You are on page 1of 19

1.

Теорија на релативност

Теоријата на релативност се состои од две различни


теории, специјалната и општата теорија на релативност.
Специјалната теорија на релативност која е равиена од Алберт
Ајнштајн и неговите соработници во 1905 година, ги опишува
мерењата кои се направени во различни референтни системи кои
се движат со постојани брзини еден во однос на друг, т.е.
инерцијални системи. Последиците на оваа теорија на
релативност, кои се изведуваат со едноставен математички апарат,
наоѓаат примена во голем бројпојавиво физиката и
инженерството.

Од друга страна, општата теорија на релативност, која


исто така е развиена од Ајнштајн и неговите соработници некаде
околу 1916 година, ги опишува гравитацијата и системите кои се
движат забрзано. Разбирањето на општата теорија бара малку
пософистициран математички апарат, а примената на оваа теорија
е главно во објаснување на гравитационото заемнодејство.
Општата теорија има големо значење во космологијата, а во некои
изолирани случаи се применува и во други области од физиката и
инженерството. Во инженерските апликации, општата теорија се
применува во Глобалниот систем за позиционирање (GPS). Овој
систем ги дава точните координати (географска ширина, должина
и надморска виснина) со точност до неколку метри, било каде на
земјината топка, во реално време. Тој се состои од 24 сателити,
опремени со атомски часовници, при што секој емитира
временски сигнал кој може да го регистрира секој од останатите
сателити, поставен во линија со сателитот-емитер. Релативното
време на пристигнување на сигналите од неколку сателити,
знаејќи ги положбите на тие сателити, се доволни податоци да се
определат точните координати на положбата. При овие
калкулации се земаат во предвид ефектите на специјалната теорија
на релативност, дека колку побавно се движи атомскиот часовник
(кој се наоѓа на сателитот), толку побргу тече времето според тој
часовник; како и ефектите на општата теорија на релативност, кои
го земаат во предвид влијанието на гравитацијата врз брзината на
часовниците. GPS системот функционира земајќи ги во предвид
ефектите и на специјалната и на општата теорија на релативност.
1.1 Ајнштајнови постулати
Според Галилеевите трансформации, во класичната механика
времето и просторот се апсолутни и непроменливи во кој било
инерцијален систем, од што следи дека брзината е релативна
физичка големина.

Кога брзините на телата се многу помали од брзината на


светлината во вакуум c = 3·108 m/s, Галилеевите трансформации
коректно го опишуваат преминот од еден инерцијален систем во
друг и важи Галилеевиот закон за собирање на брзините. На
пример, за еден чамец кој се движи со брзина v' = 10 km/h по
течението на река, чија брзина е v0 = 3 km/h (реката е подвижниот
референтен систеm K'), брзината на чамецот во однос на брегот
(неподвижниот референтен систем К), според Галилеевиот закон
за собирање на брзини ќе изнесува:

v  v'v o  10 km/h  3 km/h  13 km/h

Но проблемите "се раѓаат" кога брзинитe на телата се блиски


до брзината на светлината во вакуум. Нека ракета се движи во
однос на Земјата со брзина v0 и испушта светлински импулс. Брзи-
ната на светлината во однос на ракетата e v' = c. Според
Галилеевиот закон за собирање на брзини, за набљудувач од
Земјата брзината на светлината ќе бидe v:

v  (v'vo )  c

Овој резултат е противречен на принципот за константна


вредност на брзината на светлината во различни инерцијални
системи, т.е. брзината на светлинатане зависи од движењето на
изворите и приемниците на светлината. Ова е еден од постулатите
на кои Алберт Ајнштај ја базира теоријата на релативност.

Дека брзината на светлината е константна први покажале


американските физичари А. Мајкелсон (A.Michelson) и Е. Морли
(E.Morley) со експерименти извршени во периодот од 1880 –
1887 година (сл. 1.1). Во нивните експерименти како подвижен
референтен систем ја одбрале Земјата, која околу Сонцето се
движи со брзина од 30 km/s. Користејќи ја појавата на интерфе-
ренција на светлината (сл. 1.2), тие покажале дека брзината на
светлината во правец на движењето на Земјата е иста со брзината
на светлината во спротивен правец или нормално на движењето на
Земјата. Мерењата биле вршени во различни периоди од годината,
заради што се менувал и правецот на векторот на брзината на
Земјата. Што значи движењето на Земјата не влијаело на брзината
на простирањето на светлината или попрецизно кажано: за
набљудувач на Земјата, движењето на Земјата во просторот нема
никакво влијание врз големината на брзината на светлината, т.е.
брзината на светлината е универзална константа со вредност
c  2,998 10 8 m/s  300 .000 km/s .

Сл. 1.1 Изглед на интерферометарот на Мајкелсон и Морли

Сл. 1.2 Шематски приказ на експериментот кој го извеле


Мајкелсон и Морли

При опишување на движењето на топчето во однос на два


референтни системи (сл. 6.1), доколку двата системи се движат со
постојани брзини еден во однос на друг, тогаш со ниту еден
експеримент не можеме да потврдиме дали системите мируваат
или пак се движат (еден во однос на друг или пак двата во однос
на трет неподвижен систем). Формулацијата дека не е можно да се
потврди апсолутно рамномерно движење, односно дека сите
референтни системи се релативни еден во однос на друг, е позната Сл. 1.3 Трудот на Алберт
како Њутнов релативистички постулат. Ајнштајн, објавен во Анали на
физиката, 1905, кој ја
Во 1905 година, Алберт Ајнштајн го објавил трудот за претставува основата на
електродинамика на тела во движење (сл. 1.3). Во својот труд тој современата теорија на
тврди дека апсолутното движење не може експериментално да се релативност
потврди. Исто така, тој изјавува дека етерот не постои, односно
дури и ако сметаме дека Земјата мирува, за брзината на светлината
ќе добиеме константна вредност. Ова тврдење го опишува
својството на брзновите дека нивната брзина на простирање не
зависи од брзината на движење на изворот на бранови, ту туку од
карактериските на материјалната средина. Toj,увидувајќи
Toj, ја
неможноста да се примени Галилеевиот закон за собирање на
брзините во случај на брзини блиски до брзината на свет
светлината и
користејќи ги резултатите од Мајкелсоновиот експеримент, ги
поставил двата основнини принципи на специјалната теорија на
релативност
релативност:

1. Во сите инерцијални системи (системи кои мируваат или се


движат рамрамномерно
но и праволиниски) сите закони на
физиката се инваријантни (непроменливи). Апсолутното
движење не може да се детектира.

2. Во сите инерцијални системи брзината на светлината во


вакуум е постојана, c = 3·108 m/s.. Нејзината вредност не
зависи од брзината со која се движат изворот или при при-
емникот.

Првиот принцип на релативност на Ајнштајн го обопштува


механичкиот прин
принцип на релативноста. Според поред него сите
инерцијални референтни системи се потполно рам рамноправни и не
постои начин по кој едниот може да се оддели од другиот како
“апсолутен и привилегиран”.
привилегиран”.Ајнштајновиот
Ајнштајновиот принцип на
релативноста се разликува од Њутновиот по тоа што
што, во првиот сите
физички закони се инваријантни па дури и Максвеловите равенки, а во
вториот само законите на класичната механика. Врз основа на овој
заклучок поимот за инер
инерцијален координатен систем е проширен:
инерцијален систем е оној во кој и ме механичките и
електромагнетните процеси се изразуваат со наједноставни
равенки. Во таа смисла, првиот Њутнов закон кој претпоставува
Сл. 1.4 Константност на постоење на инерцијални системи ги пре преминува
минува границите на
брзината на светлината. механиката и станува еден од фундаменталните закони на ме механи-
И двата набљудувачи ќе ката.
измерат еднакви брзини на
светлината, како Константноста на брзината на светлината (сл. 1.4) покажува
набљудувачот кој мирува, така дека постои конечна брзина на простирање на секое взаемно
и набљудувачот кој се движи дејство која што не може да биде поголема од брзината на
(се оддалечува или пак се
светлината, според која класичната теорија на моментално дејство
приближува)
на далечина стастанува неважечка.
ажечка. Според класичната теорија
взаемното дејство на телата се случува мо момен
ментално, т.е. со
бесконечно голема брзина.
1.2 Специјална теорија на релативност
Специјалната теорија на релативност се однесува на
специјален вид движења, т.е. само на рамномерно праволиниските
движења, заради што е наречена и специјална теорија на ре-
лативноста

Во оваа теорија Ајнштајн врши корекција на апсолутноста на


времето и просторот во класичната механика, воведувајќи ги
поимите релативно време и релативен простор, со што
релативноста добива универзален карактер опфаќајки ги сите
појави во природата, било тие да се од механичка или од
електромагнетна природа.

Релативноста на времето е објаснета со таканаречениот


Ајнштајнов воз (сл. 1.5). Во овој виртуелен експеримент да
разгледаме два системи К и К’ од коисистемот К мирува, а К’ се
движи со постојана брзина. К ќе го поврземе со пругата која
мирува, а К’ со воз кој се движи по неа (сл. 1.5). Движењето на К’
е во правецот на x-оската, која се совпаѓа со x'-оската. По правецот
на оската x од неподвижниот систем се одбираат две точки А и В,
од кои едновремено се емитира светлосен сигнал (светлински
молњи). Набљудувачот Р од инерцијалниот систем К кој стои на
половина пат меѓу точките А и В, сигналите емитирани од А и В
Во Ајнштајновата
ќе ги прими едновремено, т.е. tAP = tBP. Но набљудувачот Р’ кој се
теорија на
наоѓа во возот кој се движи, нема да ги прими сигналите
релативност
едновремено. Ако К’ се движи од А кон В, набљудувачот Р’ се
просторот и времето
оддалечува од А, но се приближува кон В. Затоа светлинскиот
се релативни
сигнал емитиран од А, ќе го регистрира со задоцнување, т.е.
tAP > tBP.

Овој пример покажува дека времето не е апсолутно, т.е.


едновременост на настаните е релативен поим. Тоа значи дека ако
два настани се случуваат едновремено за набљудувач од еден
инерцијален систем, тоа не значи дека истите настани ќе се
случуваат едновремено и за набљудувач од друг инерцијален
систем.Значи движењето на системот влијае на течењето на вре-
мето, односно времето не е апсолутно, туку зависи од системот во
кој се определува. Ова е епохално откритие на Ајнштајн кое
претставува еден од главните столбови на неговата специјална
теорија на релативност.
Сл. 1.5 Потврда на релативноста на времето со Ајнштајновиот воз

Ајнштајн понатаму ја докажал и релативноста на просторот


која се разликува од Њутновата релативност заснована на
апсолутно време. Од Ајнштајновата теорија следи дека должината
на споменатиот воз, мерена од самиот воз е различна од
должината на истиот воз мерена од (пругата) железницата која
мирува. Или должината мерена од системот К’ е различна од ис-
тата должина мерена од системот К.

Врз основа на горните дискусии можеме да заклучиме дека


секој настан мора да се набљудува во еден координатен систем на
определено место (x, y, z) и определен момент t, додека тој ист
настан во друг инерцијален систем се случува на друго место (x',
y', z') и во друг момент t'.

Бидејќи не само законите на механиката туку и законите на


електродинамиката се инваријантни во однос на инерцијалните
Во класичната системи, Ајнштајн го дал и следниов дополнителен постулат:
механика просторот
и времето постојат Сите физички закони се инваријантни во однос на
независно еден од Лоренцовите трансформации.
друг, во
релативистичката
механика тие се 1.3 Лоренцови трансформации
неразделни еден од
друг Галилеевите трансформации важеа во класичната механика,
при движења со брзини кои се многу помали од брзината на
светлината во вакуум.

Ако при движења со многу поголеми брзини кои се блиски со


брзината на светлината во вакуум c, земеме дека важат истите
релации, со тоа што релативистичките ефекти ќе ги внесеме во
релациите преку множителот кој зависи од брзината на движење v
и брзината на светлината c,, добиваме:


x   x ,  vot , ,
каде што γ е релативистичка константа. Во однос на системот
К’, ќе важи релацијата

x ,   x  v o t 

Ако земеме дека во почетниот момент, координатните


почетоци на двата системи се поклопуваат, тогаш во однос на
двата системи еден светлински импулс ќе помине растојание
x = ct, односно x' = ct’. Ако ги поделиме претходните две релации
земајќи го во предвидид овој факт, добиваме

1
 
,
1  v c 2

што претставува израз за релативистичката константа, која


секогаш има вредност γ ≥ 0 (сл. 1.6).

Сл. 1.6 Зависност на релативистичката константа


од брзината на движење

Поради тоа, при премин од еден во друг инерцијален систем


нема да важат Галилеевите трансформации туку ќе важат
таканаречените Лоренцови трансформации (формулирани од
Lorentz), кои за премин одсистемот
системот К→К’ и од К’→К гласат:
K  K' K ' K

x  vo t x ' v o t '
x'  x
2 2
v  v 
1  o  1  o 
 c   c 
y'  y y  y'
z'  z z  z'
v v
t  o2 x t ' o2 x '
t'  c c
2
t
2
 vo  v 
1   1  o 
 c   c 

За разлика од Галилеевите трансформации, во Лоренцовите


времето е релативно и зависно не само од изборот на
координатниот систем, туку и од координатите. Затоа, ако во кла-
сичната механика просторот и времето постојат независно еден од
друг, во релативистичката механика тие се неразделни еден од
друг. Во Лоренцовите трансформации координатите и времето
чинат една целина, а тоа условува времето да се третира како
четврта координата. За таа цел се воведува четвородимензионален
простор со координати x, y, z и t.

Времето во еден инерцијален систем зависи од времето и


положбата во друг инерцијален систем, како и од релативната
брзина на движење на телото,

t  f ( r ' , vo , t ' ) ,

со што е изразена релативноста на времето.

Ако преносната брзина v0 << c тогаш Лоренцовите


трансформации, преминуваат во Галилееви. Од тука следува дека
Њутновата механика е специјален случај на релативистичката
механика, т.е. Њутновата механика е прва апроксимација на
поопштата релативистичка механика.

Од Лоренцовите трансформации следува дека не се возмoжни


брзинипоголеми од брзината на светлината c бидејќи во тој случај
изразот за релативистичката константа γ станува имагинарен. Исто
така, не е дозволено да се користат референтни системи кои се
движат со v0 = c , бидејќи истиот израз станува еднаков на нула, а
тоа значи x и t треба да тежат кон бесконечност.
1.4 Последици од Лоренцовите
трансформации

1.4.1 Контракција на должината


Лоренцовите трансформации покажуваат дека едно исто тело
(на пример прачка) има различни линиски димензии во систем во
кој тоа мирува и во систем во однос на кој тоа тело се движи.
Поточно доаѓа до скусување на должината на телата во правец на
нивното движење, т.е. настанува контракција на должината.

Нека телото е во состојба на мирување во однос на условно


земено подвижниот систем К’ (сл. 1.7). Неговата сопствена
должина во тој систем е:

l o  x 2'  x 1'

K K'
y y'
v0
l0

l
x = x'
O O'
x1 = x'1 x2 x'2

z z'

Сл. 1.7 Контракција на должината

Во однос на референтниот систем К телото се движи со


брзинаv0. За да ја определиме должинатаlна телото во системот K,
неговите краеви ќе ги обележиме соx1 иx2во еден ист момент
t1 = t2 = t на неподвижниот систем. Тогаш бараната должина:

l  x 2  x1

Ако воравенката за сопствена должина се применат


Лоренцовите трансформации за координатите x2’ и x1’, се добива:

x2  vo t x1  vo t x2  x1
lo    .
2 2 2
v  v  v 
1  o  1  o  1  o 
 c   c   c 

Бидејќи изразот x2 - x1 претставува должинаlна прачката


мерена во однос на неподвижниот систем, тогаш последната
равенка може да се напише како:
l
lo  ,
2
v 
1  o 
 c 

oд каде што за должината на прачката во однос на неподвижниот


систем се добива:

2
v 
l  lo 1  o 
c

Од овааравенка следува дека должината на телото l измерена


во референтниот систем K во однос на кој тоа се движи е помала
од должината l0 измерена во подвижниот систем K' во однос на кој
Контракција на тоа мирува. Колку е поголема брзината со која се движи прачката
должината може да во однос на било кој референтен систем, толку е помала нејзината
се очекува само ако должина мерена од тој систем, односно прачката има најголема
должината на должина во оној систем во однос на кој таа мирува. Скратување на
прачката е во пра- должината може да се очекува само ако должината на прачката е
вец на движењето во правец на движењето, во овој случај во правец на оскатa x. Во
правец на y и z оската ефектот на скратување не постои.

Контракцијата на должината не е последица од дејство на


некоја сила и при тоа во телото не настануваат никакви механички
деформации. Суштинска промена на природата на телото нема,
т.е. реалните својства остануваат непроменети. Станува збор само
за промена на должината на тоа тело мерена во однос на различни
референтни системи.

1.4.2 Дилатација на времето


Во релативистичката механика според Лоренцовите
трансформации течењето на времето зависи од движењето на
телата и не е апсолутно по својот карактер, т.е временскиот интер-
вал меѓу два настана ќе зависи од референтниот систем во кој што
се мери. Тоа директно се изразува како дилатација на времето.

Нека во една просторна точка, неподвижна во однос на


координатниот систем К’(при што се зема дека x1' = x2' = x') се
одвива некој настан за време Δt0 = t2' - t1'. Во однос на системот K
точката во која се одвива настанот се движи и во однос на тој
систем настанот ќе се одвива за време Δt = t2 - t1. Користејќи ги
Лоренцовите трансформации за t1 и t2 во равенката за временскиот
интервал,се добива дека:

v  v 
t2'   o2  x ' t1'   o2  x '
c   c  t 2'  t1' t o
t   t   .
2 2 2 2
v  v  v  v 
1  o  1  o  1  o  1  o 
 c  c   c   c 
Во оваа равенка Δt0 е интервал на време измерен со
часовникот кој се движи заедно со телото, а времето Δt е измеренo
со часовник во референтниот систем во однос на кој телото се
движи со брзина v0. Ако часовниците се еднакви во сé освен во
брзината на движење, според Лоренцовите трансформации
следува дека кај часовниците што се движат „времето тече“
позабавено во споредба со неподвижните. Тој ефект е наречен
дилатација на времето, а Δt0 се нарекува сопствено време.

Стрелките на часовникот што се движи одат поспоро. Колку


побрзо се движи објектот, толку побавно тече неговото сопствено
време во споредба со времето измерено од неподвижниот
набљудувач. Во подвижниот систем се забавуваат сите физички,
хемиски и биолошки процеси.

ЗАДАЧИ:

Задача 1.1. Вселенски брод се движи со Решение:


брзина 0,99c во однос на Земјата. Должината измерена во однос на бродот е
Космонаутите кои се во него ја мерат сопствена должина, така да во однос на Земјата
неговата должина која изнесува 400 m. бродот ќе биде пократок
Колкава е должината на бродот во однос на
Земјата?
v2 0,992 c 2
l  l0 1   400 1   56,4 m
c2 c2

Задача 1.2. Набљудувачот А’ кој се Решение:


наоѓа во вселенски брод, со светлински Бидејќи во референтниот систем на бродот,
пиштол емитира блесок кон огледало, кое се светлинскиот сигнал го минува растојанието до
наоѓа на растојание 15 светлински минути огледалото и назад, сопственото време на движење на
(15 c·min), Вселенскиот брод се движи со светлинскиот сигнал е
брзина v = 0,80c во однос на долга вселенска
платформа, која мирува. На колкаво 2 D 2  15 c min
t 0    30 min
растојание ќе се придвижи вселенскиот брод c c
за време на патувањето на сигналот?
Во однос на неподвижниот систем пак, врeмето
на движење ќе бидеподолго (што се гледа и од
сликата дека светлината изминува подолг пат)

t0
t  t0   50 min
v2
1
c2

Бидејќи ја знаеме брзината на движење на


вселенскиот брод во однос на платформата, за
неговото поместување добиваме

l  vt  0,80c  50 min


1.5 Ајнштајнов закон за собирање на
брзините
Релативистичкото собирање на брзините на подвижно тело во
однос на два инерцијални системи K и K' се сведува на користење
на Лоренцовите трансформации.Да го разгледаме движењето на
една материјална точка во координатните системи К и К’. Во
системот К положбата на материјалната точка во секој момент од
времетоtсе определува со координатите x, y, z, а проекциите на
нејзината брзина се:

dx dy dz
vx  , vy  , vz  .
dt dt dt

Во системот К’ положбата на истата материјална точка се


определува со координатите x’, y’, z’ а проекциите на брзината се:

dx ' dy ' dz '


v x'  ; v 'y  ; v z' 
dt ' dt ' dt '

Лоренцовите трансформации во диференцијален облик


гласат:

dx' vo dt ' v 
dx  dt '  o2 dx '
2
v  dt  c 
1  o  2
 c  v 
1  o 
 c 
dy  dy '
dz  dz '

Ако првите три равенки ги поделиме со четвртата, ги


добиваме формулите за трансформација на брзините при премин
од условно подвижниот инерцијален системK’ во неподвижниот
спрема него систем К:

2
v  v 
2
v x'  vo v 'y 1  o  v z' 1  o 
vx   c 
vo v x' vy   c 
1 vo v x' vz 
c 2
1 v v'
c2 1  o 2x
c

Обратните трансформации ќе гласат:

2 2
v  vo v  v 
v x'  x vy 1  o  vz 1   o 
v v  c   c 
1 o 2x v 'y  v z' 
v v v v
c 1  o 2x 1 o 2x
c c
При помали, нерелативистички брзини, кога v0 << c сите
формули поминуваат во Галилееви трансформации.

Лоренцовите трансформации за брзините никогаш не даваат


како резултат брзини кои ја надминуваат брзината на светлината
c, а исто така не ја менуваат големината на брзината ако таа е
еднаква на брзината на светлината. Така, за разлика од класичните
формули за собирање на брзините, овие не противречат на
принципот на Ајнштајн за константната вредност на брзината на
светлината во вакуум и уште еднаш се потврдува фактот дека
брзината на светлината е максималната можна брзина.

Некa светлината се простира по должината на оската xво


системот K. Во тој случај vx = c; vy = vz = 0. За компонентите на
брзината на светлината во системот К’ добиваме:

c  vo
v x'  c
vo c
1 2
c

Од овде следува дека во системот К’ брзината на светлината


останува еднаква на cпри секоја вредност и при секој знак наv0.

1.6 Релативистички изрази за маса и импулс


Во класичната механика масата е константна големина но во
релативистичката механика масата не е константна. Со
изведување се добива дека масата зависи од брзината. Таа
зависност е изразена со релацијата:

mo
m
2
v
1  
c

Акo v = c, масата ќе добие бескрајно голема вредност, а тоа не


е можно. Значи телата не може да имаат брзина која ќе биде
еднаква на брзината на светлината. Телата можат да имаат брзини
приближно еднакви на брзината на светлинатa c. Такви брзини се
среќаваат во атомската и нуклеарната физика. Така на пример
електроните можат да достигнат брзина до 0,99c.

Кај макроскопските тела брзините се многу помали (v0 << c),


така што масата на телата не се менува, т.е. m = m0, каде што m0 е
маса на мирување.
Импулсот како производ од масата m и брзината v, во
релативистичката механика се изразува со изразот:

mo v
p
2
v
1  
c

При движење со мали брзини членот v / c 2 може да се


занемари и формулата за ре
релативистички
вистички импулс поминува во
класичната формула за импулс p = m0v. На сл. 1.8
1 е претставена
графичка зависност на релативистичкиот и нерелативис
нерелативистичкиот
импулс од брзината
брзинатаv.

Сл. 1.8 Промена на


релативистичкиот израз за
импулс во зависност од
брзината

При движење со мали брзини v0 << c, двата графика се


совпаѓаат, додека при брзини блиски до брзината на светлината,
тие значително се разликуваат. Сите експериментални испитувања
на судири меѓу честици кои се движат со брзини блискиблис до
брзината на светлината
светлината,, покажуваат дека релативистичкиот
импулс на затворен сис
систем е константен.

1.7 Релативистички израз за енергија


Равенката за Вториот Њутнов закон

dp d ( mv )
F   ,
dt dt

останува во сила и во теоријата на релативноста каде што dp е


промена на релативистичкиот импулс за мал временски интервал
dt.

Во теоријата на релативност кинетичката енергија се


определува аналогно како во класичната механика
механика. Кинетичката
енергија е еднаква на работата која треба да се изврши од некоја
сила F, за да се забрза телото од состојба на мирување до брзина v,
т.е.:
d (mv)  dv dm  2
dEk  dA  Fds  ds   m  v ds  mvdv  v dm ,
dt  dt dt 

каде што за диференцијалот на масата го добиваме изразот

mo mo v
dm  d  3/ 2
dv .
v2  v2 
1 c 2 1  2 
c2  c 
 

Со замена во равенката за кинетичката енергија се добива


следниот израз:

mo v v 2 mo v mo v
dEk  dv  3/ 2
dv  dv  c 2 dm
2 3/ 2
v  v2   v2 
1 c 2 1  2  1  
c 2  c   c2 
   

Со интегрирање на последната равенка во граници од m0 до m


се добива изразот за кинетичката енергија на телото, т.е.:
m

c
2
Ek  dm  mc 2  m o c 2 или mc 2  E k  m o c 2
m0

Изразот E  mc 2 се нарекува релативистичка енергија, а


изразот E 0  m 0 c 2 се нарекува енергија на мирување. Согласно
последната равенка, релативистичката енергија е еднаква на
збирот од енергијата на мирување и кинетичката енергија на
телото, т.е.:

E  Eo  E k

Значи законот за запазување на енергијата се обопштува и во Релацијата E = mc2 е


теоријата на релативност. Релативистичкиот закон за запазување врската меѓу масата
на енергијата гласи:
и енергијата и таа ја
покажува
Релативистичката енергија на затворен систем не се менува
еквивалентноста
со текот на времето.
меѓу масата и
енергијата, но не и
Со релацијата E  mc 2 е дадена врската меѓу масата и нивната
енергијата и таа ја покажува еквивалентноста меѓу масата и идентичност
енергијата, но не и идентичноста на масата и енергијата. Масата и
енергијата се две различни својстава на материјата. Масата е
мерка за инертност, а енергијата способност за вршење работа.
Според тоа, Ајнштајновата релација за еквиваленција меѓу масата
и енергијата поврзува три физички големини (енергија, маса и
брзина на светлината). Масата и енергијата на секое тело не можат
да се разгледуваат како две независни карактеристики на
материјата, туку како две форми на иста физичка реалност.
Брзината на светлината се јавува како еден фактор во кој се
опфатени својствата на електромагнетното поле, т.е. електричните
и магнетните својства на физичкото поле.

Ајнштајновата релација за еквивалентност на масата и


енергијата нашла примена во атомската и нуклеарната физика.

Врската меѓу енергијата и импулсот се добива од изразот за


релативистичката енергија:

mo c 2
E  mc 2  ,
v2
1
c2

каде што m е релативистичката маса. Ако се квадрираат левата и


десната страна на равенката се добиваизразот

E 2  p 2 c 2  E o2 ,

каде што импулсот изнесува

p = mv,

а Е0 е енергија при мирување:

E o2  mo2 c 4

Од последната равенка се изразува импулсот :

1
p E 2  E o2 .
c

Ако во овој израз ја замениме релацијата за релативистичката


енергија E  Ek  Eo , се добива врската меѓу релативистичкиот
импулс, кинетичката енергија Ek и енергијата на мирување E0, т.е.:

1
p E k E k  2 E o 
c

Меѓусебната зависност на просторот и времето прават еден


единствен четвородимензионален „свет” на Минковски.
Евклидовата геометрија е специјален случај на четворо-
димензионалната просторно-временска геометрија. Просторот и
времето се меѓусебно поврзани физички големини и зависат од
координатниот систем во кој се определуваат.

Специјалната теорија на релативност одиграла значајна улога


во поврзување, откривање и разјаснување на фундаменталните
закони на физиката. Принципите на релативистичката механика се
применуваат и во останатите области од физиката, па имаме:
релативистичка динамика, оптика, термодинамика итн.
Значењето и улогата на специјалната теорија на релативност
ги надминува и рамките на физиката. Таа допринесува за
потполно формирање на нашиот поглед на светот и е во потполна
согласност со основите на дијалектичкиот материјализам.

ЗАДАЧИ:

Задача 1.3. Две ракети, секоја со Решение:


должина 100 m при мирување, се Должината на секоја од ракетите измерена е
движат една кон друга со брзини 0,85c, нивната сопствена должина, така да во однос на
мерени во однос на Земјата. Колкава е Земјата тие ќе имаат должини
должината на секоја од ракетите мерена
во однос на Земјата? Со колкава брзина
v2 0,852 c 2
се движат ракетите и колкави се l  l0 1   100 1  53 m
нивните должини една во однос на c2 c2
друга? За колкаво време ќе се разминат За да се разминат овие ракети ќе треба секоја од
целосно овие две ракети, според нив да помине пат еднаков на должината на ракетата,
набљудувач на Земјата? т.е. потребното време е
l 53 m
t   21 s
v 0,85c

Релативната брзина на движење на ракетите


една во однос на друга е
u v  0,85c  0,85c
u    0,987c ,
uv (0,85c)(0,85c)
1 2 1
c c2
т.е. u  0,99c
Должината, пак, на секоја од ракетите една во
однос на друга е
u2 0,99 2 c 2
L  l0 1  2
 100 1   16 m
c c2

Задача 1.4. Електрон се движи со Решение:


брзина 0,8c. Неговата енергија при Користејќи го изразот за вкупна енергија на
мирување е 0,511 MeV. Да се определат релативистичка честичка добиваме
вкупната енергија, кинетичката енергија
и импулсот на електронот. m0 c 2 0,511MeV
E  mc2    0,852 MeV
2
v 0,82 c 2
1 1
c2 c2

Кинетичката енергија е дадена со изразот

E k  mc 2  m 0 c 2  ( 0,852  0,511) MeV  0,341 MeV

Додека импулсот на електронот изнесува:

m0 v m0 c 2 v 0,85c MeV
p  mv   2
E 2
 0,682
v 2
v 2 c c c
1 2
1 2
c c
Домашна работа Тема 1
Теорија на релативност

ИМЕ И ПРЕЗИМЕ

БРОЈ НА ИНДЕКС ПАРАЛЕЛКА

Зошто релативистичките
ефекти не се забележуваат во
реалниот живот?

Кои се последиците на
Лоренцовите трансформации?
Да се запишат релациите.

Чамец се движи по течението на


волшебна река со сопствена
брзина v = 0,2 c. Брзината на
течење на реката е v = 0,9 c.
Колкава е брзината на чамецот
во однос на брегот?

Да се нацрта графичката
зависност на импулсот
во класичната и во
релативистичката механика.
Кој е заклучокот?

Да се запише релативистичката
релација за кинетичка енергија.
(3 поени) Да се реши следната задача.
Еден од двајца браќа близнаци тргнува во авантура во вселената, а другиот останува на
Земјата.
а) Со која реација ќе бидат поврзани времињата на старост на двајцата браќа?
б) Кој од браќата ќе старее побрзо?
в) При која брзина на ракетата еден од близнаците ќе старее три пати поспоро од брат му?

You might also like