ) Амперов закон,

каде што ΦB е магнетниот флукс, а Id е придвижната струја.


Гаусовиот закон го поврзува флуксот на електричното
поле низ затворена површина со електричната константа и
вкупниот полнеж во внатрешноста на површината.
Според Гаусовиот закон за магнетизам, флуксот на
магнетното поле низ затворена површина е еднаков на нула.
Фарадеевиот закон го поврзува линискиот интеграл на
електричното поле околу затворена крива со стапката на промена
на флуксот на магнетното поле низ која било површина
ограничена со оваа крива.
Амперовиот закон го поврзува линискиот интеграл на
магнетното поле околу затворена крива со магнетната константа и
збирот од струите низ која било површина ограничена со оваа
крива и придвижната струја.
За да ги поврземе електромагнетните бранови со
принципите на електромагнетизмот, ќе разгледаме електрично
поле E кое има само y-компонента и магнетно поле B кое има
само z-компонента. Двете полиња се движат заедно во x-насока со
непозната брзина c.

Сл. 2.2. Бранов фронт на рамен


електромагнетен бран. Рамнината
што го претставува брановиот
фронт се движи кон десно (во
позитивна x-насока со брзина c.

Електричното и магнетното поле се


рамномерни зад брановиот фронт и нула
пред него.
Ваков електромагнетен бран каде што електричното и
магнетното поле се рамномерни во секоја рамнина што е нормална
на правецот на движење се нарекува рамен бран.
Максвеловите равенки е покажано дека важат за ваков
рамен електромагнетен бран. Со нивно користење се добива дека
непозната брзина на бранот треба да биде еднаква на брзината на
светлината во вакуум.

Сл. 2.3. Правило на десна


рака за електромагнетен
бран

Со оглед на тоа што електричното поле и магнетното поле


се нормални на правецот на простирање на електромагнетниот
бран, може да се заклучи дека тој претставува трансверзален бран.
За врската помеѓу големините на електричното и на магнетното
поле се добива следната равенка:
E=cB
Ваквиот бран се шири во вакуум со константна брзина.

2.2. Бранова равенка на електромагнетен бран


Ако брановата функција е во облик y ( x, t ) , тогаш
брановата равенка може да се запише во обликот:
 2 y ( x, t ) 1  2 y ( x, t )
 2
x 2 v t 2 .
Ако еден електромагнетен бран се движи по должина на
оската x, тогаш x-компонентите на векторите на електричното и
магнетното поле се еднакви на нула, односно тие се нормални на
оската x, па може да се запише:

2 E 1 2 E

x 2 c 2 t 2 ,

2 B 1 2 B

x 2 c 2 t 2 .
Овие равенки се бранови равенки за електричното,
односно за магнетното поле, во диференцијален облик. Во овие
равенки, со c е означена брзината на простирање на бранот.
Како што механичкиот бран претходно беше опишан со
бранова равенка, исто така и електромагнентиот бран може да се
запише со равенката:
y ( x, t )  A coskx   t  ,
каде што со y е дадено трансверзалното поместување од
рамнотежната положба на точка со координата x, со A е дадена
амплитудата, односно максималната елонгација, k е брановиот
број, а ω е кружната фреквенција.
Користејќи ја оваа равенка, може да се запишат брановите
равенки за електричното и магнетното поле, во векторска форма:

E ( x, t )  jEmax coskx   t  ,

B ( x, t )  k Bmax coskx   t  .

2.3. Енергија и интензитет на електромагнетен


бран
Густината на енергијата на електромагнетниот бран u се
наоѓа на следниот начин:
1 1 2
u  0E2  B
2 2 0
E
Земајќи предвид дека B    0  0 E , може да се
c
запише:
1
u  0E2 
2
1
20
   E   E
0 0
2
0
2

Во просторот со волумен dV следува дека енергијата на


електромагнетниот бран која минува низ него во единица време е:
dU  udV   0 E 2 Acdt
Енергетскиот флукс кој во единица време минува низ
единица површина A е:
1 dU 0 EB
S   0 cE 2  E2 
A dt  0 0 0
Векторот S, дефиниран на следниот начин:

EB
S
0
се нарекува Поинтингов вектор. Средната големина на
Поинтинговиот вектор го дава интензитетот на бранот:
Emax Bmax
I  S av 
20
Насоката на Поинтинговиот вектор се совпаѓа со насоката
на простирање на бранот. Поинтинговиот вектор всушност го дава
правецот на пренос на енергијата.
Поинтингов
Сл. 2.4. Поинтингов вектор вектор

Стационарна Бранов фронт по


рамнина време dt

2.4. Спектар на електромагнетното зрачење


Сите зрачења во природата кои имаат електромагнетна
природа го сочинуваат спектарот на електромагнетното зрачење.
Во дадена оптичка средина карактеристични величини на
електромагнетното зрачење се:
1. Брзината на ширење на електромагнетните бранови.
2. Амплитудите на хармониските осцилации на векторите
на интензитетот на електричното поле и магнетното поле.
3. Брановата должина и фреквенција на електромагнетните
бранови.
Брзината на ширење на светлината во вакуум според рела-
тивистичката теорија претставува една од фундаменталните кон-
станти во природата. Друга фундаментална величина на електро-
магнетното зрачење е неговата фреквенција f, додека пак бранова-
та должина  зависи од својствата на средината во која се шират
брановите. Физичката величина која го дава односот помеѓу бра-
новата должина во вакуум 0 и другата средина, или односот по-
меѓу брзините на ширење во тие две средини, е индексот на прекр-
шување на светлината:
0 c0
n 
 c.
Спектарот на електромагнетните бранови што се јавува во
природата зафаќа широк дијапазон на бранови должини, т.е. фре-
квенции. Најголеми вредности на брановата должина, од ред на
големина на километар, метар и центиметар имаат радиобранови-
те кои потекнуваат од осцилаторното движење на количество еле-
ктричество во емисионите антени. Така на пример, при фреквен-
ција f  50 Hz , за брановата должина на ЕМ бранови се добива:

c 3 108 m/s
   6 106 m
f 1
50 s .
Радиобранови со големи бранови должини се добиваат со
Херцово и Томсоново осцилаторно електрично коло. Радиобрано-
вите со средни и кратки бранови должини се добиваат со еле-
ктрон
ктронски лампи, а ултракратките радиобранови
ви со полупровод-
по
нички
ки еле
елементи.
Инфрацрвеното, видливото, ултравиолето товото и рендген-
ското
то зра
зрачење потекнуваат од атомите,
те, т.е. при енергетските
енер про-
мени
ни во еле
електронската обвивка. При тоа, колку
лку што електроните
еле
кај кои на
настануваат енергетски промени се наоѓа ѓаат поблиску до
атом
атомското јадро, толку брановата должина на на зрачењето
зра има
помала вредност
вредност. Гама зраците
те и електромагнетните бранови
бра со
многугу ма
мали бранови должини и најголеми позна нати вредности на
енер
енергии се добиваат во процесите кои настанува ваат во атомското
јадро
дро или има
имаат потекло од космичките зраци.

Сл. 22.5. Спектар на електромагнетно зрачење

Видливиот дел од спектарот содржи многугу тесен


те интервал
на бра
бранови должини. Границите на тој интервалвал, поради субје-
ктив
ктивноста на гледањето на човечкото око многу гу тешко
те можат да
се опре
определат. Најчесто видливиот дел од спектарот
рот се смета
сме во ин-
тервал
вал од 390 до 780 nm.
Воопшто, границите на одделните обла ласти на електро-
магнетниот
гнетниот спе
спектар не се еднозначно и точноно дефинирани.
де Како
крите
териуми за дефинирање најчесто служи начинот нот на добивање,
до
како
ко и ме
методите за детекција и анализа на бранови
вите должини.
3. Светлината како електромагнетен
бран

3.1. Теории за природата на светлината


Уште старогрчките филозофи се прашувале што
претставува светлината. Тие се обидувале да ја објаснат нејзината
природа, но нивните претстави за неа биле ограничени, а
создадените теории апстрактни.
Рене Декарт прв се обидел да даде некаква претстава за
суштината на светлината. Според него, светлината претставува
простирање на притисок (импулс) кој потекнува од светлински
извор и се простира во идеална еластична средина - етер кој го
исполнува сиот простор. Според него, таа хипотетична средина се
состои од одделни бестежински честици.
Појавата на прекршување на светлината им била позната
уште на старите Грци, а законот за прекршување е откриен во
1621 год. од холанѓанецот Снелиус, чија математичка
формулација ја дава Декарт. Во 1657 год. францускиот
математичар Ферма го поставува принципот за ширење на
светлината според кој светлинските зраци се шират по оној пат за
кој е потребно најмало време за да се дојде до целта.
Подоцна се откриени интерференцијата и дифракцијата на
светлината, како и други светлински појави кои бараат одговор на
прашањето за природата на светлината.

3.1.1. Корпускуларна теорија


Њутн во 1666 година успеал да ја открие дисперзијата на
белата светлина. Тој со помош на призма, белата светлина ја
разложил на нејзините составни делови, т.е. го добил спектарот на
белата светлина. За да може да ја објасни дисперзијата на
светлината Њутн ја поставил првата теорија за природата на
светлината. Оваа теорија одиграла важна улога во историјата на
развитокот на оптичката наука. Според неа различното
прекршување на светлината го објаснува со постоење на честици
со различни маси. Честиците со поголема маса се прекршуваат
помалку од оние со помала маса. Најмногу се прекршува
виолетовата, а најмалку црвената светлина, од што заклучил дека
честиците на црвената светлина имаат поголема маса од тие на
виолетовата. Според оваа теорија светлината претставува поток од
голем број честички (корпускули) кои потекнуваат од светлински
извор (тело што свети) и се движат со огромна брзина. Тоа му
овозможило на Њутн за објаснувањето на природата на светлината
да ги користи законите од класичната механика.
Корпускулите, т.е. светлината, во еднородни средини се
движи рамномерно праволиниски, па одбивањето на светлината се
објаснува како одбивање при еластичен судир, додека пак прекр-
шувањето на светлината се објаснува со привлекување на корпу-
скулите од материјалната средина. Во средини со поголема густи-
на привлекувањето на корпускулите е поголемо. Ако овој заклу-
чок се примени во експериментално потврдениот Снелиусов закон
за прекршување на светлината, следува дека брзината на корпу-
скулите е поголема во погуста средина, што е во контрадикторно-
ст со законите на класичната механика.
Во оваа теорија дисперзијата (разложувањето) на белата
светлина се јавува како резултат на различните маси на корпуску-
лите. Најголема маса имаат корпускулите од црвената светлина и
тие најмалку се “привлечени” од средината (најмалку се прекршу-
ваат). Масата на корпускулите на виолетовата светлина е најмала
и тие најмногу се прекршуваат.
Негативност на корпускуларната теорија е тоа што со неа
не може да се објасни едновремено одбивање и прекршување,
како и пресекот на два снопа, без да настане расејување на
честиците. Исто така оваа теорија не можела да даде објаснување
за појавите на интерференција и дифракција на светлината.

3.1.2. Бранова теорија


За да се надминат негативностите на корпускуларната тео-
рија на Њутн и нејзината неможност да ги објасни едновремено
сите светлински појави, Кристијан Хајгенс скоро истовремено ја
дава брановата теорија. Според неа светлината претставува
ширење на лонгитудинални бранови низ специјална материјална
средина, т.н. етер.
Ваквото разгледување на светлината овозможува да се об-
јасни пресекот на светлинските зраци без да настане нивно заемо-
дејство, што не е возможно со корпускулите. Исто така, таа ги об-
јаснува одбивањето и прекршувањето на светлината и од неа се
доаѓа до заклучокот дека светлината побрзо се движи во поретки
средини отколку во погусти.
Оваа теорија, како и корпускуларната теорија, не можела
да ги објасни веќе откриените појави на интерференција и дифрак-
ција на светлината бидејќи според неа светлинските бранови се
разгледуваат како лонгитудинални.
Негативност на оваа теорија е тоа што со неа не може да се
објасни дисперзијата, поларизацијата и двојното прекршување на
светлината, бидејќи за објаснување на овие појави потребно е раз-
гледување на светлината како трансверзален бран. Исто така, во-
ведувањето на хипотетичката средина етер, што претставува
идеално елестична средина која овозможува простирање на
лонгитудиналните бранови, би го забавувало движењето на телата
и планетите во просторот.
И покрај тоа што брановата теорија давала одговор на
повеќе прашања, сепак поради недоволниот број на убедливи
опити и големиот авторитет што го имал Њутн меѓу научниците
во тоа време, преовладува корпускуларната теорија и таа се
одржала речиси 150 години.
Во почетокот на XIX век се развива теоријата на
осцилаторното и браново движење. Во 1801 год. Јунг врши
испитувања во врска со интерференцијата на светлината и ја
објаснува појавата на светли и темни линии околу острите рабови
на осветлените предмети. Тоа практично значело враќање на
Хајгенсовата бранова теорија.
Во 1818 год Френел врз база на Хајгенсовиот принцип за
брановото движење, опитите на Јунг и врз основа на сопствените
истражувања, дава математичко толкување на брановата теорија
за природата на светлината. Имено, Френел ја објаснил појавата на
дифракција на светлината со тоа што таа претставува
трансверзален, а не лонгитудинален бран. Така е ставено крај на
корпускуларната теорија на Њутн и сите понатамошни
истражувања биле насочени во правец на објаснување на појавите
што биле познати за светлината преку брановата теорија.
Френел покажал дека светлината во просторот се шири во
вид на трансверзални бранови, а со тоа ја објаснува и
поларизацијата на светлината. Единствена слаба точка на
брановата теорија останала само воведениот етер којшто имал
противречни својства - имал голем модул на торзија, а бескрајно
мала густина. Тој би требало да има особини на идеално цврсто
тело за низ него да се шират трансверзални бранови.
Во втората половина на XIX век (1873 година), брановата
теорија за светлината била наполно оформена од англискиот
физичар Максвел.

3.1.3. Електромагнетна теорија за природата на


светлината
Во оваа теорија од Џејмс Максвел, светлината претставува
електромагнетен бран. Причина за ваквото толкување се експери-
ментите со електромагнетни бранови направени од Херц, кај кои
се набљудува појава на нивно прекршување, одбивање, дифракци-
ја и поларизација. Дотогаш овие појави што биле карактеристички
само за светлината, му овозможиле на Максвел да направи анало-
гија помеѓу неа и електромагнетните бранови, т.е. дека светлината
всушност претставува електромагнетен бран. За објаснување на
светлинските појави Максвел ги користи класичните закони од
електростатиката и електромагнетизмот. Тој, следејќи ги слично-
стите помеѓу електричните и механичките осцилации докажал де-
ка експерименталните закони од класичната електромагнетика мо-
жат да се користат за опишување на осцилаторните и брановите
процеси во електромагнетиката, исто како што Њутновите се ко-
ристат во класичната механика.
Ваквото објаснување на светлината има и свои негативно-
сти. Имено, според Максвеловата електромагнетна теорија, инде-
ксот на прекршување на водата не се совпаѓа со неговата експери-
ментал
тална вредност n = 1,33. Брзината на светлината
та во вода cn спо-
ред оваа те
теорија може да се пресмета како:
c
cn 
 r r ,

де што r е релативна диелектрична константа


каде та на средината,
сре r е
нејзи
зина магнетна пермеабилност.
Индексот на прекршувањење на во
водата, согласно
претходната равенка изнесува:
c
n  r r
cn .
Бидејќи за транспарентни средини r = 1, следува:
сле

n   r  81  9  1,33 .
Овој различен резултат се добива поради ди тоа што во Ма-
Ма
ксвело
ловата теорија не е земено предвид дека рела лативната диеле-
ктрична константа r зависи од фреквенцијата
ктрич та на светлината.
све Тоа е
причи
чина што Максвеловата теорија ја исто така не може
мо да ја објас-
ни по
појавата на фотоелектричен ефект.
Максвеловата теорија е макроскопска
ска теорија и не ја зема
зе
пред
предвид атомската структура на материјата.та. Формално
Фор се зема
пред
предвид нејзиното влијание врз електромагнетното
то поле,
по преку ре-
тивната диелектрична константа r и магнетната
латив та пермеабилност
пер
r на ма
материјата:
D   0 r E ,

де што D е векторот на електричната индукција,


каде ција, E е векторот
на ин
интензитетот на електричното поле.
B  0 r H ,

каде
де што B е векторот на магнетната индукција,
ја, H е векторот на
интен
тензитетот на магнетно поле.

Сл. 3.1 Ширење на електромагнетен бран во просторот

Векторите на интензитетот на електричното поле и на


магнетното поле се заемно нормални и лежат во рамнина
нормална на правецот на ширење (оската x) на трансверзалниот
бран (сл. 3.1). Брзината на ширење на бранот може да се определи
од равенката:
E  cB .
Технолошкиот развој и големите научни откритија на пра-
гот од дваесеттиот век овозможиле дополнување на Максвеловата
теорија. Имено, Лоренц ја објаснил зависноста на релативната ди-
електрична константа од фреквенцијата на светлината во различни
средини. Во 1900 година Макс Планк ја дава теоријата за зрачење
на апсолутно црно тело, според која зрачењето на телата не е кон-
тинуирано, туку во определени количини (кванти) со енергија
  hf , каде што f е фреквенција на светлината, а h е Планкова
константа. Теоријата за зрачење на Планк, во 1905 година, Алберт
Ајнштајн ја проширува за светлината, според која светлината пре-
тставува поток на кванти, т.н. фотони. Фотоните се движат со бр-
зина на светлината и немаат маса на мирување. Енергијата на фо-
тоните според Планковата теорија изнесува:
 f  hf ,
а според Ајштајновата теорија за еквивалентност на масата и
енергијата:

 f  mf c 2 ,
Од двете претходни релации следува:
h
mf 
c ,
ако за брзината на светлината се користи изразот c   f .
Од равенката која ја дефинира масата на фотонот следува
дека фотонот е честичка што има бранови својства. Подоцна, Де
Броли ја обопштува оваа равенка за секое материјално тело.
Според денешните сфаќања, светлината претставува
сложен електромагнетен процес кој има како бранови, така и
корпускуларни својства. Во некои појави светлината се јавува
како бранов процес (интерференција, дифракција, поларизација), а
во други појави доаѓа до израз нејзиниот корпускуларен карактер
(фотоефект, луминисценција, Комптонов ефект и друго).
Светлината покажува двоен карактер, односно таа има двојна
(дуална) природа. Двојната природа на светлината ги решава,
главно, сите нејзини појави во просторот.

3.2. Дисперзија на светлината


Секој светлински бран, независно од неговата фреквенција
f и бранова должина , во вакуум се шири со константна брзина c.
Според тоа, на секоја фреквенција ѝ припаѓа бранова должина 
на светлинскиот бран која може да се определи од познатата
равенка:
c

f
Светлинскиот бран во кој осцилациите се вршат в со една
строго определена фрек
фреквенција f се вика монохроматски бран. Ако
еден монохроматски бран се движи низ да дадена
дена материјална
средина, тогаш неговото поле ќе предизвика присилени осцилации
на електричните полнежи во средината. Полнежите што стапил стапиле
во осцилаторно дви
движењење стануваат извори на нови секундарни
светлински бранови со иста фреквенција на упад упадниот бран.
Резултантниот бран кој се простира во средината претставува
супер
суперпозиција
зиција од примарниот и секундарните бранови кои имаат
исти фреквен
фреквенции, но различни амплитуди, туди, фази и брзини на
ширење. Според тоа
тоа, брзината со која се шири резултантниот свет-
свет
лински бран во материјалната средина ќе зависи од фреквенцијата
на упадниот моно
монохроматски бран, т.е. c = f(f),, односно:
односно
c c
n   F( f )
v f( f )
Од равенкава може да се заклучи дека индексот
ин на прекр-
шува
вање зависи од оптичките карактеристики
ки на средината,
сре но и од
фреквенцијата на све
светлината што поминува
ва низ неа.

Појавата при која


индексот на прекршување
зависи од фреквенцијата
фрек на
упадната средина се нареку-
на
ва дисперзија на светлината.
Дисперзија
зија на светлината е
резултат на раз
различните
брзини што ги има светли-
свет
ната кога поминува низ
различни материјални
средини.. Дисперзија
Дис на свет-
лината
та се набљудува
наб кога бе-
ла светлинана поминува
по низ
призма (сл. 3.2).
3.2

Сл. 3.2 Прекршување на светлината низ стаклена


призма

Бидејќи индексот на прекршување на мате теријалот од кој е


напра
правена призмата зависи од брановата должина на на светлината,
све
светлината со различна бранова должина на ќе се прекршува
пре под раз-
личен
чен агол. Поради тоа, зад призмата ќе се добие бие светлинскиот
све
спектар.
ктар. Најм
Најмногу се прекршува виолетовата,та, а најмалку
нај црвената
светли
тлина. Тоа покажува дека скршнувањето то на светлината
свет кога
поминува низ призма зависи од нејзината боја. Бидејќи бојата за за-
виси од фрек
фреквенцијата f, значи прекршувањето на светлината кога
поминува низ призма зависи од f, т.е.  . Минималниот агол на
таа по
девијација (скршнување) за тенка призма   (n  1) за секоја
боја (бранова должина) е различен, што значи де дека
ка и индексот на
прекршување на една иста супстанција за различни бранови
должини не е ист.
Зависноста на индексот на прекршување од брановата
должина аналитички ја покажал Коши во XIX-от век. За видлива
светлина и провидни материјални средини Кошиевата релација го
има следниот облик:
b c d
na    
2 4
  6 ,
каде што a, b, c се константи кои зависат од природата на
материјата и се определуваат експериментално.

3.3. Поларизација на светлината


Поларизацијата на светлината е оптичка појава со која се
потврдува брановата природа на светлината. Таа се должи на
трансверзалноста на електромагнетните светлински бранови.
Поларизацијата е карактеристика на сите трансферзални бранови,
а светлината е трансферзален електромагнетен бран.
Електромагнетните осцилации кои се добиваат со осцилирање на
еден електричен полнеж имаат определен правец на осцилирање
на векторот на електричното поле, кој е поставен нормално на
векторот на магнетното поле. Во случај кога светлинскиот
електромагнетен бран ќе се добие како резултат на осцилирањето
на безброј електрични полнежи кои го чинат светлинскиот извор,
тогаш добиената светлина ќе содржи осцилирања на векторот на
електричното поле во сите можни правци во просторот.
Добивањето на светлина која ќе содржи осцилации на
електричниот вектор само во еден определен правец се нарекува
поларизација на светлината.
Постојат повеќе начини за добивање на поларизирана
светлина: поларизација при селективна апсорпција, поларизација
при одбивање на светлината, поларизација при двојно
прекршување (за анизотропни средини) и поларизација при
расејување.
Кога светлината поминува низ некоја оптичка средина таа
во одредена мера се апсорбира од неа. Обично апсорпцијата има
селективен карактер, т.е. светлината со различни бранови
должини различно се апсорбира. Бидејќи брановата должина ја
определува бојата на светлината, светлина со различна боја
различно се апсорбира во дадена средина.
Транспарентните тела многу малку ја апсорбираат
светлината со која било бранова должина.
Обоените транспарентни тела поседуваат селективна
апсорпција во областа на видливата светлина. На пример, црвено е
тоа стакло што малку ги апсорбира црвената и портокаловата
светлина, а многу ги апсорбира зелената, сината и виолетовата
светлина. Ако врз такво стакло падне бела светлина низ него ќе
помине само светлината со поголеми бранови должини, т.е.
црвената светлина и затоа тоа изгледа црвено. Кога врз стаклото
ќе падне зелена или сина светлина тоа ќе изгледа црно, бидејќи
тоа стакло ги апсорбира тие зраци.
Во 1938 година Е. Х. Ланд открил материјал, кој се
нарекува полароид и ја поларизира светлината преку селективна
апсорпција како резултат на различната ориентација на неговите
молекули. Тој материјал е произведен како тенок филм од
водородно-јаглеродни молекули растегнати во долги вериги.
Правецот што е нормален на молекулската верига се нарекува
оска на трансмисија. Идеален поларизатор ја пропушта целата
светлина чиј електричен вектор е паралелен со оската на
трансмисија, а ја апсорбира онаа светлина чиј електричен вектор е
поставен нормално на оската на трансмисија.
Поларизирана светлина може да се добие со апсорбирање
на сите осцилации на векторот на електричното поле, освен
осцилациите во еден префериран правец, со поставување на
поларизационен филтер-поларизатор. Поларизаторот ги пропушта
само оние осцилации кои се паралелни со неговата оска на
трансмисија. Доколку веќе поларизирана светлина се пропушти
низ втор поларизирачки елемент-анализатор, интензитетот на
пропуштената светлина I ќе зависи од заемната положба на оските
на трансмисија на двата поларизатори. Оваа релација е позната
како закон на Мали, кој гласи:
I  I 0 cos2 
каде што I0 е интензитетот на упадната светлина, а  е аголот
помеѓу оските на трансмисија на поларизаторот и анализаторот.

Сл. 3.3 Добивање на


поларизирана светлина со
помош на
поларизационен филтер
Сл. 3.4 Определување на зависноста на светлинскиот интензитет на поларизира
поларизирана
светлина според законот на Мали

Кога поларизаторот и анализаторот имаат заемно


нормални
ални оски на трансмисија, се вели дека тие се вкрстени. Во
таков случај анализаторот воопшто нема да ја пропушти
светлината што поминала низ поларизаторот, односно
интензитетот на поминатата светлина ќе биде еднаков на нула.

а) б)

Сл. 3.5 а) Вкрстени полар


поларизатор и анализатор ја блокираат
целата упадна светлина. б) Во дисплеите со течни кристали, кристалот се
наоѓа помеѓу вкрстени поларизатор и анализатор. Светлин
Светлината што паѓа
на кристалот се трансмитира поради тоа што кристалот ја врти насоката
на поларизација за 90°. Со помош на огледало поставено зад кристалот,
светлината се рефлектира назад, со што се гледа рамномерна позадина.
Кога на мал сегмент од кристалот ссе приложува напон, насоката на
поларизација не се менува, па светлината воопшто не се трансмитира и
се гледа темно поле на местото каде што се наоѓа сегментот.

Кога неполаризирана светлина се одбива од површина,


рефлектираната светлина може да биде целосно по
поларизирана,
делумно поларизирана или неполаризирана, во зависност од
упадниот агол.
Некои материјали се двојнопрекршувачки, или пак
добиваат вакво својство при механички напор. В
Ваквите материјали
ја ротираат рамнината на поларизација, па светлина со одредена
бранова должина може да се трансмитира дури и при вкрстени
поларизатор и анализатор. Ова својство е искористено за
проучување на внатрешната структура на материјалите.
а) б)

Сл. 3.6 а) Гранула од кварц од метеорит што била изложена на


напрегање при ударот на метеоритот. б) Гранула од кварц што
вообичаено се наоѓа во силициумските вулкански карпи, неизложени на
механички напор.

Кратките бранови должини (сината светлина) се расејуваат


повеќе од долгите бранови должини (црвената светлина). Тогаш
кога сончевата светлина е расејана од молекулите на воздухот,
краткобрановото зрачење е расејано поинтензивно од
долгобрановото зрачење. Токму поради тоа кога се гледа нагоре
кон небото, во даден правец различен од правецот на сонцето, тоа
изгледа сино.

Материјалот продолжува во печатениот учебник


на стр. 30!

You might also like