You are on page 1of 6

ФЕИТ 20

Упатство за лабораториски вежби по предметот Основи на електрични кола

ЛАБОРАТОРИСКА ВЕЖБА БРОЈ 1

Изработил: Датум:

Прегледал: Оценка:

ЕЛЕКТРИЧНИ КОЛА СО ЗАВИСНИ ИЗВОРИ

Во оваа лабораториската вежба се испитуваат електрични кола со отпорници и


еднонасочни зависни и независни извори.
Цели на вежбата:
• Стекнување вештини за анализа на електрични кола со зависни извори преку симулација
• Примена на теоремата на суперпозиција за решавање на електрични кола со зависни
извори
• Запознавање со софтверската алатка QUCS

ТЕОРИСКИ ДЕЛ I
(Теорискиот дел се изработува однапред, како домашна задача)

Анализа на електрично коло со зависни извори (аналитички пристап)


На Слика 1 е прикажано просто електрично коло со отпорници R1=40 , R2=10 ,
R3=20 , временски константен струен извор IS1 = 6 A, временски константен напонски извор
со електромоторна сила E = 30 V и зависен струен извор IS2 = 4I0.
Со користење на теоремата на суперпозиција да се определи струјата I0 и напонот на
зависниот струен извор UIS2 и моќноста на зависниот струен извор PIS2.
I0 R2 R3

+
IS1 R1 UIS2 Is2=4I0 E
+

Слика 1. Анализирано електрично коло

За да се определи напон на елемент или струја низ гранка, се решаваат толку електрични
кола колку што има независни извори во колото. Кога делува еден независен извор, другите
независни извори се исклучуваат на тој начин што се заменуваат со:
• куса врска - ако изворот е напонски (Слика 2а),
• отворена гранка - ако изворот е струен (Слика 2б).
Притоа, во колото не се исклучуваат зависните извори.
Вежба 1 21

I 0′ R2 R3 I0 R2 R3

+ +
R1 UIS2′ Is2′=4I0′ E IS1 R1 UIS2 Is2=4I0
+

Слика 2a. Еквивалентно коло при Слика 2б. Еквивалентно коло при
вклучен E и исклучен IS1 вклучен IS1 и исклучен E

1) За случајот кога е вклучен независниот напонски извор, а независниот струен извор е


исклучен (Слика 2а), да се напишат равенките и да се пресметаат струјата I0′, напонот U IS2′ и
моќноста PIS2′ :

I0' =___________________ A,
UIS2' =_________________ V
PIS2' =_________________ W.
ФЕИТ 22
Упатство за лабораториски вежби по предметот Основи на електрични кола

2) За случајот кога е вклучен независниот струен извор, а независниот напонски извор е


исклучен, да се напишат равенките и да се пресметаат струјата I0'', напонот U IS2'' и PIS2'':

I0'' = __________________ A,

UIS2'' =_________________ V,
PIS2'' =_________________ W.

3) Да се пресметаат струјата I0 и напонот UIS2 како збир од придонесите од двата независни


извори:
I0= I0' + I0'' = _____________________ A,
UIS2= UIS2'+ UIS2''=_________________ V,
Вежба 1 23

4) Да се пресмета моќноста PIS2 на зависниот струен извор врз основа на пресметаните


струи и напони, за колото од Слика 1. Потоа да се провери дали PIS2 може да се пресмета како
PIS2'+ PIS2''

PIS2 = UIS2 IS2. = _________________________ W Дали резултатите се совпаѓаат?


Да / Не
PIS2'+ PIS2''=____________________________ W

Во Практичен дел I експерименталнo ќе се провери кое од решенијата е точно.

ПРАКТИЧЕН ДЕЛ I
(Практичниот дел се изработува во лабораторија)
1) Електричното коло анализирано во теорискиот дел од лабораториската вежба да се
состави со помош на софтверот QUCS, следејќи го описот и насоките за користење на QUCS
дадени на почетокот на ова Упатство. Колото треба да се изведе како на Слика 3. Да се внесат
соодветните вредности и имиња на елементите.
2) Изворот IS2 претставува струјно контролиран струен извор (зависен извор), кој во
симулацијата се претставува со елементот Current Controller Current Source. Како елемент се
избира од паѓачкото мени Sources и се поставува на работната површина. Со цел елементот да
биде поставен како на Слика 3, потребно е елементот да се ротира симетрично во однос на x-
оската. Тоа се врши со десен клик на елементот и избирање на опцијата Mirror about X Axis.
Овој елемент има два пристапи. Првиот пристап (на кој е поврзана куса врска со стрелка)
сериски се поврзува во гранката низ која тече контролирачката струја I0, како на Слика 3. На
вториот пристап е поврзан струен извор чија струја е контолирана и има јачина IS2 = 4I0.
3) Со двоен клик на елементот се отвора прозорец во кој се внесуваат неговите параметри.
Големината G во овој прозорец претставува струјна добивка на изворот. Во анализираното коло
струјната добивка е еднаква на 4 (од тука IS2 = 4I0).

Слика 3. Изведба на анализираното електрично коло во QUCS


ФЕИТ 24
Упатство за лабораториски вежби по предметот Основи на електрични кола

Подесување тип на симулација и нејзино извршување


4) Пред да се изврши симулацијата, потребно е да се дефинира типот на анализа што треба
да се спроведе. Од Components се избира категоријата Simulations. Од оваа категорија се
избира блокот DC simulation и истиот се поставува на работната површина (Слика 3). Со овој
блок се дефинира дека се врши симулација на електрично коло со еднонасочни извори во
стационарен режим.
5) Да се зачува работниот фајл под соодветно име. Потоа, преку паѓачкото мени
Simulation, кое се наоѓа во горниот дел од работниот прозорец, да се кликне на копчето
.

Прикажување на резултати
6) Резултатите во оваа лабораториска вежба ќе бидат прикажани табеларно. Од
Components се избира категоријата Diagrams. Да се избере алатката Tabular и да се постави на
работната површина. Со двоен клик се отвора прозорец од кој се избираат големините што
сакаме да бидат прикажани во табелата. Да се изберат големините I0.I и UIS2.V (ова се
називите на амперметарот и волтметарот во колото, како што се внесени од страна на
корисникот во колото на Слика 3). Изборот се прави така што се врши двоен клик на
содветното име на елементот од левата табела, после што истиот ќе се појави во листата од
десната страна на прозорецот на Слика 4. Се потврдува изборот со клик на ОК.

Слика 4. Прозорец за избор на резултати од анализите

7) Од табелата се отчитуваат вредностите за I0 и UIS2 кога двата извори се вклучени.


Вредностите се запишуваат во Табела 1.
8) Со модификација на колото да се симулираат електричните кола прикажани на Слика 2а
и Слика 2б. Вредностите од двете анализи се внесуваат во Табела 1 во соодветната колона.
Вежба 1 25

Табела 1

Совпаѓање на
Резултати од симулација
резултати во
Резултати добиени со
затемнетите
вклучен вклучен суперпозиција
вклучени Е и IS1 полиња?
само IS1 само Е √-да, X-не
I0' (mA) I0" (mA) I0 (mA) I0'+ I0" (mA)

UIS2' (V) UIS2" (V) UIS22 (V) UIS2' + UIS2" (V)

PIS2' (W) PIS2" (W) PIS2 (W) PIS2' + PIS2" (W)

9) Според извршените анализи, изнесете ваш заклучок за кои од електичните големини:


струја, напон и моќност може да се примени теоремата на суперпозиција во електрични кола?
__________________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________________

You might also like