You are on page 1of 2

Стилски изразни средства

Колку научив за стилското изразно средство епитет?

Целта на овој работен лист е да се проверат и утврдат знаењата на


учениците за стилското изразно средство епитет, за кое учеа претходната
недела.

Епитет е стилско изразно средство (збор) што стои до некој збор (најчесто до
именка) и открива некоја битна особина на предметите, појавите или
чувствата искажани со именката.
Епитетот е украс.
За епитети најчесто се употребуваат придавките (сино небо, влажна пролет).
Во функција на епитет се јавува и именката (,,Се рути карпа мрак“ - Кочо
Рацин)
Епитетот може да биде пред именката (матни води), а се пишува и по
именката (ден сјаен).
Епитетот може да биде и удвоен „...под ладна сенка д`боа...“
Да научиме повеќе!
Обичен епитет (банален): стара баба, сладок мед . Ваквите епитети не ѝ
придаваат некоја особина на именката која тие веќе и самите не ја содржат
во себе ;
Постојан епитет: гајтан веѓи, лута змија, пуста печалба , вода студена).
Најчесто се користат во народната литература и стојат со определени именки
сраснати со нив.
Алогичен епитет: (езерска девојка,езерско вино-Билјана-Трајан Петровски)
Нескојдневно и необично истакнување на основното значење на именката.
Стилските изразни средства-стилските фигури имаат посебна убавина,
вредност и значење.
За да се анализира една литературна творба потребно е познавање на
стилските изразни средства.
Задача 1.
Пдвлечи ги епитетите во следнава песна:
Белиот ориз
Ден сјаен стапил в матни води
и сејач во нив стапи.
Зад боси нозе траг се роди
од матен бран се напи.
Србо Ивановски
Задача 2.
Биди креативен. Напиши краток состав на тема: „ Мојата најголема желба“
во која ќе употребиш многу епитети. Истите подвлечи ги!
Чек-листа за самооценување:
Ученик да делумно не
Препознава стилска фигура епитет
Применува стилска фигура епитет
Има богат израз при пишувањето и применува
уметнички елементи

You might also like