You are on page 1of 8

1

04.02.2021 год.

Што привлекуваат магнетите

1. Магнет е секое тело кое има својство да привлекува железни предмети.


2. Магнетот има два пола: северен и јужен пол.
3. Северниот пол секогаш е обоен со црвено и е означен со знакот ( +), а
јужниот пол е обоен со сино и е означен со знакот ( - ) .
4. Магнетните сили секогаш се движат од север кон југ и така го формираат
магнетното поле.
5. Ако магнетните атоми се насочени во различни правци тогаш телото е
немагнетизирано.
6. Ако магнетните атоми северните се наредени кон север, а јужните кон југ
тогаш на телото се јавува невидлива магнетна сила и тогаш телото е
магнетизирано.

09.02.2021

Магнетни меѓусебно се привлекуваат и одбиваат

1. Магнетите можат меѓусебно и да се привлекуваат и да се одбиваат.


2. Кога ќе се доближат северениот и јужниот пол на еден магнет тие се
привлекуваат.
3. Кога ќе де доближат двата северни пола на еден магнет тие ќе се одбиваат.
4. Ако ги доближиме двата јужни пола на еден магнет тие ќе се одбиваат.
Заклучок:
Спротивните полови меѓусебно се привлекуваат, а истите полови меѓусебно се
одбиваат.
2

11.02.2021

Магнетите и нивните својства

1. Во просторот околу магнетот се формира магнетно поле, кое дејствува на


некои тела.
2. Во магнетното поле, магнетните сили се најјаки на половите.
3. Материи кои можат да се намагнетизираат се: железото, никелот и
кобалтот.
4. Магнетот дејствува (придвижува) некои предмети (спајалици, шајки) преку
хартија, дрво, стакло и вода.

16.02.2021 год.

Магнетни полови на земјата

1. Во центарот на Земјата има течно јадро. Јадрото е составено од течни


метали кои имаат магнетни својства. Тоа создава огромна магнетна сила на
двата краја.
2. Оваа магнетна сила ја обвиткува површината на планетата Земја и го
создава нејзиното магнетно поле со северен и јужен крај (пол).
3. Компас е инструмент кој што се користи за ориентација во просторот. На
компасот има магнетна игла што може да се врти слободно.
4. Магнетната игла секогаш покажува насока север-југ и е многу корисна за
ориентација во просторот (на море, во планина, во воздух...)

18.02.2021 год.
3

Магнетите во индустријата

1. Магнетите имаат голема примена во медицината.


2. Магнетите се употребуваат и за:
- изработка на кредитни картички
- компјутери, телевизори и монитори
- звучници и микрофони
- држачи за подигање на големи товари на бродоградилишта, градилишта и
магацини
- за изработка на компаси
- разни делови за играчки
- изработка на магнетен накит
- класифицирање на разни материјали при рециклирање
- изработка на брзи магнетни возови со брзина од 581 км на час
3. Исто така магнетите се користат и во науката за правење на разни
експерименти
4. Магнетите се користат и во уметноста за правење на украси, држачи...
23.02.2021 год.

Компас
1. Магнетите имаат голема примена во подобрување на животот на луѓето.
2. Компасот е направа која се користи многу во ориентацијата во просторот:
Го користат: планинарите, извидниците, морнарите, авијатичарите...
3. Компасот е инструмент кој реагира на магнетското поле на Земјата и служи
за одредување на страните на светот.
4. Магнетната игла секогаш има својство да зазема правец југ-север. Делот кој
го покажува правецот север е посебно обележан.
4
5

Видови на магнети:
1.Природни магнети

• Така е откриено дека во земјата постои еден вид на железна руда


која се вика МАГНЕТИТ.
• Железната руда магнетит е природен магнет.
2.Вештачки магнети
• Кога железото или челикот се тријат од магнетитот, тие се
намагнетизираат и стануваат ВЕШТАЧКИ МАГНЕТИ.
• Вештачките магнети најчесто се прават во форма на:
потковица, прачка, ролери, игли.
Магнетни својства на материјалот

• Магнетот има својство да привлекува и задржува железните


предмети и други метали .
• Тоа својство се нарекува МАГНЕТИЗАМ.
• Магнетизмот е невидлива сила на привлекување или
одбивање помеѓу одредени супстанции.
• Магнетите не ги привлекуваат сите супстанции/ материи.

Магнетни полови
• Секој магнет има два пола :
• СЕВЕРЕН пол (означен е со црвена боја)
• ЈУЖЕН пол (означен е со сина боја)
ЗАКЛУЧOK:
1.Железната руда магнетит е природен магнет.
2.Магнетот има својство да ги привлекува и задржува железните
предмети.Тоа својство се вика МАГНЕТИЗАМ.
3.Видови на магнети:
• Природен (рудата магнетит);
• Вештачки(магнети кои ги прават луѓето со триење на
магнетитот со други материи).
4.Полови на магнетот се:
• Северен - С (N)
• Јужен – Ј (S)
6

Што се случува ако 2 магнети се блиску еден до


друг?
Се привлекуваат

Или

се одбиваат
 Различните магнетни полови се привлекуваат
 Истоимените магнетни полови се одбиваат .

Магнетно поле и магнетни сили


 Во просторот околу магнетот се формира магнетно поле, преку кои
магнетот дејствува на некои тела и друге магнети, кои се наоѓаат на
одредено растојание од него.
 Во магнетното поле дејствуваат магнетни сили кои се најјаки на
половите.
 Најсилно дејство на магнетот е на неговите краеви, полови, а
најслабо на средината на магнетот.
 Магнетот дејствува (придвижува) некои предмети (спајалици,
шајки) преку хартија, дрво, стакло и вода.
 Штом е магнетот поблиску, неговото дејство е појако, а штом е
подалеку неговото дејство е послабо.
 После триењето со магнетот, шајката ја привлече спајалицата, затоа
што за одредено време стана магнет. Така добивме магнет по вештачки
пат.
 Материи кои можат да се намагнетизираат се: железото, никелот
и кобалтот.

МАГНЕТНИ ПОЛОВИ НА ЗЕМЈАТА


7

Во центарот на Земјата има течно јадро. Јадрото е


составено од течни метали кои имаат магнетни
својства. Тоа создава огромна магнетна сила на двата
краја.

Оваа магнетна сила ја обвиткува површината на планетата Земја и го


создава нејзиното магнетно поле со северен и јужен крај (пол).

Што е компас?
8

 Компас е инструмент кој што се користи за


ориентација во просторот. На компасот има
магнетна игла што може да се врти слободно.
 Магнетната игла секогаш покажува насока север-
југ.

You might also like