You are on page 1of 3

1.7:: Средна и моментна брзина.

За да имаат постојана/константна/ брзина, телата при движењето мора да имат и


постојана насока, тоа значи да се движат во права линија. Реално вакво движење постои
само на кратки временски интервали, телата имат потреба да ја променат брзината
/намалат или зголемат/. Бидејќи односот од изминатиот пат за соодветниот временски
интервал не е еднаков на различни делови од траекторијата , како што е случај кај
−v
ранмомерното движење, се воведува величината средна брзина sr [ ].
m
s

Како се дефинира и определува средна брзина?

Средна брзина се дефинира како количник од поместувањето и временскиот интервал за



∆r
v sr =

кој настанало тоа поместување. t .
s 1 +s 2 +s 3
Кај праволиниски движења ⃗
∆ r ≡ s затоа следува v sr =
t 1+ t 2 +t 3

Пример: Велосипедист за првите 5 s поминува s1=¿ 40 m , за следните 10 s поминува


s2=100 m а за последните 5 s поминува s3 =20 m. Да се определи средната брзина на целиот
пат.
v 1- брзина на првиот дел од патот, t 1=5 s ; v 2-брзина на вториот дел од патот, t 2=10 s ;

v 3- брзина на третиот дел од патот; t 3=5 s ;

s 1 +s 2 +s 3 40+100+20 160 m
v sr = = = =8
t 1+ t 2 +t 3 5+10+5 20 s
Ако се познати брзините на делови од траекторијата тогаш средната брзина се
v 1 t 1 + v 2t + v 3 t
пресметува според равенката: v sr = 2

t 1 +t 2 +t 3
3

Општ запис за определување средна брзина


v 1 t 1 + v 2t + v 3 t +…+v t
v sr = 2 3 n n

t 1 +t 2+t 3 +…+t n

Средната брзина дава само една груба, приближна претстава за карактерот на


движењето, додека не дава претстава на карактерот на промената на движењето. Кога
променливо движење се наблудува за многу кратки временски интервали тогаш средната
брзина ќе биде еднаква на моментната брзина .

Моментна брзина е брзина на тело во даден момент на времето или во дадена точка на
траекторијата. Кај променливите движења моментната брзина постојано се менува од
една до друга точка од траекторијата, односно, од еден момент на времето до друг
момент на времето.

Како се следи пронената на моментната брзина?

За определување колку брзо се менува моментната брзина е воведена физичката


величина забрзување - a⃗ [ ]
m
s
2

Забрзувањето се дефинира како однос/количник/ од промената на брзината и


временскиот интервал за кој настанува таа промена.Претставува векторска величина со
правец и насока исти со векторот на поместувањето.

∆v
a⃗ = ∆t
; ∆ v=v 2−v 1-промена на брзината; ∆ t=t 2−t 1 временски интервал
v 1 е брзина во почетниот момент, често се означува v 0 – почетна брзина

v 2 е брзина во крајниот момент од времето, често се означува со v – крајна брзина

t 1=0 е почетен момент од мерење на времето, започнува од нула,

t 2 е крајот од временскиот интервал, t 2=t

v−v 0
Тогаш формула за пресметување забрзување ке добие облик a=
t

**** Кога крајната брзина е поголема од почетната брзина забрзувањето има позитивна
вредност a> 0,

Кога крајната брзина е помала од почетната , забрзувањето има негативна вредност, a< 0,

Пример: Авион при полетување почнува да се движи по писта од состојба на мирување.На крајот на
m
пистата тој добива брзина v=180 за време од t=40 s. Колкаво е забрзувањето на авионот?
s

m m
Дадени податоци: v=180 s ; t=40 s ; v 0=0 s – се запишува ,,состојба на мирување,,

v−v 0 180−0 m
a= = =4 , 5 2
t 40 s

Домашна задача:
1.Објасни како се дефинира средна брзина?

2. Објасни како се дефинира моментна брзина?

3. Како се дефинира забрзувањето?

m
Задача 1: Човек време од 10 min се движи со брзина 2. Потоа застанува и стои време 2 min.
s
m
Продолжува да се движи, следните 5min со брзина 5 . Определи ја средната брзина на целиот пат.
s
m
(одговор 2,65 )
s
m
Задача 2:Почетната брзина на едно тело е 30 , почнува да ја намалува брзината и за 15 s телото
s
m
застанува. Определи го забавувањето /негативно забрзување/на телото? (одговор а=−2 2 )
s
km km
Задача 3. Автомобил рамномерно забрзува при што брзината се зголемила од 54 на 108 за
h h
време од 10 s . Колкаво е забрзувањето на автомобилот? (одговор
m
а=1 ,5 2 )
s

You might also like