You are on page 1of 71

Физика

2. Еднодимензионална кинематика
Позиција, растојание и
поместување
Координатен систем во еднодимензионален простор е
насочена права – оска, со избрана точка О – координатен
почеток, единична отсечка и, се рабира, насока.
Позицијата на една честичка е опишана со еден единствен
реален број: x (координата на честичката)
Позиција, растојание и
поместување
Растојание се дефинира како вкупна должина на патувањето
(на една честичка).
SI единица: метар, m

Други единици за растојание:


1 милја = 1609 m
1 m = 3.281 ft
1 m = 1.094 yard
Позиција, растојание и
поместување
Пример 1. Колкаво растојание си поминал ако си тргнал од
твојата куќа, си возел до продавницата и потоа си се вратил
дома?

Патувањето е вкупно 4.3 + 4.3 = 8.6 милји.


Во SI единици: 8.6 mi  8.6 mi  1609m  13837 m
1mi
Позиција, растојание и
поместување
Поместување се дефинира како промена на позиција
x = крајна позиција – почетна позиција
SI единица: метар, m
x = xf – xi (1)

Забелешка: Поместувањето е ВЕКТОР!!!


Бидејќи се работи за еднодимензионален простор, носител
на насоката на овој вектор е знакот на бројот x.
Позиција, растојание и
поместување
Пример 2. Одреди го поместувањето x ако:
а) Патуваш од твојата куќа до продавницата.
б) Патуваш од твојата куќа до продавницата и се враќаш до
твојата куќа.
в) Патуваш од твојата куќа до продавницата и потоа патуваш
до куќата на твојот пријател.
Позиција, растојание и
поместување
Пример 2. Одреди го поместувањето x ако:
а) Патуваш од твојата куќа до продавницата.
Решение: Почетна координата: xi = 2.1mi.
Крајна координата: xf = 6.4mi.
Поместување: x = xf – xi = 4.3 mi
Позиција, растојание и
поместување
Пример 2. Одреди го поместувањето x ако:
б) Патуваш од твојата куќа до продавницата и се враќаш до
твојата куќа.
Решение: Почетна координата: xi = 2.1mi.
Крајна координата: xf = 2.1mi.
Поместување: x = xf – xi = 0 mi
Позиција, растојание и
поместување
Пример 2. Одреди го поместувањето x ако:
в) Патуваш од твојата куќа до продавницата и потоа патуваш
до куќата на твојот пријател.
Решение: Почетна координата: xi = 2.1mi.
Крајна координата: xf = 0 mi.
Поместување: x = xf – xi = –2.1 mi
Позиција, растојание и
поместување
Пример 3. Патуваш од куќата на твојот пријател до
продавницата, а потоа до твојата куќа. Одреди ги:
а) поминатото растојание; б) поместувањето.

Решение:
а) Поминато растојание: 2.1mi + 4.3mi + 4.3mi = 10.7mi.
б) Поместување: Почетна координата: xi = 0mi.
Крајна координата: xf = 2.1mi.
Поместување: x = xf – xi = 2.1 mi
Просечен спид и средна
брзина
Просечен спид се дефинира како количник помеѓу
поминатото растојание и одминатото време.
растојание
просечен спид 
одминато време

Просечниот спид ја карактеризира стапката на промена на


движењето.
SI единица: m/s (метар во секунда)
Просечен спид и средна
брзина
Пример 4. Возиш со автомобил 4mi со просечен спид од
30mi/h, a потоа уште 4mi со просечен спид од 50mi/h. Дали
твојот просечен спид за патувањето од 8mi
a) поголем од 40 mi/h
б) еднаков на 40 mi/h
в) помал од 40 mi/h.
Просечен спид и средна
брзина
Пример 4. Решение

Иако на прв поглед се чини дека просечниот спид


дефинитивно мора да е 40 mi/h, со подлабока анализа може
да се заклучи дека за да се помнат 4mi со просечен спид од
30 mi/h е потребно повеќе време t1, отколку времето t2
потребно да се поминат вторите 4 mi со просечен спид од 50
mi/h. Затоа, просечниот спид ќе биде ПОМАЛ ОД 40 mi/h.
Просечен спид и средна
брзина
Пример 4. Решение

Попрецизно,
4mi 2 4mi 2
t1   h t2   h
30 mi h 15 50 mi h 25
Значи, вкупното одминато време е
2 2 16
t  t1  t2 h h  h
15 25 75
8mi
Па, просечен спид  16  37.5 mi h  40 mi h
75 h
Просечен спид и средна
брзина
Средна брзина v се дефинира како количник помеѓу
av
поместувањето и одминатото време.
поместување
средна брзина 
одминато време

x x f  xi
v av  
t t f  ti (2)
SI единица: m/s (метар во секунда)
Забелешка: Средната брзина е ВЕКТОР!!!
Бидејќи се работи за еднодимензионален простор, носител
на насоката на овој вектор е знакот на бројот vav. Средната
брзина е физичка величина која во себе ја содржи и
информацијата за насоката на движењетона честичката.
Просечен спид и средна
брзина
Пример 5. Атлетичар трча 50m за 8s, потоа застанува и
пешачејќи полека се враќа до стартната позиција за 40s.
Aко насоката на трчање е избрана за позитивна насока,
одреди ги:
а) средната брзина на
трчањето
б) средната брзина на
пешачењето
в) средната брзина на
целото патување.
Просечен спид и средна
брзина
Пример 5. Решение. а) средната брзина на трчањето
xf = 50m; xi = 0m;
tf = 8s; ti=0;
x x f  xi 50m  0m 50
v av     m s  6.25 m s
t t f  ti 8s  0 s 8

б) средната брзина на пешачењето


xf = 0m; xi = 50m;
tf = 48s; ti=8;
x x f  xi 0m  50m 50
v av      m s  1.25 m s
t t f  ti 48s  8s 40
Просечен спид и средна
брзина
Пример 5. Решение в) средната брзина на целото патување.
xf = 0m; xi = 0m;
tf = 48s; ti=0;

x x f  xi
v av   
t t f  ti
0m  0m 0
  m s  0m s
48s  0 s 48
Моментна брзина
Моментна брзина v се дефинира како лимес од количник
помеѓу поместувањето и одминатото време, кога одминатото
време се стреми кон 0.
x (3)
v  lim
t  0 t

SI единица: m/s (метар во секунда)


Забелешка: Моментната брзина е ВЕКТОР!!!
Моментна брзина

Пример 6. На сликата е прикажана графички зависноста на


позицијата x во завистност од времето t. Дали моментната
брзина во времето t=0.5s
a) е поголема
б) e еднаква
в) е помала
од моментната брзина
во времето t=1s?
Моментна брзина

Пример 6. Решение.
Тангентата на графикот на функцијата прикажана на сликата
во точката t=0.5 има поголемнаклон (slope) од тангентата на
истиот график во точката t=1.
Затоа, моментната брзина е поголема во времето t=0.5s.

Забелешка. Споредувањето по
големина на две векторски
величини има смисла само во
еднодимензионален случај.
Средна брзина Vs Моментна
брзина – геометриска
интерпретација
Забрзување
Брзината е стапка на промена на поместувањето во однос на
промената на времето. Стапката на промена на брзината во
однос на промената на времето се однесува на физичка
величина - забрзување.
Забрзувањето е една од најважните физички величини.
Штом има промена на брзината, има забрзувањње.
Во еднодимензионалната кинематика, ако брзината се
зголемува, забрзувањето е позитивно, ако брзината се
намалува, тогаш забрзувањето е негативно.
Од посебно значење се движењата со константно
забрзување, на пример – слободното паѓање.
Средно забрзување
Средно (просечно) забрзување аav се дефинира како
количник помеѓу промената на брзината и одминатото
време.
v v f  v i
aav   (4)
t t f  ti

SI единица: m/s2 (метар во секунда на квадрат)


Забелешка: Средното забрзување е ВЕКТОР!!!
Бидејќи се работи за еднодимензионален простор, носител
на насоката на овој вектор е знакот на бројот аav.
Забрзување

Пример 7. Значење на единицата m/s2


Гравитационото забрзување на Земјината површина е
приближно 9.81 m/s2. Тоа значи дека брзината на објект што
слободно паѓа се зголемува за 9.81 m/s секоја секунда.

Пример 8. Автомобил може да крене од 0 до 60 mi/h за 6.2 s.


Кое е средното забрзување на овој автомобил?
v 60mi / h  0mi / h 60mi / h
средно забрзување = a av    
t 6.2 s  0 s 6.2 s
1609m 1h
60mi / h  
 1mi 3600 s  26.82m / s  4.3 m s 2
6.2 s 6.2 s
Забрзување

Пример 9. Авион има средно забрзување од 5.6 m/s2 за


време на полетувањето. Колку време е потребно за авионот
да достигне спид од 150mi/h?

v
Решение. Од aav  следува дека
t
1609m 1h
150mi / h  
v 150mi / h 1mi 3600 s  67.04m / s  12 s
t   2

aav 5.6m / s 5.6m / s 2 5.6m / s 2
Моментно забрзување
Моментно забрзување а се дефинира како лимес од
количникот помеѓу промената на брзината и одминатото
време, кога одминатото време се стреми кон 0.
v (5)
a  lim
t  0 t

SI единица: m/s2 (метар во секунда на квадрат)


Забелешка: Моментната брзина е ВЕКТОР!!!
Кога забрзувањето е константно, моментното и средното
забрзување се исти.
Моментно забрзување –
геометриска интерпретација

Кривата I се однесува на
движење на честичка со
константно забрзување
a=-0.5m/s2.
Кривата II се однесува на
движење на честичка со
константно забрзување
a=+0.25m/s2.
Средно забрзување Vs Моментно
забрзување – геометриска
интерпретација
Забрзување

Пример 10. Еден воз се движи праволиниски со почетна


брзина од 0.5m/s, забрзува по 2m/s2 за време од 2s, вози со 0
забрзување 3s, и потоа забрзува за –1.5m/s2 за време од 1s.
а) Која е крајната брзина на возот?
б) Кое е средното забрзување на возот?
Забрзување
Пример 10. Р. Цртање цртеж. – График на функцијата v(t).
На секој интервал со константно
забрзување, брзината ќе биде
линеарна функција од времето,
па ќе биде претставена со
отсечка – дел од права со
забрзувањето како наклон
(slope). Значи, цртаме права со
наклон 2 за t[0,2] од точката
(0,0.5). Потоа надоврзуваме
права со наклон 0 за t[2,5] и
потоа надоврзуваме права со
наклон –1.5 за t[5,6].
Забрзување
Пример 10. Р. Стратегија
На секој интервал со константно забрзување, промената на
брзината е v = aavt = at.
а) Која е крајната брзина на возот?
Собирајќи ги промените на
брзината, се добива целата
промена, v = vf – vi. Почетната
брзина е позната: vi = 0.5m/s, па
ако се најде v,лесно може да
се изрази vf = vi + v.
Забрзување
Пример 10. Решение. а) Која е крајната брзина на возот?

v1 = a1t = 2m/s22s = 4m/s.


v2 = a2t = 0m/s23s = 0m/s.
v3 = a3t = -1.5m/s21s = -1.5m/s

v = v1 + v2 + v3 = 2.5 m/s


vf = vi + v = 0.5m/s + 2.5m/s =
= 3m/s.
Забрзување
Пример 10. Решение
б) Кое е средното забрзување на возот?

Средното забрзување е
определено со формулата:
v 2.5m / s
aav    0.42 m s 2
t 6s

Забелешка: Виолетовата права


на цртежот има наклон точно
еднаков на aav, односно 2.5/6.
Праволиниско движење со
константно забрзување
Честичка се движи праволиниски со константно забрзување
ако има исто забрзување во било колкаво одминато време,
па моментното забрзување a е еднакво со средното
забрзување aav, односно
vf  vi
aav  a
t f  ti
Ако се избере почетното време да е ti = 0 и почетната брзина
се означи со vf = v0, индексот f може да се испушти и
претходната равенка да се третира како функција v од
времето t, за било кое време t.
v  v0
a
t
односно, v – v0 = at.
Праволиниско движење со
константно забрзување
Равенка на праволиниско движење со константно
забрзување а – брзината v како функција од времето t.
v = v0 + at (6)
Графикот на функцијата v = v(t) претставува права. Оваа права
ја сече брзинската (вертикалната) оска во вредноста v0 и има
наклон (slope) а.
Димензионална анализа:
[L]/[T] = [L]/[T] + ([L]/[T]2)[T] = [L]/[T] + [L]/[T].
Праволиниско движење со
константно забрзување
Пример 11. Една топка е фрлена нагоре со почетна брзина од
8.2m/s. Ако нејзиното забрзување е –9.81m/s2, одреди ја
нејзината брзина после
а) 0.5s б) 1s

Со замена во формулата (6): v = v0 + at на вредностите за


дадените величини: v0 = 8.2m/s и a = -9.81m/s2 се добива
функцијата
v = v(t) = 8.2 – 9.81t
a) v(0.5) = 3.3m/s.
б) v(1) = -1.61m/s.
Праволиниско движење со
константно забрзување
Следно прашање е како позицијата на честичката која се
движи праволиниски со константно забрзување да се изрази
како функција од времето?
Средната брзина ја изразивме во формулата (2):
x x f  xi
vav  
t t f  ti
Ако се избере почетното време да е ti = 0 и почетната брзина
се означи со xi = x0, индексот f може да се испушти и од
претходната равенка да се изведе како функција x од времето
t, за било кое време t.
x  x0
v av  однонсо x – x0 = vavt
t
или x = x(t) = x0 + vavt (7)
Праволиниско движење со
константно забрзување
Формулата (7): x = x(t) = x + v t важи независно дали
0 av
забрзувањето е константно или не.
Следните 2 формули се однесуваат САМО на случајот
на константно забрзување. Во тој случај, средната
брзина може да се изрази преку почетната и крајната
брзина. Кога забрзувањето е константно, брзината е
линеарна функција од времето, односно се менува
линеарно од v0 како почетна брзина до v=v(t) за
некое време t, па средната брзина
е просто просек на овие v0 и v.
1
v av   v0  v  (8)
2
1
x  x  t  = x0 +  v0  v  t (9)
2
Праволиниско движење со
константно забрзување

Забелешка: Сл. (а): Кога забрзувањето е константно, брзината


е линеарна функција од времето. Средната брзина едноставно
е просек на почетната v0 и крајната брзина v.
Сл. (b): Кога забрзувањето не е константно, брзината е
нелинеарна – средната брзина не мора да е обичен просек на
(на половина пат помеѓу) почетната v0 и крајната брзина v.
Праволиниско движење со
константно забрзување
1
Значи, формулите (6): v = v + at, и (9): 0 x  x  t  = x0 +  v0  v  t
2
важат само во случај на константно забрзување.
Ако v од формулата (6) се замени во формулата (9), се
добива:
1 1 1 1
x  x  t  = x0 +  v 0  v  t  x0 +  v 0  v 0  at  t  x0 +  2v 0  at  t  x0 + v 0t + at 2
2 2 2 2
Со тоа е изведена равенката за позицијата на честичка која се
движи праволиниски со константно забрзување како
функција од времето:

1
x  x  t  = x0 + v 0t + at 2
2 (10)
Праволиниско движење со
константно забрзување
Пример 12. Возач на формула 1, тргнува од мирување со
забрзување од 7.4m/s2. Колку пат ќе помине после
а) 1s б) 2s в) 3s

Стратегија: Забрзувањето е константно a = 7.4m/s2, па


доволно е да се примени формулата (10) за почетна брзина
v0=0, за почетна позиција x0 = 0.
Праволиниско движење со
константно забрзување
Пример 12. а) 1s б) 2s в) 3s

1
Решение: x  x  t  = x0 + 0  t + 7.4t  3.7t
2 2

а) x 1 = 3.7 m
б) x  2   3.7  22  14.8m
в) x  3  3.7  3  33.3m
2
Праволиниско движење со
константно
Формулата (10):
забрзување
1
x  x  t  = x0 + v 0t + at 2
2
Покажува дека при праволиниското движење со константно
забрзување, позицијата е квадратна функција од времето.
Графикот на функцијата x(t) е парабола.

Специјално, ако a=0, тогаш x(t) ќе е линеарна функција од t.


Праволиниско движење со
константно забрзување
Од равенката (6): v = v + at, може да се изрази времето t:
0
v  v0
t
a
Добиениот израз за t ќе го замениме во равенката (9):
1 1 v  v0 v 2  v02
x  x  t  = x0 +  v 0  v  t  x0 +  v 0  v   x0 +
2 2 a 2a
Од последната равенка
v 2  v02
x  x0 +
2a
Се добива:
v 2  v 0 2  2ax  2ax0  v 0 2  2a  x  x0 
Праволиниско движење со
константно забрзување
Последната равенка ги поврзува брзината во една позиција
со брзината во друга позиција, без да го вклучува времето.
v 2  v 0 2  2a  x  x0 

Со оваа равенка всушност се изразува брзината преку


поместувањето при праволиниско движење на честичка со
константно забрзување:
v 2  v 0 2  2a  x  x0   v 0 2  2ax (11)
Праволиниско движење со
константно забрзување
Пример 13. Авионите на аеродром забрзуваат од мирување
од едниот крај на пистата и мора да ја достигнат брзината на
полетување пред да стигнат до другиот крај од пистата.
а) Авионот А има забрзување a и брзина на полетување vt0.
Одреди ја најмалата должина на пистата xA потребна за да
полета овој авион.
б) Авионот B го има истото забрзување како и авионот А, но
има двојно поголема брзина на полетување. Најди го xB и
спореди го со xA.
в) Одреди го најмалата должина на пистата за авионот А ако
a=2.2m/s2, и vt0=95m/s.
Праволиниско движење со
константно забрзување
Пример 13. Р. Цртеж

Стратегија. Сакаме да се изрази x – растојанието (позитивно


поместување) што авионот треба да го помине за
достигнување на брзина на полетување преку забрзувањето
а и брзината на полетување vt0. Равенката (11) може да се
искористи за ова изразување на x.
Праволиниско движење со
константно забрзување
Пример 13.
Решение

v 2  v02
v  v 0  2ax
2 2
 2ax  v  v 0
2 2
 x 
2a
а) Авионот А има забрзување a и брзина на полетување vt0.
Одреди ја најмалата должина на пистата xA потребна за да
полета овој авион.
Бидејќи v0=0, се добива:
vt 02
x A 
2a
Праволиниско движење со
константно забрзување
Пример 13.
Решение

v 2  v02
v  v 0  2ax
2 2
 2ax  v  v 0 2 2
 x 
2a
б) Авионот B го има истото забрзување како и авионот А, но
има двојно поголема брзина на полетување. Најди го xB и
спореди го со xA.
 2vt 0 
2
2vt 0
xB    4 x A
2a a
Праволиниско движење со
константно забрзување
Пример 13.
Решение

v 2  v02
v  v 0  2ax
2 2
 2ax  v  v 0
2 2
 x 
2a
в) Одреди го најмалата должина на пистата за авионот А ако
a=2.2m/s2, и vt0=95m/s.
 95m / s 
2
9025m 2 / s 2
x A    2051m
2  2.2m / s 2
4.4m / s 2
Најважните формули на
едно место
Праволиниско (еднодимензионално) движење со
константно забрзување
Променливи кои ги Број на
Формула
поврзува формулата формулата
брзина, време,
v = v0 + at (6)
забрзување
почетна, крајна и 1
средна брзина vav   v0  v  (8)
2
позиција, време, 1
x  x  t  = x0 +  v0  v  t (9)
брзина 2
позиција, време, 1
забрзување x  x  t  = x0 + v 0t + at 2 (10)
2
брзина, позиција, v 2  v 0 2  2a  x  x0   v 0 2  2ax (11)
забрзување
Слободно паѓање
Слободно паѓање е движење на објект САМО под влијание на
гравитацијата.
Зборот “слободно” се однесува во смисла на ослободено од
било какви други влијанија освен гравитацијата. На пример,
при слободно паѓање, се претпоставува дека врз движењето
на објектот не влијае било каков облик на триење или
воздушен отпор.
Слободно паѓање

Во одсуство на воздушен отпор,


сите тела паѓаат со исто
забрзување, без оглед на нивната
маса.
Слободно паѓање

Фрлање на лист хартија и Фрлање на стуткан лист


гумено топче хартија и гумено топче
Слободно паѓање
Концептот слободно паѓање е идеализиран. Сепак во некои
ситуации може приближно да се примени во ситуации од
реалнио живот.
Иако “паѓање” како збор тоа го сугерира, слободното паѓање
не мора да е секогаш надолу.
Ако се фрли топка нагоре, или надолу, штом се ослободи од
раката, таа е во состојба на слободно паѓање.
Објект е во состојба на слободно паѓање веднаш кога е
пуштен, фрлен или лансиран, од состојба на мирување,
сеедно дали надолу или нагоре.
Гравитационо забрзување
Забрзувањето што го имаат објектите на Земјината површина
се нарекува гравитационо забрзување и се изначува со g.
Бидејќи Земјата нема облик на топка, туку на елипсоид,
вредноста g не е секаде еднаква.

Сепак, во пракса, се зема g да е константа чија приближна


вредност е g = 9.81m/s2 (секогаш со знак +; ако координатната
оска е поставена така што забрзувањето е негативно, тогаш
a = – g = – 9.81m/s2)
Слободно паѓање
Пример 14. Еден човек се пушта од штица-скокалница на
висина 3m и се фрла во вода.
а) Колку време ќе помине додека човекот ја допре
површината на водата?
б) Кој е спидот на човекот при влегувањето во водата?
Избираме координатен систем со
координатен почеток на висина на
скокалницата, насочена надолу. Со
ваков избор, имаме:
x0 = 0; a = g; v0 = 0;
површината на водата има
позиција x = 3m.
Слободно паѓање
Пример 14. Еден човек се пушта од штица-скокалница на
висина 3m и се фрла во вода.
а) Колку време ќе помине додека човекот ја допре
површината на водата?
б) Кој е спидот на човекот при влегувањето во водата?
Стратегија. Ако се занемари воздушното триење, проблемот
може да се моделира како слободно паѓање.
а) Треба да се најде времето, а познато е растојанието и
забрзувањето – се применува формулата (10).
б) Може да се поврзат брзината и времето со формулата (6),
или да се поврзе брзината со позицијата преку формулата (11).
Слободно паѓање
Пример 14. Решение а) Колку време ќе помине додека
човекот ја допре површината на водата?
x0 = 0; v0 = 0; a = g 9.81m/s2
1 2 1 2
x  x  t  = x0 + v 0t + at  0  0  t  gt
2 2
1 2
x  gt
2
2x 2x
t 
2
 t
g g
2  3m
 t 2
 0.78s
9.81m / s
Слободно паѓање
Пример 14. Решение б) Кој е спидот на човекот при
влегувањето во водата?
x0 = 0; v0 = 0; a = g 9.81m/s2

v = v0 + at
 v = gt (9.81m/s2)0.78s  7.7m/s
Слободно паѓање од
мирување – специјален случај
Специјалниот случај на слободно паѓање од мирување се
користи најчесто. Земајќи x0 = 0, позитивната насока да е
надолу, за позицијата на објектот што слободно паѓа изразен
како функција од времеот се добива:
1 2 1 2
x  x  t  = x0 + v 0t + at  0  0  t  gt
2 2
односно
1 2
x  x  t  = gt (12)
2
Слично, од формулата (6), се добива како специјален случај
v = v0 + at = 0 + gt
односно
v = gt (13)
Слободно паѓање од
мирување – специјален
v
случај
Од (13): v = gt може да се изрази времето t  . Со замена во
g
(12):
1 2
x  x t  = gt
2
се добива:
2
1  v  1 v2 v2
x  g   g 2 
2 g 2 g 2g

v 2  2gx

v  2gx (14)
Слободно паѓање од
мирување – специјален случај

Позицијата и брзината се
изразени како функции од
времето.
Брзината зависи линеарно од t.
Позицијата зависи квадратно од t.
Слободно паѓање
Пример 15. Фрлаш камен од еден мост во реката. Кога
фрлениот камен падне 4m од мостот, фрлаш уште еден
камен. Како камењата продолжуваат да паѓаат, дали
растојанието меѓу нив:
а) се зголемува б) се намалува в) останува исто?
На прв поглед се чини дека растојанието
ќе остане исто. Сепак не е така. Каменот
што е фрлен прв секогаш ќе има поголема
брзина од вториот. Затоа, првиот камен ќе
поминува поголемо растојание во било
кој временски интервал. Значи, одговорот
е а) – растојанието меѓу камењата ќе се
зголемува.
Слободно паѓање
Пример 16. Вулкан исфрла грутки растопен метал кои се
нарекуваат бомби од лава. Еден геолог ја наблјудува
ерупцијата користејќи штоперица за да го измери времето на
летање на една конкретна бомба од лава, истрелана
вертикално нагоре.
Ако времето да се крене и да се врати до висината од која е
истрелана бомбата е 4.75s, и нејзиното забрзување е
9.81m/s2 надолу, кој е нејзиниот почетен спид?
Слободно паѓање
Пример 16. Р. Цртеж
Координатниот систем е поставен со
x-оска насочена нагоре. Време t=0 е
времето на истрелување на бомбата.
Со ваков избор, имаме:
x0 = 0, a = -g = -9.81m/s2.
Се бара почетниот спид v0.
Забелешка: Траекторијата е права
(отсечка) иако е прикажана како
парабола.
Слободно паѓање
Пример 16. Р. Стратегија
Ако се занемари воздушниот отпор, проблемот може да се
моделира како слободно паѓање – овојпат со почетна брзина
насочена нагоре. Знаеме дека бомбата од лава почнува да се
движи од позиција x = 0 во време t = 0 и се враќа на позиција
x = 0 во време t = 4.75s.
Тоа значи дека ја имаме позицијата на бомбата, времето и
забрзувањето (a = -g) од каде што треба да се одреди
1 2
почетната брзина. Од равенката (10): x  x  0 0
t = x + v t + at
2
може да се изрази непознатата v0.
Слободно паѓање
Пример 16. Решение
1 1  1 
Од x  x  t  = x0 + v 0t + at 2  v 0t  gt 2  t  v 0  gt 
2 2  2 
се добива:
 1  1 1
0  t  v 0  gt   t  0 или v 0  gt  0  t  0 или v 0  gt
 2  2 2
Бидејќи е познато времето кога бомбата повторно ќе има
позиција 0, тоа е t = 4.75s, почетната брзина директно се
добива од последното равенство:
1 1
v0  gt   9.81m / s 2  4.75s  23.3m / s
2 2
Слободно паѓање –
вертикален истрел
Ако координатниот систем се постави како во пример 16,
моделот на слободно паѓање може да се генерализира како
модел на вертикален истрел.
Почетната позиција (x=0) се добива при истрелувањето и во
моментот кога бомбата ќе падне од каде што е истрелана.
 1  1 v0
0  t  v 0  gt   t  0 или v 0  gt  0  t  0 или t  2
 2  2 g
Колкава ќе биде брзината на бомбата при паѓањето?
1
Од v0  gt и од формулата (6): v = v0 + at може да се пресмета:
2
1 1
v = v 0  at = v 0  gt  gt  gt   gt   v 0
2 2
Значи, при паѓањето бомбата ќе го има истиот спид како при
истрелувањето, но се разбира брзината е во спротивна насока.
Слободно паѓање –
вертикален истрел
Позицијата е квадратна функција –
графикот е парабола, а тоа што
параболата е завртена надолу значи дека
забрзувањето е константно, но негативно.
Темето на параболата
1 2
x  x  t  = v 0t 
gt
2
v0 v
е во времето t  0
 1  g
2  g 
 2 
Негативното константно забрзување
имплицира и линеарна зависност на
брзината од времето, со негативен
наклон (slope).

You might also like