You are on page 1of 77

Физика

4. Њутнови закони
Вовед

Со користење на Њутновите закони, се оди преку


едноставниот опис на движењата (кинематика).
Се проучуваат причините за движењата.
Овој дел од физиката, кој ги проучува причините за
движењата се нарекува динамика.
Клучни зборови: СИЛА, МАСА
Сила
Сила, наједноставно кажано е туркање или влечење.
Кога туркаш кутија и таа се влечи по подот на пример, или
кога му подаваш рака од вагонот на детето за да се качи, ти
всушност применуваш сила.
Кога држиш книга в раце, ти применуваш сила насочена
нагоре за да се спротивставиш на гравитационата сила со
која книгата дејствува на твоите раце. Ако ја оставиш книгата
на маса, масата ја применува истатата таа сила насочена
нагоре.
Маса
Маса на некој објект е мерка за тоа колку е тешко да се
промени неговата брзина – да се придвижи од состојба на
мирување, да се запре ако се движи, или да му се промени
насоката на движење.
На пример, за да фрлиш кошаркарска топка потребна а
помала сила отколку да турниш кола за таа да се придвижи.
Значи, колата има поголема маса од топката.
Единица мерка за маса е 1 килограм (kg). Слично како во
примерот со топката и колата, да се измери масата на еден
објект, се споредува со еталонот (цилиндер од платина-
иридиум) кој по договор се зема да е единица мерка 1kg.
Прв Њутнов закон
Oбјект кој мирува, останува во мирување се додека нето сила
не делува на него.
Објект кој се движи со константна брзина, продолжува да се
движи со ист спид и во иста насока се додека нето сила не
делува на него.
Забелешка: Фразата “нето сила не делува на објектот” значи
дека или ниедна сила не делува на објектот или делуваат
сили чија сума е нултиот вектор.
Првиот Њутнов закон се нарекува уште и закон на инерцијата
(мрзливост).
Прв Њутнов закон
Според првиот Њутнов закон, мирувањето и движењето со
константна брзина се всушност еквивалентни. За да се сфати
ова, да замислиме двајца наблјудувачи: едниот во воз кој се
движи со константна брзина, вториот стои покрај шините.
Набљудувачот во возот ставил коцка мраз на послужавник.
Од гледна точка на набљудувачот во возот, на коцката мраз
не делува нето сила, па таа останува во состојба на мирување
на послужавникот (за него со движи со константен спид = 0).
Од гледна точка на набљудувачот надвор, на коцката мраз не
делува нето сила, па таа продолжува (заедно со возот) да се
движи со константна брзина.
Прв Њутнов закон
Фразата “од гледна точка на”, попрецизно може да се искаже
како референтен координатен систем.
Координатен систем може да се постави по потреба со
координатен почеток во било која точка, со оски насочени
произволно (по договор), па позицијата на било кој објект во
однос на вака избран координатен систем значи дека таа
позиција се изразува во однос на овој координатен систем
како референтен.
Прв Њутнов закон

Првиот Њутнов закон може да се искаже во покомпактна


форма:
Ако нето силата што делува на еден објект е нултиот вектор,
тогаш неговата брзина е константна.
Втор Њутнов закон
За да држиш објект в рака, мораш да делуваш со сила нагоре
за да се спротивставиш на силата на гравитацијата. Ако
одеднаш ја тргнеш раката, така што единствена сила што
делува на објектот е гравитацијата, тој ќе се најде во состојба
на слободно паѓање.
Ова е пример кога небалансирани сили предизвикуваат
забрзување, што е основата на вториот Њутнов закон.
Втор Њутнов закон
За мерење на силата може да се искористи динамометар –
гравирана пружина (кантар) како на сликата.

На динамометарот може да се отчита


вредност на тежината. Ако се обесат
објекти со иста тежина едно по друго,
ќе може да се прочита двата пати иста
вредност F1.
Ако двата објекти се обесат
истовремено ќе се отчита двојно
поголема сила: F2 = 2F1.
Втор Њутнов закон
Експеримент. Прикачуваме динамометар на еден објект и го
повлекуваме со сила F1. Наблјудуваме дека објектот добива
забрзување а1. Ако го повлечеме со двојно поголема сила
F2 = 2F1, може да се забележи дека и забрзувањето ќе се
зголеми двојно а1 = 2а1.
Значи, забрзувањето е пропорционално на силата.
Втор Њутнов закон
Експеримент. Сега, ако наместо двојно да се зголеми силата,
двојно ја зголемуваме масата. Во овој случај, ако повлечеме
со истата сила F1, забележуваме дека забрзувањето е
еднакво на ½а.
Значи, забрзувањето е обратнопропорционално на масата.
Втор Њутнов закон
Се наметнува заклучокот дека кога на објект се делува со
само една сила во една насока, забрзувањето е определено
со:
F
a
m
Ако од ова равенство се изрази силата, се добива вториот
Њутнов закон во облик во кој најчесто е изразен:
F = ma.
Во општ случај на една маса може да делуваат повеќе сили.
Векторската сума на овие сили се нарекува нето сила и се
означува:
Fnet   F
Втор Њутнов закон
Формулација.
Ако на објект со маса m се делува со нето сила  F , тогаш тој
објект ќе добие забрзување еднакво на нето силата поделена
со масата. Насоката на забрзувањето на објектот е еднаква со
насоката на нето силата што делува на него.

a
 F
(1)
m

 F  ma (2)
По компоненти:
F x  max F
y  ma y F
z  maz (3)
Единица мерка за сила
Единица мерка за мерење на сила во SI е њутн N (newton).
Еден њутн е сила што е потребна за маса од 1 килограм да
добие забрзување од 1m/s2.

1N  1kg  1 m s 2   1 kg  m s 2 (4)
Бидејќи силата поделена со масата го дава забрзувањето:
1N (5)
 1m s2
1kg

Забелешка: Британска мерка за сила е фунта (pound).


1 newton = 0.225 pounds (lb).
Втор Њутнов закон

Пример 1. Нето силата со која се дејствува на Jaguar XK8 има


интензитет 6800N. Ако забрзувањето на автомобилот е
3.8m/s2, колкава е неговата маса?
Решение. Бидејќи нето силата и забрзувањето имаат еднакви
насоки, можеме векторските величини да ги замениме со
нивните интензитети. Значи,

m
 F  6800kg  m / s 2
 1789.5kg
a 3.8m / s 2
Дијаграм на сили
Дијаграм на сили

На претходната слика, има 3 надворешни сили што делуваат


на фотелјата. Една е силата F применета од човекот што
турка. Гравитацијата притиска надолу со тежината W. Подот
се спротивставува со сила N за да спречи фотелјата да падне
кон центарот на Земјата – таканаречена нормална сила.
Дијаграмот на сили се прави низ следните етапи:
1. Цртање на силите
Се идентификуваат и се цртаат сите надворешни сили што
делуваат врз објектот. Цртањето на силите грубо би го
содржеле и интензитетот, за да се добие претстава за
интензитетот на нето силите.
Дијаграм на сили

2. Изолирање на објектите што се од интерес (апстрахирање)


Објектот се заменува со точка, која симболизира честичка со
иста маса. Се применува секоја од силите што дејствува на
објектот врз таа точка.
3. Избор на координатен систем
Било кој координатен систем може да ја заврши работата.
Сепак, ако објектот се движи во позната насока, погодно е да
се избере насоката на движење да се совпаѓа со насоката на
една од координатните оски. Понекогаш погодно е да се
избере насоката на координатна оска да се совпаѓа со некоја
од силите што делуваат врз објектот.
Дијаграм на сили

4. Разложување на силите по компоненти


Се определуваат компонентите на секоја сила во дијаграмот
на силите.
5. Се применува вториот Њутнов закон во секоја
координатна насока посебно
Се анализира движењето вдолж секоја координатна насока
користејќи ги формулите (3) од компонентната форма на
вториот Њутнов закон.
Втор Њутнов закон

Пример 2. Нека претпоставиме дека држиш книга в рака и


таа мирува. Колкав е интензитетот на силата, насочена нагоре
што мора да ја примени твојата рака за да ја одржи книгата
во мирување?
Втор Њутнов закон

Пример 2. Р. Дијаграмот на сили се состои од само две сили:


Силата на гравитација W која е насочена надолу и силата F
насочена нагоре, со која делува раката.
Координатниот систем е поставен така
што силите лесно може да се раздвојат
по компоненти. y-oската е вертикално
насочена нагоре. Значи,
F = Fy
Wy = - W
Следува дека:  Fy  F  W .
Втор Њутнов закон

Пример 2. Р. Вториот Њутнов закон за y-компонентата гласи:


F y  ma y

Бидејќи книгата е во состојба на


мирување, нејзиното забрзување е нулти
вектор. Следува дека ay = 0, по што се
добива:
F  W  ma y  0

односно
F = W,
што интуитивно и можеше да се очекува.
Втор Њутнов закон
Пример 3. Марко, Ламбе и Цане туркаат чамец со маса 752kg
кој е во вода, веднаш до пристаниште. Секој од нив
применува сила од по 80.5N во правец паралелен со
пристаништето.
а) Одреди го забрзувањето на чамецот ако сите тројца
туркаат во иста насока. Најди ја и насоката и интензитетот на
забрзувањето.
б) Одреди ги интензитеттот и насоката на
забрзувањето на чамецот ако Ламбе и Цане туркаат во
спротивна насока од Марко.
Втор Њутнов закон
Пример 3. Р. Цртеж и дијаграм на сили
Втор Њутнов закон
Пример 3. Р. Стратегија
Се работи за еднодимензионален проблем. Сепак насоката е
важна, а носител на насоката е знакот, па за тоа треба да се
води сметка.
Позната е масата и силите, па едноставно треба да се
примени формулата:
F x  max
Втор Њутнов закон
Пример 3. Решение
а) FM,x = FL,x = FC,x = 80.5N F x  3  80.5 N  241.5 N

ax 
 F x

241.5 N
 0.321
kg  m / s 2
 0.321m / s 2
m 752kg kg
Знакот е +, насоката на забрзувањето е иста со насоката во
која туркаат сите тројца.
б) FM,x = 80.5N; FL,x = FC,x = - 80.5N. F x  80.5 N

ax 
 F x

80.5 N
 0.107 m / s 2
m 752kg
Знакот е – што значи дека забрзувањето има насока иста со
насоката во која туркаат Ламбе и Цане.
Втор Њутнов закон
Пример 4. Дел од пистата, на крајот, е дизајниран за
запирање на авион што слетува. Авионот успорува за
безбедно да запре. За авионот од типот 747 на пример, со
маса 175000kg со почетен спид од 26.8m/s закочува и запира
за 122m. Кој е интензитетот на просечната успорувачка сила F
на ваквиот дел од пистата?
Втор Њутнов закон
Пример 4. Решение.

Брзината во насока на x е изразена од поместувањето преку


формулата:
v2 = v02 + 2axx  2axx = v2 – v02
𝑣 2 −𝑣0 2 0− 26.8𝑚/𝑠 2
𝑎𝑥 = = = −2.94𝑚/𝑠 2
2∆𝑥 2∙122
Нето силата во насока на x се состои само од силата на
кочење F, со интензитет F. Таа е спротивнонасочена на x, па
F
x  F
Втор Њутнов закон
Пример 4. Решение.

Од вториот Њутнов закон, следува


-F = max
F = - max = -175000kg(-2.94m/s2) = 51 513 N
Втор Њутнов закон
Пример 5. Фрлач во бејзбол додава топка со маса 0.15kg,
забрзувајќи ја од мирување до брзина околу 90mi/h, земајќи
залет од 2m. Процени ја силата што ја применил фрлачот на
топката.
Р. Цртање цртеж.
Се поставува x-оската со
почеток во фрлачот и во
насока во која ја фрла
топката. Растојанието вдолж
кое фрлачот ја забрзува
топката е x. Влијанието на
гравитацијата се занемарува.
Втор Њутнов закон
Пример 5. Фрлач во бејзбол додава топка со маса 0.15kg,
забрзувајќи ја од мирување до брзина околу 90mi/h, земајќи
залет од 2m. Процени ја силата што ја применил фрлачот на
топката.
Р. Стратегија
Позната е масата, па може
да се одреди силата од
Fx = max aко успееме да го
најдеме забрзувањето.

За да се најде забрзувањето, се зема v0 = 0 и v = 90mi/h. Бидејќи


x=2m, користејќи ја формулата од кинематика v2 = v02 + 2axx,
може да се одреди (x-компонентата на) забрзувањето.
Втор Њутнов закон
Пример 5. Фрлач во бејзбол додава топка со маса 0.15kg,
забрзувајќи ја од мирување до брзина околу 90mi/h, земајќи
залет од 2m. Процени ја силата што ја применил фрлачот на
топката.
Решение.
Претворање на брзината:
5280 ft 1m 1h
90mi / h  90mi / h     40.2m / s
1mi 3.281 ft 3600 s

Од v2 = v02 + 2axx добива:


v 2  v0 2  40.2m / s   0
2

ax    404m / s 2
2x 2  2m

Конечно, за силата се добива:


F = max = 0.15kg404m/s2 = 60.6 N.
Трет Њутнов закон
Во природата ретко делува само една сила. Силите одат
барем во пар.
Формулација на третиот Њутнов закон:
За секоја сила која делува на еден објект, постои сила како
реакција која делува на истиот објект која е еднаква по
интензитет и со спротивна насока.
Ако објектот 1 применува сила F на објектот 2, тогаш објектот
2 реагира со сила –F на објектот 1.
Кратка формулација: За секоја акција, постои иста,
спротивнонасочена реакција.
Трет Њутнов закон
Трет Њутнов закон

Забелешка: При цртањето на дијаграмот на сили, само една


од парот акција-реакција се прикажува за даден објект.
Другата сила од парот делува на другиот објект, па таа би се
прикажала на дијаграмот на сили на вториот објект.
Како резултат на ова, овие две сили не се поништуваат.
Трет Њутнов закон
Пример 6. Две групи од кануисти се среќаваат на сред езеро.
Личност од кануто 1 го турка кануто 2 со сила 46N за да ги
раздвои кануата. Ако масата на кануто 1 заедно со луѓето
внатре е m1=150kg и масата на кануто 2 со луѓето во него е
m2=250kg,
a) Одреди го забрзувањето што туркањето им го дава
на секое од кануата.
б) Одреди го растојанието помеѓу кануата после 1.2s
од туркањето.
Трет Њутнов закон
Пример 6. Р. Цртеж
x-оската ја поставуваме во насока од кануто 1 кон кануто 2, со
координатен почеток на местото на средбата. Сега, F2x = 46N и
од третиот Њутнов закон F1x = -46N.
Трет Њутнов закон
Пример 6. Р. Стратегија
Според третиот Њутнов закон силите по
интензитет се еднакви, но бидејќи
масите на кануата се различни, според
вториот Њутнов закон, тие ќе добијат
различни забрзувања.
а) Забрзувањата ќе ги одредиме од
вториот Њутнов закон:  F  max x

б) Од кинематика, може да се исползува


равенката што ги поврзува позицијата со
времето: x  x  v t  12 a t за да се одреди
0 0x x
2

поместувањето на секое од кануата.


Трет Њутнов закон
Пример 6. Решение
а) Одреди го забрзувањето што
туркањето им го дава на секое од
кануата.
a 
 F  46 N  0.31 kg  m / s  0.31m / s
x1
2
2
x1
m 150kg kg

ax 2 
F x1

46 N
 0.18
kg  m / s 2
 0.18m / s 2
m 250kg kg
Трет Њутнов закон
Пример 6. Решение
б) Одреди го растојанието помеѓу кануата
после 1.2s од туркањето.
За двете кануа x0 = 0 и v0x = 0. Сега, од
1
x  x0  v0 xt  axt 2
2

за првото кану се добива:


x1 
1
2
 0.31m / s 2   1.2 s   0.22m
2

За второто кану се добива:


x    0.18m / s   1.2 s   0.13m
1 2 2
2
2

Растојанието меѓу кануата е: x2 – x1 = 0.13 – (-0.22) = 0.35m


Контактни сили
Пример 7. Две кутии една поголема и потешка и една помала
и полесна поставени се во мирување на мазен под.
Туркаш со истата сила F или на малата или на големата кутија.
Дали контактната сила помеѓу двете кутии
а) е иста во двата случаи?
б) е поголема кога ја туркаш поголемата кутија?
в) е поголема кога ја туркаш помалата кутија?
Контактни сили
Пример 7. Р. Се чини дека контактната
сила ќе е иста во двата случаи.
Двете кутии имаат исто забрзување во
двата случаи – истата нето сила делува
на истата вкупна маса, но тоа значи
дека забрзувањето ќе биде исто.

Вториот Њутнов закон мора да биде задоволен за двете


кутии, како и за системот од две кутии. На пример кога
надворешна сила се примени на малата кутија, единствена
сила што делува на големата кутија со маса m1, e контактната
сила. Затоа, контактната сила мора да има интензитет m1a.
Контактни сили
Пример 7. Р. Во вториот случај,
единствената сила што делува на
втората кутија со маса m2 < m1, e
контактната сила и таа мора да се
еднаква на m2a. Од m2 < m1, следува
m2a < m1a, што значи дека контактната
сила е поголема кога ја туркаш
помалата кутија отколку кога ја туркаш
поголемата кутија.
Значи, точниот одговор е в).
Векторската природа на
силите: Сили во две димензии
Според вториот Њутнов закон, ако на еден објект делува
само една сила, неговото забрзување ќе биде со иста насока
како и таа сила.
Експериментално е покажано дека насоката на забрзувањето
што го добива еден објект на кој делуваат повеќе сили е иста
со насоката од збирот на силите како вектори.
Масата на објектот е скалар.
Векторската природа на
силите: Сили во две димензии
Пример 8. Двајца астронаути туркаат еден сателит со маса
980kg на шатл како што е прикажано на сликата.
Поставен е координатен систем така што астронаутот 1 турка
во позитивната насока на x-оската со интензитет 26N.
Астронаутот 2 турка во насока 52о над x-оската со интензитет
41N. Одреди ја насоката и интензитетот на забрзувањето на
сателитот.
Векторската природа на
силите: Сили во две димензии
Пример 8. Решение.
Секоја компонента ќе ја разгледуваме
независно. За x-компонентата:
F1x = F1
F2x = F2cos52o
За y-компонентата:
F1y = 0
F2y = F2sin52o.
Векторската природа на
силите: Сили во две димензии
Пример 8. Решение.
За забрзувањето во насока на x-
оската, со примена на вториот
Њутнов закон се добива:
F x  max

F x  F1x  F2 x  F1  F2 cos 52o 


 26 N  41N  cos 52o  51N
Значи, max = 51N. Бидејќи масата е
дадена m = 980kg, се добива:

ax 
 F x

51N
 0.052m / s 2
m 980
Векторската природа на
силите: Сили во две димензии
Пример 8. Решение.
Слично се добива,
F y  ma y

F y  F1 y  F2 y  0  F2 sin 52o 
 41N  sin 52o  32 N

ay 
 F y

32 N
 0.033m / s 2
m 980

Значи забрзувањето на сателитот е


векторот a = [0.052, 0.033]m/s2.
Векторската природа на
силите: Сили во две димензии
Пример 8. Решение.
Интензитетот на забрзувањето на
сателитот е модулот на векторот
a = [0.052, 0.033]m/s2.

 0.052m / s 2    0.033m / s 2  
2 2
a
 0.062m / s 2

Насоката на забрзувањето може да се изрази преку аголот што


векторот a го зафаќа со позитивниот дел од x-оската.
 ay   0.033m / s 2 
  arctan    arctan  2 
 32 o

 ax   0.052 m / s 
Векторската природа на
силите: Сили во две димензии
Пример 9. Санка чија маса е 4.6kg се влечи по мраз. Силата
со која се дејствува на санката е со интензитет 6.2N и
дејствува во насока 35о над хоризонталата. Ако санката се
придвижува од мирување, колку брзо ќе се движи после
1.15s од повлекувањето?

Решение.
Fx = Fcos35o = 6.2Ncos35o = 5.08N
Од вториот Њутнов закон:
F x  Fx  5.08 N  max

Следува: ax 
F x

5.08 N
 1.1m / s 2 . Конечно,
m 4.6kg
vx = v0x + axt = 0 + 1.1m/s21.15s = 1.27m/s.
Тежина
Секој од нас се качил на вага да ја измери својата тежина.
Ваквата вага всушност дава мерка на силата на Земјината
гравитација која те привлекува кон Земјата.
Тежина W на објект на Земјината површина е гравитационата
сила која дејствува врз тој објект на Земјата.
Јасно е дека, колку е поголема масата, толку ќе е поголема и
тежината (маса  тежина). На пример, ако на вагата ставиш
цигла и ја измериш тежината ќе добиеш 9N. Ако ставиш две
такви цигли, односно ја удвоиш масата, ќе добиеш двојно
поголема тежина 18N. Значи, постои правопропорционална
врска меѓу масата и тежината.
Тежина
Попрецизно... Ако ја пуштиме истата таа цигла слободно да
паѓа, единствената сила што делува на циглата е нејзината
тежина W, насочена надолу. Ако е избрана коодринатна оска
насочена нагоре, тогаш
 F  W
y

Циглата при слободно паѓање се


движи со забрзување g = 9.81m/s2,
независно од нејзината маса. Значи,
аy = - g
Од вториот Њутнов закон,  Fy  ma y

па, -W = -mg, односно W = mg.


Тежина
Дефиниција за тежина:
W = mg (6)

Единица мерка за тежина: 1N (њутн)

Пример 10. (разлика меѓу маса и тежина)


Една личност која има маса 81kg, на Земјата има тежина:
WE = mg = 81kg9.81m/s2 = 794.6N
Истата личност, на месечината има тежина:
WM = mgM = 81kg1.62m/s2 = 131.2N
Тежина
Пример 11. Пожарникар чија маса е 97kg се спушта по шипка
3m надолу кон подот. Ако по претпоставка пожарникарот се
придвижува од мирување со константно забрзување и ја
допира земјата по 1.2s, одреди ја силата F насочена нагоре со
која дејствува шипката врз пожарникарот.

Р. Цртеж.
Координатниот систем е поставен
така што y-оската е насочена нагоре.
Двете сили што делуваат врз
пожарникарот се F (насочена
нагоре) и W(насочена надолу). F y  W
Тежина
Пример 11. Р. Стратегија.
Проблемот е еднодимензионален – само вдолж y-оската.
Wy = -mg.
Со примена на вториот Њутнов закон,  F  ma y може да се
одреди непознатата сила Fy.
Забрзувањето не е дадено но може
да се изрази од кинематската
формула
1
y  y0  v0 y t  a y t 2
2
F y  W
Тежина
1
Пример 11. Решение. Од y  y0  v0 y t  a y t 2
2
Се добива (y0 = 3m, v0y = 0m/s):
y  y0  v0 y t 0  3m  0 1.2 s
ay  2   2  4.2m / s 2
1.2s 
2 2
t

F   F y  Fy  Wy  Fy  mg  ma y

Следува:
Fy  mg  ma y  m  g  a y 

Fy  97 kg   9.81m / s 2  4.2m / s 2   544 N

F
y  W
Привидна тежина
Кога се спуштаме со лифт надолу, за да застане лифтот,
добива забрзување насочено нагоре, а ние се чувствуваме
потешки.
Кога се качуваме со лифт нагоре, за да застане лифтот,
добива забрзување насочено надолу, а ние се чувствуваме
полесни.
Ваквата состојба во која се добива тежина различна од
вистинската се нарекува привидна тежина.
Причината за оваа појава се должи на силата со која на
нашите стапала делува подот на лифтот. Ако оваа сила е
поголема од нашата тежина mg, се чувствуваме тешки, а ако
е помала од mg, се чувствуваме лесни.
Привидна тежина
Пример 12. Нека лифт се движи со забрзување a нагоре како
на сликата. На личноста делуваат две сили: тежината W која
делува надолу и нормалната сила Wa која делува нагоре врз
стапалата на личноста од подот на лифтот. Одреди ја
привидната тежина Wa.
Привидна тежина
Пример 12. Р. Wa може да се одреди со примена на вториот
Њутнов закон, во вертикална еднодимензионална насока.
F y  Wa  W

Wa  W  ma

Wa  W  ma

Wa  mg  ma  m  g  a 

Значи, кога лифтот забрзува нагоре, личноста се чувствува


потешка.
Забелешка: Кога лифтот би забрзувал надолу, Wa = m(g – a),
па личноста би се чувствувала полесна.
Привидна тежина
Анализирајќи ја равенката
Wa = m(g – a) (7)

може да се заклучи дека ако


забрзувањето a е еднакво на g,
тогаш привидната тежина добива
интензитет 0.
Ова се вика бестежинска состојба
и би можела да ја почувствува
личност во лифт кој слободно
паѓа.
Привидна тежина
Пример 13. Ако се наоѓаш во лифт кој се движи нагоре со
константна брзина, дали твојата привидна тежина e
а) еднаква на б) поголема од в) помала од
mg ?

Ако лифтот се движи праволиниски со константна брзина,


неговото забрзување е нулто, па нето силите мора да се
еднакви на нултиот вектор. Следува дека силата Wa со која
подот делува врз стапалата нагоре, мора да е еднакво на силата
на гравитацијата која делува надолу, односно mg.
Значи, точен е одговорот а) – привидната тежина е еднаква
на mg.
Нормални сили
Според третиот Њутнов закон за акција-реакција, објект
поставен на површина делува со сила на гравитација врз
површината, а како реакција се јавува нормална сила на
површината насочена во обратна насока.

Пример 14. Влечиме куфер чија маса е


12kg по мазен под применувајќи сила F со
интензитет F = 45N, под агол =20о над
хоризонталата. Одреди ја нормалната сила
со која делува подот врз куферот.
Нормални сили
Пример 14. Решение.
Тежината на куферот е
mg = 12kg9.81m/s2 = 118N.
Куферот не се движи по y-насока, па
ay = 0.
Од вториот Њутнов закон, следува
F y  ma y  0

Од дијаграмот на силите, може да се


изведе нормалната сила N.
Нормални сили
Пример 14. Решение.
y-компонентите на силите што делуваат на
куферот се:
Wy = - mg = -118N
Fy = Fsin20o = 45Nsin20o = 15.4N
И нормалната сила Ny. Следува дека:
F y  Wy  Fy  N y  0
mg  F sin 20o  N y  0

N y  mg  F sin 20o  118 N  15.4 N  103 N


Векторски, нормалната сила е N = [0,103]N
Нормални сили

Пример 15. Голема коцка мраз со маса 6kg е подложена на


две сили F1 и F2 како што е прикажано на дијаграмот на
сили. Ако интензитетите на силите се F1 = 13N и F2 = 11N,
одреди го
а) забрзувањето на коцката мраз
б) нормалната сила која делува врз коцката мраз од
подлогата
Нормални сили

Пример 15. Р. Стратегија


Да се примени вториот
Њутнов закон по x и по y
компонентите одвоено.
а) Коцката мраз може да
забрзува само во
хоризонтална насока, па
 F  ma .
x x

б) Нема движење по
y-насоката, па ay = 0.
Нормалната сила N може
да се одреди од условот  Fy  ma y  0
Нормални сили

Пример 15. Решение


а) F1x=F1cos60o =
=13Ncos60o = 6.5N.
F2x=-F2cos30o = -11Ncos30o
= -9.5N.
Nx = Wx = 0, па

F x  F1x  F2 x  N x  Wx  6.5 N  9.5 N  0  0  3N

ax 
F x

3 N
 0.5m / s 2
m 6kg
Нормални сили

Пример 15. Решение


б) F1y=F1sin60o = -13Nsin60o
= -11N.
F2y=-F2sin30o = -11Nsin30o =
-5.5N.
Ny = ? Wy= - W = -mg, па

F y  F1 y  F2 y  N y  Wy  11N  5.5 N  N y  6kg  9.81m / s 2  0

 N y  11N  5.5 N  58.9 N  75.4 N

Нормалната сила во векторска форма е N = [0,75.4]N


Нормални сили
Во досегашните примери, нормалните сили беа разгледувани
во однос на хоризонтална површина. Ако површината е
искосена, нормалната сила пак ќе дејствува под прав агол во
однос на површината, но тоа повеќе нема да е вертикална
насока.

Најпогоден избор на
координатниот систем е x и y
оските да се паралелна, односно
нормална на површината, како
што е прикажано на сликата.
Нормални сили
При ваков избор на координатнитот систем, повторно нема
придвижување во y-насока иако површината е искосена.
Нормалната сила е истонасочена со y-оската. Според тоа
F y  ma y  0

Ако објектот се слизга по


површината, тоа е движење чисто
само во x-насока.
Притоа, ако површината е искосена
за агол , тогаш како агли со
паралелни краци, аголот што го
зафаќа тежината W со негативниот
дел од y-оската е еднаков на .
Нормални сили
На овој начин може да се изразат x и y компонентите на
тежината:
Wx = Wsin = mgsin (8)
и Wy = - Wcos = - mgcos (9)
Нормални сили

Пример 16. Дете со маса m се спушта со санка по замрзнат


рид искосен за агол  во однос на хоризонталата.
а) Одреди го забрзувањето на детето
б) Одреди ја нормалната сила со која санката делува врз
детето.
Нормални сили

Пример 16. Р. Цртеж


Координатнито систем е
поставен така што x-оската е
паралелна со косината
(нагибот) на ридот, со
позитивна насока – насоката
на движење на санката.
Со Ваков избор, x-компонентата на W е позитивна:
Wx = Wsin
a y-компонентата на W е негативна: Wy = - Wcos.
Јасно, Nx=0 и нормалната сила ја има само y-компонентата Ny.
Нормални сили

Пример 16. Р. Стратегија


На детето делуваат само две
сили: тежината W и
нормалната сила N.
a) Забрзувањето на детето
може да се изрази од  F  ma
x x

б) Бидејќи нема придвижување во y-насока, ay = 0.


Нормалната сила може да се одреди од равенката
Fy  ma y  0
Нормални сили

Пример 16. Решение


а) Одреди го забрзувањето
на детето
Nx = 0; Wx = Wsin = mgsin
F x  N x  Wx  mg sin   max
mg sin 
 ax 
m
oдносно
ax = gsin
Векторски, забрзувањето на детето е a = [gsin, 0].
Нормални сили

Пример 16. Решение


б) Одреди ја нормалната
сила со која санката делува
врз детето.
Wy = -Wcos = -mgcos
F y  N y  Wy  N y  mg cos   0

oдносно
N y  mg cos 

Векторски, нормалната сила со која санката делува врз детето


е N = [0, mgcos].

You might also like