You are on page 1of 1

ПРИМЕНА НА СИСТЕМ ОД ДВЕ ЛИНЕАРНИ РАВЕНКИ

СО ДВЕ НЕПОЗНАТИ

Од секој текст од наредните задачи состави систем линеарни равенки со две непознати,
а потоа реши ги системите на метод што најмногу ти одговара и направи проверка.

1 зад. Збирот на два броја е 10, а нивната разлика -12 . Кои се тие броеви?

2 зад. Збирот на два броја е -2, а нивната разлика е -6. Кои се тие броеви?

3 зад. Замислив два броја. Кога го удвоив првиот и му го додадов вториот, го


добив бројот 21. Кога првиот го помножив со 3 и му го одзедов вториот го
добив бројот 19. Кои броеви ги замислив?

4 зад. Пред 5 години мајката била пет пати постара од синот, а по три години ќе
биде трипати постара од синот. Колку години има сега мајката, а колку
синот?

5 зад. Периметарот на правоаголник е 46 цм. Ако се удвои висината, а


должината се зголеми 5 цм, периметарот ќе биде 66цм. Одреди ги
димензиите на првиот правоаголник.

6 зад. Збирот на цифрите на еден двоцифрен број е 9. Ако цифрите си ги заменат


местата првиот број ќе биде 3/8 од вториот број. Кој е тој број?

Еве интересни задачи кои може да се решат со помош на


линеарни равенки со една непозната

1 зад. На надгробната плоча на старогрчкиот математичар Диофант е запишано:


„Патниче, овде се погребани посмртните останки на Диофант. Броевите
ќе речат, о чуда, колку бил долг неговиот живот. Прекрасното детство му
одзеде шестина од животот, а кога помина уште една дванаесеттина од
животот, неговото лице го покри брада. Откако помина уште една седмина
од животот, Диофант стапи во среќен брак. Кога поминаа 5 години од
бракот, среќен го направи раѓањето на неговиот син првенец, на кого
судбината му подари само половина од годините на прекрасниот и среќен
живот на татко му. Во длабока болка старецот го дочека крајот на земниот
живот преживувајќи уште 4 години по изгубувањето на синот. Колку
години живеал Диофант?

2 зад. Атаманот на едно руско село го прашал учителот дали собрал 100
ученици. На тоа учителот одговорил: ако дојдат уште толку колку што
имам и половина од нив и четвртина од нив и ти ако го пратиш твојот син,
тогаш ќе бидат 100. Колку ученици имал учителот?

3 зад. На прашањето колку ученици има старогрчкиот математичар Питагора


одговорил: една третина од учениците учат математика, една половина
филозофија, а останатите уште не се определиле и заедно со тројцата
ученици, што сега ги примив, прават една четвртина од учениците кои
учат математика и филозофија. Колку ученици имал Питагора?

Имајте убав ден!

You might also like