You are on page 1of 2

1.

Промените на некоја физичка промена или движењето на некое тело,


кои приближно се повторуваат со текот на времето, по секој изминат
временски интервал кој е карактеристичен за таа појава или движење,
се нарекуваат осцилаторни промени, односно осцилаторни движења.
2. Физичкиот систем кој покажува осцилаторни промени или движења се
вика осцилатор.
3. Една целосна смена, односно завршен циклус на осцилаторот на
физ.велчина што е карактеристична за негоо, по која движењето се
повторува се вика осцилација.
4. Модел е целосна теориска шема на некоја природна појава.
5. Хармонски осцилатор е модел.
6. Функцијата на хармонскиот осцилатор се вика синусна, затоа што
клучно место во дефиницијата има функцијата y=sin(x).
7. Елонгација е било која физичка величина чиишто осцилации се
испитуваат.
8. Амплитуда е максималното отстапување на елонгацијата од нејзината
средна вредност.
9. Фаза е целиот израз Bx+C. Почетната фаза ја поместува целата функција
лево десно..
10.Периодот го одредува минималниот интервал на вредности на
независно променливата х по кој функцијата у се повторува идентично.
11.Фрекфенција(f) – физичка величина. Единица – херц. (Hz)
12. Физичко нишало – секое тело што може да осцилира, да се ниша
околу некоја неподвижна хоризонтална оска која не минува низ
неговиот центар на маса.
13.Центар на маса – точката во која е сконцентрирана целата маса.
14.Математичко нишало – модел на осцилатор што се карактеризира
само со 3 физ.величини: агол на отклонување од рамнотежна положба,
маса на матријална точка и должина на отсечка.
15. Должината на она математичко нишало чијшто период на осцилирање
се софпаѓа со периодот на осцилирање на физичото нишало се
нарекува Редуцирана должина на физичкото нишало.
16. Периодот на математичкото нишало зависи од доллжината на
нишалото и земјиното забрзување.
17. Сеизмограф е специјален вид на физичко нишало кој се употребува за
регистрирање на земјотреси.
18. Промените кои се случуваат и кои се бележат се викаат сеизмографи.
19.Метроном – уред за давање такт во музиката и нишалото му е една
метална прачка што е со тег кој може да се мести нагоре – надоле по
неа.
20. Фукоово нишало – првиот експеримент што дал докази за ротација на
Земјата. Бил спроведен од Фуко.
21. Елатичната деформација на пружината и на сите др. елатични тела,
според Хуковиот закон , е пропорционална на приложената сила.
F = k*x
22. Коефициентот k, што се појавува во Хуковиот закон се нарекува
крутост на еластичното тело. Единица за k во СИ системот е N/m.
23. Периодот на еластичен осцилатор би требало да зависи од
еластичните особини на матријалот од кој е направена пружината и од
масата на закаченото тело m.
24. Движењата на проекциите на рамномерното кружно движење, врз
ортогонален координатен систем, се хармонски осцилаторни движења.
25. Сложување на осцилации – збирна промена на збир од поединечни
осцилаторни промени.
26.

You might also like