You are on page 1of 1

Рамномерно движење по кружница .

Центрипетално забрзување
Запомни

1.Движењето на телото по кружница со постојана по модул брзина се вика рамномерно


движење по кружница.

2.Брзината на движењето на материјалната точка по кружница се вика линиска брзина v.

3.Правецот на линиската брзина во секоја точка од кружницата се совпаѓа со тангентата на


кружницата во таа точка.

4.Линиската брзина v кај рамномерното движење по кружница е еднаква на должината на


лакот s изминат од материјалната точка во единица време t.
v=s /t s= v t v=2πR /T v=2πR f
5.Времето потребно за едно обиколување на материјалната точка околу кружница се вика
период T.

6.Бројот на завртувања во единица време се вика фрекфенција на вртење f.


T=1/f ,f=1/T

7.Движењата кои се повторуваат во еднакви временски интервали се викаат периодични


движења.

8.Аголот што се зафаќа меѓу радиус векторот што ја опишува положбата на материјалната
точка по кружницата и x-оската се вика агол на завртување φ.

9.Под аголна брзина ω се подразбира односот меѓу аголот на завртување на радиус векторот
φ и временскиот интервал t за кој настанало тоа завртување .
ω=φ/t ω=2π/T ω=2πf

10.Аголната брзина е 1 rad/s ако за време од 1s се опишува агол на завртување од 1rad .

11.Врската меѓу должината на лакот и аголот на завртување и линиската и аголната брзина е


дадена со равенките: s=Rφ ,v=Rω

12.Забрзувањето што ни ја покажува промената на линиската брзина по правец и насока се


вика центрипетално или центристремително забрзување acp.
acp =v2 /R , acp =ω2R , acp =4π2R / T2 , acp =4π2R f2

13.Центрипеталното забрзување се вика и центристремително затоа што по правец се


совпаѓа со радиусот на кружницата ,а е насочено од периферијата кон центарот на
кружницата.

You might also like