You are on page 1of 6

МАЈКЛСОНОВ ЕКСПЕРИМЕНТ

1.ПРИЧИНИ ЗА МАЈКЛСОНОВИОТ ЕКСПЕРИМЕНТ

 Појавите во светот не се само механички туку и


електромагнетни па затоа се поставува прашањето дали
Галилеевите трансформации и законот за собирање на брзините
важат и за електромагнетни појави
 Актуелна била потребата од постоење на хипотетички етер –
неподвижна транспарентна средина во која се пренесуваат
електромагнетните бранови (светлината)
 За Максвеловите равенки за електромагнетните појави бил
потребен референтен систем врзан за етерот, бидејќи тие не биле
инваријатни за Галилеевите трансформации.
 Максвел докажал дека и светлината е електромагнетен бран и
дека во вакум се движи со брзина 300 000 000m/s.
МАЈКЛСОНОВ ЕКСПЕРИМЕНТ

 Нека светински извор се наоѓа во S системот кој мирува, а набљудувач во


S’ кој се движи со брзина v. Ако набљудувачот се движи со брзина v во
насока на ширење на светлинскиот бран , тој за брзината ќе добие c’=c-
v ,а ако се движи во спротивна насока од насоката на ширење на
светлинскиот бран c’= c+v
МАЈКЛСОНОВ ЕКСПЕРИМЕНТ
 Земјата при својата ротација околу Сонцето во еден период од годината се движи
со брзина 30 000m/s во насока на сончевата светлина, па тогаш согласноо Г.Т.
брзината на светлината ќе биде c’=c-v. Во друг период Земјата се движи околу
Сонцето во спротивна насока од сончевата светлина па брзината на светлината
треба да биде c’=c+v.

Затоа во овие периоди би се очекувала промена на брзината на светлината


од 1/104, со што би се докажало движењето на Земјата во неподвижниот етер
т.е би се докажало дека етерот постои. Ваква разлика во брзините на
светлината не се докажала. Тоа значи дека етерот не постои и дека
брзината на светлината во сите правци е еднаква и изнесува
C=3·108m/s.
МАЈКЛСОНОВ ИНТЕРФЕРОМЕТАР
 Целта на овој експеримент беше да се докаже постоењето на етерот. За овој
експеримент користиме уред познат како интерферометар на Мајклсон.

Дел од снопот светлина кој паѓа на плочката BS се рефлектира кон огледалото М 1 ,а


дел поминува кон огледалото М2. Двата зраци се рефлектираат од огледалата и одат
кон плочката BS, која зракот од М1 го пропушта ,а зракот од М2 го рефлектира и
насочува кон дурбинот Т. Двата зраци стигнуваат до дурбино Т и интерферираат. Тука
се добива интерферентна шема.
Се набљудува интерферентната шема и се споредува со шемата што се добива кога
целиот интерферометар ќе се заврти за 90°. Бидејќи нема поместување на
интерферентните ленти , тоа значи дека брзината на светлината во сите правци е
еднаква т.е дека етерот непостои.
ЗНАЧЕЊЕ НА МАЈКЛСОНОВИОТ ЕКСПЕРИМЕНТ

Мајклсоновиот експеримент е најпознатиот неуспешен


експеримент кој докажал дека:
 Етерот не постои (апсолутно движење не постои)

 Галилеевите трансформации и законот за собирање на

брзините не важат за електромагнетните (светлинските)


појави
 Брзината на светлината не зависи од тоа дали системот од

кој се мери мирува или се движи и во кој правец се


движи.

You might also like