You are on page 1of 8

2.14:: Вртливо дејство на сила.

Момент на сила

Под дејство на резултантни сили врз телата, тие вршат или транслаторно или
вртливо(ротационо) движење, во зависност од положбата на нападната точка на силата.
Нападна точка е место на телото во кое делува силата. Кога правецот на резултантната
сила се совпаѓа со правецот на поместувањето
( во правец на радиусот на телото - F на сл.1),
тогаш движењето е транслаторно, ако силата
дејствува тангенцијално (нормално на телото- F на
сл.2) тогаш предизвикува вртливо дејство, телото
почнува да врти околу некоја точка или оска на
втрење (оска на ротација). При вртење на тело,
сите негови точки се движат по кружници со
центри кои лежат на иста права која се вика оска
на вртење. Оската на вртење може да минува низ телото,на
крајот на телото, но може да се најде дури и надвор од
телото. Материјалните честици кои се наоѓат на оската на
вртење остануват практично неподвижни.

Кога сила што дејствува на едно тело се стреми да


предизвика вртење околу некоја оска, се вели дека му
дава вртлив момент или момент на сила - М.
Моментот на силата се дефинира како производ од силата
која има правец со тангентата и кракот на силата.

M =F × r [ N .m ] - њутни по метри, единица мерка


каде F[ N ] – е сила што дејтвува во правец на тангентата , додека r[ m ] – е крак на силата,тоа
е нормално растојание од оската на ротација до нападната точка на силата. Моментот на
сила е векторска величина, чиј правец е одреден од оската на вртење а насоката зависи од
смерот на вртење на телото. За позитивна насока се зема кога моментот на силата се
стреми да го заврти телото во насока обратна од насоката на движење на стрелките на
часовникот, а негативна насока е кога се стреми да го заврти во насока на движење на
стрелките на часовникот.

Пример: Отворај врата така што кваката ќе ја држиш подалеку од оската на вртење, а
потоа ќе ја држиш поблиску до оската. Што забележуваш?

Заклучок: Моментот на сила зависи од големината на тангенцијалната сила. Меѓутоа ,


иста сила може да предизвика различен момент на сила ако делува на различно
растојание до оската на ротација. Затоа многу полесно се отвора вратата кога кваката ја
држиш подалеку, и е поставена подалеку од оската на ротација.
Пример: На нишалка се нишат Кирил и Бранко, седнати на различно растојание од
потпирната точка (оска на вртење). Бранко е со маса од 30 kg и седи на растојание од 2m
од оската на вртењето, а  Кирил е со маса од 20 kg и седи на растојание 3m од оската на
вртењето. Определи ги моментите на сила.
Решение: M K =mgr=20 ×10 × 3=600 Nm M B =mgr=30 ×10 ×2=600 Nm Кирил и Бранко имаат
исти моменти на сила

Прашања:
1. Како се предизвикува завртувачко дејство?

2. Од што зависи моментот на сила? Какви правец и насока има моментот на сила?

Задача 1. На крајот од велосипедско тркалото дејствува нормална сила на кочење од 100


N . Колкав е моментот на силата при кочењето ако дијаметарот на тркало е 1m?

Задача 2. Пресметај го моментот на сила, според сликата?

Задача 3. Пресметај го моментот на сила, според сликата?


2.15 :: Центар на маса

. Центар на маса на едно тело или систем од тела е точка во однос на која моментот на
силата која го создава вкупната тежина на телата е еднаков со моментот што го создаваат
деловите од телото или системот. Кај хомогени тела
со правилна геометриска форма, центарот на масата
лежи на телото во точка во која може да се смета
дека е концентрирана целокупната маса на телото, се
добива во пресекот на дијагоналите, се совпаѓа со
геометрискиот центар. Сл. 1

Сл.2

Кај тела нехомогени и со неправилна форма, центарот на


масата не е во средината на телото, може да биде било каде на телото, дури и на крајот од
телото. Сл.2 Во центарот на масата е нападната точка на земјината тежа која делува на
телото се нарекува тежиште. Се определува во пресек на најмалку две вертикални линии
кога телото слободно виси во две произволно избрани точки.

Кога имаме систем на две тела , пример да разгледаме две топки со маси m1 и m2 к ако на
сл. 3. Центарот на масата лежи на линијата што ги поврзува
центрите на двете тела и се наоѓа во таква положба што
моментите на силите што го создаваат тежините на телата се
еднакви, односно важи условот G1 .d 1=G 2 . d 2
m1 g . d 1=m2 g . d 2 /се дели равенката со g се добива:
m1 . d 1=m2 . d 2

Сл. 3
Пример: Најди го центарот на маса на две трла со маси m1=2 kg и m2=5 kg , оддалечени
d=14 m? Решение:
d=d 1+ d 2=14 m ќе го изразиме едното растојание, следува d 2=14−d1 m1 . d 1=m2 . d 2 →
m1 . d 1=m2 .(14−d ¿¿ 1)¿ → m1 . d 1=14 m2 .−m2 . d 1 →

m1 . d 1 +m 2 . d 1=14 m2 → ¿ ¿ → ( 2+5 ) . d 1=14∗5


7 d 1=70 → d 1=10 m → d 2=14−d1 =14−10=4 m

Центарот на маса за систем од три тела се добива со проширување на претходната


постапка. Се избира две тела, се наоѓа нивниот центар на маса. Потоа овие две тела се
третираат како едно со маса (m1 +m2), поставено на растојание од третото тело со маса m3,
постапката се повторува и се добива центарот на масата. Ако системот се состои од
поголем број тела, повеќе од три, постапката се продолжува се додека не се вклучат сите
маси.
Пример: Три тела A, B и C со маси m3=200 g ; m1=m2=100 gсе поставени на растојанија
како на сликата. Оредели ја точката R што претставува центар на масите.
Постапка: - Се определува точката Р која е центар на масите на телата В и
С.Растојаниеро меѓу нив е d=d 1+ d 2=12 сm, ќе го изразиме
едното растојание, следувa d 2=12−d 1 , од условот m1 . d 1=m2 . d 2
следува

m1 . d 1=m2 .(12−d¿¿ 1)¿ → m1 . d 1=12 m2−m2 . d 1 →

m1 . d 1 +m 2 . d 1=12 m2 → ¿ ¿ → ( 100+100 ) . d 1=12∗100

200 d 1=1200 → d 1=6 сm додека d 2=12−d 1=12−6=6 сm

Точката Р делува како да е тело со маса (m=m1 +m 2=100+100=200 g) , поставено на


растојание d= √102 −62= √64=8 cm од третото тело А. – се
повторува постапката
d=d 1+ d 2=8 сm , ќе го изразиме едното растојание, следува d 2=8−d 1 , од условот
(m ¿ ¿ 1+m 2). d 1=m3 . d 2 ¿ следува (m ¿ ¿ 1+m2). d 1=m3 .( 8−d ¿¿ 1)¿ ¿ → (m ¿ ¿ 1+m2). d 1=8 m3 .−m3 .d 1 ¿

m1 . d 1 +m 2 . d 1 +m3 . d 1=8 m3 → ¿ ¿ → ( 100+100+200 ) . d 1=8∗200

400 d1 =1600 → d 1=4 сm додека d 2=8−d 1=8−4=4 сm

Прашања:
1.Како се определува центарот на маса на хомогено тело со правилна геометриска форма
и со неправилна форма?
2. Опиши како се определува центар на маса на систем од две тела?

Задача 1. Две тела со маси m1=24 kg и m2 =36 kg се на растојание d=8 m. Најди ја нивниот
центар на маса?

2.16:: Услов за рамнотежа, Лост

Движење се јавува и кога,на телото што мирува дејствуваат една или повеќе сили, а
нивната резултантна сума е различна од нула. Тоа е услов да врз телото дејствува
резултантна сила која му дава забрзување на телото. Меѓутоа, ако векторската сума на
сите сили кои дејствуваат на телото е нула, силите се наоѓат во рамнотежа а телото ќе
остане да мирува или да се движи со константна брзина.

Заклучок: Секое тело останува во состојба на мирување или рамномерно


движење кога резултантата на сите сили што дејствуваат на него е еднаква на нула.
Тогаш велиме дека телото се наоѓа во рамнотежа.

Ако на тело кое е во рамнотежа, а на него дејствуваат само две сили , очигледно е дека
мора тие да се еднакви по големина, спротивни по насока.

Игра ,, Влечење јаже,,

Кога два спротивставени тима се влечат со еднакви по


големина, но спротивни по насока сили за краевите од јажето, постои услов за
рамнотежа. Објасни:
- Ако силата што дејствува лево е 5000
N, силата на десно е
____________________ -
Ако двете силите не се еднакви по
големина, дали ќе има рамнотежа: ДА
НЕ - Ако силата на
десно е поголема од лево тогаш јазолот ќе се помести кон: а)
лево б) десно в) нема да се помести
Напомена : Силата на затегање во јажето е 5000 N.

Ако тело се наоѓа во рамнотежа како резултат на дејство на три сили, резултантата на
сите три мора да биде нула.

Заклучок: Прв услов за рамнотежа гласи: Едно тело врз кое дејствуваат произволен
број сили се наоѓа во рамнотежа ако векторскиот збир на сите сили е еднаков на
нула. ∑⃗F i=0
Ако на едно тело дејствува момент на сила кој не е во рамнотежа со друг, телото почнува
да се врти. Меѓутоа, ако векторската сума на сите моменти на сили кои дејствуваат на
телото е нула, телото се наоѓат во рамнотежа и ќе
остане да мирува.

Заклучок: Ако на тврдо тело дејствуваат еден


или повеќе вртливи моменти, настојуват да го
завртат телото во една или друга насока ,
резултантната ротација ќе зависи од збирот на
сите вртливи моменти.

Втор услов за рамнотежа гласи: Едно тело се наоѓа во рамнотежа, тогаш сумата на
сите моменти на сили мора да биде нула. ∑⃗ М i=0

ЛОСТ
Лост претставува секое тврдо тело на кое дејствуваат најмалку два момента на сила во
однос на даден центар на ротација (потпирна точка), кој лежи на оската. Значи тој
претставува еден урамнотежен механички систем, каде вкупната надворешна сила што
дејствува на системот е еднаква на нула. За лостот треба да бидат задоволени двата
услова за статичка рамнотежа на телата.
Нај едноставен лост, се состои од греда со должина l и маса M , потпрена во потпирна
точка - O која се совпаѓа со центарот на масата, на која треба да ги наведеме сите сили
кои дејствуваат на тој систем. Бидејќи системот е во рамнотежа, сумата на моментите на
сили кои дејствуваат на гредата треба да биде еднаква на нула.Товарот -G е на растојание
b од потпирната точка, создава момент на завртување M 1=G ×b , силата - F е на
растојание – a , создава момент на завртување M 2=F × a,

M 1−M 2=0 G ×b−F × a=0 G ×b=F × a

Пример 1: Определи ја големината на силата за да лостот биде во рамнотежа?


G ×l 1=F × l 2

100 ×0,5=F ×1

F=100 ×0,5=50 Nm

Пример2.
Дедо Петре со своите внуци се нишат на нишалка.
Дедо Петре има 90 кг и седи на растојание 3м од
потпирката. Од другата страна седи Крсте, има
маса 50 кг седи на растојание 3м. Каде седнал
Марко кој има маса 60кг.
Решение: Од условот за рамнотежа на лостот
имаме: mPetar × L=mkrste × L2 +mmarko × L3

90 ×3=50 ×3+60 × L3 → 270=150+60 L3

270−150=60 L3 → 120=60 L3 → L3=2 m

Кога силата и товарот дејствуваат на иста


страна од потпирката лостот е едно крак.

Кога силата и товарот дејствуваат на


различни страна од потпирката лостот е
двокрак. Двокракиот лост може да биде
рамнокрак ако должините на краците се
еднакви и разнокрак ако должините на
краците се различни.

Примена на лостот: Локомоторниот систем кај човекот (движењето


на коските и мускулите) е врз принцип на лост. Врз основа на тој принцип се
конструирани терезиите, простите машини (лост, тркала, наведена рамнина, клин,
завртка, ножици, ножеви и др.) кои се користат во градежништвото, во земјоделието, кај
текстилните машини и друго. Лостот се користи за добивање механичка работа од некој
вид расположива енергија со вложување на мала сила.

Прости машини
Прашања:
1. Дефинирај ги условите за статичка рамнотежа кај тело?
2. Што е лост? Опиши го принципот на работа на лост?
3. Кои се еднокраки и двокраки лостови?

Задача 1. Две деца се нишат на клацкалка


со должина на ктаците a=1,5 mи b=0,9 m.
Ако тежината на едното дете е
G1=400 N , колкава треба да биде масата на
другото дете за лостот да биде во
рамнотежа?

Задача 2.

You might also like