You are on page 1of 36

Нашата љубов

Весна Петрушевска

ноември 2018

премиера на 10 фебруари 12 часот


Ликови

Саша
Афродитче
Бубуле
Смиљка
Персида
Ричард-
Џовани -
Ласте
Цоцка-
Ратка Раткапна-
Марија Блонди
Баклава
Благодарне
Стаси-
Стојне
WE WILL ROCK YOU QUEEN сите актери се на сцена
имаат етида и мрак

На сцена се Афродитче и Џовани остануваат на сред сцена седнати на две


столчиња и говорат монолози од Стефановски.
Завршуваат мрак.Се отвара прва сцена каде ги гледамае ликовите од првата сцена.
ПРВА СЦЕНА
Афродитче

Секогаш има проблем, школо , дома школо дома. Имам ли јас право на живот, на
приватност ? Не навистина имам ли право на љубов? Џабе ли ми дале име
Афродита? Божица на љубовта, убавината сензуалноста….
(влегува Бубуле со крпа во раце чистела по соби )

Бубуле

Убавина разбирам, божица не толку, ама ова со сензуалноста ме зафркава.Мислам


ако си божица ти мора да имаш контакт со господ евентуално.
Афродитче

Слушај Бубуле, јас не сум дојдена на овој свет да ти објаснувам нон стоп. Помала
сестра е за да ти биде од помош , евентуално. Ете да зачистиш, да идеш да купиш
леб, да ми наместиш кревет.

Бубуле

Јас да ти местам кревет? Јас можам само да те испратам на костозглобна да те


наместат. Не ме нервирај денес , јасно?
Стојне се јави нели секретарка сум ти?Така?Ќе дојде!

Афродитче

Уште таа ми фали денес ….нервите ми играат …..


(влегува Стојне )

Стојне

Лифтот пак не ви работи.Катастрофа!Имате ли домар во зградава?Во оваа држава


никој ништо не работи.Баш гледав на вести дека домари бараат во Нов
Зеланд.Вашиов да не отишол натаму?

Афродитче

Не сме ние таа среќа. Баклава е залепен како спајдермен за зградава. Ако мене ме
прашуваш јас би го депортирала….
Бубуле

Ти даде и себе да се депортираш најарно, да се спасиме сите.

Афродитче

Ако не исчезнеш ќе те летам да знаеш….

(Бубуле излегува и мрмори по пат)

Стојне

Афродитче денес ќе излеземе пред зграда? Има една нова клупа да си


поседиме,може Ласте ќе помине да го видиме. Сум мерела време кога шета …од 6
оди на тренинг џаисуцу. Тренингот му трае еден саат и после се мафта пред зграда.

Поминува Ласте пред нив, Афродита го следи со поглед. Мрак.


ВТОРА СЦЕНА
CIARA LEVEL UP се отвора сцената со оваа песна и оди во фејд аут цела
сцена .Завршува повторно со истата пуштена на најјако.

Улица осветлена на средина на сцена , светлосна линија. Седат Џовани и Ласте.


Приквечерина.Вежбаат спортски вежби , секој своето, не сме сигурни што точно
вежбаат.

Џовани

Ласте знаеш дека сакам да почнам да вежбам нешто. Нешто тегови да кревам ,
јажиња да скокам, некоја вреќа да мавам . Морам баце мускули да фрлам
Афродитче коа ќе ја видам срце ми застанува и на моите сум им рекол на време кај
Жан Митрев да ми закажат. Не се додржуе баце . А ја видам ми стега газ, срце,
колена ми се тресат…Готово ќе умрам.

Ласте
Ти да умреш?Не баце, гром у коприва не удира. Вака сеа ми текна, Афродитче е
баце два метра.Не е така поголема за тебе ?Ќе треба со столче да се шеташ , да се
поткачуваш..

Џовани

Колку врска немаш баце. Љубовта не се мери кој колку е висок туку колку имаш
прочитано, памет баце..

Ласте

Па што кажуваш гачки за мускули ? Научи некој текст и оди под тераса. Некоја
поема, некој Шекспир…можеш и песна да и запееш. Јас добро стојам со Бубуле
можам да ја прашам да ти учинам ако сакаш.

Џовани

Е, баце ако ми го направиш тоа, ќе ти бидам должник цел живот жими здравје…..

Ласте

Види баце,мене одржувањето на хигиената ми е најважна . ако сакаш да ми го


испереш точакон еден ден. Услуга за услуга… сфаќаш баце што сакам да ти кажам
нели?

Џовани

Не е проблем .Сакаш и внатрешно и надворешно перење?

Ласте

Не! Шо збориш бе баце? Само надворешно…


Џовани

Јас ќе почнам од денес да се тегнам на оние железана таму пред школо. Јак тренинг
за денес . Ти глеј заврши ми работа.

Ласте

Без гајле.
ТРЕТА СЦЕНА
SHE CHARLES AZNAVOUR се отвора сцената ,ликовите се разминуваат три пати
и завршува сцената со песната повторно.

(Стаси и Ричард на влез пред врата се сретнуваат удирајќи се)

Ричард

Здраво маче,одамна не сум те видел!

Стаси

Не сум маче и не си ме видел,вчера се доселив во ова


зградиштево...грдо,грдо,очајна сум,несреќна,тажна...
Ричард

Позната си ми од некаде мајку му..те гледам и си викам, ти мора да си од небо


падната,некоја ѕвезда,некој млечен пат,некоја мечка или нешто така слично.

Стаси

Мечки те изеле! Слушај како ти беше името? Не е ни важно. Не сме се сретнале и


ваква несреќа не ни сакам да сретнам. Јас не се дружам со такви како тебе...

Ричард

Ричард ми е името маче! Ричард, запамти добро ќе ти треба ова име некој ден,во
ова маало. Знаеш маче, овде и баби паѓаат од горе,чудни работи. .Ама јас би те
чувал како детелинка со три листа, или четири беше...може пет...за тебе и шест..

Стаси

Десет,десет!Маче ,може да се договориме нешто?

Ричард

Да маче!

Стаси

Ако те видам уште еднаш има сто детелинки да броиш,јасно?Мавни ми се од патот


ми ја газиш тревата. (си оди )

(Ричард свирка по неа,ги потегнува панталоните нагоре и во себе си зборува)


Маче, ќе ме молиш,ќе ме сонуваш ! (пее една од песните кои ги имаме Френк
Синатра )
ЧЕТВРТА СЦЕНА
НИНА СПИРОВА Го љубам до најмалите звезди
се отвара со оваа песна и полека оди во фејд аут за време на
сцената
На крај од сцената Саша има липсинк со истата нумера .

Божана и Ласте седат на софа во друг стан поинаков од


оној на Афродита, седат гледаат во една точка . Не мрдаат.
Кој прв ќе почне …..Држат волница ја мотаат околу раце
еден на друг.Гледаат во тв, паралелно дејствие имаат.

Божана
Јас сум алергична на лош вокал. Аудициите не треба да постојат,не уништија нас
младите. Не знам по кој основ ги примаат да пеат ,просто неверојатно.
Нечуено,невидено! Толкав неталент на квадратен метар нема,јасно ти е? НЕ -МА
НЕ- МА!

Ласте

Не сум глув што викаш! Ти што правиш во слободно време?

Божана

Се бавам со плетење. Сега заглавив на една плетка три внатре , пет надвор со две
игли.
Главно има два вида на плетење: паралелно и вкрстено. Во почестиот тип
паралелно плетење, рабовите се во вертикала со движењето на конецот. Во вториот
тип на плетење, рабовите и движењата се речиси потешко во паралелна насока.

Ласте

Бог да чува и да брани. Ти мислиш вака секој ден да држам ова волницава, нели ќе
пробав од тоа макароните потпечени?

Божана

Не ми се погодија. Мислам дека не ги правев со љубов многу . Ласте да ти кажам


нешто морам.

Ласте

Ја па гладен дојдов…Нема врска…кажи слободно ..

Божана
Имам проблем,голем.Кога ќе те видам ми се тресат нозе. Многу те сакам.
Скандалозно е тоа, но секој има право на прва љубов нели така?

Ласте

Јас сега би одморил по дома ако немаш ништо против имам часови по модерен
танц вечер. Знаеш салса, румба чачача.

Божана
( го гледа зачудено )

Скандал!

Го љубам до најмалите звезди Саша


ПЕТТА СЦЕНА
Се отвара со Killing me softly Frank Sinatra

БЛАГОДАРНА И БАКЛАВА

(се сретнуваат на улицата светлосна , на која претходно седеа Џовани и Ласте )

Благодарна

Многу се плашам од пеперутки, многу. Ама исто се плашам и протезата кога ќе ми


пукне. Знаеш како ми пука? Само кога не зборувам, кога разговарам не ми пука
протеза.

Баклава

Благодарне,ти најубаво да не отвараш уста, јас да ти кажам. Почни да пееш под


фактор еден, под фактор два јас ловам пеперутки како Бетмен сум. Не им давам да
дишат. Сега лифтов ми го расипаа морам да влезам внатре во лифтот од некоја
страна.Па да те замолам да ми придржиш светлото ако може?

Благодарна

Кога ќе ми се откачи жица во уста се плашам…Што да ти придржам? Баклава мене


не ми се паѓа по лифтови уште од сега. Кај ме најде баш мене? Башка татко ми ќе
ме кара….Како да му кажам дека ќе се спуштам по лифтон..

Баклава

Тоа ќе ти биде стрес тест, да не се плашиш од ништо. Еве јас ти гарантирам!

Благодарна

Да? Не сум сигурна….едно светло треба да придржам?

Баклава

Ти ќе помогнеш така и на другиве од зградава. Да знаеш!

Благодарне

Сигурно?

Баклава

Сто посто!
излегува пеејќи ја песната Killing me softly
ШЕСТА СЦЕНА
Претоп и светлосен и музички во оваа сцена .
(Персида,Џовани и Смиљка на каучот во дневна во еден од становите )

Персида

Јас мислам дека пеглањето е важна дисциплина. Не смееш непеглан да се


појавуваш. Особено е важна линијата на сред панталоните. Уметност… Иако ние
имаме детски права и не смеат да ни даваат да работиме физички работи. Кривичен
закон е тоа.

Смиљка

Мене фикусот ако не ми е по фенг шуи поставен,се исуши. И сака многу да му


зборувам,само во последно време некако ми се плаши фикусот. Така го гледам
како за на бајачка ми е спремен. Перса е во право за ова законов. Мене мајка ми
кога ќе ми каже да зачистам по дома , се повикувам на член од закон за детски
права. Не смеат да ми писнат по дома .

Персида
Кога ќе ми фуфне пареата од пеглата,ми иде една милина,една радост..чорапине
сами се облекуваат. Џовани ти си слушнал нешто за Ласте, сака му се пеглаат
кошулите?

Џовани

(ги гледа двете,седнат е помеѓу нив две,ништо не му е јасно)

Нешто ви прегорело на вас две! Некоја вијуга ...нешто слично, сфаќаш што сакам
да кажам? Баце, Ласте само од памук растеглив носи маички . Зошто прашуваш?

Персида

Го сакам!

Смиљка

Ти Персо не си салам. Не може да го сакаш. Слаба си со нерви. Ако те изнервира


она пеглана во глава ќе му заврши. Башка сите го сакаат Ласте , што ми се чудни .
Тој со две леви нозе и на танцови оди и џиушициу тренира…

Персида

Не ме нервирај, не ме нервирај.

Смиљка

Ти реков слаба си со нерви !

Џовани
И на двете да ви кажам , ако ви дојдам уште еднаш на сок муабет , да изгорам ! Бре
луди жени !

( излегува од сцена Џовани , остануваат двете и продолжуваат да се караат , фејд


аут мрак )

ШЕСТА СЦЕНА КАЛИНА


ЛИПСИНК НА КАПКА ПОД НЕБОТО КАРОЛИНА
имаме три позиции каде се седнати ликовите и секој си има своја задача, Калина
оди на трите позиции и финално завршува на средина со песната. Мрак.
СЕДМА СЦЕНА
претоп светлосен седат на масичка двата лика

Ласте, Блонди седнати на клупа , Блонди пее /Стаси алтернација Тео доаѓа на крај
со прибирање на Стаси од сцена :Ајде пред мене!

Ласте
Вака ни фашистите не мачеле како Блонди што ме мачиш! Морам ли да те
слушам , дали морам?

Блонди

Ласте јас имам визија,таа ми трае,ми тлее во душава...Како да ти опишам јас сум
како Марија Калас,како цвет така што расцветува...

Ласте

Блонди,мислам дека треба да се пријавиш на некој хуманитарен настап. Има да


летаат партали. Ти си Блонди чудесно талентирана, јас не знам што чекаш.
Полудени сме сите од маало.

Блонди
Мене никој не ме разбира. Светов е чудно место за престој. Колку и да се трудам
пак не ме разбира никој. Децата знаат да бидат и лоши , ми се потсмеваат , ми
зборуваат зад грб. Јас се правам дека не ги слушам….Сакам да им докажам дека
вредам и постојам.

Ласте

Блонди ти не треба никому да се докажуваш, треба да бидеш своја и единствена.


Истите тие деца кои ти се потсмеваат се плашат од себеси, имаат свои стравови.
Победи ги …..

Блонди

( го гледа, пауза и одеднаш му се врти )

Боже колку си паметен Ласте, така ќе направам.


ОСМА СЦЕНА
ANOTHER BUST IN DUST играат сите

Седат на клупа Афродитче, Бубуле, Стојне , Стаси , Ричард и


Џовани. После извесно време се појавува Ласте.

Афродитче
И сега ? Кој ќе му каже на Ласте дека сакам да одиме на кино ….Стомак ме фаќа ,
ми се лоши..

Бубуле

Јас му пишав на вибер да помине од тука демек случајно..

Афродитче

Ооо,да де . И баш тебе ќе те слуша….

Бубуле

Мене за тебе ми е! Не си нормална јас барем нешто правам за тебе …ти што си
направила нешто за мене? Мхм?

Афродитче

Последно? Ти направив сендвич за на школо, не ти е доволно ?

Бубуле

Ти имам закажано на психијатар! Ќе видиш ти не ме мрзеше отворив гугл и ти


најдов еден малку памет да ти дотера.

Џовани
Вие кога станувате од кревет се расправате како за добар ден нели? Не ми е јасно
како живеете заедно? Вашиве родители не помислиле да испратат една од вас во
Зимбабве на пример ?

Бубуле и Афродитче заедно

Каде е тоа?

Џовани

На 50 километри одовде , една бања за нерви!

Стаси

И јас сум слушнала за таа бања…Афродитче јас мислам најубаво на хорор да


одите, па ти кога ќе се плашиш демек да му скокнеш ….

Ричард

Да бе , ќе го осакати . Маче јас и ти кога во кино, може и на фрозен да идеме , ќе се


смрзнеш маче.

Стаси

Ни мртва со тебе .

Ричард

Жива те сакам маче!

Џовани

( разочаран и тагува оти дознава дека Афродитче е вљубена во Ласте )


Афродитче тебе Ласте не ти кажа нешто за мене ? Некој убав збор …. Некој
муабет…

Афродитче

Џовани не знам за што зборуваш ….мене Ласте да ми кажеше нешто, било што јас
ќе се потресев….нешто за мене требаше да ми пренесе Ласте?

Џовани

Не, не …за мене …ама ај ќе преживеам некако ( со солзи во очите не може да


издржи, сите се околу него само на Афродита не и е јасно ништо. Во тој момент со
играње чачача поминува Ласте )

Ласте

Здраво како е бандо ? Ова играњево мое колку е добро, Анистрес баце. Џовани
мислам дека треба да почнеш…( го здогледува дека не му е добро ) Што е бе баце ?
Пропадна ли светов …(ја гледа Афродита му текнува дека требало да каже нешто )
Денес мислев баце , денес …

Џовани

Што бе денес баце …тебе те сака !


Сите :

Тебе, тебе !
тишина Благодарне вреснува поминува напред на процениум:

И ЈАС ГО САКАМ ЛАСТЕ

СИТЕ

БОГ ДА ЧУВА

Ласте

Мене ? Неееееее!

( Бега како да го нападнале 100 луѓе одеднаш и со трчање излегува од сцената)

Афродитче

( панично и плачливо )

Зошто му кажавте , зошто?

Ричард

Маче нареден пат, не ни драми толку !


ДЕВЕТТА СЦЕНА
Александра
Михаела

„Мажот никогаш не е поголем отколку кога ќе клекне и ќе му помогне на детето.“ 

„Сите среќни семејства личат едни на други, а секое несреќно семејство е несреќно
на свој начин.“ 

„Јас имам многу цвеќиња, но најубави цвеќиња се децата.“ 

„Детството личи на крстарење по облаци. Кога се горе, небесната шир изгледа


вечна, но на земјата нè чекаат многу препреки и планини.“ 

„Три нешта ни останале од рајот: ѕвездите во ноќта, цвеќињата преку ден и


детските очи.“ 

„Човештвото им должи на децата сè најдобро што може да им се даде.“ 

Ако сакаме нешто да промениме кај децата, треба прво да провериме дали тоа
нешто треба да го промениме и кај нас самите.“ 

„Човекот е најблизок со себе кога ќе постигне сериозност како што има дете кое си
игра.“ 

„Децата не се боенки, па да можеме да ги исполниме со своите омилени бои.“ 


„Мајчиното срце е длабок понор на чие дно се наоѓа простувањето.“

„Паметните родители им дозволуваат на своите деца и да згрешат.“ 

„Татковците не можат да направат ништо позначајно за своите деца од тоа да ја


сакаат нивната мајка.“ 

Во тебе се кријат тројца. Првиот е каков што сакаш да биде. Вториот, каков што
мислиш дека си. А третиот, каков си навистина. И единствено тој не го познаваш
доволно добро.

- Во секој од нас живее чудно слепило. Сè гледаме, освен самите себе.

- Кога барате совет, размислете за можноста на неговото прифаќање.

- Мудриот човек не кажува сè што мисли, но затоа мисли сè што кажува.

- Совет бараме тогаш кога го знаеме решението, но тоа не ни се допаѓа.

- Кога некој е вреден слуга, жалосно би било да стане господар.

- Ништо не може да ја замени упорноста. Ниту талентот, ниту генијалноста, ниту


образованието. Упорноста и одлучноста се моќ.
ДЕСЕТТА СЦЕНА

Цоцка доаѓа свирка , Ратка игра топка не ја ни забележува. Имаат бутканица на


почеток која ја изморува Цоцка до крај на нерви.
Цоцка

Знаеш Ратке нешто си мислам деновиве …сите се бават со неважни работи. Јас
мислам како да стасам до Перу и да имам фарма со лами.

Ратка

Со што да имаш фарма?

Цоцка

(не и важно дали Ратка ја разбрала)

Овде не може човек да подише на раат. Јас секој ден мерам воздух…

Ратка (ја прекинува )

А да мериш мозок малку не ќе е лошо.

Цоцка

Ратке, морам да си одам одовде. Таман да се договорам да одам на кино со Ласте,


Ричард ми дојде . Изгледа пак сум згрешила бројот.Морав да идам Фрозен да го
гледам, романтичен му бил на Ричард.

Ратка

Па баш ми личиш на Фрозен искрено како си цела заледена и здрвена …..

Цоцка
Јас го замислувам светот без расправање, без викање, да се сакаме сите..
Ратка
Си го утнала векот ти..

Цоцка

Ратке не те разбирам …сите сте со телефоните, не правите муабет.Ако сакаме да


слушаме музика вие затворате уши,една мочана криенка не знаете да одиграте.Ве
интересира само кој повеќе пари има, свртени сте кон материјалниот свет,
заборавивте како е да се почитуваат возрасните,не читате книги препишувате од
гугл….заборавивте да се смеете, заборавивте да се сакате.Многу ви е поважно да
лајкнете на инстаграм или фејсбук отколку да се пофалите со добра книга…..

Ратка

Леле Цоцке глаа ме фркна …..Сеа ќе идеш во Перу или не?


МРАК

Се отвора средина на сцена рефлектор ВИУЛИЦА ДАВИД -столче на средина _ова


ќе видиме дали ќе го ставиме финално….

ЕДИНАЕСЕТТА СЦЕНА ФИНАЛЕ


JOE HISAIHI HANA B музичка тема која оди како позадина цело време додека
говори монолог Саша и трае се до поклонот.

САША БОЖАНА

Ова е нашата улица ,нашето место каде сме свои. Сигурно дека не сме совршени.
Не сте ни вие. Се обидуваме да го освоиме светот и покрај сите ваши возрасни
глупости . Тешко ни е…почнете да не слушате, да не гледате, да мислите со нашето
срце и да зборувате со нашиот ум. Нема да ви биде здодевно ви ветувам.Нашата
приказна не забршува тука, Ласте отиде за Јапонија, Ричард е неразделен од Стаси,
Цоцка ќе оди за Перу, Ратка оди со неа да ги брои шумите..Бубуле има компанија
за чистење на воздухот,Баклава отиде за Нов Зеланд, АФродитче конечно се
согласи да оди на кино со Џовани,Смиљка и Персида потпишаа мировен договор,
Алек И Михаела сеуште се расправаат,Благодарне поправа лифтови …а јас …јас ги
љубам звездите и сонувам за едно подобро и посреќно детство каде сите ќе сме
исти и сите исто ќе се гушкаме….Останете ми со здравје!

Мрак .
КРАЈ

You might also like