You are on page 1of 7

2.4.

Изопроцеси и основни закони за гасовите

За науката и за практиката од посебен интерес се таканаречените изопроцеси, а тоа се конкретно


следниве три:

1. Изотермен процес – при v = const. и T = const.


2. Изобарен процес – при v = const и p = const.
3. Изохорен процес – при v = const и V = const.

За рамнотежните состојби на гасовите и за нивната промена се утврдени повеќе


експериментални закони, а меѓу најважните се:
1. Авогадров закон, 2.Далтонов закон за парцијалните процеси, 3. Бојл-Мариотов закон,
4. Геј-Лисаков закон и 5. Шарлов закон.

АВОГАДРОВ ЗАКОН

Од Клапејроновата равенка за бројот на молекулите на два гаса добиваме:

p V = N kT (*)
p V = N kT ( ** )

Ако вредноста на к ( Болцмановата константа ) изразена од (*) ја замениме во (**) се добива:


pV pV
------- = ------- 2.4.1
NT NT

Ако во оваа равенка земеме дека V = V , p = p , T = T следува дека:

N =N 2.4.1а

Од овде следува заклучокот:


Еднакви волумени од различни гасови при ист притисок и иста температура содржат
еднаков број молекули. Тоа е познатиот Авогадров закон. Авогадровиот закон често се изразува и
во друг облик. За два различни гаса од обликот на Клапејроновата равенка, во општ случај имаме:

p V = v RT (а)
p V = v RT (б)

Со замена на вредноста на R ( гасната константа ) од (а) во (б) се добива:


pV pV
-------- = -------- 2.4.2
vT vT

Ако во оваа равенка земеме дека р = р , v = v и T = T следува дека:


V = V …………………… 2.4.2a

Значи, еднакви количества од различни гасови, при ист притисок и иста температура,
заземаат еднакви волумени. Знаејки дека моларната маса на секоја супстанца е пропорционална
на апсолутната маса на нејзините молекули, од предходно искажаниот Авогадров закон следува и
заклучокот дека еден мол од секоја гасовита супстанција има еднаков волумен, при иста
температура и при ист притисок. Моларниот волумен од секој гас при нормални услови има
вредност:
40
V = 22,4 = 22,4 • 10 ³m³/mol
Авогадро нашол дека во 1 мол од секоја гасовита супстанција се содржат N = 6.023 • 10²³
молекули. Затоа овој број е наречен Авогадрова константа .

ДАЛТОНОВ ЗАКОН ЗА
ПАРЦИЈАЛНИТЕ ПРИТИСОЦИ

Да предпоставиме дека идеалниот гас со вкупно N молекули е смеса од повеќе, на пример, три гаса
кои учествуваат со по N , N , N молекули. Знаејки дека N = N + N + N од Клапејроновата
равенка следува:

pV = NkT = N kT + N kT + N kT

Ако целиот волумен V би зафаќале секој од гасовите во смесата пооделно, од истата Клапејронова
равенка следува

p V = N kT; p V = N kT; p V = N kT

Од овие равенки се добива:

pV = p V + p V + p V. Делејки со V се добива 2.4.3


p=p +p +p
Притисокот што го врши смеса од гасови е еднаква на збирот од парцијалните притисоци
што би ги вршеле одделните гасови кога секој сам би го зафаќал целиот волумен, при истата
температура. Тоа е познатиот Далтонов закон.
Парцијален притисок е притисокот што го врши кој и да е компонентен гас
од смесата кога сам би го зафаќал волуменот во кој е смесата.

ИЗОТЕРМЕН ПРОЦЕС
БОЈЛ-МАРИОТОВ ЗАКОН

Изотермен процес се вика промената на состојбата на константно количество гас при


константна температура, со промена на волуменот и притисокот.
Ако во Клапејроновата равенка pV = vRT ставиме T = const., бидејки v и R се
константни, следува:
pV = const . …………………. 2.4.4

Производот од притисокот и волуменот на определено константно


количество гас при константна температура, секогаш е константен. До оваа констатација,
импириски дошле, независно еден од друг, англискиот физичар и хемичар Роберт Бојл и
францускиот физичар Едн Мариот па затоа е познат како Бојл-Мариотов закон.
Ако почетната рамнотежна состојба на гасот е зададена со параметрите p , Vo,
To, а секоја друга рамнотежна состојба соодветно со p , V , To, p , V ,To, p , V , To итн. Бојл-
Мариотовиот закон може да се изрази со релацијата:

p V = p V = p V = p V = …. = const. 2.4.5

или кратко
pV = C
при v = const.; T = const. 2.4.5a
41
Овде С е константа чија вредност зависи од вредноста на почетниот притисок, почетниот волумен
и од изборот на единицата за нив.
За да можеме наједноставно да ја прикажеме равенката за Бојл-Мариотовиот
закон погодно е за V и за р да ги дадеме следните вредности:

V0 V0
V Vo 2Vo 3Vo
2 3
po
po
P p 3 2p 3p
2

Ако овие парови вредности ги внесеме во координатен систем со оски V и p ќе добиеме ( во


идеален случај ) еднограна хипербола која во физиката се вика изотерма. Секоја точка од
изотермата одределува по една рамнотежна состојба на определеното константно количество гас
при константна температура. Една примерна изотерма е прикажана на сл. 2.4.1. Ако предходно
опишаното го повториме при друга константна температура, повисока од предходната, ќе добиеме
друга изотерма поместена подалеку од координатниот почеток во однос на првата. Аналогно
можеме да постапуваме и понатаму. Сите изотерми што се однесуваат на истиот гас, добиени при
различни константни температури, внесени во ист координатен систем V,p, образуваат фамилија
од изотерми, како на сл 2.4.2. Колку температурата е повисока толку изотермата е подалеку од
координатниот почеток

ИЗОБАРЕН СПОЦЕС
ЃЕЈ-ЛИСАКОВ ЗАКОН

Изобарен процес се вика промената на состојбата на определено константно количество


идеален гас, која настанува при промената на волуменот со промена на температурата при
костантен притисок.
Бидејќи Клапејроновата равенка важи за сите процеси, вклучувајки го и
изобарниот, ќе ја специјализираме само за него. Нејзиниот облик можеме да го напишеме и во
следнава форма
vR
V = ----- • T 2.4.6
P
42
Знаејќи дека притисокот е константен ( p = const. )целиот израз vR/p е константен, па можеме да го
замениме со еден симбол С = vR/p. Со тоа равенката ( 2.4.6 ) го добива обликот:

V=CT 2.4.7

Од оваа равенка констатираме дека волуменот на определено константно количество идеален


гас зависи правопропорционално од температурата, ако притисокот се задржува константен.
До оваа констатација дошол во 1802 год. по емпириски пат францускиот научник Ѓеј Лисак и затоа
е позната како Ѓеј-Лисаков закон.
Со графичкото прикажување на изобарниот процес се добива права линија
која се вика изобара. Ако се направат повеќе изобари при различни константни притисоци, ќе се
добие фамилија од изобари. Положбата на изобарите во различни координатни системи е различна,
што може да се види од сл. 2.4.3

Корисно е, за решавање различни заадачи во врска со изобарните процеси, во равенката


за Ѓеј-Лисаковиот закон да ја вклучиме температурата мерена по Целзиусовата скала. Тоа го
постигнуваме вака. Ако гасот од почетната состојба, определена со p , V , T , се доведе во крајна
состојба p , V , T ( без промена на притисокот ) од Клајпероновата равенка имаме:

pV pV V
------- = ------ или V= ----- T 2.4.8
T T T

Заменувајќи ги T = 273,15 K и T = ( 273,15 + t ) K од последнава равенка, добиваме:


V t
V = ---------- ( 273,15 + t ) или V = V 1 + ---------- 2.4.9
273,15 273,15

при v = const. и p = const.

Овде V е волуменот про 0 С, а V е волуменот на истиот гас при t C. За да ја прикажеме графички


зависноста на V од t по равенката ( 2.4.9 ) на t даваме такви вредности при кои лесно ги
пресметуваме соодветните вредности на V. Неколку од нив имаме дадено во следната таблица.

43
Ако овие парови од вредности ги внесеме во координатен систем V,p и ги поврземе, изобарата ќе
изгледа како на сл. 2.4.4. Тоа е права линија што температурната оска ја сече при вредноста
-273,15 С.
Равенката ( 2.4.9 ) можеме да ја напишеме и во следниов облик:

V–V 1
--------- = ----------
Vt 273,15

Ако во неа земеме t = 1 C добиваме

V–V ∆V 1
--------- = ------ = ---------- 2.4.9a
V V 273,15

Оваа релативна промена на волуменот што настанува со промена на температурата на


константно количество гас се вика коефициент на кубното ширење на гасовите и се
означува . Од дефиниционата равенка погоре се гледа дека неговата вредност за сите гасови има
иста вредност о бројно е еднаква на :

V – Vo 1
= ---------- = ---------- Kˉ¹ 2.4.10
Vt 273,15

ИЗОХОРЕН ПРОЦЕС
ШАРЛОВ ЗАКОН

Изохорен процес се вика промената на состојбата на определено константно количество гас


што настанува кога со промена на температурата се менува и притисокот , при константен
волумен.

Клапејроновата равенка ќе ја специјализираме само за изохорниот процес. Од


нејзиниот облик следува и овој:
vR
p = ----- • T 2.4.11
V

Бидејќи волуменот е константен и целиот израз vR/V e кон тантен, па можеме да го замениме со
еден симбол, на пример со С . Со тоа равенката 2.4.11 го добива обликот:

v = const.; V = const.
p=CT 2.4.12

44
Од тука констатираме дека притисокот на определено константно количество гас зависи
правопропорционално од апсолутната температура ако волименот му се задржува
константен.
До оваа констатација експериментално дошол Шарл во 1787 год. и затоа е
позната како Шарлов закон.

Ако графички го прикажаме Шарловиот закон, добиваме права линија што се вика
изохора. Ако направиме повеќе изохори при неколку различни константни волумени на истиот гас,
ќе добиеме фамилија од изохори. Нивната положба е различна во различни координатни системи,
што може да се види од сл.2.4.5 ( а и б ).

МОЛЕКУЛАРНО-КИНЕТИЧКА ЕНЕРГИЈА
Таа е една од општо прифатените теории со која се објаснуват проблеми, појави и
закони во молекуларната физика.
Оваа теорија овозможува да се најде врската меѓу механичките величини и закони во
мокросветот.
Задачата е да се најде врската меѓу притисокот и волуменот на определено
количество супстанција во затворен сад и бројот на молекулите у нивната средна
кинетичка енергија.
Притисокот што го вршат гасовите во зарворени садови е последица од вкупниот
број удари што во единица време ги вршат молекулите на ѕидовите на садот во кој се
затворени.
Идеален гас затворен во коцка со раб а, чии сидови се идеално цврсти и еластични.
Во коцката имаме затворено N молекули, еднакви на маса м. Се движат хаотично, се
удираат меѓусебно, удираат на ѕидовите на коцката и вршат притисок.
Примената на импулсот за времето ќе биде
45
NE MI SE GLEDAT RAVENNKITE NOGO E MATNO
Равенката за притисок
Р=2/3 N Ek, p- pritisok N – koncentracija na molekulite, Ek- sredna kineticka energija

Притисокот на гасот е правопропорционален со концентрацијата на молекулите во


затворениот простор исо нивната средна кинетичка енергија.
Притисокот што го врши затворениот гас зависи правопропорционално од вкупниот
број на молекули и од средната густина на инетичката енергија
Pv=const.
Производот од притисокот и волуменот на определено количество идеален гас при
константна температура е константен.

РАВЕНКА ЗА СОСТОЈБАТА НА ИДЕАЛЕН ГАС


Равенката со која може да се опишуваат оснпвммите макроскопски параметри (p-
притисок, v-волумен, t-температура) најчесто е позната како равенка на состојба на
идеален гас или Клапејронова равенка
P V=m/M R T
M-маса на количество гас
m-моларна маса
R-универзална гасна константа

46

You might also like